Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Иако не очекував нешто многу, ми се погоди да налетам на вистинско филмчиште. Вакви некој филмови околу бркање со психата како овој и Мементо и налик слично ептен ми лежат, сега при дискусија за истите некој ќе кажат предосадни, ама мене не само што не ми беше досаден, туки и ептен интересен ми беше, посакав да не трае само саат и 40 минути. Најмногу што мразам е кога некој при краток опис на филм ќе ми открие доволно за да ми се изгуби желбата за филмот и целата таа мистичност околу него со тоа што ќе ми каже многу опширно за што е филмот и ќе се чувстувам како да сум го гледал, па се надевам нема да ја направам таа грешка. Накратко, се работи за човек кој има проблеми со неговата психа, и се соочува со губење на блиски луѓе како последица на неговите постапки и уште еден куп проблеми, предизвикани од негоите халуцинации. Не би откривал ништо повеќе од тоа, филмот има убава поента, ако сте по вакви филмови како мене ќе ви биде верувам и интересен, ако сте повеќе по лабави филмови ете може ќе ви биде досаден, ама ете познат е па ако го немате гледано, гледајте го во прво слободно време, според мене вреди за сите пари :)

 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.461
Поени од реакции
87.249
Ширеа и неговите ретро филмови :icon_lol:... Озбилно сеа, долго време го одбегнував филмов, затоа што ја имам гледано анимираната серија што одеше на А1, и горе-доле знаев за што се работи.
Али ајде накратко... Конор МекЛауд (Кристофер Ламберт) е Шкотски Хајлендер кој во 1536 година при една битка ќе биде смртно ранет, али не умира. По овој настан селаните и соборците ќе го протераат од селото со образложение дека го опседнал ѓаволот. Али тој не е единственот безсмртник, по одреден период го запознава Рамирез (Шон Конери) кој истотака е безсмртен и му станува учител кој го подготвува за финалниот дуел со Курган (Кленси Браун), најсилниот од безсмртниците.

Добар филм, ефектите се... од 1986 :toe:, али затоа музиката е во изведба на Queen :cuc:

Оценка 8/10

 
P

Patience

Гостин
The Squid And The Whale
The-Squid-and-the-Whale-Movie-Wallpapers-1.jpg

Прекрасно филмче.
Фокусиран на животните ситуации што произлегуваат после развод и како секој член се носи со новонастанатата ситуација.
Многу е едноставен, лесен за гледање, брутално искрен и најверојатно ќе ви се допадне тој хумор што го има во него. Ќе се смешкате задоволно додека го гледате. :)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.392
Ocean's 8
upload_2018-6-21_0-25-22.png

Колку фама имаше за филмов помислив кој знае шо ќе се дешава.
Океј интересен филм е, малце поразличен од грабежине со банки, заложници дрн дрн ама мене ми фалеше напнатост.Се некако им беше многу лесно, јесте да Деби Оушн го смислувала 5 години ама не иде се тоа така, ништо да не искрсне да се изопачи малку да се туфкам шо ќе биде.Тоа многу ми бодеше очи инаку Сандра Булок ми е една од поомилените актери и стварно ми е одлична у секоја улога.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.272
Поени од реакции
8.660
World on a Wire/Welt am Draht (1973)

Се работи за германски SF филм во режија на Rainer Werner Fassbinder. Филмот не е меѓу попознатите на Fassbinder, и беше подолго време надвор од фокусот сѐ додека не се најде во каталогот на Criterion. Прикзната го следи Штилер, инженер кој работи на програм наречен Симулакрон кој создава идентитети на личности несвесни дека нивниот свет е симулација. Филмот, т.е. конкретно мини-серијата е во два дела и вкупното траење е 3 и пол саати, во споредба со други SF филмови е малку бавен и досаден на моменти фокусирајќи се на некои неважвни детаљи (според мене), ама е вреден за гледање. Кој има време и трпение, може да го изгледа.

World on a Wire.jpg
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
A Quiet Place (2018)

Не сум голем фан на хорор филмовите и лично мислам дека тој жанр во последните години ретко нуди нешто оригинално и интересно. Ама тука идејата ми се виде доста интересна, па решив да му дадам шанса. И не зажалив. Во најголем дел филмов ми ги оправда очекувањата.

Ми се допадна како приказната се фокусира само на едно семејство, иако се гледа дека белјата го погодила целото човештво. И се е многу добро скоцкано. Приказната не се раздолжува непотребно, 90 минути се сосема доволни. Има напнати и тензични сцени, што и треба да е главна поента кај ваков филм. Исто ми е посебно драго што на крај филмот не завршува со некаков смешен плот твист како во повеќето филмови на Шјамалан. Тоа најмногу ме загрижуваше пред да го гледам. Нема потреба од такво нешто тука. Крајот иако е малку клише мене ми беше супер. Точно дека е отворен крај, ама пак некако те остава со добро чувство.

Се на се, сосема солиден филм. Немам гледано многу филмови од 2018, ама сигурен сум дека на крај ќе го сметам за еден од најдобрите филмови оваа година. Е сега ако анализирам подлабоко, сигурно и ќе му најдам некоја маана, ама па и многу полегендарни филмови имаат пропусти кои едноставно ги игнорираме.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543



Како огромен љубител на трилер-драми, овој филм ги исполни моите очекувања. Интересна приказна и вниманието ти го задржува до самиот крај на филмот. Актеров што е во главна улога, маестрално си ја изведе истата...
да не беше убиец ќе се заљубев во него :love:
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.392
I Origins (2014)

Филмов ми ги испомеша мислите скроз на скроз.
Препорачувам, гледајте.

Иан, научник, микробиолог се занимава со еволуцијата на очите и слика шареница патем не верува во Господ. Наспроти него Софи која ја сретнува и се заљубуваат, личност што верува во богови, реинкарнација и сл. Се случува несреќа и дејството се префрла 7г. подоцна каде што тој е познат , признат научник и е женет со неговата соработничка Карен.
Нивниот син Тобиас има ист патерн на очите како и друга личност што е статистички невозможно...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
I Origins (2014)

Филмов ми ги испомеша мислите скроз на скроз.
Препорачувам, гледајте.

Иан, научник, микробиолог се занимава со еволуцијата на очите и слика шареница патем не верува во Господ. Наспроти него Софи која ја сретнува и се заљубуваат, личност што верува во богови, реинкарнација и сл. Се случува несреќа и дејството се префрла 7г. подоцна каде што тој е познат , признат научник и е женет со неговата соработничка Карен.
Нивниот син Тобиас има ист патерн на очите како и друга личност што е статистички невозможно...
Молекуларен биолог :D
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.392
Law abiding citizen
upload_2018-9-29_0-20-30.png
Џејми Фокс и Џерард Батлер во одлична акција.
Целата работа во филмов е одмазда и промена на правосуден систем што на крај пропаѓа 90 посто у вода.Имено Клајд и неговото семејство се жртви на грабеж при кој жена му и ќерката се убиени а тој не е задоволен од правдата па си ги превзема работите во свои раце, и покрај тоа што ќе настрадаат многу невини.
Не е баш типична американска акција иако има такви елементи.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Mein Blind Date mit dem Leben / My Blind Date with Life (2017)



Филм инспириран од вистински животен настан, каде Сали чија животна желба е да постане келнер наеднаш се соочува со јака прогресивна болест на очите и губи 95% од видот. Неспомнувајќи ја својата слабовидност, успева да стане приправник во престижен и луксузен хотел во Минхен. Таму ќе се заљуби во еден женски глас ...

Според мене можеби има некои претерани (нереални?) сцени во филмот, но сепак вреди да се погледа.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
A Face in the Crowd

Не знам како сум го испуштила овој филм на Елиа Казан - еден од моите омилени режисери. Филм пред своето време, денес поактуелен отколку било кога. За жал некако е во сенка на попознатите: Источно од рајот, A Streetcar Named Desire, On the Waterfront.

Пред него го гледав Anatomy of a Murder (1959) кој е подоцна сниман од A Face in the Crowd (1957). Разликата во начинот на глума во првиот и вториот филм е небо и земја. Џејмс Стјуарт е стандарден со неговата класична театарска глума, а во филмот на Казан се гледа натуралистичкиот пристап. Интересно, тој тип на глума бил исмеван од доста тогашни ѕвезди како Гери Купер, Кери Грант... а денес токму тој тип е останат.
На глумецот што го игра главниот лик, како што прочитав, ова му било деби. Казан имал кажано дека сака со анонимуси да работи бидејќи тие биле пожедни за докажување и го давале максимумот за разлика од познатите.

Сега малку за дејството на филмот. Протагонистот Lonesome Rhodes е скитник кој добива шанса да биде на радио. Од пеење песни, правење мини монолози со одредени теми како на пр. жените во општеството, конзумеризмот, ставање во етер на обоена жена која го изгубила домот... се гледа неговото влијание врз луѓето. До некаде дотука неговата улога е позитивна.
Но, ликот станува се поалчен како повеќе напредува (почнува да рекламира таблети на фармацевтска компанија, се вклучува и во подобрување на мизерниот рејтинг на еден сенатор кој претендира да биде претседател) и всушност се претвара во се она што на почетокот го исмевал. Но, се има крај. Крај за него, но не за публиката. Публиката ќе добие ново тв лице кое ќе ги забавува и манипулира, а претходното ќе отиде во заборав и пак истиот филм отпочеток.

Мислам дека Network со Фаје Данавеј и Роберт Дувал е доста инспириран од филмов. Како и да е, секој кој го гледал Нетворк препорака да го погледне и A Face in the Crowd.
 
N

Nathan

Гостин
https://www.imdb.com/title/tt0110116/
Станува збор за постар филм со Гери Олдмен кој го етаблира како врвен биографски глумец. За разлика од Амадеус, овој не беше проследен со помпа и покрај тоа што двата филма следат релативно фиктивни премиси. Филмот низ ретроспекција го следи животот на веќе покојниот Бетовен, пропратен низ неговите љубовни освојувања, кои кулминираат со писмото адресирано до неговата бесмртна љубена. Бетовен како крајно интригантен карактер му препушта на гледачот да нурне во неколку можни наративи околу тоа до кого го има адресирано писмото. Олдмен плени со изведбата, од гестикулацијата, мимичните експресии па се’ до говорот, вдахновувајќи му живот на генијот кој според мене е предвесник на металот. Бетовеновата музика е маестрално вклопена во секоја сцена, особено во сцената каде ја дирижира Ode to joy”. Завршната сцена каде неговата бесмртна љубена го чита писмото адресирано до неа е доказ дека Бетовен би бил и неприкосновен поет – што повеќе би очекувале од бајопик?!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Изгледав неколку од предложените.

Christopher Robin (2018)
Убав, топол feel good филм. Малку ми смета кај британските филмови што како да немаат други актери, па истите неколку души фаќаат тезги со години. Па морам да го гледам Оби-Ван Кеноби како се обидува да се протне како скоро 40-годишен, а во делови од филмот мора да глуми и младич. Иронично, во филм во кој плишани кукли зборуваат, единствено Иан МекГрегор делува вештачки.

The Dark Horse (2014)
Сакам филмови во кои приказната е центрирана околу ликови кои се наоѓаат во тешки животни ситуации. Луѓе кои се обидуваат да го најдат своето место во свет кој со презир ги отфрла. Овој нискобуџетен филм од Нов Зеланд е за некогашен шаxист кој како млад завршува во ментална институција, а по излегувањето се обидува да им помогне на сиромашни деца да направат нешто во животот, и да го спаси својот внук кој е на пат да стане член на банда. Во исто време, тој мора да се бори со сопствената болест...

Train to Busan (2016)
Го има тоа што Холивуд не може никако да го произведе во филмови како World War Z и слични: емоции. Во филм во кој луѓе умираат, луѓе ги губат своите најблиски и светот надвор се распаѓа, потребно е да се доловат емоциите кои луѓето би ги доживувале во дадената ситуација. Не знам зошто тоа не им поаѓа од рака, но Корејците одлично го направиле. Одличен филм кој ме држеше напнат до крај.

Ready Player One (2018)
Не е мој тип на филм, едно што е тинејџерски а друго што е гејмерски. Сепак, добро поминав, не е лош воопшто за тепање време. Очекував нешто налик на епизода од Black Mirror по таа една воведна реченица што ја прочитав, а се погоди нешто сосема поинакво. Во секој случај, добро е што ќе даделе паузи во вторник и четврток :)



Фала уште еднаш за препораките. Имам симнато уште неколку,се надевам дека ќе има уште за пишување деновиве.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ио ретко оди во кино, ама кога оди излегува задоволен. Еве еден предлог за Њот, зошто мака ми е да го читам како жали по парите што ги фрлил:

Bohemian Rhapsody (2018)



Трибјутот за Фреди ме воодушеви, иако очекував поинаков филм. Очекував да има помалку пеење а повеќе детали и измислени драматизирани сцени од приватниот живот на пејачот. Очекував биографска приказна во која дејствието тече побавно, како што сме навикнале кога гледаме биографски филмови. Во овој случај, филмот оди straight to the point, како авторот да вели: немам време за губење, ако објаснувам повеќе ќе треба да кратам на музиката. Така да од почеток до крај, филмот оди во брзо темпо, се задржува на поважните моменти и кулминира со настапот на Live Aid 1985 концертот на Вембли.

Не велам во никој случај дека филмот е мастерпис, но би рекол: this movie will rock you! Кастингот е прва лига, што може и да се очекува кога двајца од членовите на Queen се ко-продуценти. Да го слушаш Фреди на IMAX е бесценето, посебно поради делот со концертот ќе ми биде жал за сите оние кои ќе мораат да го гледаат дома и нема да ја почуствуваат грандиозноста.

Посебен дел заслужува Rami Malek кој претпоставувам си обезбеди номинација за Оскар со улогата. Човекот успеа да го долови Фреди не само на сцената како музичар, туку и надвор од неа. Ги усовршил неговите движења, гестикулации, манири... Повторно, не најдов ништо спектакуларно во улогата, би рекол дека добро си ја сработил домашната и може да очекува награди за тоа.

Мислев да пишам и повеќе но доволно е. Да завршам со тоа дека ова е единствен филм што сум го гледал на кино, во кој публиката не сакаше да стане и да си замине додека одеа кредитите. Еден ден кога ќе заборавам што точно се случуваше во филмот, тоа ќе ми остане во сеќавање.

8.5/10 од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom