Последен гледан филм со кратка рецензија

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
North by Northwest 1959



Несреќниот Roger O'Thornhill кој што е извршен продуцент во компанија за реклами во Ну Јорк по грешка е заменет со агент на CIA со име Џорџ Каплан од страна на странски шпиони и шверцери кој што го прогонуваат насекаде додека тој бара начин за спасување и објаснување дека се работи за погрешна личност. На патот кон неговото бегство и откривање на целава збрка се наоѓа една девојка со име Eve Kendall која што...
Ова е најдобрата рецензија што можам да ви ја дадам без да ви уништам моменти од филмот, имате огромна препорака од мене за овој филм на Алфред Хичкок, мене баш ми се допадна. Доколку решите да го гледате препорачливо е да не се гледа никаков трејлер за филмов, пошто ќе ви се расипе цела приказна. Убава акција со мала доза на мистерија во ова ремек дело.

Оцена: 10/10
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Oblivion (2013)

oblivion_ver5.jpg


Хмммм...

Значи вака, најубаво е да се гледа научно фантастичен филм наутро додека си на одмор, си стануваш наутро понеделнички сам дома кафе, сокче, грицки, сладолед и си пушташ филмче кое што би требало да биде добро без разлика на приказната со глумци како Том Круз и Морган Фриман, трејлер негледан, тотално незнаејки отприлика приказната за што се работи, туку препуштајки се целосно на добра верба...

Можам да кажам дека бев пријатно изненаден од филмот, го гледав воодушевено, со глумци кои што знаат да направат филм, со длабочина, со тоналитет, со сај фај акција еднаква на Лук Скајвокер кога ја уништува ѕвездата на смртта. Воодушевен како да го гледав "Блиска средба од трет вид" за прв пат во кино, волку добар Sci-Fi филм не сум гледал од "Звездени Патеки" 2009 година...

Тотално го препорачувам, целиот тек на филмот беше одличен од почеток до крај, саундтракот е одличен и го доловува целиот интензитет на филмот, ефектите се боли глава :cool::вонзем: (POV) Point of View expirience Многу Многу Јако...

Имдб потценета оценка 7.1 (вреди барем 8.2)

Моја Оценка: 10/10
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.167
Поени од реакции
18.193
Ау, ау, ау, импресиониран до даска. Само што го гледав "Tears of the Sun" http://www.imdb.com/title/tt0314353/?ref_=sr_1 и можам да кажам дека филмот ме остави без зборови. Најдобриот воен филм кој сум го гледал. Брус Вилис во најдобро можно издание. Овде не е тој "мачо мен" како во "Die Hard", туку некако улогата му е многу по реална, вистинска и човечка. Главната женска улога ја игра Моника Белучи.

Имено, поручникот кој го игра Брус Вилис е пратен на мисија да доведе докторка која се наоѓа во Нигерија (држава каде во тој момент има државен удар) и да ја врати во САД, затоа што таа преку нејзиниот покоен сопруг има американско државјанство. Проблемот настанува бидејќи покрај докторката таму има многу други луѓе кои доколку бидат оставени, едноставно ќе бидат убиени од бунтовниците. Од друга страна наредбата е стрикна, а тоа е докторката да се врати безбедна во САД. Дилемата е голема. Оние кои не го гледале следниот филм на листата ако е овој, не е воопшто лош избор.

Инаку оценката на ИМДБ од 6.5 е во најмала рака смешна, со оглед на тоа какви филмови имаат повисока оценка.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Mud (2013)



Немав ниту слушнато за филмот, додека MyloXyloto не пиша на форум. Го погледнав и морам да кажам дека сум фасциниран. Испадна еден од најдобрите филмови што сум ги гледал оваа година.

Феноменална драма која се одвива во мало градче во американската држава Арканзас, а приказната се врти околу животите на 2 деца кои во близина на нивните домови на напуштен речен оствор наогаат брод на дрво. Овој брод всушност е живеалиште на Муд кој се засолнил во него за да се скрие од дузината луѓе кои го бараат да го убијат. (ќе престанам овде за да нема спојлери)

Филмот е преполн со убави емотивни стории. Преку животите на главните актери ни се доловуваат проблеми поврзани со љубовта, семејството, довербата и пријателството.

