Blade Runner 2049
Океј. Го гледав филмот вечерва. Кога почнаа да излегуваат информации за филмов одма скептично реков не, тапа ќе направат нека не чепкаат боље. После кога излезе дека Рајан Гослинг ќе биде новиот мадафака против репликантите, реков ок, може нема да усерат толку. После излезе првиот трејлер, изгледав 30-40 секунди и го исклучив, викам ова изгледа сериозно, ај да не гледам понатака да не имам превисоки очекувања.
Рајан Гослинг е перфектен за улогата, не ми текнува кој би можел друг место него, ликот му е скроен за оваа дистопија. Женскиот дел од актерската екипа мислам дека беше солиден, мислам дека др. Ана (Carla Jury) требаше да има повеќе минути во филмот. Џаред Лето исто сметам дека требаше да добие повеќе време во филмот. Многу интересно однесување имаше неговиот лик, не можеш да процениш дали се работи за актер од крв и месо (разбирливо таква и улогата му беше де) или CG направен карактер во некој софтвер, такви му беа движењата на главата особено, нешто што било веројатно планирано и овој го извел одлично.
Приказната на филмот не забегува премногу од оригиналот, отвара некои нови прашања и моменти, убаво се објаснуваат работите, ако не сте го гледале првиот веројатно многу потешко ќе ги разберете, затоа препорачливо е да се гледа кецот за да нема забуни. Пример во овој е накратко прикажано како ги креираат всадените мемории, нешто што во кецот го немаше. Не спомнаа за времетраењето на новите репликанти и како ги направиле поусовршени, тоа ми е нешто што ми фалеше како инфо. Немаше префорсирани сентименталности со кецот и обид за одржување стара слава, Харисон си го имаше својот удел во филмот и тоа си беше океј направено, заедно со неколку сегменти и потсеќања од кецот, умерено.
Музиката е топ и во овој филм иако ја преферирам повеќе онаа на Вангелис од кецот, fuckin epic. Али и овде саундтракот е одличен, супер е поклопена музиката со кадрите, особено ми остана во глава сцената кога Кеј влегува во радиоактивната зона (портокаловиот дел од градот) и почнува музиката да удира тензично како што се движи он полека и гледа што останало во оваа зона.
Најмногу впечаток од се' ми оставија веројатно кадрите, боите и целата атмосфера. Има разлика од сф до сф, од акција до акција, овде не знам дали имаше сцена што не ми се допаѓа како е направена и изведена. Кадрите во кинескиот кварт се многу слични накај идентични со оние од Блејд Ранер кецот и тоа ми се свиѓа ептен, сакав да ја задржи таа олдскул атмосфера од првиот филм. Кадрите од градот исто потсетуваат на оние од кецот иако тука многу понапредно направени и поопширни. Многу кадри и од сцените што се одвиваат внатре се перфектни, во однос на сенките, бојата, светлината, Вилнев и екипата завршиле одлична работа. Во филмот преовладуваат портокаловата боја, сивата исто е многу присутна и некои плавкасти варијанти. Овие бои ми будат доста тешко, депресивно дистописко расположение, какво и што треба да биде присутно во филмов.
Мислам дека е еден од најдобрите сф филмови направени во последните години. Мене лично ми е најдобра научна фантастика од кога го гледав Интерстелар навака. Топло го препорачувам филмот на сите што сакаат повеќе од само пукање вратоломија и fuckin суперхерои (машината за штанцање пари на Холивуд), филмов има нешто повеќе, има тежина, има тензија, има потенцијал да го следи култот на првиот. Мислам дека ако првиот ви се допаѓа ист ќе биде случајот и со овој. За некои маана ќе биде времетраењето негово, трае 2 часа и 45 минути, не е малце, али јас не видов ич тежина, сите минути ми беа интересни. Можеби би го скратил за 20тина минути максимум (и тоа е премногу скратен материјал за било кој филм), но не повеќе. Не би сакал скоро да прават продолжение ново, можеби за 20-30 години ќе биде таман
8/10 или 8.5 ако треба со половинки
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ова е многу висока оценка по мои стандарди, 9ки и 10ки многу тешко давам.