Предлог за филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Paradise Lost: The Child Murders at Robin Hood Hills (1996)
Paradise Lost 2: Revelations (2000) (TV)
Paradise Lost 3: Purgatory (2011)

Додека барав интересен документарец за гледање налетав на насловот Paradise Lost 3: The Purgatory кој се прикажува на Sundance а доби и номинација за Оскар. Содржината ми го привлече вниманието ама за среќа или несреќа, ова е трет дел од истата приказна па беше или сите, или ништо. Па така овие три дена ја изгледав оваа трилогија која ми го задржа вниманието и ме направи да се почувствувам дека ги познавам сите ликови од приказната, да сочувствувам со нивната трагедија и да тргнам заедно со нив во потрага по вистината. Всушност, ако ги изгледате трите дела во краток временски рок веројатно ќе добиете и вие впечаток дека 17 години сте на тоа место со тие луѓе.​

Содржински, обично не ме привлекуваат документарци кои немаат пошироко значење и кои не одат на крупни прашања (со исклучок на спортските) како потеклото на животот, мистериите на Универзумот, меѓучовечки односи и слично... Овој документарец во основа веројатно и има пошироко значење и тоа се однесува на правниот систем и на смртната казна, но таков документарец не би гледал зошто одамна имам изградено став по тоа прашање. Она што мене ме привлече е едноставно мистеријата околу грозоморните убиства на три деца кои се случиле во Арканзас во 1993. Тројца млади луѓе се осудени на една смртна и две доживотни казни затвор, но подоцна HBO чија екипа го следи процесот, излегува со филм кој тврди дека овие млади луѓе се осудени без докази, врз база на предрасуди и до помош на полицијата која под притисок на јавноста сака да го затвори процесот што побрзо.

Од филмовите добив повеќе отколку што очекував, дури ме оставија зачуден некои од ликовите што се појавуваат, кои иако вистински, личат на вистински одбрани актери за филм. Така, не можев цело време да избегам од споредбата на главниот осомничен со овој лик од Murder by Numbers http://www.google.com/imgres?hl=mk&client=firefox-a&hs=TsX&sa=X&rls=org.mozilla:mk:eek:fficial&tbm=isch&prmd=imvnso&tbnid=Wi8jGpbww8stDM:&imgrefurl=http://www.fanpop.com/spots/michael-pitt/images/10844053/title&docid=xU_j8gZ_i6qqaM&imgurl=http://images2.fanpop.com/image/photos/10800000/Murder-by-Numbers-michael-pitt-10844053-853-480.jpg&w=853&h=480&ei=RcQhT_bCNcba4QSJw_XuBw&zoom=1&iact=hc&vpx=715&vpy=166&dur=3238&hovh=168&hovw=299&tx=107&ty=85&sig=113650796805688319608&page=1&tbnh=141&tbnw=166&start=0&ndsp=18&ved=1t:429,r:3,s:0&biw=1280&bih=655 и убеден сум дека ликот е направен според документарецот. Подоцна открив дека глупавата фризура е дело на некоја госпожа која го средувала за во судница, но покрај тоа, двајцата се слични и по интелигенцијата. Ќе можете да забележите во текот на филмот дека Демијан, главниот осомничен, отскокнува по интелигенцијата од останатите.

Туку, што поточно се случува? Три деца на осумгодишна возраст се брутално убиени. Поради начинот на кој се убиени, се раширува вест низ медиумите дека се работи за сатански ритуал. Полицијата пронаоѓа сведок кој треба да посведочи дека двајца млади луѓе се сторители. Сведокот станува трет осомничен. Другите двајца перфектно се вклопуваат во сликата: слушаат хеви метал, носат црни маици и се разликуваат од останатата конзервативна средина. Демијан има и име кое перфектно се вклопува во сликата...

Првиот од трите филма ги пренесува настаните во текот на судењето, емоциите со кои се соочуваат семејствата на жртвите и семејствата на осомничените и почнува да ги наговестува проблемите со кои ќе се соочуваат понатаму. Дечките се осудени, а некоја година подоцна по излегувањето на филмот, случајот добива силно медиумско внимание и се формира група која им дава поддршка на осудените.

Вториот дел е најслаб пред се затоа што на судењата по жалбите на обвинетите, овој пат судијата забранува присуство на камери во судницата, а и многу од луѓето одбиваат повторно да се појават во филмот. Но покрај некои нови моменти во истрагата ќе можете да уживате во некои од хитовите на Металика која за прв пат дава дозвола нивна музика да се појави во филм.