Секако дека ја има мојата препорака, иако е доста долг нешто над 2 часа сепак вреди да му дадете шанса. Од мене добива 9/10
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
На темава немам пишано една година заради работата, факсот, за тоа време изгледав еден куп филмови, некои филмови кој се обичај секоја година да се гледаат.
Филмови што ги изгледав:
Доста се овие, може има уште ама не ми текнува.
Сега ќе го пишам филмот што вчера го гледав.

Филм на Кристофер Нолан, главни улоги: Ал Пачино како детектив Вил Дормер, Мартин Донован како Хап Екхарт и Хилари Свонк како Ели Бур.​
Двајца детективи за убиства од Лос Анџелес се испратени на северниот дел во еден град каде што сонцето не заоѓа. Детективите таму се испратени за да го откријат убиецот на едно 17-но девојче.
Убиецот на девојчето ќе успее добро да ги скрие доказите, тој ќе и ги исече ноктите, измие косата и телото. Но на местото каде што ја убил ќе ја заборави нејзината чанта. Полицијата ќе ја најде, детективот Вил Дормер ќе каже да се разгалси низ градот а чантата да се врати на истото место, со цел да го фатат. По извесен период скриени го чекаат да се појави убиецот, убиецот е Хап Екхарт, но поради некоординираност на еден од полицајците ќе зачкрипи мегафонот. Хап ќе почне да бега. Вил ќе тргне по него, како што ќе се спушти по реката ќе излезе на едно место кое цело е замаглено, првиот пат ќе успее да му се приближи, но Хап ќе почен да пука, со што ќе рани еден полицаец, Дормер ќе продолжи да го бара низ маглата, овој пат ќе успее да пука, но наместо во убиецот, за жал ќе го убие својот партнер, тука веќе филмот добива нов тек, Вил ќе раскаже дека Џап го убил неговиот партнер.
Мислам дека е доста понатака што се дешава ќе треба да погледнете. :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Killing Season (2013)




IMDb, знам дека сте ретардирани, одамна не ве сметам за релевантен сајт, ама еве, for the sake of the argument и настрана што скоро за секој филм спојлерираат во ебениот опис, да те земеме како кур фактор и да кажеме дека филмот е потценет. Иако бев решен да го прекинам кога отвори со балканските конфликти, ама сепак не беше некоја лоша подлога за развивање на приказната. Каква-таквата. Морам да признаам дека не е воопшто воодушевувачки, и можеби 5.5 оцена е крајно реална, но филмот на таа обичност и цела приказна што се потпираше врз само двајца актери (Pluh eве ти предлог, if your still into that) прилично лесно ме задржа во неизвесност и исчекување.

Имено, морам да напоменам дека Траволта премногу се трудеше и нам, македонците, малце би ни било апсурдно, но ја сфаќам замислата, и не ми пречеше толку, дека немав преголемо мислење ионака, па го варев. Дениро ме освои. Се запрашав само дали после Raging Bull, Taxi Driver, Deer Hunter покажал глума за памтење? Онака стар Дениро како што го знаеме. И затоа ми легна, дека ме потсети, барем на сплит секунда, флешбек од некој фрагмент, дека уствари го бива. Дедово барем го дига оцена над просекот.

Околу приказната нема да раскажувам, саатипол вреди да се потроши, во случај да не ви се допадне, барем има убава сценографија и кадри. Има reasonable бруталност и има некоја ефтина порака и фина нумера преку филмот. 6.5 од мене.


Dark Skies (2013)




Tука не сум разочаран од IMDb, од вас сум. Високи оцени и препораки за филмот... не нереално.
Знаеш кога во Тексас Холдем добиваш кец прва рака, и чекаш следна карта.. гледаш двојка лис, е вакво чувство добив. Ова е мојата двојка. Двојка (скршено) срце.

