Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.624
- Поени од реакции
- 59.475
Paradise Lost: The Child Murders at Robin Hood Hills (1996)
Paradise Lost 2: Revelations (2000) (TV)
Paradise Lost 3: Purgatory (2011)
Содржински, обично не ме привлекуваат документарци кои немаат пошироко значење и кои не одат на крупни прашања (со исклучок на спортските) како потеклото на животот, мистериите на Универзумот, меѓучовечки односи и слично... Овој документарец во основа веројатно и има пошироко значење и тоа се однесува на правниот систем и на смртната казна, но таков документарец не би гледал зошто одамна имам изградено став по тоа прашање. Она што мене ме привлече е едноставно мистеријата околу грозоморните убиства на три деца кои се случиле во Арканзас во 1993. Тројца млади луѓе се осудени на една смртна и две доживотни казни затвор, но подоцна HBO чија екипа го следи процесот, излегува со филм кој тврди дека овие млади луѓе се осудени без докази, врз база на предрасуди и до помош на полицијата која под притисок на јавноста сака да го затвори процесот што побрзо.
Од филмовите добив повеќе отколку што очекував, дури ме оставија зачуден некои од ликовите што се појавуваат, кои иако вистински, личат на вистински одбрани актери за филм. Така, не можев цело време да избегам од споредбата на главниот осомничен со овој лик од Murder by Numbers http://www.google.com/imgres?hl=mk&client=firefox-a&hs=TsX&sa=X&rls=org.mozilla:mk:eek:fficial&tbm=isch&prmd=imvnso&tbnid=Wi8jGpbww8stDM:&imgrefurl=http://www.fanpop.com/spots/michael-pitt/images/10844053/title&docid=xU_j8gZ_i6qqaM&imgurl=http://images2.fanpop.com/image/photos/10800000/Murder-by-Numbers-michael-pitt-10844053-853-480.jpg&w=853&h=480&ei=RcQhT_bCNcba4QSJw_XuBw&zoom=1&iact=hc&vpx=715&vpy=166&dur=3238&hovh=168&hovw=299&tx=107&ty=85&sig=113650796805688319608&page=1&tbnh=141&tbnw=166&start=0&ndsp=18&ved=1t:429,r:3,s:0&biw=1280&bih=655 и убеден сум дека ликот е направен според документарецот. Подоцна открив дека глупавата фризура е дело на некоја госпожа која го средувала за во судница, но покрај тоа, двајцата се слични и по интелигенцијата. Ќе можете да забележите во текот на филмот дека Демијан, главниот осомничен, отскокнува по интелигенцијата од останатите.
Туку, што поточно се случува? Три деца на осумгодишна возраст се брутално убиени. Поради начинот на кој се убиени, се раширува вест низ медиумите дека се работи за сатански ритуал. Полицијата пронаоѓа сведок кој треба да посведочи дека двајца млади луѓе се сторители. Сведокот станува трет осомничен. Другите двајца перфектно се вклопуваат во сликата: слушаат хеви метал, носат црни маици и се разликуваат од останатата конзервативна средина. Демијан има и име кое перфектно се вклопува во сликата...
Првиот од трите филма ги пренесува настаните во текот на судењето, емоциите со кои се соочуваат семејствата на жртвите и семејствата на осомничените и почнува да ги наговестува проблемите со кои ќе се соочуваат понатаму. Дечките се осудени, а некоја година подоцна по излегувањето на филмот, случајот добива силно медиумско внимание и се формира група која им дава поддршка на осудените.
Вториот дел е најслаб пред се затоа што на судењата по жалбите на обвинетите, овој пат судијата забранува присуство на камери во судницата, а и многу од луѓето одбиваат повторно да се појават во филмот. Но покрај некои нови моменти во истрагата ќе можете да уживате во некои од хитовите на Металика која за прв пат дава дозвола нивна музика да се појави во филм.
Третиот дел носи нови пресврти и ја заокружува приказната. Номиниран е за Оскар, иако мислам дека филмски го нема потребниот квалитет, но не сум ги гледал конкурентите.
Мал проблем е квалитетот на сликата во првиот дел како и тоа што не можев барем за моите копии да најдам соодветни преводи а има доста јужњачки акцент, но се разбира.
На страна документарецот, мислам дека од ова може да излезе одличен трилер затоа што има многу мистерии и многу пресврти. А има и доволно материјал за цела серија од типот на "The Killing" (2011), која ако навлезе во судска драма, може да биде блиску до ова.
Ова е иначе скратена верзија од се она што сакав да го напишам. Од мене колективна оцена од 8/10 за трите филма и препорака за гледање, се разбира ако ве мотивира ваквата содржина.
Paradise Lost 3: Purgatory (2011)
Додека барав интересен документарец за гледање налетав на насловот Paradise Lost 3: The Purgatory кој се прикажува на Sundance а доби и номинација за Оскар. Содржината ми го привлече вниманието ама за среќа или несреќа, ова е трет дел од истата приказна па беше или сите, или ништо. Па така овие три дена ја изгледав оваа трилогија која ми го задржа вниманието и ме направи да се почувствувам дека ги познавам сите ликови од приказната, да сочувствувам со нивната трагедија и да тргнам заедно со нив во потрага по вистината. Всушност, ако ги изгледате трите дела во краток временски рок веројатно ќе добиете и вие впечаток дека 17 години сте на тоа место со тие луѓе.