The White Ribbon (Белата трака)
Прва информација што ќе ја напишам за филмов е дека денеска беше прогласен за
најдобар европски филм за 2009, во тесна конкуренција со „Slumdog Millionaire„ и „Читачот„. Австриско-германска продукција, режисер е Мајкл Ханеке, кој исто така освои награда за најдобар режисер за 2009 г.
Дејството се одвива пред Првата светска војна во едно мало место, ама нема ништо поврзано со војни, битки и сл. Приказната ја прераскажува еден учител, кој се присетува на неговото време кога бил помлад. Во местово каде живеат луѓево почнуваат да се случуваат необјасниви работи (синот на баронот исчезнува за потоа да го најдат физички нападнат, некој подметнува пожар во една штала, друго хендикепирано дето исто го наоѓаат малтретирано итн.). Никој не знае кој ги предизвикува овие несреќи. Учителот се сомнева во децата, дека можеби се вмешани или пак знаат нешто повеќе.
Паралелно има уште 4 приказни за 4 семејства (една од баронот, друга со докторот, уште една со селаните и 4-та со свештеникот).
Белата трака е насловот, бидејќи свештеникот им врзуваше бела трака во косата на неговите деца кои правеа „гревови„ и таа трака треба да ги потсетува на невиноста и вистинскиот пат.
Филмот трае 2 ипол часа, јас го гледав во кино на германски јазик и релативно брзо ми помина времето. Специфично ми беше што во филмот немаше музика, имаше некои сцени кои стоеја подолго време (едно 10-на секунди) и се беше тишина.
Знаев дека филмот е во конкуренција за најдобар европски филм, ама кога заврши коментарот ми беше дека нема шанси да победи. Али ете победи!
Би го оценил со 7-ца, поради недоволната напнатост што ја нуди, а и поради тоа што многу ме потсетува на книгата „Хемијата на смртта„ од Симон Бекет.