Јас буквално мислев дека времето престанало да тече. Замислете си го Paranormal Activity без паранормалните активност. Филмот се отпакува толку бавно и без дејство што би заинтригирало до самите 10минути пред крајот. Јас незнам како филмов добива на внимание, ама тврдам дека е непотковано. Иако очекував сајфај, не секогаш се исплаќа неиформираност за филм, ама ова беше патетичен изговор за хорор. Воопшто не беше страшен, апсолутно никакви ефекти, ефтина приказна и не ви е премногу гајле што ќе се случи, само за да ги видите кредитите.. Аnd the little bitch што требаше да излезе мајндфак и носител на приказната незнаеше да одглуми мочана емоција така да можеби крајот беше во некоја мера, rewarding.

2/10.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Oblivion


Арно кажа форумџијата погоре, филмов е одлично да го гледаш наутро, така е да го гледав наутро кога станав и можам да кажам дека филмов е еден од подобрите Сци-фи во последно време.

Благо ви го препорачувам филмов за вие кој што ги обожавате ваквите филмови со ваквите приказни.

Aктерската екипа е за 5 од 5 (y) плус покажаа одлична глума во филмот сите актери. Уште долго време нема да излезе сци-фи филм како Обливион бидејќи Обливион е нешто посебно.

Од мене 10/10 има!

Sharknado



Што си изгубив 90 минути за филмов ни јас самиот незнам, видов ајкули на ковер и си велам ова е сигурно некое добро филмче и онака, ни трејлерот не го изгледав:вонзем:..

Има поплава градот е под вода а низ целиот град пливаат ајкули низ куќи, згради, улици и низ се што има во градот пливаат ајкули. Жими хороров..

На крајот малку и се смеев за сценава:pos:.. Али нема врска

Со отценката можда малце претерав бидејќи му давам на филмов 6/10 али ајде нека е поради ајкулите и сцената на крај која ме изнасмеа :ROFLMAO:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Olympus has fallen-2013

Класична акција, почнува со пукање завршува со пукање. Филм за љубителите на акција.
Главни улоги: Жерард Батлер-Мајк Банинг, Морган Фреман и Арон Екхарт-претседател Бенџамин Ашер.
Една зимска Божиќна вечер претседателот со својата жена одат на вечера, но поради мраз на патот колата во која се возат прет. Ашер и неговата жена ќе се зализга и ќе удри во банкина, по што неговата жена ќе почине. По 18 месеци, Мајк не работи како телохранител на претседателот, но Белата Ќука ќе биде нападната од терористи.
Heat-1995

Од она што го изгледав вчера, ова е најдоброто, а најдоброто го оставив за на крај. Затоа ќе гледам да бидам краток, да не откривам многу од филмот, оние кој го немаат гледано нека симнуваат нека гледаат нема да зажалите.
Никогаш не сум оценувал филмови ама на филмов му ставам 10 без размислување.
Улоги: Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Вал Килмер.
Група на професионални ограбувачи на банка почнуваат да ја чуствуваат топлината на полицијата, свесни дека полицијата им е зад "петтите", тие сепак ќе ризикуваат.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Babel



Случајно ја затекнав драмава на Сител 3 пред некоја вечер, прилично ми се допадна доста, ќе напишам мала рецензија за филмчево.

Јапонец ја подарува пушката на Хусеин (од Мароко) кој подоцна истата пушка која му била подарена ја продава на негов пријател од околината кој има двајца синови. Синовите имаат задача да ги однесат козите на пасење, тие тоа и го прават. Бидејки таму во планината има којоти, таткото им ја дава пушката за да ги тепаат којотите, тие неможе да убијат којот но слушнале дека пушката пука и до 4км па тоа го испробаа на еден автобус полн со туристи. (Не)сакајќи погодија американска туристка која беше во автобусот. Подоцна полицијата трагаше по нив, тие ја сокрија пушката без никој да знае.

Добра драма, благо ви го препорачувам филмчево, одличен е.

