Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки.
Ме интересира за отклучување на телефон со пин, дали е подобро со adb shell или со софтверот drfone?(ако знаете друг начин исто кажете си :D)
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Друштво... што е паметно да се земе за отприлика буџет од +- 200Е !
Половен Samsung А9, S9, S9+, Note 9 или новиве нашминкани модели со по 2423532 камери.
Значи, ми треба машина што ќе трпи малтретирање, и секако ќе ги задовoли потребите со рам(6GB) и меморија(64/128GB) за наредни 2-3 години.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622

Додај уште 50 еур и земи си нов Xiaomi Poco X3 .Бомба за тие пари ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Мислење за самсунг С20 фе ?! Дали вреди за парите или што друго во тој ценовен ранг
Одличен е.

Јаки страни:

1. Најновиот процесор Exynos 990/Snapdragon 865
2. Супер графичка
3. 120Hz дисплеј / HDR10+
4. Повеќе од солидни камери (Телефото камерата е со подобар квалитет дури и од таа на flagship-от S20+).
На s20+ прави само crop на фотографијата од 64mpx. Овде е вистински оптички зум x3.
5. 4K 60Fps видео записи на задна и предна камера
6. IP68 сертификат
7. Стерео звучници

Слаби страни:

1. Пластично капаче (Дизајнот не изгледа толку "премиум" како на другите S20) ама е задоволителен.
Иако капачето е пластично, важно е што телефонот има алуминиумска рамка.
2. Недостаток на аутофокус на предната камера
3. 6GB RAM (иако 6GB за сега се повеќе од доволно)
4. Недостаток на 3.5mm jack
5. Gorilla Glass 3 (постара верзија)

Во Телеком, Вип и сите продажни партнери на Самсунг го имаш со подарок Smartwatch Galaxy Watch 46mm. Така да за тие пари, тие перформанси и таа понуда во моментот...мислам дека ова е Best Buy.

Мислење за најдобар телефон моментално на пазарот? Не сум за Apple, користев еднаш и не бев задоволна од многу работи, батеријата на прво место. Се мислам меѓу Huawei и Samsung.
Моментално имам Huawei Mate 10 Pro, пре пре презадоволна сум од се, и од камера и батерија и перформанси.
Се мислев за Huawei 40 Pro ама искрено ме кочи банот со Google. P 30 Pro ги има Google услугите, па и тоа е опција.
Од друга страна е Samsung Galaxy S20, изгледа за нијанса подобар од Huawei ама сите се жалат дека Самсунг општо многу им загреваат телефоните.

Од работи што ми се најважни се батерија и камера.
Не знам за ова со загревањево ама јас со загревање сум немал никаков проблем.
Не би ти рекол да одиш на Huawei токму поради ограничувањата со Google.
P30 Pro е веќе по-застарен модел...не знам дали да го земаш воопшто во предвид. Го имам користено и е добар, ама реално камерите на Samsung ми се не 2, туку 5 класи подобри во секој поглед.
За мене моментално најкомплетно избалансиран телефон во се е Galaxy S20+. Топ камери и ѕвер хардвер. Имаш и загарантирани 3 години со Update на Андроид.
Башка имаш Smartwatch подарок....Galaxy Watch 46mm периодов.
Ќе ти препорачав Xiaomi Mi 10 Ultra ама не е за наш пазар...
Така да...според мое мислење...S20+ ако сакаш да користиш вистински флагшип телефон.
Ако сакаш по Budget-Friendly...тогаш Galaxy S20 Fe / Xiaomi Mi 10.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Оти слаба страна 6 гига рам? Јас имам 3 и ми е скроз океј.
Се сложувам со тебе дека е тоа така во огромна мера. Тоа и не е некој толку јак downside ако гледаме од реална гледна точка.
Повеќе е downside од аспект на статистички план и од поглед на тоа што нуди конкуренцијата (Xiaomi, Huawei итн) за таа цена.
Се зависи од тоа како, за што го користиш и преоптеретуваш уредот, и какви ти се потребите. Затоа и допишав дека 6 гига е повеќе од доволно во моментов за корисниците (особено за регуларните корисници кои нема да осетат и некоја разлика).

S20 FE има и верзија со 8GB RAM која е значително подобро решение од моја гледна точка, но достапноста кај нас е под знак прашалник.
Како ќе биде во иднина со меморијата и нејзиниот понатамошен usage не знам...
Јас секогаш гледам малку на подолги стази за подолготрајно користење (од лично искуство) + споредувам и со подобрите модели на телефони.
На мене во моментов искрено се што е испод 6GB RAM, а е Android телефон ми е на граница за моите лични потреби.
Имам Galaxy S7 како втор службен телефон со 4GB RAM и можам да кажам дека кај мене видно се осеќа слабоста. И од процесорот и од RAM меморијата кои не трпат повеќе heavy apps истовремено.
Во однос на S20+ и S20 Ultra кои имаат по 12GB односно 16GB RAM тие 6GB се двојно помалку.
Колку навистина реално вршат работа во моментов...тоа води до дополнителна полемика, но фактот дека има двојно помалку RAM во однос на другите S20 модели е неизбежен. Тоа автоматски го прави поинфериорен во однос на нив од аспект на меморија.
Ако гледаме во однос на цена....S20+ е веќе само околу 3000 ден поскап по мобиларите и интернет продавниците. Кај нас и во светот во однос на S20 FE, Galaxy S20+ нуди двојно повеќе RAM, подобар build quality, поконстантни камери итн.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Се сложувам потполно. Ама изгледа ти баш ги оптеретуваш телефоните, хехе. Јас Инстаграм и Вајбер само и овие 3 ми сe повеќе од доволни.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.279
Поени од реакции
4.687

За малку ќе го отерав Рики у 6ЛПМ (3 малку да не му беа) :)
Ама со вториот пост ајде некако се извади и тоа убаво
Во моментов кои и да ме праша за андроид телефон викам од 4ГБ па нагоре, реално 4 се повеќе од доволни за нормално користење (вибер мибер маил инста фб)
Така што би рекол 6ГБ не се мисли одлично е, ама ако за некоја “смешна” доплата од 3000-3500 денари можеш да добиеш доста подобра конфигурација па треба да си луд да не идеш на тоа.
Сеа некој ќе пише ама 3000 може да се голема разлика, и тоа е точно ама ако немаш за Самсунг купи Хиаоми или ОнеПлус бар опции има не само да плаќаш за името
И убаво пиша гледај долгорочно, реално не сме земја кај што можеш да со дозволиш секоја година да менуваш телефон
 
Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
49
Kolku vredi samsung s8 da go prodadam? Stakloto pozadi e skrseno i napred ima minijaturna puknatina ostanatoto sve raboti perfektno..6500/7000 ?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Мислење за најдобар телефон моментално на пазарот? Не сум за Apple, користев еднаш и не бев задоволна од многу работи, батеријата на прво место. Се мислам меѓу Huawei и Samsung.
Моментално имам Huawei Mate 10 Pro, пре пре презадоволна сум од се, и од камера и батерија и перформанси.
Се мислев за Huawei 40 Pro ама искрено ме кочи банот со Google. P 30 Pro ги има Google услугите, па и тоа е опција.
Од друга страна е Samsung Galaxy S20, изгледа за нијанса подобар од Huawei ама сите се жалат дека Самсунг општо многу им загреваат телефоните.

Од работи што ми се најважни се батерија и камера.
Note 20U Snapdragon модел.
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Некој да има искуство со купување на мобилен телефон од IBuy-Mobile ?!
Квалитет на уреди, потекло, гаранција?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Купив гланц нов Honor 9X за сопругата од човек кој го земал од А1 со договор пред недела дена и не беше користен ич само пуштен да се испроба.Е сега го ставив да се полни али полнењето иде многу бавно.Да не знаете што може да е причината?Му направив deep factory reset иако ни за тоа немаше потреба со оглед дека немаше ништо внатре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom