Последен гледан филм со кратка рецензија

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Почетокот на секоја сцена ме потсеќаше на 2001: A Space Odyssey само шо фалеше уште 10 мин класична музика.
Сакам да кажам дека гледам филм за да бидам забавуван, а доколку сакав сам да си изигравам режисер тука ми е имагинацијата па ќе немаше потреба да гледам 2 и кусур сати.
Инаку баги работи не ми се сврзаа , ама далеку е од то да речиш дека ништо не сум сфатил.


Знаев дека ќе ме нападнат за то шо го искритикував филмот , само не очекував толку брзо.
за првото :) 2001: A Space Odyssey : ова е класика , Кјубрик е со светлосни години пред Линч ... + се работи за различно механизми на режисерот , уште кога си загледал нешто од линч треба да ти биде јасно дека е тешко , смутено и збркано ... што е случај и за филмот што го дискутираме :)

за второво си потполно во право , исто така што си во право и за целиот пост ... ете веќе знаеш што не сакаш да гледаш :smir:
 

IKO_MC

I'll Shit On You .!.
Член од
8 ноември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
14
друже да те прашам за цранк каква снимка најде јас сакам да го симнам ама се се срање снимките дај пиши шо како со снимката???
Od kamera ama ne e losa ne stanuvaat lugje od sedistata :)
 
N

NeMiRnA

Гостин
Не сакам да ги образложувам содржински за да не дадам погрешен впечаток можеби,поубаво е кога ќе се погледне,нешто на кратко и нафрлано...

Vicky,Christina,Barcelona

Не сакам да ги делам филмовите на машки и женски,но на прв поглед тешко дека филмов ќе ја привлече машката публика,но сепак не се дискутира за вкус.
Интересна тематика,неочекуван крај,премногу страст.Само некако нараторот ми беше одвишок во филмов.Да не должам многу,Пенелопе заслужно го собра оскарот за најдобра споредна женска улога.Ако имате време,како што начув филмскиот фестивал вечерва ќе биде отворен со филмов,па повелеле.8,5/10

My bluberry nights

Одлична музика,романтична тематика,меланхолична нота...ништо сериозно,ништо напнато,ништо невообичаено,но ако сакате љубов во било која форма,ќе помине во еден ваков дождлив ден.Светлината и боите низ филмот се особено убави и интересно нагласени и ... ако некогаш ви текне да го гледате ... земете си нешто благичко,зошто тешко дека ќе одолеете на сладоледот кој се топи врз питата од боровинки:smir: 8/10

Ако сте романтично расположени,топло ви ги препорачувам.
 
Член од
22 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Ако си фан на Resident Evil можиш да го изгледаш и Degeneration. CGI анимација е.


Mulholland Dr.


Нека ми извинат џимеј анд компани , ама филмот не ме бендиса.

Започнува со жена која ја губи меморијата и пробва да го дознај својот идентитет.

Првите 30тина мин скоро секоја сцена башка приказна кои полека почнуваат да прават една целина. Ама некако фалеше динамика.

И една работа е да не ти ја сервираат цела приказна на тацна, а друга е ниту тацна да не знајш кај да побараш за сам да си ја сервираш.

Мислам дека овај е прв филм на David Lynch шо го гледам, а најверојатно и последен.
Со оргиналното ДВД мислам дека имаше и поголемо упатство за гледање на филмов, побарај го ке ти стане појасно.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Со оргиналното ДВД мислам дека имаше и поголемо упатство за гледање на филмов, побарај го ке ти стане појасно.
Прв пат слушам и упатсво да иди заедно со филм.

1.get beverages
2.get snacks
3.press the play button
4.???
5.profit

Инаку многу ми е јасно дека филмот остава отворени крајој кој се слободни за индивидуална интерпретација.

Исто ми е јасно дека филмот требаше да биди серија која ја одбија па Линч некако ја смота во филм.

Е сега филмот има 8.0 на имдб , најверојатно добива 10ки од сите шо не се согласија со мене на рецензијата , ама па од друга страна мора да има и луѓе како мене шо ќе го кварат просекот.
 
I

Intex

Гостин
Сношти ги гледав Saw I и II. Многу интересни филмови. Одамна не сум гледам некој толку добар филм.
Оценки 10/10.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Прв пат слушам и упатсво да иди заедно со филм.

1.get beverages
2.get snacks
3.press the play button
4.???
5.profit

Инаку многу ми е јасно дека филмот остава отворени крајој кој се слободни за индивидуална интерпретација.

Исто ми е јасно дека филмот требаше да биди серија која ја одбија па Линч некако ја смота во филм.

Е сега филмот има 8.0 на имдб , најверојатно добива 10ки од сите шо не се согласија со мене на рецензијата , ама па од друга страна мора да има и луѓе како мене шо ќе го кварат просекот.
Види, филмот или многу ти се свиѓа што ќе то оцениш со 10 или нема ич да сакаш да го гледаш пак и ќе го оцениш со 1:).

Еве се тие 10 работи кои Линч ги дал за разоткривање на трилерот.

10 Clues to Unlocking This Thriller:
- Pay particular attention in the beginning of the film: at least two clues are revealed before the credits.
- Notice appearances of the red lampshade.
- Can you hear the title of the film that Adam Kesher is auditioning actresses for? Is it mentioned again?
- An accident is a terrible event... notice the location of the accident.
- Who gives a key, and why?
- Notice the robe, the ashtray, the coffee cup.
- What is felt, realized and gathered at the club Silencio?
- Did talent alone help Camilla?
- Notice the occurrences surrounding the man behind Winkies.
- Where is Aunt Ruth?

А филмот... Филмот остава да се сфати на публиката, пишав во некој изминат пост што всушност претставува целиот тој сон и која е стварноста (ако не ти е мака, еве линк).
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
May



Малку постар но според мене одличен филм. Се работи за една млада, невообичаена, по малку "забегана" девојка која е во потрага по совршен партнер и пријател. Подоцна сваќа дека таков не постои па решава да си "направи" сама. :)
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
А филмот... Филмот остава да се сфати на публиката, пишав во некој изминат пост што всушност претставува целиот тој сон и која е стварноста (ако не ти е мака, еве линк).
Прва работа, филмот не ми се допадна не поради тоа шо не го сфатив (како шо гледам сите шо ме цитираа мислат така) туку најмногу поради претеризамот во филмот кој се осеќа малку во приказната, малку поќе во должината и најмногу во режисерската палка.

Сепак фала за објаснувањето, поќето работи и јас ги имав така сфатено.

Единтсвено не знаев шо да мислам за каубоецот, па си го имав сфатено како muscle на продуцентите и го остајв на то.
И старците..... единствено прат смисла ако првиот дел е реалност а вториот дел сон(ама па за то тогаш едно чудо други работи ја губат смислата).
 
R

Razorblade Kiss

Гостин







Хах...
Од сите филмови јас баш овој го погодив од рандом шетање со маусот низ мрежа,и покажувачот застана токму на овој.

И види види...

Remember, remember the 5th of November, the gun powder treason and plot. I know of no reason why the gun powder treason should ever be forgot.

:)

Ми се допадна релацијата помеѓу Иви и Ви. На моменти,во некои сцени...ме потсети на едно минато.
Ако сакате да се соочите со вистината,со тоа што се случува меѓу началничките и сенаторските ходници во светот...ова е филмот за вас. Шокантно.
Иако на моменти не ми се допадна,мех,V заликуваше на Зоро...само што овој е вешт...многу повешт со ножот хаха.

Добар,8.5/10
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Вчера на ЕДО го гледав СВЕКРВА ЧУДОВИШТЕ (Мonster in law) со Џенифер Лопез во улогата на снаата и Џејн Фонда како свекрвата. Ова е романтична комедија, доста интересен филм за опуштање. Во центарот на вниманието е младата девојка Чарли (Џеј Ло) која заработува на најразлични начини, шета кучиња, работи на приватни забави итн. Се запознава со еден богаташ, по некое време тој ја носи дома да ја запознае со мајка му. Мајка му е една екцентрична особа, медиумска личност која е доста славна и успешна во тие кругови, и која поради годините е заменета со друга личност во шоу бизнисот. Разочарана, таа добива нервен слом, оди во лудница, излегува од лудница и тогаш се запознаава со идната снаа. Не може да ја смисли, не сака изгледа син и да се жени и на сите можни начини во текот на целиот филм ќе се обидува да и го загорчи животот на Чарли. Пресмешни ситуации на свекрвата и снаата, особено кога сами ќе останат да живеат. Преинтересен филм за едни невообичаени свекрва и снаа

 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028

Mногу убава романтична приказна,малце нереална,ама сепак..
Има здодевни моменти,ама крајот е малце неизвесен и напнат..
8/10


Поинаку го замислував филмот кога ми го раскажаа,ама многу добро е прикажана човековата емоционалност,апатија и сл.
9/10
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Valkyrie (2008)
---- хмм, малце се влеце цел процес, ама добар е филмот. Цел процес у филмов е да се убие Хитлер. Гледајте го

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
50 First Dates (2004)

Сношти го даваа на А1. Прв пат го гледам филмов, интересен филм, онака за оптегвење на фотелја и да го пуштиш мозокот на пасење.
После неколку посериозни мадафака култни филма мора да се изгледа еден ваков. Искрено, ми се допадна филмов. Интересно осмислена приказна и многу комични елементи.
Сендлер некогаш наликува како во сите филмови да глуми иста улога, ама оваа мислам дека му беше повеќе и од солидна. И Дру Баримор не беше лоша, за разлика од онаа комедијана т.н. романтична - Дуплекс, беше каде каде подобра.

Да не ја должам многу рецензијава, освен што мора да напоменам дека ако не сте расположени за нешто до некаде предвидливо, или ако не сте расположени за опуштен филм со романтични и повеќе комични елементи, не го гледајте.
Но, ако сакате нешто релаксирано ова е вистинска прилика. Сум гледал романтични комедии, ама оваа е според мене многу подобра од некои како што напоменав погоре.

Интересно е што филмот е на некој начин со содржина која и те како може да се употреби во психо филм, ама тоа е се' сплотено за човек да се смее низ текот на филмот.
Целта на филмот е после неговото гледање да те исполни со некаква надеж и евентуално среќа. Кога ќе го изгледате ќе се чувствувате исполнето, ако сте биле празни, ќе се чувствувате тажно, ако сте биле среќни и слично. Гледајте го, интересен филм, не е one-watch романтична комедија.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Not Another Teen Movie
Omiigaaaawd , they lied. It is another teen movie.
Мислев дека го немам гледано , па го спуштив, ама ако... си го пуштив малки мозокот на пасење :)
Пародија на сите тинејџерски филмови.
Мислам дека скоро сите го имаат гледано.

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][SIZE=-1]The Shawshank Redemption
[/SIZE][/FONT]Само шо го догледав на тв. Го гледав по не знам којпат.
Веќе многу пати спомнат во темата за предлози па мислам дека нема потреба од некоја долга рецензија.

Затворска драма за како еден човек успева да им ги промени животите на многу луѓе околу него.

Само би рекол дека филмот е малку преценет на имдб. Стварно е добар али не би рекол дека е најдобар филм на сите времиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom