Последен гледан филм со кратка рецензија

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Али еве, да ти разјаснам, штетно за тебе ќе биде ако мислиш дека си во право.
Си го гледал филмот не те бендисал во ред е, можеби се имаш препознаено во негативните карактеристики, ама јас лично мислам дека беше нешто несекојдневно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Bolt е од лани. Имаше дури и номинација за оскар. Помина.

Знам негде поназад спомна номинации за оскар во рецензијава на цртаниве. Веројатно и листава ја поврзуваш со номинациите за Оскари. Тие номинациите за анимиран филм зе зафрканти.
Најдобар избор имаа во 2003 (избираа филмови од 2002) кога имаше дури 5 номинирани цртани, од кои еден јапонски, од Мијазаки. И анимето го зеде оскарот. Од тогаш, се по 3 номинации, и сите американски цртани. И досега од 8 избори за анимиран долгометражен, Пиксар добива 4 пати. Нешто не како што треба.

Од оваа година, Up и Coralaine се подобри. Овај Meatballs мислам дека гледав едно трејлерче, не ми се допадна многу, ама ај ќе го изгледам некој ден.
А Monsters vs. Aliens (и овај не сум го гледал) e Dreamworks продукција. А тие, освен Shrek 1 немаат ништо поасално направено. Ќе го изгледаш филмот еднаш два пати, ќе се насмееш троа и толку.

А за Bolt, веќе имам кажано, влегува по серијата Chicken Little, Meet the Robinsons и Bolt (последни цртани на Дизни) кои и не се толку добри споредено со постари цртани од Дизни.
Дизни има повеќе филмови со кучиња (моментално се сеќавам на 3 - 101 Dalmatins, Lady and the Tramp, Oliver), нормално секој со своја соржина. Во Болт некако не ми иди мисла дека е оригинален. Како да мешале, или рециклирале од сите 3 и уште од некој друг, па ставиле нешто ново и ете го. И стигнаа до номинација.

Оти не беше номиниран Ponyo на Мијазаки. Оти англиската верзија излезе дури 2009та.
А не се само цртаните на Мијазаки толку добри, има секакви чуда (а има и глупости).

Не сум некој голем гледач на овој жанр, малку имам гледано ама од тоа што имам, имам видено нешто што заслужува и еврпски и американски награди.
Мислам дека Ponyo може да добие номинација годинава. Плус тоа, веќе е во трката за номинација т.е во предноминациите за годинава Оскарите, а и од критиките е доста прифатен филмот, ќе го гледам наскоро.

Но кога се Дизни во прашање да не го заборавиме „Принцезата и жабата“ кој е направен на начинот како што беа направени класиците како „Заспаната убавица“, „Снежана“, „Бамби“ и слично.

A Christmas Carol не верувам за номинација, иако предобро сигурно е направено.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Си го гледал филмот не те бендисал во ред е, можеби се имаш препознаено во негативните карактеристики, ама јас лично мислам дека беше нешто несекојдневно.
Значи како прво, многу е досадно да се дискутира со тебе.
Јас ќе ти начукам пост од 500 збора со факти, а ти само ќе ми извадиш еден дел на кој можеш нешто да пишеш.
Покажува само колку површно се држиш до твоите тврдења, односно дека ги пишуваш тек така и не веруваш во нив - бидејќи не ни пробуваш да ги браниш.

И не, филмот не е ништо несекојдневно, лани излезе Death Race со Џејсон Статхам во кој исто затвореник преку борби/трки се бореше за слобода. Исто и филмот Runner, само далеку подобро обработен.

Ако тебе ти е несекојдневен, тоа е друга работа, ако ти мислиш дека гејмерите = психопати и убијци, исто така, твој проблем.
А не планирам да ти ги решавам проблемите.

И не сум навреден од филмот зашто сум се пронашол, туку бидејќи го правеле некои старци за кои "играњето игри е лоша ствар", па сеа на светот ќе му прикажуваат погрешна слика.

Ае сега, повторно избери си дел на кој можеш нешто да ми вратиш, цитирај и пиши некој one-liner.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ае сега, повторно избери си дел на кој можеш нешто да ми вратиш, цитирај и пиши некој one-liner.
Еве го делот и два реда ќе бидат.
Пишав веќе не ти се бендисува не ти се бендисува твој проблем, ама толку критички настроен филм кон компјутерски игри немало и немам гледано, настрана од другите ранери банери манери кои што ги величаат игрите како нешто боженствено овај сурово спушта на земја.
Па и не се само игрите онлајн состаноци итн.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Spread (Рашири)



Само што го изгледав овој сосема различен “комедија“ филм, иако има доста малку хумористични сцени повеќе го опишуваат сцените на еден вистински женкар, срцекршач а воедно и макро. Ештон Качер го гледаме за прв пат во ваква улога каде што воедно во цел филм најмногу преовладуваат СЕКС сцените, значи во филмот има толку голотија каде што никаде нема да видете во комедија филм. Секс во кујна, кревет, плажа, вц, базен, пушење ма што уште не :pos2::pos2::pos2:значи филмот никако со родители гледање :smir:!

7/10 за оригиналноста, и сосема поинаквата содржина на еден комедија филм! :pipi:
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143


Денеска изгледав уште едно анимирано филмче кое се бори за номинација на Оскарите. Искрено има доста јака конкуренција годинава, да не ги набројувам и филмовите кои се‘ уште не сум ги гледал а се во трката. Значи според мене дефинитивно сега за сега UP ќе ја добие наградата, но сепак со текот на времето ќе ги изгледам и другите филмови т.е оние од кои мислам дека ќе добијам повеќе се „The Princess and the Frog“/„A Christmas Carol“ и „Fantastic Mr. Fox“ (поради тоа што ја обожавам stop-motion анимацијата).

На овој филм приказната многу ме воодушеви, интересна замисла за едно филмче за еден научник кој отсекогаш бил одбиван од луѓето и непосакуван од сите, па доаѓа до една идеја низ неговиот мал град да направи дожд од бургери (најпрвен). По првиот обид, населението се заљубува во идејата и барањата за храната се огромни, па така ќе има дожд од три дневни мениа, како и во зимскиот период, дожд од сладолед направен како снег во разни бои.

Предобра анимација, навистина преубав филм. :wub:
Пред 2 часа и јас го гледав истиот филм.
Погоре се е раскажано, така да.. истото мислење го имам и јас, и целосно се согласувам со Boy|nLove. Јас го оценувам со 8,5/10
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ninja Assassin


Одамна неам гледано олку добар филм.
Океј малку отпоќе има гадни сцени, ама севкупнава содржина на филмов е баш добра.
Се `се врти околу тоа кој да го освои нинџа-кимоното.
Raizo е сирак кој израснува во Ozunu-кланот, но откако ќе биде избркан станува еден од најопасните атентатори,a воедно ќе го убие и лидерот на поранешниот клан и сите во него освен ќерката на лидерот и Ryan чија мисија е да го скријат кимоното од Raizo.
И после многу гадни сцени и борби на крај
Raizo ќе биде убиен во борбата со Ryan и Ryan ќе го освои кимоното,а после тој и ќерката на лидерот на Ozunu кланот ќе станат поседници на истиот клан и ќе го обноват и сите среќно ќе си живеат.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
the ugly truth


филмче кое ми остави убави импресии..станува збор за млада новинарка која работи во една редакција и е мн млада нема момче и ке се труди да најде..Во деловниот живот ке се појави еден типац кој мн ке се контра со неа
и ке и помогне да најде всушност тој ке ја води емисијата the ugly truth и ке и мести момче одосно ќе и помогне али на крајо тој ке биде со неа а не тој што и го местеше
:vozbud::vozbud:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Ninja Assassin


Одамна неам гледано олку добар филм.
Океј малку отпоќе има гадни сцени, ама севкупнава содржина на филмов е баш добра.
Се `се врти околу тоа кој да го освои нинџа-кимоното.
Raizo е сирак кој израснува во Ozunu-кланот, но откако ќе биде избркан станува еден од најопасните атентатори,a воедно ќе го убие и лидерот на поранешниот клан и сите во него освен ќерката на лидерот и Ryan чија мисија е да го скријат кимоното од Raizo.
И после многу гадни сцени и борби на крај
Raizo ќе биде убиен во борбата со Ryan и Ryan ќе го освои кимоното,а после тој и ќерката на лидерот на Ozunu кланот ќе станат поседници на истиот клан и ќе го обноват и сите среќно ќе си живеат.
го симнав пред 3-4 дена али ептен лоша снимка беше и го изгасив на 10 мин.... ако може линкче за да го догледам, доколку има боље снимка :pipi:
 
I

Intex

Гостин
The butterfly effect



Го гледав пред 3-4 години, ама тогаш не го гледав со целосно внимание, па мислев дека е еден од најглупите филмови кои ги имам гледано. :kesa:
Арно ама, денес го гледав со поглед вперен 100% кон телевизорот. Филмот е нешто неверојатно, еден од најдобрите од тој жанр кои ги имам гледано. Добра приказна, која сеуште ме остава во мисли, за тоа колку работи може да промени еден мал сјебен настан. После секое менење останував неколку минути без зборови.
Оценка: 9,75/10
П.С. Не е десетка оти најдов грешка во хронологијата на настаните.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Law Abiding Citizen


Филмот е супер, во стилот на Fracture, само со многу повеќе акција. Едни морони доаѓаат и го ограбуваат семејството на Gerard Butler и во процес ги убиваат жена му и детете , а он едвај преживува. На судењето подоцна убиецот го пуштаат само со 3 години затвор. После десет години планирање, ги убива двајцата што го ограбија, и еден по еден пополека генијално ги кине сите што беа вмешани во судењето.

Многу добро осмислено, 9.5/10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
American Pie 7: The book of love

http://www.imdb.com/title/tt1407050/

Ако ги имате гледано и претходните делови, сигурно и овој ќе ви се допадне . :vozbud:

Инаку во филмот накратко се зборува за тројца другари, кои ја најдат Библијата на сексот, и според неа ќе сакаат да имаат секс. Но, тоа некако нема да им успева . . .
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
American Pie 7: The book of love

http://www.imdb.com/title/tt1407050/

Ако ги имате гледано и претходните делови, сигурно и овој ќе ви се допадне . :vozbud:

Инаку во филмот накратко се зборува за тројца другари, кои ја најдат Библијата на сексот, и според неа ќе сакаат да имаат секс. Но, тоа некако нема да им успева . . .
И јас го гледав сега.

Ако ги имате гледано претходните делови, сигурно овој ке ви биде Тотално Срање!
Нај бедна пита досега. Едноставно не знаеле шо да напрат и they ended up with банч оф клишеа. Цел филм е една копија на сите американски тинејџерски филмови.

Face it. Има и други интересни теми за тинејџерска комедија освен getting laid the hottest chick in school.
За џабе потрошено време. Можев да изгледам некоја сосема солидна комедија.
Ама whatever. Се знаеше дека овој филм нема да ја има истата слава од како си заминаја оригиналните глумци. (Jason Biggs).

Anyway , dont watch it. IMDB 5/10 . Me 2/10.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Солидна драма со многу заплети, инаку се работи за филм кој што е режиран од Вуди Ален, а во него глуми и Скарлет Јохансон. Се работи за поранешен професионален тенисер, кој што е пензиониран и кој што се вработува како инструктор за тенис во еден тениски клуб. Таму се запознава со еден момак кој што е член на богата англиска фамилија, подоцна ја запознава и сестра му со која стапува во врска, но и неговата девојка која ја игра Скарлет Јохансон, и тука почиња заплетот. Ок филмче, просечно накај добро 7 од 10

Филмов го гледав пред едно две недели во кино и можам да кажам само дека е пичење. И ја стварно не можам да разберам коментари од типот филмот немал приказна не знам што, па јеби га апокалипса на свет се дешава која приказна да ја има. Или пак мрчење оклу невозможните вожњи во филмот, па да не беше така филмот ќе завршеше многу порано. Е едино нешто што не ми се допадна е тоа што овој дечкото на жената на Џон Кјусак кога умира оваа си продужуе и ич не ја лази мува за него ко ништо да не се десило (изгледа било претесно сценариото) и плус имаше ептен апла нереална сцена кога навлегува водата во бродот, тоа се негативните работи. Инаку се на се би кажал дека од сценариото тоа и го очекував но затоа од ефектите добив многу повеќе одклоку што можев да си замислам, па затоа би дал оцена 9 од 10.

Доколку би имал само еден збор за да го опишам филмов тогаш тоа сигурно би било - "магичен". Само ќе кажам дека се работи за најдобрата анимација која што јас сум ја гледал до сега и еден од најдобрите класични божиќни филмови. Филмов изобилува со една чудна волшебност и ве носи најблиску до она што се нарекува детска фантазија. Јас лично додека го гледав филмот се потсетив колку и се радував на Нова Година и на Божиќ додека бев мал.

Од филмов толку многу очекував, а толку малку добив. Па ова е најдисадниот филм што некогаш излегол, и не ми е јасно што се бунеше Бил Мјуреј кога не го зема оскарот за најдобра машка улога. Практично филмов освен што има пар звучни имиња, не нуди ништо друго. Единствено што ми се допадна е начинот на кој што Софија Копола го режирала филмот, односно тоа што филмот има некој чуден вкус на реалност. Сценариото е нула, тотална дупка. Се работи за еден актер кој оди да снима реклама во Јапонија за некое јапонско виски ваљда беше, и случајно се среќаваат со една девојка (Скарлет Јохансон) која што го придружува својот дечко режисер во Јапонија, и до крај од филмот ништо многу не се менува, едвај го догледав филмов три пати заспав на сред филм. Оцена 2 од 10 само ради Скарлет што го пролепшава филмов.

За филмов нема да должам многу, класична приказна, агент од FBI (Џони Деп) се инфилтрира во мафијата и работи андеркавер, од тука веќе знаете дури како би завршил филмот. Единствено ми се допдна оригиналната глума кај актерите, особено кај Ал Пачино. Ианку во филмов глуми уште едно звучно име, Мајкл Медсен, така да на филмов преку сила му давам 6 поради тоа што е клише.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Law Abiding Citizen


Филмот е супер, во стилот на Fracture, само со многу повеќе акција. Едни морони доаѓаат и го ограбуваат семејството на Gerard Butler и во процес ги убиваат жена му и детете , а он едвај преживува. На судењето подоцна убиецот го пуштаат само со 3 години затвор. После десет години планирање, ги убива двајцата што го ограбија, и еден по еден пополека генијално ги кине сите што беа вмешани во судењето.

Многу добро осмислено, 9.5/10
да да супер филм....ги прикажува дупките на правосудниот систем т.е. причините кои го прави овој систем НЕЕФИКАСЕН..........сепак крајот многу наликува на happy end(типично америчко),ја отсликува "упорноста и успешноста" на праведно/безбедносниот систем...сепак морав да го критикував крајот на филмот,можеше барем малку да не биде во корист на државните служби
9/10 поради крајот:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom