Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
The Ugly Truth

Слабо пишувам на темиве за последен гледан филм и предлог за филм, али за филмови од жанрот romance/comedy па ич неам пишано. Причината е едноставна, сите се исто с**ње, далеку се од комедии, а романсата си останала класична...
Него, кај ова филмче од 2009 имаше нешто што ми се допадна, па дури имаше и моменти што ме насмеаа. Изненадувачки за филмовите од оваа категорија, особено за оние новите кои изобилуваат со неинвентивност.
Да скратам, Мајк е дечко/новинар од една локална телевизија кој има шоу "The Ugly Truth" каде што збори за она што го гледаат мажите кај жените и она што жените очекуваат/гледаат од/кај мажите. Интересен развој на дејството и сосема очекуван крај за филм од овој жанр, но сепак тоа не го прави лош како останатите...

7 од 10 за филмов, со оглед на тоа што 8-9 малце филмови заслужуваат, а повеќето се 4-5...
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Bronson


Британски филм за животот на Чарли Бронсон попознат како "најнасилен затвореник во Британија".
Том Харди (Бронсон) одлично глуми во филм кој во голема мера е монолог. Со оваа улога Харди ми влезе на листата со омилени актери. За информација Харди ќе го глуми Bane во новиот Бетмен филм.

Бронсон добива казна од 7 години затвор за крадење 20тина фунти. Кога стасува во затворот одлучува да си направи име за себе, сака да биде познат како најнасилниот затвореник во Британија. За да го постигне тоа, започнува тепачки на сите страни, со затвореници и со затворските чувари. Често речениците ги завржува со карактеристичното You cunt.

Во текот на филмот поради различните тепачки, завршува и во лудница на некое време и нонстоп му ја продолжуваат казната поради тепачките.

Дефинитивно вреди да се изгледа, нарацијата е течна, нема досадни моменти, самиот лик на Бронсон е одлично прикажан, со неговите манеризми и специфичниот глас кој Харди добро го пренесува.


imdb
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
359
Поени од реакции
640
NA PUTU (ON THE PATH)2010


Луна е стјуардеса и живее во среќна врска ,полна со љубов со Амар кој работи како контролор на летање.Двајцата од војната се излезени како сираци и пробваат да ја остават војната зад себе.Заради здравствен проблем на Амар не можат да добијат дете,а Амар има проблем и со алкохолот.Заради тоа е суспендиран од работа и запаѓа во депресија.Еден ден случајно сретнува пријател од војната кој во меѓувреме станал голем исламски верник.По посетата на камп на вехабисти Амар престанва да пие но и многу се менува во однос на животот до тогаш!
Hollywood Reporter(Одлична драма за љубовта која нуди комлексен поглед на исламот во модерна Босна)

--- надополнето: Nov 23, 2011 10:22 AM ---


Филмот се случува на ирачко - турската граница во очи на нападот на америчката војска на Ирак.Во логор во неверојатно тешки услови живееат голем број на деца кој живеат од собирање на мини кој ги откупва UN.Децта ги води 13 годишниот Соран кој сите го викаат Сателит заради неговата желба да инсталира сателитска антена за да можи да прати телевизија,заради што има непријатели кај постарите.Него му се допаѓа девојчето Агрин кое е депресивно заради проблемите во минатото ,силована е од ирачки војници.
Одличен филм кој е добитник на многу награди!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
"Сите луѓе умираат, јас ќе умрам утре во 6 часот наутро. Требаше да биде во 5 ама имам паметен адвокат."

Вака почнува, за мене омилениот филм во режија на Вуди Ален, Love and Death.
Колку пати само сакав да го рецензирам ама немав време, а вечерва го гледав пак.. по којзнае кој пат во животов. Кога немам идеја за филм, го пуштам овој, ме расположува и ме тера да размислувам. Да.. особено во петок навечер. Социјалниот живот и јас сме скарани во последно :D.


- Кој си ти?
- Смртта.
- Што се случува кога ќе умреме? Дали постои пекол, дали постои Бог? Дали можеби живееме повторно? Океј, ајде да те прашам едно клучно прашање - дали има жени?
- Ти си интересен млад дечко... ќе се видиме повторно.
- Нема потреба, не се замарај...

Борис е човек кој целиот живот го посветил на размислување околу сериозни теми од областа на религијата и филозофијата. Тоа го прави специфичен лик во руското општество за време на војната со Наполеон, лик кој го има мозокот како силна страна и ништо друго својствено за тоа општество, за разлика од неговите браќа и роднини на кои размислувањето им е послаба страна ама физички ги исполнуваат сите услови за "нормални" мажи предодредени за нешто поголемо од самата војна.

И тука е вториот главен мотив во филмот - војната (подоцна за првиот). Своевремено пародија на Војна и Мир на Толстој за кое дело и самиот Вуди Ален во едно интервју на шала одговорил - ја имам прочитано книгата, се работи за војна.
Ама брилијантноста на самиот режисер се огледа во тоа што на неверојатно интересен начин ги пресликал сериозните теми со кои некогаш се бавеле познатите руски автори (во филмот има многу референци на Браќа Карамазови, Злосторство и казна, Идиот и др.).

Еден ден Борис треба да замине во војна. Иако неговите амбиции се поинакви, мора да се бори за својата земја, за честа и за репутацијата.
Претставен е како најголемиот страшливец во борбената единица. На тренинзите командантот му вели - излези напред од линијата. Тој излегува и овој му вели - ајде сега, еден - два, еден - два, еден - два, еден - два.
На тоа Борис одговара - три е бројот кој доаѓа после два, само да те потсетам.
На таков суптилен начин Вуди го меша брилијантниот хумор со една таква сериозна тема.



Најважниот главен мотив во филмот, како во самиот наслов тоа е секако - љубовта.
"Љубовта" како главна движечка сила во Love & Death е претставена на многу невообичаен начин. Можеби невообичаен е грешниот збор, поприкладно би било да се каже - на начин на кој не е претставена дотогаш. На начин на кој не сме се навикнале како обични симпатизери на седмата уметност. Дечко се запознава со девојка, имаат тежок период, ќе се скараат и на крајот ќе се смират - типичен шаблонски филм. Љубов и Смрт е се само не ова...

Борис е заљубен во неговата подалечна роднина Соња. Соња е заљубена во братот на Борис, Иван, кој е заљубен во Ана Ивановна.
Додека неговата љубов кон неа ја чува тајно за остатокот од светот да не дознае, затоа што мисли дека нема никакви шанси, Борис често се наоѓа во ситуација да биде привлечен од други жени кон кои нема никакви емоции, ама кога станува збор за сексот...
- На полноќ. Во мојата соба. - му вели познатата грофица Александровна, и тој одговара:
- Совршено! И ти ќе бидеш таму, така?

- Ти си многу добар љубовник.
- Па да, често вежбам кога сум сам... - уште една феноменална реплика на Борис кога станува збор за таа тема. Вуди Ален можеби ја дал најдобрата дефиниција на темата Дали може да постои секс без љубов?
- Што е сексот без љубов, само едно празно искуство...?
- Кога станува збор за празни искуства, тогаш сексот е едно од најдобрите.
Има уште многу.. премногу да се зборува кога станува збор за овој филм. Јас не можам да најдам најприкладни зборови за да го опишам. Моја препорака за сите оние кои сакаат да пофилозофираат малку, но најпрво да се релаксираат и да се опуштат со неверојатниот хумор на Вуди.

Филмот содржи неверојатно добри монолози. Откако ќе го изгледате ќе премотувате сцени, можеби ќе го изгледате повторно за да ги воочите сите "шеги" и финти во филмот. Затоа што од прва нема баш можност да се изгустира баш се.



И за крај, мојот најомилен монолог во филмот:

- Но... убиство? Најтешкиот престап од сите? Што би рекол Сократ за тоа? Сите тие Грци биле хомосексуалци. Којзнае какви забави правеле, можеби изнајмиле викендица на Крит за летото.
A) Сократ е човек.
B) Сите луѓе се смртни.
C) Сите луѓе се Сократ.
Тоа значи дека сите луѓе се хомосексуалци. Хах... јас не сум хомосексуалец. Еднаш еден Козак ми свиркаше. Изгледа имам тело кое ги привлекува и двата пола. Некои мажи се хетеросексуалци, некои се бисексуалци и некои мажи не размислуваат за секс воопшто... тие стануваат адвокати.

И уште милион и милион цитати... ги напишав на македонски намерно, за да фати повеќе око предлогот... затоа што вреди!
:cuc: Ремек дело. :cuc:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Generation P (2011)



Добро обработено Руско филмче
Зборува за бумот на маркетиншките агенции и нивната моќ на убедување и правење илузии,во една посткомунистичка русија (значи немајте гајле,филмов не се бави со комунизмот :)).Нешто поврзан и со Вавилон and shit.Во секој случај,вреди да се изгледа.Не е плиток,има добра приказна,само како ќе се снајдете со превод.Има бугарски :гомце:,а можте и англиски да симнете.Ае,па кажете збор два..
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
INCENDIES 2010



Не сум обожавател на француски филмови, но оваа драма - ремек дело на Denis Villeneuve, ме остави буден цело време.
Се работи за семејна приказна на брат и сестра - близнаци, кои се во потрага и исполнување на последната желба од нивната мајка.
Филмот со право има високи оцени кај филмските веб бази, и номиниран е за Оскар.
130 минути вредни да се потрошат за оваа француска драма.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Акира
http://www.imdb.com/title/tt0094625/



1988 година.Токио е уништено од некаква мистериозна сила и тоа го означува почетокот на третата светска војна.После многу години мирот се враќа и почнува бавен процес на градење нова иднина и зачувување на она старо што е останато.30 години мир во Ново Токио.Низ улиците роварат моторџиски банди,криминалот е во пораст,а на секоја позначајна делница има полициски пунктови,на некои места може да се видат и војници како засилување за одржување на редот и мирот во држава порано позната по својата уставна монархија,во моментов полициска држава.Канеда и Тетсуо се нашите главни протагонисти,проблематични средношколци кои во ноќта се тркаат со своите мотори по опустошените делови на Ново Токио.Една ноќ ќе се спречкаат со ривалска банда и додека се тркаат во огромен тунел Тетсуо ќе се судри во едно многу чудно дете.Тоа дете,иако мало во раст има изглед на старец и прикажува необични телекинетички моќи.Додека Тетсуо се соземува од судирот тој е опколен од војска која го приведува без да му кажат зошто.Канеда се обидува да го најде,а за тоа да му успее мора да му се придружи на антивладиното движење кое со години се бори да ја прикаже вистината за матните активности на војската,која спроведува експерименти во областите на телекинетиката и телепатијата.


Акира е првиот насилен аниме филм кој сум го гледал.Не,овде не зборувам за претерано насилство и кофи крв,туку баш онака филмско акцијашко.Сцените со моторџиски трки се одлично средени,престрелки има,но ставени се во многу приземно издание-куршумите звучат како прави куршуми,бомбите како вистински бомби,едноставно Кацухиро Отомо(режисер и воедно оригинален автор на мангата по која е правен филмот) се погрижил за секој детал до ситница.Атмосферата е баш сајберпанк-антиутописка влада,полициска држава,војската е таа која владее во сенка,корумпирани политичари,сиромашна раја и бунтовна младина.Ова не е објаснето со дијалози,туку сцените се доволни за добиете впечаток како стојат работите.

Анимацијата е доста течна.Нема сцени кои "сецкаат" како што може да се види и на денешните аниме серии и тоа е екстра + за филм правен во 1988 година.


Dem details!

Ако нешто расипува впечаток е крајот кој е недоречен и остава простор за толкување.Двочасовен филм не е доволен да збие се што се случува во мангата,па препорачливо е да најдете време и за мангата.


Друг минус-Холивуд ќе прави игран филм од Акира.Веќе две години Warner brothers крои планови како да направи играна верзија.Прво Лео Ди Каприо сакаше да има голем удел во снимањето(се шпекулираше како Каприо сака да ја режира Акира),но после многу натегања се откажа.Сега пак се крива џева околу филмот.WB конечно направија кастинг,најдоа режисер и сценарио.И богами нема да испадне на арно.


Да заклучиме:
1)Кирстен Стјуарт(апатичната Бела од Самрак) ќе ја игра главната типка Кеи(Кеи е член на отпорот)
2)Тетсуо и Канеда се браќа наместо другари,јапонските имиња остануваат ама и двајцата ќе бидат глумени од бели манекени.Патем не се тинејџери туку возрасни лица,а Канеда е сопственик на кафиќ.
3)Од толку азијати во мангата има место само за еден-полковникот кој ќе го глуми Кен Ватанабе(само тој избор ми се чини како валиден)
4)Нов Менхетн место Ново Токио
5)Акира,мистериозната сила во мангата ќе биде претставена како дете психопат ала Демијан од Антихристот како киднаперот на Тетсуо кој ќе го манипулира со психички моќи

Браво Холивуд,браво.Како да не ви беше доволно што го поебавте Драгонбол уздуж и попреку,па сега и Акира,стрип и филм кој доби култен статус низ целиот свет како нешто што го отвори манга стрипот и анимето кон остатокот на светот оди во тој правец.Ај што не е само Акира загрозена,туку во последно време и за Ghost in the shell и Battle angel Alita веќе се спремаат адаптации.

А ако веќе се тера на адаптација барем погледнете го филмот,ама чисто сумњам дека тоа сте го сториле.

Fuck you Hollywood,fuck you indeed.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Ремек-дело. Преубав филм. Приказна за пријателството и љубовта. Во првата половина од филмот дејството се одвива во Италија нешто после втората светска војна. Го имаме малиот Салваторе(Тото) чив татко сеуште се нема вратенo од војната и живее со својата мајка и мала сестра. Тото се спријателува со Алфредо кој работи како прожектонист во локалното кино и го поминуваат своето време најчесто тука, кај прожекторот. Тото е палав, непослушен, го внесува во неволји Алфредо но и покрај се нивното пријателство е најчисто, најискрено и нераскинливо.​
Филмов е многу реален, на некој начин едноставен и лесно допира до гледачот. Има доста тажни моменти.​
Алфредо е интересен лик. Делува на глуп човек, кој нема завршено школо но има некои јаки, сопствени сфаќања(и покрај честите цитати кои ќе ги користи од други филмови) и филозофии за животот кои на повеќето луѓе би им биле чудни. Ќе му раскаже една многу интересна љубовна приказна на Тото со бесмислен крај, која Tото на некој начин ќе ја искористи во својот живот.​
Во втората половина од филмот,
Тото е средношколец и се заљубува во Елена. Алфредо не е баш најрадосен поради ова и има некое песимистичко мислење.
Не можам више да ви го раскажувам. Ако не сте го гледале, и сте љубители на јаки драми, моментално download.​
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Good Will Hunting (1997)

Director:
Gus Van Sant
Writers:
Matt Damon, Ben Affleck
Stars:
Robin Williams, Matt Damon and Ben Affleck
Genre:
Drama





Вил Хантинг (Мет Дејмон) е младич кој рабоите како чистач на еден факултет... има способност да ја реши било која математичка задача без скоро никакви проблеми, но не е свесен за својата способност и својата важност и промените кои може да ги направи во светот, па затоа еден професор по математика на факултетот, кој има добиено голема награда како најдобар матемаричар пробува да го насочи Вил Хантинг на вистинскиот пат и да почне да ја цени својата дарба.
Во тоа секако најмногу ќе му помогне неговиот психијатар Шон (Робин Вилијамс).

Филмот од мене добива десетка, многу одамна немав гледано толку добар филм :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Horrible Bosses (2011)


Уште една одлична комедија, ако сакате да се насмеате, овој филм е најдобриот избор.
Се работи за тројца другари, кои имаат лоши шефови. Секој шеф е лош на свој начин и ги малтертира вработените. Еден ден тие 3ца другари решаваат да се ослободат од своите шефови со тоа што ќе ги убијат, но дали имаат муда за да го сторат тоа ? :)
Еве директен линк на кој можете да го гледате филмот. Одлична снимка, српски превод.
КЛИК

 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Laputa:The castle in the sky


http://www.imdb.com/title/tt0092067/

Верувам дека кајгана филмољупците се запознати барем со едно остварување на Хајао Мијазаки,човекот кој стои зад Princess Mononoke,Spirited away,Howl's moving castle,Totoro,воедно творец на Studio Ghibli,можеби најдоброто анимирано студио од Јапонија.

Ова е еден од неговите постари филмови,датира од 1986 г.Филмот се отвара на еден цепелин,каде едно девојче отвора прозорец и скока кон небото.На прв погглед се чини дека девојчето нема да го преживее падот,но кристалот кој го носи околу врат почнува да свети и девојчето полека лебди кон земјата.Овој феномен го прати Пазу,момче кое помага во рудникот на едно мало градче и ја прибира кај себе.Девојчето се претставува како Шиита и му објаснува дека кристалот со необични моќи е мапа за Лапута,древниот небесен замок кој содржи многу богатсва,но и оружја со застрашувачки моќи.Децата влегуваат во заедничко патешествие да го најдат легендарниот замок,но не се само тие заинтересирани.Пирати и владини агенти им застануваат на патот..................

Од сите Мијазакиеви филмови овој ми е најомилен.Лапута трае два часа и нема тупаџиски сцени,секоја минута вреди;филмот го краси стимпанк атмосфера па ќе ви се допадне идејата за тоа како изгледа свет чија технологија се базира на пареа;ликовите се типично црно-бели,се знае дека децата се добрите типци,владините се вообичаените негативце,од друга страна пиратите ми испаднаа најсимпатични-можеби изгледаат како лошковци на почетокот но под таа суровост се крие топлина која ќе им ја откријат децата.Анимација како и секоја Гиблиева е на ниво.Кадрите се 100% своерачно нацртани и будат носталгија кај секој кој израснал со 2D цртани.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Another Earth (2011)


Да не ми го предложеше еден од членовите и тоа иронично (а не знае што е иронија што само по себе е иронично) немаше ни да знам дека постои филмов, барем уште некое време. И сакам да му се заблагодарам за тоа. Многу убаво филмче, за мерак.

Одма да кажам неколку работи. Филмов или ќе го мразите или ќе го сакате. Не сакам да се мешам во вкусови ама ако не го сакате, во продавница да си побарате вкус. Да не се расправаме. Сега да кажам што да не очекувате, зошто оние кои не го сакаат филмов го гледале со погрешни очекувања. Ова не е Sci-fi, во класична смисла на зборот. Нема вонземјани, инвазии, летечки чинии, тепачки, војни, натприродни појави и холивудски хумор. Прилично нормална реакција е да седнеш за таков филм и да се изнервираш.

Ова е драма и зборува за двајца луѓе кои ги спојува една трагедија, навлегува во човековата природа и поставува прашања како што е: како би се виделе себе си, ако се гледате однадвор. И баш затоа не само што не треба да очекувате класичен Sci-fi, треба да му попуштите на филмот што веројатно има груби пропусти во Science делот.

За содржината не сакам да расипувам, затоа ќе го кажам само очигледното од насловот: се појавува и се доближува планета која изгледа исто како земјата (нешто слично како во Меланхолиа на Триер). Нејзиното појавување индиректно ќе предизвика трагедија која ќе ги поврзе Рода (Брит Марлинг) и Џон (Вилијам Мапотер). Повеќе од ова не треба да знаете.

Сега да се навратам на главната актерка. Прв пат ја гледа, ме потсети на Џулија Ормонд (која е една од моите омилени актерки). Кликнав на IMDB, ништо посебно, кликнав кај тетка Вики, и прочитав дека девојката е родена во 1983 или во 1984! Толку е непозната што ни тетка Вики не ја знае :pos: Таа е истовремено и сценарист, заедно со режисерот Мајк Кејхил, кој е уште понепознат од неа. Но ова не го спречи филмот да добие неколку награди и номинации на фестивали. Им посакувам на двајцата успешна кариера.

На фестивалот во Sundance филмот добил стоечки овации. Инаку се работи за нискобуџетен филм, снимен со само 200000 долари.

Јас отсекогаш сум сакал филмови во кои малку се зборува а повеќе се открива со говор на тело и добра глума. Саундтракот одлично се вклопува во целата, да не речам темна, ама сива атмосфера на исчекување и соочување со вистината.

Се надевам дека филмот ќе допре до вас. 8/10. Да го гледате.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Hidden (Skjult) - 2009


Hidden е норвешки психолошки хорор филм. Каи Кос се враќа во родниот град за да ги среди документите околу неодамнешната смрт на мајка си. Поради немирот кој Каи го чувствува во родното место и желбата да си оди што побргу, веднаш станува јасно дека Каи носи лоши спомени од детството. Спомени настанати главно поради комплексниот однос со родителот. И по 19 години, Каи се' уште не може да се помири со настаните кои го протерале од сопствениот дом. Болните сеќавања излегуваат на површината и распаднатата куќа повторно „оживува“.

Има повеќе причини поради кои би го препорачал Hidden. Пред се' поради целосната атмосфера и морничавост кои се типични за скандинавските хорори. Исто така, вешто е користена метафора за прикажување на настаните кои се случувале, и уште се случуваат во и околу куќата. Саунтрекот, глумата, сценографијата и кинематографијата се прекрасни и само ја надополнуваат тензијата и напнатоста.

Моја оценка: 7/10

Трејлер:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Jodaeiye Nader az Simin (2011)
a.k.a. Separation


Многу пријатно сум изненаден од овој Ирански филм и навистина се надевам дека без предрасуди членовите на академијата ќе му овозможат номинација за Оскар. Веќе е номиниран за Глобус и таа категорија веќе станува интересна, затоа што номиниран е и The Skin I Live In на Алмодовар. Има освоено доста награди оваа година меѓу кои и Златна мечка на филмскиот фестивал во Берлин.

Иако насловот на филмот значи „Разводот на Надер и Симин“, приказната не е толку за разводот туку за настаните кои ќе бидат предизвикани индирекно како последица на разводот. Еден сплет на околности ќе предизвика вистинска драма во која ќе бидат вклучени две семејства, а работите полека ќе почнат да излегуваат од контрола.

Неколку работи ми се допаднаа посебно: прво, драмата се одвива брзо, нема непотребни и незначајни сцени и тензијата е постојано присутна. Второ, ликовите се реални а дијалозите и атмосферата исто така. Глумата е перфектна, немам што друго да додадам во тој дел. Големо браво за актерската екипа.

Она што му фали е добри звучни ефекти, во поголемиот дел се чувствува атмосфера како од старите ТВ филмови, но можеби токму тоа ја дава и онаа реалистична атмосфера во филмот.

Засега овој ми е број 1 неанглиски филм за 2011. Од вкупно два изгледани, ако не сум заборавил нешто. :)

9/10.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Krull
http://www.imdb.com/title/tt0085811/


На планетата Крул во едно кралство се спрема свадба помеѓу принцот Колвин и неговата љубена избраничка Лиса.Се е подготвено за судбоносниот ден,но на оваа свадба ќе пристигнат wedding poopers-имено од вселената ќе се појави Црната тврдина,а господарот на тврдината им наредува на своите војници Убијците да го убијат кралското семејство и да ја грабнат Лиса која треба да му стане сопруга.Колвин е ранет,неговите родители убиени,кралството е во хаос а Црната тврдина исчезнува.

Навреме спасен од еден негов пријател Колвин зема се што му е неопходно и трга во потрага по Црната тврдина за која велат дека никогаш не останува на истото место и се движи со брзината на светлината.Додека Колвин мисли како да го најде следното место каде тврдината ќе се појави на неговиот пат ќе стекне необични пријателства и уште понеобични непријатели...


Хари Потер и Господарот на прстените може вода да му носат на Крул.Нека не ве лаже оценката на имдб,Крул е одлична авантура.Можеби во акцијашкиот сегмент не е нешто јако разработена ама затоа се друго си пасува,од ефекти(колку само внимание е посветено на изгледот на господарот на тврдината,потоа сцената со пајакот,не велам дека денешната CGI технологија не е добра ама стариот начин на правење на ефектите дава чувство на реалност,на живост) па се до склопеноста на Крулверзумот(ретко може да се најде филм каде се спојуваат епската и научната фантастика-каде на друго место ќе погледнете коњаници вооружени со мечови кои користат ласерски стапови како примарно оружје?).

Бонус:Крул е првото поголемо остварување на Лиам Нисон,иако има само споредна улога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom