Nothing but the truth, Graduation
Ај дури не сум ги заборавил:
Nothing but the truth (2008)
Филмот е работен според вистинит настан но поради материјата што ја обработува по се изгледа авторите многу срамежливо потенцираа дека ликовите се измислени. Како и да е, се работи за случај во кој новинарката Rachel Armstrong (Kate Beckinsale) разоткрива агент на CIA, по што од CIA ќе се обидат да го дознаат името на човекот кој ја открил информацијата. Бидејќи не сака да открие, ќе и го загорчат животот до граница на неиздржливост.
Филмот иако не е некое којзнае какво остварување, сепак е сосема пристојна драма и еден од подобрите филмови што сум ги изгледал во последно време.
7/10
Graduation (2007)
Е ова филмче пријатно ме изненади, со оглед на тоа дека очекував некој безвезен тинејџерски филм без никаква идеја. Четворица матуранти се многу блиски другари. Пред матурата, мајката на едниот од нив која е тешко болна, не може да ги плати болничките трошоци. Не можејќи да најдат друг начин да помогнат, одлучуваат да ја ограбат локалната банка на денот на матурата.
Она што го крева филмот над просекот, се четворицата млади актери кои одлично си ја завршија работата. Исто
7/10.