Од мене има 6/10 филмчево.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300

Главни улоги: Арон Екхарт - Бен Логан, Лиана Лоберато - Еми Логан, Олга Куриленко - Ана Брандт.
Поранешен ЦИА - оперативец (Бен Логан), решава својот живот да го посвети на неговата ќерка Еми, ја напушта ЦИА, во Белгија му се нуди работата како ел. инжињер. Во фирмата работи три месеци. Но еден ден одкако ќе отиде на работа ќе види дека на местото нема ништо, ни машините и неговите колеги, ќе начека празен објект. Полека ќе почне да истражува, ќе открие дека сите негови податоци се избршани, име, банкарска сметка, дека стигнал во Белгија пред 8 дена.

Не е некоја си акција во која има цело време пукање, мислам дека вреди да се погледне.
Хммм... од каде да се почне со филмов, што да се пише, ќе биде малку.​
Million Dollar Baby - спортска драма, во режија на Клинт Иствуд. Главни улоги во филмот: Клинт Иствуд, Хилари Свонк и Морган Фреман ( црнецов може у секој филм да се снајде).​
Меги (Хилари Свонк) има желба да стане професионален боксер, затоа оди кај Френки (Иствуд) да го праша дали ќе ја тренира, Френки нејќе да тренира жени, но ненајдено Меги ќе се појави во просторијата каде што Френки ги тренира боксерите, Меги ќе боксира во вреќата секој ден. Френки ќе биде упорен дека не сака да ја тренира, но во еден момент Френки ќе го изгуби својот најдобар боксер.​
Ќе го заборавев "Опасниот", кој го гледал филмот ќе му текна на момчево, кога го прашуваше на Еди ( Фреман), како може во мало шише низ мал отвор да стави многу лед :pos: , можеби немаше некоја улога, ама мене ми се допадна како си ја изигра.​
Додека го гледаш филмов, може да те мотивира, да не се откажуваш, да бидеш упорен, да имаш храброст да стигнеш до таму кај што си замислил.​
Крајот е многу трогателен, бар за мене и многу повеќе поради што неможам многу да гледам крв и други медицински помагала, тоа кога го гледав си мислев дека на мене ми ставаат.​
Исто многу ми се допадна и нумерата.​
Филмот е добитник на 4 оскари.(y)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Pain & Gain


Гарантирам дека многу дилбери го гледале филмов очекувајќи некој филм за стероиди, креатини и останати дилберски работи, а добиле нешто сосема десетто па затоа и очекувам многу луѓе да го хејтаат филмов. Овој филм е базиран на вистински настани кои што се случиле на средината на 90тите а во кој што тројца билдери се решаваат да киднапираат и измачуваат богат полу-евреин со една обична цел а тоа е да го добијат сето негово богатство и да го живеат животот што секогаш го посакувале.
Жртвата од филмов има напишано и книга со истиот наслов како и филмот и зборува за маките кои што ги преживеал додека бил измачуван.
Бидејќи филмов е базиран на вистински случки една од главните работи во филмов што ми се допаднаа беше реалноста на карактерите. Овој филм немаше херои и немаше негативци, само вистински луѓе со вистински соништа. Некој можеби и ќе се пронајде во соништата на некој од ликовите. Немаше лик кој што е 100% злобен, односно за сите ликови во филмот имаш причина зошто би навивал за односно против нив. Друго нешто што мене лично ми се допадна беше интродукцијата на карактерите и како тоа секој од ликовите лично си ја кажува својата страна од приказната.
И после интригантните 30ина минути филмот од тука па натаму оди надоле. Лично не сум еден од хејтерите на Мајкл Беј и мислам дека е сосема добар/солиден режисер ама овој филм е класичен Мајкл Бејизам минус ексползиите. Ова е филм базиран на криминалци кои што долго време измачуваат еден лик, прават останати криминални дејствија кои што нема да ги откријам поради спојлери и сево ова се случило пред 10ина години а семејството на ликот што е измачуван е сеуште живо и сеуште во меморија им се настаните низ кои што поминале и покрај цел тој sex,drugs, rock 'n' roll violence концепт и затоа жанрот на филмот е....
комедија. Да црна комедија е ама сепак е комедија. Иако е базиран на вистинит настан филмот имаше премногу сцени кои што најверојатно и не се случиле во вистинскиот живот ама тоа е помалку битно. За мене побитно е over-the-top ликовите кои што според мене дефинитивно не биле такви во вистинскиот живот и over the top ситуациите во кои што има неколку ефтини обиди да се направи нешто смешно (да има пар онака ок смешни сцени ама и премногу фејл обиди за хумор).
Филмов трае 2 часа од кои што навистина се добри првите 30ина минути и последните 5/10 минути. Се меѓу тоа некако е... meh...it falls flat што би рекле Америте.
Сепак солидно филмче што доколку би бил 30ина минути пократок би бил подобар.
Би сакал во иднина да има некој филм за приказната за оваа случка ама во посериозно издание.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Assault On Wall Street




Причата ја знаев уште пред да почне... На типот му пропаѓа цела животна заштеда од 60к која ја дал на брокер да ја инвестира, но била инвестирана во некој малверзации и парите му пропаѓаат а жена му е болна и многу му требаат пари, потоа ја губи и работата, жена му куќата и тако даље...

И типот трга во одмазда да им ја скрши кичмата на сите од вол стрит... и додека дојде тој момент ке поминат 1саат и 10 минути без да се дешава нешто позначајно и за 20 минути ке ги реши сите и крајот е многу глупав и нереален, кој ќе го гледа ке разбере зашто за да не откривам спољери. Очекував мн поинтересен филм ама залудно потрошено време

имдб оценка 6/10 моја оценка 3/10 ( 3 само за да не ми биде криво за 1 саат и 38 минути од животот плус 700мб торрент. :) )
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Е сега вака сакам на секој од вас да му предложам филм шо ме остави без здив и со солзи во очи, неверојатно добра приказна, неверојатно добра глума , и како што кажав без зборови сум http://www.imdb.com/title/tt1078588/, погледнете го и сакам да ми кажете што мислите дали сум во право.... филмот е ФЕНОМЕН и рејтингот од 7.3 е низок во однос на квалитетот на филмот...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.445
Поени од реакции
87.165
La vita e bella




Филмов го имав гледано само еднаш и тоа на А1 или на Телма пред едно десетина години, па затоа решив повторно да го ѕирнам.Прво што ми падна на памет е Бенињи... каков актер, со право му е доделена наградата најдобар актер за филмов. Ама баш ништо не му фалеше во неговата улога, се надмина себеси.

Малку рецензија:

Гуидо е италијански евреин кој и покрај сета немаштија, тој ужива во животот. Тој ќе се заљуби во Дора, наставничка која е верена за еден државник. Но некако успева да ја разубеди да се омажи за него, и го добиваат синот Џошуа. Потоа дејството се одвива негде 1943 година кога Италија е длабоко навлезена во Втората Светска Војна, војниците ги собираат евреите и ги носат во концентационите логори (меѓу кои се наоѓаат и Гуидо и Џошуа). Но со нив се приклучува и Дора која иако нема никакво еврејско потеко, таа се жртвува со цел да биде со фамилијата.

Мислам дека доста кажав, тие што го имаат гледано знаат за што филм станува збор... додека пак за тие што го немаат гледано, имаат еден совет од мене... наместо по 10 пати да го гледате срањено од филм наречено Fight Club, погледнете го филмов кој навистина ќе ве растажи а вооедно од срце ќе ве насмее, и сигурно крајот ќе ве остави со замислени глави. Бенињи е генијалец, ништо друго не кажувам за него. Не сум видел во ниту еден друг филм татко така да се однесува заштитнички кон своето дете.

Оденка од мене : 10/10 :cuc:
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Елисиум.

Комплетно невреден за гледање, гледајте гифови со мачки на нет подобро. Лошо сценарио полно со дупки, научно неиздржана "научна фантастика", патетика, глупости и идеологии на едно место. Ѓубре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom