Последен гледан филм со кратка рецензија

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
The Incredible Hulk(2008)

Ух, подобар од минатиот Халк мал миљон пати. Актерската постава таман, меѓутоа некако Tim Roth не ми се вклопи во улогата. Специјалните ефекти се одлични, гром, и што е важно има интензивна акција, за разлика од претходникот од 2003та на кој што заспав 3 пати. 8/10.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Short Circuit 2

Филмчето го немам гледано од богзнае кога, случајно набасав на ТВ на самиот крај па ме натера да си го симнам. Пинокио - современа верзија, иако малку евтино направен, сепак не постои некому кој ова слатко роботче нема да му се допадне. Оценка 9/10.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
SPOILER (Кој не го гледал филмов нека не чита подолу)

Како прво и најосновно мора да го разглибаме сценариото. Види - ако го поделиме на третини, 2/3 од филмов е сон, 1/3 е реалност. Уште не сум сигурен од каде почнува сонот (изгледа кога на Бети и' го даваат клучот од апартманот на тетка и') ама знам каде завршува. Сонот завршува кога каубоецот влегува во собата на Дајан/Бети и и' вика: Ајде, време е.
Ова фраза има повеќе толкувања од кои едно ми остана во мислење, каубоецот сака да каже - Ајде, доста беше одиме во пеколот.

Во врска со каубоецот, сигурно ти беше најмистериозната личност. За него слушнав повеќе толкувања, од кои едно на членот bobi2008, ми рече:
-За каубоецот, иако и мене не ми е сосема јасна неговата улога, имам неколку објаснување. Можеби Даен посакува да имала некаква поддршка во нејзината филмска кариера, дека тој е една фигура на татко. Се однесува на тоа дека во сонот, каубоецот го убеди Адам да ја прими Мелиса во главната улога. На крајот на филмот се спомнува како Камила ја добила главната улога во филмот за кој и двете конкурирале. И самата кажува дека имала голема желба да ја добие главната улога.
Друго објаснување е дека каубоецот го претставува Холивуд, дека таму функционираат насилството, парите, интересот, а најмалку талентот.

Пак да се задржам на каубоецот - неговата реплика: Ако направиш добро, ќе ме видиш еднаш, ако направиш лошо ќе ме видиш двапати. Во сонот режисеров е претставен како несреќен, само лоши работи му се дешаваат. Тоа е така затоа што Дајан/Бети во реалноста мислела дека на режисерот (а и така е прикажано) му оди се' како подмачкано. Додека овде во сонот нејзин нему му се дешаваат лоши работи.

Има и еден друг заклучок дека Линч го претставува каубоецот како самиот Бог, рајот и пеколот. Но да одиме на другите работи:
Сигурно те интересира сонот што тој младичот во Винкис ресторанчето го кажуваше. Тој беше во сонот на Бети/Дајан. Затоа што таа го имаше видено во живо, уствари тој ја здогледа неа како се усогласува со изнајмениот убиец и му ја дава сликата од Рита. Затоа младичот се чувствува неубаво.

Сонот што ние го викаме некаде прочитав и дека не е сон, туку она што ти доаѓа на ум во последните минути од смртта. Дајан ја запозна Камила (во реалниот дел). Камила и' ги земаше сите улоги поважни и беше далеку поуспешна. Тоа ја иритираше Дајан, а уште повеќе кога Камила се запозна со режисерот.

Кога убиецот што Дајан го изнајми и' остави во станот син клуч значи убиството беше извршено. Затоа таа се самоуби.
За убиецот има повеќе теории, од кои најмногу ми се свиде онаа на bobi2008: Убиецот во почетните сцени од филмот уби неколкумина во канцелариите. Тој уби неколкумина, но тоа го направи многу невешто. Можеби оваа сцена претставува каење на Даен, која посакува убиецот да не го изврши нарачаното убиство, па затоа тој во сонот е претставен како неспособен убиец.

Линч на имдб ги има 10-те работи за отклучување на мистеријата. Ама не ги читај, затоа што ќе те збунат повеќе. Да ти го кажам и ова - најголемата работа се дешава во клубот Силенцио. Имаше едно прашање од страна на Линч:
What is felt, realized and gathered at the club Silencio?
-Се чувствува љубов, болка, невозвратена љубов, страв, загуба. Почнува да се сфаќа илузијата, се е лага. Тука Бети ја добива сината кутија.

Кој дел не го опфатив незнам, читни го ова и барем 80 проценти ќе ти биде јасно. Сега, ни мене уште не ми е јасно што значат старите луѓе (минимизирани) на крајот од филмот. Мислам за се' постои логично објаснување.

Ама тоа е Линч. Сите негови филмови се како еден мозаик. Од него ми останаа уште два филма за целосно да го пополнам:).
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

Разочаран скроз.... Овај филм не треба да се категоризира во акција пошто нема акција ич. Очекував многу а испадна ништо...
Како прво Мат Демон не одговара во улогата... (можеше Кијану Ривс или Колин Ф).
Второ женската не беше добра за улогата... пуфла таја во ваков филм... :tapp:
Трето многу нереално изгледаат борбите со пукање... тие се 10 души со митралези тој е еден со пиштол и ни еден куршум не го погодва (ок... еден).
Четврто- нема акција... едноставно нема тепање... ништо...
само ефектите му се добри... за друго незнам...:toe: 4
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
SPOILERS
SPOILER (Кој не го гледал филмов нека не чита подолу)
Уште не сум сигурен од каде почнува сонот (изгледа кога на Бети и' го даваат клучот од апартманот на тетка и') ама знам каде завршува.
Мислам дека е очигледен почетокот на сонот, веднаш после сцената со танцувањето (на самиот почеток на филмот), има една кратка сцена со розева перница. Истата таа перница ја гледаме кога ќе се разбуди Даен, веднаш по сцената до каубоецот. После оваа, отфрлам секакви други теории дека првите 2/3 од филмот не се сон.
Сега, ни мене уште не ми е јасно што значат старите луѓе (минимизирани) на крајот од филмот. Мислам за се' постои логично објаснување.
Се надевам веќе е јасно дека постојат неколку нивоа на реалност во овој филм, објективната реалност на Даен, нејзиниот сон, сеќавања од минатото, халуцинации.

Според мене, старите луѓе претставуваат дел од халуцинација, предизвикана од грижата на совест кај Даен за тоа што го направи.
За мене мистеријата во овој филм е разрешена.

Поголем предизвик гледам во Lost Highway, каде постојат повеќе теории.
Јас ја прифаќам теоријата дека се тоа навистина се случува, а мистериозниот човек е демон, ѓавол, whatever. Ова и не е толку тешко за верување ако сте ја гледале серијата Twin Peaks.
Другата теорија го објаснува филмот слично до Mulholland Dr., сонови, халуцинации итн. Но во овој филм, таа теорија ми е помалку логична.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Разочаран скроз.... Овај филм не треба да се категоризира во акција пошто нема акција ич. Очекував многу а испадна ништо...
Како прво Мат Демон не одговара во улогата... (можеше Кијану Ривс или Колин Ф).
Мислиш Марк Волберг?:wink:

Туку, јас пред малку го гледав третиот заеднички филм на Роберт Де Ниро и Ал Пачино Righteous Kill, во кој конечно како што треба заедно глумат! Прекрасни се, алал да им е!!!
Гледам на имдб слаба оцена и некои лоши критики, но мене лично ми се допадна. Можеби врз тоа има удел и тоа што премногу ги обожавам и двајцава старци, но не знам ... и да има, не е важно. Добра приказна е разработена, а тие тоа одлично го презентираат. Глумат детективи кои се колеги и кои неизмерно се почитуваат и поддржуваат. Другите, поради нивните беспрекорни досиеа им завидуваат и понесени од тоа почнуваат дури и да се сомневаат во нив. И секако има дешаванка, која до самиот крај не ја претпоставив, што е уште еден плус. Значи мирно филмче со поретки моменти на напнатост, кое секако вреди да се изгледа и го препорачувам. Покрај уживањето ќе ви се наметне сигурно и тема за размислување ... дали може да постои оправдано убиство. Многу ме интересира кој што би заклучил по тоа прашање, па се надевам ќе го има еден ден филмов во генералната дискусија и ќе имам можност да прочитам.:vozbud:
Оцена 8/10.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444

Тие што го критикуваа филмов веројатно очекувале да ги видат ДеНиро и Пачино во младите години кога беа во топ форма. Е па нема. Стареат луѓето. Поентата беше да ги видиме дедовците како се држат. А се држат богами одлично за нивни години. За секој фан на ДеНиро и Пачино филмов беше уживање. Нормално дека не очекувавме брканици и акциони сцени како во Heat (1995). Без преголеми очекувања, ова трилерче воопшто не е лош филм, ќе ви се допадне.
 
~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Defiance

Спичлес мајку му, како и секогаш после филмови со ваква тематика!
Creg David, брилијантен во својата изведба! Неверојатна динамика помеѓу него и Liev Schreibеr, та дури и во моментите кога погледите и ставовите им се разидуваат, чувствуваш дека комуницираат и целат кон истата работа иако на различен начин! Безгрешен спој!
Ликот на чичко sexy, hot Creg David е психолошки изграден до перфекција! Секој чекој чекор му е промислен секоја акција разумна! Добро, со оглед на тоа што се работи за вистинска приказна, не можам тоа да му го препишам на сценаристот но неговиот перформанс ме остави без здив!
На моменти напнат но успеа да ми го задржи вниманието до крај, ни еднаш не задремав..оу јеа, оу јеа! Се смеев, се излигавив два три пати, се наежив безброј пати и почувствував гнев кон Наци нацијата!
За два саати успеа да ми ги размрда сетилата и разбуди толку различни чувства! Алал вера на Edward Zwick:cuc:
На крај, стануваш од удобната фотелја и збунет си...дали ми се допадна? Изведбата беше фасцинантна! Динамиката помеѓу главните улоги совршена ес мач ес ит кен би..темата, болна!
Ми се допадна ли?

Молк!
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
SPOILERS
Мислам дека е очигледен почетокот на сонот, веднаш после сцената со танцувањето (на самиот почеток на филмот), има една кратка сцена со розева перница. Истата таа перница ја гледаме кога ќе се разбуди Даен, веднаш по сцената до каубоецот. После оваа, отфрлам секакви други теории дека првите 2/3 од филмот не се сон.

Се надевам веќе е јасно дека постојат неколку нивоа на реалност во овој филм, објективната реалност на Даен, нејзиниот сон, сеќавања од минатото, халуцинации.

Според мене, старите луѓе претставуваат дел од халуцинација, предизвикана од грижата на совест кај Даен за тоа што го направи.
За мене мистеријата во овој филм е разрешена.

Поголем предизвик гледам во Lost Highway, каде постојат повеќе теории.
Јас ја прифаќам теоријата дека се тоа навистина се случува, а мистериозниот човек е демон, ѓавол, whatever. Ова и не е толку тешко за верување ако сте ја гледале серијата Twin Peaks.
Другата теорија го објаснува филмот слично до Mulholland Dr., сонови, халуцинации итн. Но во овој филм, таа теорија ми е помалку логична.
SPOILER!
За Lost Highway единствена теорија што ја отфрлив е метаморфозата. Читав неколку рецензии дека сепак тоа е метаморфоза, ама уствари мислам дека нема врска.

Мене повеќе прифатлива ми е теоријата на халуцинациите. Ама кога ќе размислам и подобро, мистериозниот човек е клучот на мистеријата тука. Мислам дека тој или беше човек што Фред сам си го замисли или навистина постоеше и ја имаше улогата на ѓаволот.
За филмов уште не сум одлучен. И да, потежок е за гледање отколку Mulholland Dr. Има премногу гадни сцени и владее оној современ film - noir.
Треба да се погледне пак. Ама мислам дека станува збор за халуцинација и шизофренија.
SPOILER!

Читав интересен податок кога двајца критичари го оцениле Lost Highway како неубав филм. После Линч на плакатот напишал "Two Tumbs down - two more reasons not to watch Lost Highway".

П.С. - Си го гледал Blue Velvet?
 
CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Step Brothers

Комедијава е една од најдобрите дела на Џим Ферел.
интересна приказна но воедно и добра глума од актерите.кој не го гледал филмов ако го гледа нема да зажали за времето.
оценка 8,5/10
 
E

`EsCaPe`

Гостин
The Messengers

Што знам филмов.. Го фалеа, го фалеа ептен, а искрено.. Ни страшен ми беше ни ништо.. Просечно хорор филмче.

House of Wax

Е овој ми се свиѓаше. Додуша првите 30 минути, па и повеќе е досадно и не ме тераше да го гледам до крај, ама после е интересно. Најдобар е крајот кога се топи куќата..Хихи.. интересно филмче.
 
~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Defiance

Спичлес мајку му, како и секогаш после филмови со ваква тематика!
Craig David*, брилијантен во својата изведба! Неверојатна динамика помеѓу него и Liev Schreibеr, та дури и во моментите кога погледите и ставовите им се разидуваат, чувствуваш дека комуницираат и целат кон истата работа иако на различен начин! Безгрешен спој!
Ликот на чичко sexy, hot Craig David *е психолошки изграден до перфекција! Секој чекој чекор му е промислен секоја акција разумна! Добро, со оглед на тоа што се работи за вистинска приказна, не можам тоа да му го препишам на сценаристот но неговиот перформанс ме остави без здив!
На моменти напнат но успеа да ми го задржи вниманието до крај, ни еднаш не задремав..оу јеа, оу јеа! Се смеев, се излигавив два три пати, се наежив безброј пати и почувствував гнев кон Наци нацијата!
За два саати успеа да ми ги размрда сетилата и разбуди толку различни чувства! Алал вера на Edward Zwick:cuc:
На крај, стануваш од удобната фотелја и збунет си...дали ми се допадна? Изведбата беше фасцинантна! Динамиката помеѓу главните улоги совршена ес мач ес ит кен би..темата, болна!
Ми се допадна ли?

Молк!
Who the fuck is *Craig David?:icon_eek: Почнав да измислувам ликови мајку му...
на Daniel Craig мислев, шејм он ми:kesa:
 
Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165

Eagle Eye

За сите оние кои во своето едноипочасовно опуштање пред телевизор имаат потреба од зголемена доза на адреналин под влијание на возбудата и напнатоста која ја нудат ваквите филмови.
За жал, филмот нема да понуди нешто повеќе од гореспоменатово, пред вас е веќе видена приказна создадена во некое подрумче под импресија на малиот милион начини на кои идниот напредок на светот на секое поле би ни ги движел конците.
Секако дека на крајот, со прашалник на главата за тоа што се случило барем со неколку работи од главното дејство а не се објаснети во заклучокот, сфаќате дека филмот бил добар барем за утепување на време. Според мене, препорачлив за внесување доза возбуда во денот. Не бара вонсериски способности на мозочните клетки. Солидна 6ка од мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom