Пост на кој сте се изнасмеале

Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Oграничена и послобосна за странци тоа да, но дека имаат - имаат. Не ме заебавај дека немаат, еден од моите тројца омилени фотографи е во Пјонгјанг моментално, како ги аплоадира сликите од телефон, со голуби? Прочепкај ги изворите.http://www.cbc.ca/news/yourcommunity/2013/02/isolated-north-korea-allows-3g-network-for-instagram-twitter.htmlКај нас нашиве оператори толку пување и пак те префрла на EDGE 90% од времето.
:pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Никој не сака овчар да биде,а сите сакаат да јадат овчо сирење и кашкавал.
По 2светска војна во Македонија имаше околу 2 милиони овци. ( домашни животни)
Сега 70 години потоа во Македонија има 2 милиони овци ( наречени уште и луѓе)
Жива вистина.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Еј, немој да вреѓаш, ептен е образован, замисли :D
Биографија (CV)

ГРАДОНАЧАЛНИК
АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ
Дата и место на раѓање: 01.11.1964 г. - Струга
Образование:
- Основно и средно образование завршува во Охрид.
- Факултетско образование завршува на битолскиот Универзитет "Св.Климент Охридски"-Електротехнички факултет, каде се здобива со звање дипл.сообраќаен инженер.

Дипломиран сообраќаен инженер.Тема на дипломската му била фаличен кружен тек :pos:
рудници ме изнасмеј :pos::pos::pos:
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Имам скоро 20 години и никогаш не се имам заљубено во некој, никогаш не сум била таква да едвај чекам да го видам дечкото или да му се јавам. Сеедно ми е дали сум го видела или не, дали ќе ми се јавел или кај бил, со кој бил ама баш "кур не ме болит" и незнам зошто е тоа така. Токму поради тоа и раскинав со бившиот и пак кур не ме болеше некако ко едвај да чекав да завршам со него, всушност ќе ми беше многу подобро да беше само тој ама таква сум спрема сите. Поради ова многу често се осеќам осамена и дури до тој степен да се обвинувам самата себе дека сум безчуствителна. А верувајте ме дека многу сакам да се "затрескам" во некој, да сум среќна што воопшто го имам запознаено, или како што викаат да ги осетам пеперутките во стомакот. И што да правам?
Пробај со амерички батаци...
:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.134
Ако преживее во Македонија 10 години, нема потреба од никаков тренинг за живот на Марс.

За најхрабрите кој сакаат да пробаат да живеат без скафандер на Марс и отпорни на радијација тренинг програма ќе содржи живеење во Велес со работа од една смена во Топилница.

За авантуристи и сите оние што сакаат да запознаваат нови форми на живот кој не се нималку пријателски, двогодишен тренинг ќе содржи живеење во Чаир и Гази Баба со бесплатен автобиски превоз до споменатите населби.
Така си е (y).
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Dajte brazzers account.. Pozz-Ropak
:pos::pos::pos:

Многу ме насмеа мислењево. Ова за во потпис е. Моментот е - позз ропак :pos: Ме потсети на Мојот надимак е Александре Пато и оној другион Чао ПЕС.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Io and his sense of humor.

Ако може да ја замените пораката „Серверот покажа непослушност“ со „Ти си батка цар, на кого си испаднат вака...?“ со цел да се ублажи нагонот на корисниците да го треснат компјутерот од земја.

Благодарам.
Од толку смеење ќе ми испаднеше лаптопот од лапот и ќе се испокршеше самиот себе.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Нема ние што да му правиме промоција, читај и сама.
Преку 60 год. семејна традиција во лекување женски ветрови и врзан к'смет.
Ниту Алкалоид со Мукаетови не може да се пофали со таква традиција.
До солзи ме насмеал постов. Ѕвер. :pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
D

dystopian

Гостин
Жане од Драчево тел: 078 612 890; 075 885 831; 072 255 983. Прекрасен човек и навистина има што да каже. Навистина сум и благодарна за се што ми кажа, ме посоветува и ми помогна. А ако сакате за некој друг да гледа понесете си слика од таа особа...нема да згрешите дури и само ако од љубопитство отидете. позз
Благодарам за контактите од Жане. Потполно се согласувам со твоето мислење за неа. Инаку, Жане лично ја познавам уште од времето кога немаше три мобилни, туку само еден фиксен телефон обвиткан со слоеви селотејп како последица од деноноќните повици за помош. Уште тогаш Жане ми остави впечаток на стабилна и сериозна личност со исцрпни познавања на материјата и длабока емпатија за човечките страдања. За оние кои не ја познаваат, Жане е излезена од катедрата на далеку попрочуената госпожа Лепа од Драчево, која пак има специјализирано во Визбегово, кај доајенот на македонското гатање и јасновидност, госпожа Везирка. Се сеќавам дека Жане, уште како гатач-приправник имаше совршен однос со клиентите, многу темелна дијагностика и ултра-прецизна јасновидост. Уште неседнат, рутинирано ми ја погоди возраста и името (иако бев маскиран со капа и темни наочари), ми го погоди (и тоа во обратен редослед) матичниот број, како и имињата (и надимаците!) на моите комшии на двата спрата под мене. Тогаш не носев слика од особата за која барав мислење, ама се погоди да носам рентген снимка и крвна слика пошто се враќав од Државна. Жане не само што ѝ го погоди името и дијагнозата (имаше скршеница како последица од удес), туку до децимала го погоди бројот на леукоцити, еритроцити, липиди, како и нивото на прогестерон. Жената што стоеше зад мене, стаписана од ваквото ниво на прецизност, ја испушти живата кокошка од раце и кокошката го скрши вратот на прагот од чекалната. Мислам дека ова доволно зборува за каков голем талент станува збор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom