Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
The curious case of Benjamin Buton... Што да кажам за филмов... Добра замисла на режисерот како да опише нечиј живот одвивајќи се обратно од сказалките на часовникот, но... 3 часа нели покажува многу празни ходови во еден сепак едноставен филм? Сепак има доста украдени моменти (Big fish, Notebook...) така да филмов ќе го сместам во просечен. Убав почеток на филмот кој подоцна се сведуван на класичен љубиќ каде што опишува дека тие сепак се сакаат. Единствена добра порака беше сосема на крајот кога Бенџамин ги опишува личностите. Оценка 7/10 пради квалитетот на глумците.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Blindness

Очекував многу од филмот а не беше ништо посебно ама може да се гледа ептен ако немате што некако немаше динамика и што знам ма не ме не ми се бендиса,Моја оцена 6/10.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
La Linea-2008.


Филмов не е само ација туку е акционенен трилер, гледајќи ја внимателно целата содржина како се одмотува клопчето од играта ќе го сватите тоа.
Во актерската екипа покрај докажаните Реј Лиота, Енди Гарсија и Арманд Асанте се појавува и млад но добар актер со име Есал Моралес.
Во филмов е испреплетена приказната на дрога, пари, тајна служба, тероризам и интерес...Длабок филм со пораки кои се често скриени и неизвесни до крајот.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
48
Поени од реакции
2
Crank 2 - High Voltage :P


Еми не е лош филмов :P Фантазии и со ефтини ефекти.... 5/10 оцена..
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Suspect Zero

Трилер со мали примеси на научна фантастика и хорор.
ФБИ агенти во потрага по сериски убиец. Тешко е да се кажи нешто поќе за филмот без да се откриат детали.
Насловот на една рецензија на имдб многу добро го опишва филмот:
Se7en + A Hard to Follow Plot + Ben Kingsley = Suspect Zero

6/10
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Fracture - Со Ентони Хопкинс - драма - одамна немав гледано толку добар филм, го прочитав тука на форумот, го изгледав и незнам што да ви кажам филмот е прекрасен обавезно да го изгледате.

Body Of Lies - Со Л.Ди Каприо - акција, трилер - па ОК беше не беше лош филмот но и не геше нешто кој знае колку посебно.

Forgetting Sarah Marshall - комедија - Многу добра комедија што му ја препорачувам на луѓето исто така, ама не толку колку што ја препорачувам...

Yes Man - Со Џим Кери - немам зборови да ви опишам но и ке ви го расипам филмот, слободно гледајте го филмот и немајте гајле :)

Поздрав
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
The Count Of Monte Christo-филмот е феноменален,го гледав и втор пат,ке го гледам и пак.Се работи за двајца млади што се сакаат во времето на Наполеон Бонапарта,но судбината се поигрува со нив.Гледајте го нема да зажалите.
IP MAN-Филмов е кинески,но ке ве остави без здив.Главниот лик(актерот)е во улога на учителот на Брус Ли(кунг фу,потези-закон).Во време на војна и сиромаштија сите работат за парче леб...
BEAUTIFULL MIND-Можеби повекето го имаат гледано,(сепак изгледајте го пак)филмот е перфектен,и според вистинска приказна,за човек кој има добиено нобелова награда,едноставно феноменален според мене..
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Само што го догледав Време за плачење на Коле Ангеловски. Филмчево е топ!!! Уште пред неколку години прв пат сум го гледал и секогаш гледам да не го даваат на МТВ и сега го начекав.

Приказната се врти околу четворица ликови, нивните моментални животи и случувања. Улогите ги играат - Марија Кондовска, Бранко Ѓорчев, Дац и Јелена Жугиќ. Филмов е за опуштање, за уживање. Би го ставил во категоријата драма - комедија.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Dragonball Evolution (2009)



Немојте случајно само да се излажете да го симнете, а камо ли да го пуштите и да протрошите залудно час и половина. Најголема глупост направено во последните неколку години. 0/10
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

HOW TO LOSE A FRIEND AND ALIENATE PEOPLE
Интересна комедија со овој британецот у последно време типот прави многу добри комедии ако имате време спуштете си го филмот не е лош.7.5/10 :vozbud:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
По долго одложување конечно го гледав Twilight



Интересна невообичаена љубовна приказна, базирана врз истоимената новела на Stephenie Meyer...
До женската популација: најмалку заради што треба да го гледате филмов е главниот актер:wub:
Мојата оценка за филм не е од 1 до 10, туку ме бендисува или не ме бендисува. На бесплатниов сервер некое машко го прикачил филмов со посвета за две девојки, се мислев да го симнам да не го симнам, ајде реков ќе го симнам иако помислив дека не е тип на филм што мене баш ќе ме интересира. И изненадување добар филм, темен, жесток за љубов, за смрт, ама добар филм и ме бендиса.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ангели и Демони..
Поголемо разочарување никад..
Од книгата фалат многу ликови, не е ни текот на настаните како во книгата..Направен е у скратена верзија за да се стигне до крајот..
Нема возбуда како во книгата..Се разочарав ептен..
Ниту главните ликови се онакви како што се претставени таму, нити споредните..
Некако нема приказна, туку главните работи, оние највпечатливите се снимени и споени и тап-приказна..
Лошооо
Ако некој не ја читал, се сомневам дека ќе разбере шо е финтата..
Од 10 му давам 5 на филмов...
А толку го чекав:(
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Ангели и Демони..
Поголемо разочарување никад..
Од книгата фалат многу ликови, не е ни текот на настаните како во книгата..Направен е у скратена верзија за да се стигне до крајот..
Нема возбуда како во книгата..Се разочарав ептен..
Ниту главните ликови се онакви како што се претставени таму, нити споредните..
Некако нема приказна, туку главните работи, оние највпечатливите се снимени и споени и тап-приказна..
Лошооо
Ако некој не ја читал, се сомневам дека ќе разбере шо е финтата..
Од 10 му давам 5 на филмов...
А толку го чекав:(
Незнам оти толкави очекувања..се знаеше како ќе испадни.

Инаку јас сеа пред малце го догледав, филмот ти е работен во ист стил како Кодот на Давинчи. Ако ви се бендиса првиот .. убо е да го гледате, ако не, џабе потрошени 2 сати.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Julia (1977)

Филм-емоција. Кажува премногу и ништо во исто време. Ти остава да го почувствуваш и перцепираш на свој начин. Извонреден емоционаен флуид од почеток до крај, помеѓу Jane Fonda и Vanessa Redgrave. Зарем може поинаку? Мерил Стрип иако на почеток на кариера и со мала улога те тера да ја мразиш зашто е проклето безгрешна.
Борба, пријателство, пожртвуваност, ризик, смрт во саат и пол. Љубов и нераскинлива врска. Искрено и длабоко пријателство во приказна која боли колку е реална.
Еврејска брилијантност once again.
И како бе после да не сакам да ме прими Јахве..

Exquisite!

TAKEN

И овој го глеав..го заборавив.

Акција, кршење кичми, скокање по хауби..е не! ЛАв ит! Liam Neesen бе версус албанска мафија и трговија со луѓе. Пуздер ги нпраи.пиф, паф, пуф...не можеш бе да не го сакаш. 10 пати скокнав од фотеља крикнувајќи..YES!! :vozbud: Се возбудив бе, не е играчка. Одлично завршена работа, го одржува адреналинот цело време. Има моменти кога си викаш: Е океј како успеа од еден нејасен телефонски повик да дознае се за "the bad guy"?! Зошто полицијата не си ја врши работата како што треба и слични премногу очигледни грешки ама филм е крај краева. Перформансот на Лиам не ми ги задоволи очекувањата. Не му лежи улога на татко, ама затоа пак одлично ја пренесува пораката : Don't fuck with a daddy man. Don't you dare touch daddy's doughter! :duel:Е не!
Сурова, реална приказна и општествен проблем, но нерално решавање на истиот.
Крева адреналин and that was what we needed. Па и ако ви се затресе тлото под нозе добивате дополнителни ефекти и адреналински шокови.

Пиф, паф, пуф....!!!
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Мr.Brooks


Најс факинг муви фала богу после толку време да начекам ваков филм после number 23,fracture,zodiac и слични стварно ми требаше нешто вакво и не пишувам рецензија само ке ви кажам вач ит нема да зажалете.:toe:
Не знам колку време го имав на компјутер и дури пред некој сат го пуштив. Ме бендиса. По постерот и насловот никогаш немаше да помислам дека ваков филм ќе излези:П

Кевин Костнер е богат човек со многу чуден фетиш. Шо и да речам поќе ќе биди отпоќе. :)

9/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom