- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.143
- Поени од реакции
- 13.294
Papillon (2017)
Римејк на оригиналниот филм од 1973 со Стив МекКвин и Дастин Хофман. Оригиналот го немам гледано, но би сакал некој ден да го изгледам чисто за паралела. Иако едно време бев голем фан на филмови со затвори, сепак некако доста е ограничена тематиката на тоа поле и во секои нови филмови поврзани со бегство од затвор, има повторување на дел од елементите од постарите, по што ми падна малку интересот за филмови од таа област. Сепак новиот Папилон е филм кој комплетно ги оправда моите високи очеувања за него и е доста добар филмски новитет.
Филмот е за двајца пријатели, кои случајно се наоѓаат во истиот затвор и имаат ист план да избегаат од него. Едниот од нив може да понуди заштита, додека другиот може да понуди пари кои планираат да ги искористат во бегството. Интересна приказна според вистински настан, во која се доловува какви всушност биле условите во тогашните затвори, како функционирал системот и како се спроведувала правдата. Приказна за тоа колку вредел човечкиот живот тогаш. Приказна за истрајноста, пријателството, пожртвуваноста, храброста...
Главни улоги во филмот се Rami Malek од Mr Robot и Charlie Hunnam од Sons of Anarchy, Green Street Hooligans исто, ако некој е по таквите филмови. Во филмот одлична е нивната хемија. Папилон ќе го држи во потполност вашето внимание и ќе ви биде супер возење низ една затворска авантура. Препорачувам на сите кои досега не го гледале.