Третиот дел носи нови пресврти и ја заокружува приказната. Номиниран е за Оскар, иако мислам дека филмски го нема потребниот квалитет, но не сум ги гледал конкурентите.

Мал проблем е квалитетот на сликата во првиот дел како и тоа што не можев барем за моите копии да најдам соодветни преводи а има доста јужњачки акцент, но се разбира.

На страна документарецот, мислам дека од ова може да излезе одличен трилер затоа што има многу мистерии и многу пресврти. А има и доволно материјал за цела серија од типот на "The Killing" (2011), која ако навлезе во судска драма, може да биде блиску до ова.

Ова е иначе скратена верзија од се она што сакав да го напишам. Од мене колективна оцена од 8/10 за трите филма и препорака за гледање, се разбира ако ве мотивира ваквата содржина.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
The Artist (2011)


Обично не се случува, филм кој е фален и озборуван да ми се допадне. Очекувањата ми беа големи и самиот филм можеби не ги достигна, но во секој случај не потфрли.

Веднаш да спомнам додека не сум заборавил: овој филм треба да се гледа на кино. Ни најсовремена техника дома нема да го замени киното, овој филм е направен за големо платно и само таму може да се доживее целосно. Жал ми е што дојде време пет кина во цела држава да работат, а кога бев мал секоја недела висев пред билетара. Картите беа џабе, филмови колку сакаш. Не знам дали во Големото село е дојден филмов, ако е, кој може таму да го гледа.

Значи реков уште поодамна дека е овој филмот кој ќе ја одбележи годинава, судејќи само по гласините но и по потребата за некаква промена, за нешто поинакво, која е природна. Филмови кои отстапуваат од групата оваа година се Артистот, Дрвото и Меланхолијата. Вториот едвај влезе во конкуренција а Триер е нашироко омразен така да ќе треба да се надмине за некоја повредна номинација во блиска иднина, што ни го остава Артистот. Но мислев дека чисто идејата ќе победи, не мислев дека филмот ќе биде којзнае што.

Сега откако го изгледав можам да кажам дека не сум воопшто изненаден што има 10 номинации за Оскар.

Кинематографијата е перфектна барем за моите аматерски сваќања. Оригиналната музичка позадина исто така. И глумата, најтешкиот дел, затоа што од актерите се бара да ни пренесат емоции без говор. Дури ни она малку текст не беше потребно за Jean Dujardin и Berenice Bejo кои створија перфектна хемија. Старите мајстори на занаетот би го поздравиле ова дело кога би можеле да го видат.

Приказната не е само за Артистот, или Уметникот, како сакате, туку е за крајот на една ера во филмската индустрија (онаа на немиот филм) и почетокот на новата.

Don't laugh George, this is the future!
If this is the future, you can have it!

Нема зошто повеќе да ве воведувам во содржината, го препорачувам за сите љубители на класичниот филм. За мене е вистинско ретро освежување и очекувам да победи во категориите за најдобар филм, кинематографија, art direction, костимографија, режија, оригинално сценарио и оригинална музика за филм. Актерите беа перфектни но мислам дека ќе се загубат во силната конкуренција од познати имиња.

На прашањето на Сантос на другата тема: мислам дека ќе освои Оскар за најдобар филм едноставно затоа што е надмоќен во многу категории (иако еден помал дел од конкуренцијата немам изгледано).
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Man on Wire

Кога се сака, се' се може. Клише реченица која за многумина е бесмислена. Можеби ако се додадат неколку зборчиња реченицата ќе добие некаква смисла. На пример, кога се сака, се' се може, но и тоа се' има свои граници. Од овде се поставува друго прашање: Дали човекот е свесен за своите граници и како да ги препознае? Како да знае дали соништата се само обични, нереални соништа, или се всушност предвесник за она што треба и може да се стори во реалноста? Ај, доста филозофии...

Што ме поттикна да го напишам ова погоре? Man on Wire, документарец кој ја раскажува приказната за Филип Петит. Во 1974-та, Филип ги преминува двете кули Близначки од Светскиот Трговски Центар, и тоа на жица. Документарецот е составен од вистински снимки, интервјуа и реконструкции. Нормално, во центарот е Филип, кој со неверојатен ентузијазам и харизма раскажува за настаните пред и по неверојатниот подвиг. Подвиг, кој медиумите го нарекуваат „art crime of the century“. Да беше Man on Wire обичен холивудски филм, никој не би поверувал во приказната.

Филмот не би бил она што е, да не беше главниот лик, Филип Петит. Тој е харизматичен човек кој верува во своите соништа. Исто така е и човек со големо его. Кога на тоа его ќе се додаде амбицијата, се добива човек кој е истовремено налудничав, но и полн со самодоверба. Самодовербата е толку голема, што дури е и заразна и се пренесува на неговите блиски кои се нудат да помогнат. Затоа, кога конечно ќе го видиме Филип како стои на жицата 400 метри над земјата, исчезнува стравот и кај нас, гледачите.

Она што го разубавува филмот е и хуморот. Причина за хуморот не се некакви шеги или вицеви, туку карактерот на Филип. Харизматичен и искрен, ве тера да го засакате и ве засмејува со својата ексцентричност. Ретко кога оптимизмот може да изгледа волку симпатично.

Само да напоменам за оние како мене кои мразат американска патриотска патетика. Во филмот воопшто не се споменуваат настаните од 11 септември.

Зошто го препорачувам Man on Wire? Бидејќи ова е приказна за човек кој прави нешто неверојатно и приказна која не' потсетува дека во животот понекогаш треба да ги земеме работите во сопствени раце, да ја побараме среќата и да излеземе од комфорната зона.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Pearl Jam Twenty



Можев да ја пишам рецензијава во темата за Документарци, но веројатно овде повеќе луѓе ќе ја прочитаат, што и ми е намерата, особено кога станува збор за нешто волку квалитетно.

Документарец за сите фанови на бендот, за оние кои се фанови на квалитетната музика која доаѓа од Сиетл, гранџот, море и за оние кои едвај знаат кои се дечкиве. Не верувам дека било кој, кој ќе наиде на документарецов нема да им ја симне дискографијата во целост. Дело на Камерон Кроу кој го прикажува составот на бендот, од самите почетоци кога се претставувал под друго име, до денес. Страшно добро спакувано дело со сите информации кои ви се потребни. Нема шанси да не ви остави впечаток трансформацијата на Еди Ведер од млад дечко со убав глас, до комплетен лудак на сцена кој обожава да виси на рефлектори. И ете го денес жив и здрав со момците во полн состав, уште пленат на концерти.

Задолжително да го погледнете.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Знаев дека Wim Wenders нема да ме разочара.. :)

Pina. Не знам како прецизно да го опишам, или од каде да почнам, можеби концептуално документарец, меѓутоа пред се` емотивно уметничко дело. Преовладуваат чувствата што се пресликуваат преку секој потег на танчерите, емоцијата е таа која го води дејството.
Можам да кажам дека не осетив кога поминаа 100 минути, веројатно помогна за да се долови комплетно замислата на режисерот тоа што тој е направен за 3Д гледање. Нема премногу зборување, нема опис на нејзиниот живот, нема биографија, има само експресија преку движење, го содржи целиот спектар на бои.
И на крајот, како што таа кажува "Dance begins where words end." :)

 
G

grande-juve

Гостин
American Splendor


Ретко пишувам рецензија за некој филм зашто мислам дека не ме бива баш за рецензии и ме мрзи да осмислувам реченици(n). Е сеа тоа “ретко“ се брише од првата реченица ако филмот што сум го гледал бил: стварно добар, ретко или ич спомнат на форумов, не сум во “мрза“ состојба. Очигледно сите од условите се исполнети и доста го тупам.

Најпросто, филмов е биографска животна драма за Harvey Pekar, обичен човек, кој се обидува да излезе на крај со обичниот живот, најпознат по неговиот автобиографски стрип “Американ Сплендр“, за кој како што вика е за тоа како да преживееш, да најдеш работа, сродна душа, место за живеење... Е баш за тоа е филмов, со многу јак хумор, со првокласниот Paul Giamatti (Barney's Version - и овој е апрувд од мене) со одличен кастинг за останатите улоги, се појавува и самиот Харви кој е и наратор, и со еден nerd како од учебниците.

За крај, ова е искрен и топол филм, пример за комедија драма, да го гледате, не би требало да зажалите, 9-ка од мене и еден цитат од филмот: “Ordinary life is pretty complex stuff.“
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Барав тема за соодветно да го претставам концептот, движењето што го промовира филмов ама таква тема не најдов. Ако некој најде слободно нека го ре-постира ова таму или пак ако не го мрзи нека отвори тема ;). Значи станува збор за документарен филм кој по својата содржина и порака е сличен на Zaitgeist ама овој е далеку подобро визуелно направен со ефекти и триста чуда. Јас си го спуштив во BRRip, трае 2 саати и тежи 2.5 GB ама верувајте вреди да се изгледа.




Тие што ги гледале трите дела на Zeitgeist и тука ќе видат голем дел исти работи, само визуелно подбро претставени и стилски полесно објаснети. Значи станува збор за општеството на денешното време, за тоа зошто светот е ваков каков што е, заробен од капиталистите, богаташите, луѓето со моќ. Мислам дека во Zeitgeist не беше чепната темата free energy. Овде е спомната (y).

И една работа што исто беше спомната и веднаш ми падна на памет последните случувања околу предлог законите SOPA, ACTA... Од сите работи кои богаташите ги контролираат како пари, енергија, храна, здравство, една работа која сеуште ја немаат под контрола е ИНТЕРНЕТОТ. И како што вештачки “го донесоа“ тероризмот во САД, за после да ги оправдаат законите за антитероризам и шпиунирање на обичниот народ, така и сега под изговорот за заштита на онлајн податоците, пиратерија и сл. сакаат да ги воведат овие закони за да превземат контрола и над интернетот за да спречат глобално будење и организирање на луѓето против нив за што интернетот е основното средство и низ кој се шират таквите организации, документарни филмови и сл.

Се извинувам ако малце забегав со постов, ама морав негде да го напишам, да го раширам ;)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
The Way (2010)

На филмов налетав сосема случајно... барајќи едно а ми излезе друго, ја видов актерската екипа и режисерот на филмов - Емилио Естевез и го спуштив. Ни малку не се разочарав туку напротив приказната и глумата поткрепени со одличниот избор на музика во клучните сцени е безмалку совршен - барем за мене.


Том (Мартин Шин) е офтамолог од Калифорнија тој има син Даниел (Емилио Естевез) кој заминува во Европа на некакво безначајно патување... или барем така мисли Том се до моментот кога ќе мора да замине во Франција да го идентификува телото на Даниел кој погинал во несреќен случај... реков и погоре приказната на моменти е емотивна а повеќето сцени се со јак емотивен набој поткрепени со одлична музика. Жанрот е Драма - Авантура пропратена со комични елементи кои го комплетираат она што Даниел би го посакал.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
the big kahuna
514-1.jpg
приметив дека филмов постојано врти тv 1000 и решив еднаш да го изгледам и не згрешив :D Во цел филм има само тројца глумци (двајца од нив оскаровци) и дијалозите им се генијални,како и глумењето. Целиот филм подсеќа на театарска претстава и тоа го прави многу поразличен од се што сум гледал до сега.Не можам да кажам дека е најубавиот филм кој го имам гледано,ниту пак во првите пет,ама дефинитивно е најоригинален и доколку сакате театарски претстави или длабоки филозовски дијалози во филмовите,нема да се разочарате од филмот
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Lumière and Company (1995)

Документарецов ми е гледан од порано, сега ми текна дека го немам препорачано.
40тина режисери меѓу кои има доста познати како Спајк Ли, Линч, Гринавеј, Ханеке, Вендерс,...добиваат шанса да снимат нивен краток филм со првата камера, на браќата Лумие(р), под 3 правила - да трае до 52 секунди, без синхронизиран звук, и имаат највеќе 3 обиди. Интересно е да се види секој режисер што ќе смисли а и самата камера е фасцинантна.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Take Shelter (2011)

Падна муабет пред некое време во некоја друга тема за филмов, а и Syn на фб имаше пишано за него. Го гледав и морам и јас да напишам некој збор, пошо ме воодушеви стварно.

Иако со бавен тек, градењето на ликот на Curtis e изведено доста суптилно и баш пригодно за ваков тип на филм. Шо е доста битно не е досаден и претенциозен ко tree of life(го скинав хејтање, ама стварно е безвеза), иако е долг 2 сати. Не очекувајте премногу акција и sci-fi crap. Изобилува со моќни сцени, и прејака глума. Дефинитивно предлог за љубители на драма/мистерија. Ако го гледате, добро би било да продискутираме за неколкуте работи шо се случија на крајот.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
The Lookout


Искрено филмов ме изненади. Мислев дека ќе гледам уште едно ограбување на банка како The Bank Job, ама овде испадна дека ограбувањето е најмалиот дел од целата приказна.
Крис Прат и неговите другари се матуранти и ќе отидат да ја слават нивната матура. Додека се возат, ќе имаат сообраќајка после која животот на Крис драстично ќе се промени.
Ќе почне да има привремени амнезии, ќе заборава работи и поради тоа секогаш ќе го носи тефтерот со себе, каде што ќе ги запишува работите за да не ги заборава. Ќе се вработи како чистач во една банка и во еден бар ќе се запознае со Гери Спарго.....
Стварно одличен филм, и глумата на Џозеф Гордон - Левит беше на едно високо ниво. Со секој нов филм што го гледам со него, се повеќе почннувам да го ценам како актер. 50/50 уште не ми е изгледан, ама верувам дека и таму бил одличен.
Исто така и Џеф Дениелс беше одличен во улогата на слепиот цимер на Крис, кој што му помага
да си го среди животот и повторно да може нормално да живее.
Доста моќна драма, со малку акција во неа и филм што не би требало да го пропуштите.
8/10
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Midnight in Paris


Интересен филм режиран од Вуди Ален, го препорачувам за сите оние кои имаат неаква романтична идеја за минатото и како порано било многу поубаво да се живее.

Главниот лик Гил(Овен Вилсон) доаѓа во Париз на одмор со вереницата и нејзините родители. Гил е холивудски сценарист но сака да напише роман, и мисли дека Париз е најдоброто место за инспирација. Гил има романтична заљубеност со дваесетите години кога живееле некои од најголемите писатели како Хемингвеј, Т.С. Елиот итн.
Една вечер додека се шета ни Париз сам и малку изгубен, група луѓе во стара кола застанува и го покануваат да дојде со нив. По некоја магична случајност со тоа преминува во дваесеттите години од минатиот век, и се сретнува со доста познати и негови омиелни писатели и уметници од таа ера, како Хемингвеј, Скот Фитцџералд, Пикасо, Салвадор Дали и многу други.
Нема да раскажувам повеќе затоа што ќе биде тешко да помине без некој споилер.

Многу интересен филм, убаво е илустритрана заблудата за старите добри времиња, а и ликовите се забавни. Мене најомилен ми е Хемингвеј, а и глумецот го прикажа одлично. Филмот е саат ипол и воопшто не е тежок за гледање, и музиката е ептен погодена, одлично го дава чувството на Париз.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Избегнував да го гледам филмов иако слушав добри критики за него само заради Стифлер што глуми во него . Испаднав грешка да сум . Добро филмче , и башка Шон добра глума извади тука . Се работи за ситен криминалец кој се обидува додека организира рејв журка да ја ограби банката до дискотеката за да го отплати долгот на брат му . Ништо посебно ама сепак добро е :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


In the Loop

Ретко гледам комедии, а за да гледам една комедија повеќе пати треба ептен да ми остави впечаток. Тоа е случај со In the Loop, интелигентна (иако мразам да го користам зборов, ама ете) британска комедија. Темата на филмот произлегува од верувањата (и искуствата) на луѓето дека секој политичар попрво би направил нешто подмолно, отколку нешто исправно. Да не беше жално, немаше да биде ни смешно.

Се' започнува кога член на британскиот Парламент за време на едно интервју ќе изјави дека војната е непредвидлива (unforeseeable е клучниот збор). Медиумите ќе се фатат за зборот како слеп за стап и ќе го протолкуваат како знак дека Англија планира, заедно со Америка, да го нападнат Блискиот исток. Тоа не му се допаѓа на одговорниот за односи со јавноста на премиерот, арогантен, избувлив и незгоден човек кому секој втор збор му е пцовка. Истовремено, една американска сенаторка случајно дознава дека во Америка е формиран воен комитет и дека веќе е одлучено да се оди во војна. Бидејќи е против тоа, се обидува да го искористи британскиот пратеник и неговата наивност, со цел да ја спречи војната.

In the Loop е цинична, па дури и црна комедија со динамично темпо. Понекогаш, поради стилот на снимање, наликува на документарец кој прикажува како функционираат владите на светските сили. Дијалогот е интелигентен (ете, пак) и полн со гнев, фрустрации и пцовки. И американскиот и британскиот дел од глумците се ептен погодени, особено Питер Капалди, кој го игра забеганиот портпарол. In the Loop можеби нема да ве насмее на глас, но ќе ве забавува со својот сарказам и својата огорченост. Истовремено, ќе ви покаже како за проблемите од национален интерес одлучуваат себични, растроени и вообразени политичари.

Моја оцена: 9, бидејќи добрите комедии се реткост во денешно време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom