Последен гледан филм со кратка рецензија

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Evil Dead (2013)

evil_dead_2013_by_myrmorko-d5j4g87.jpg

Се работи за римејк на класичниот хорор трилер The Evil Dead од 1981 година со неколку сменети елементи но сепак старата добра приказна за група на деца кои што одат сами во колибата во шумата да се просветлат себеси на некој начин незнаејќи за опасноста која што ја носи тоа место.

Филмот многу ми се допадна иако нели се работи за римејк и веќе е позната приказната сепак ми се допадна начинот на кој што беше сето тоа направено со одличен вовед во филмот ми даде до знаење дека ќе гледам одлично хороор филмче, нешто што изминативе години не се среќава баш во тој жанр, па потоа нели иде запознавање на ликовите (кој ѓавол ѓи донел таму) и како и секое затишје пред бура започнува шоуто...............................................(15 мин подоцна) :confused: се освестувам како уствари рачката од фотељата сум ја стиснал како да сум на забар:eek:...

Одличен филм според мене вреден за гледање после полноќ со или без друштво, сеедно...

Звучните ефекти како и саундтракот се одлични за домашно кино и нормално стандардните домашни ефекти светла off, ролетни Closed, (со друштво) муабет off... (за поединци и врата locked) :giggle:

Хорор оценка: 9/10
 

Attachments

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Hara-Kiri: Death of a Samurai


Hara-Kiri (или seppuku) е јапонски ритуал на самоубиство со прободување на стомакот со сопствениот меч, практикуван кај самураите. Самураите се одлучувале за Харикири поради две причини: Првата - подобро сами да си го одземат животот и да ја зачуваат својата чест отколку да паднат во рацете на непријателот и втората - ако самурајот има нанесено навреда или ја има засрамено куќата на која припаѓа. За целиот ритуал однапред е подготвена цела церемонија.

Ако очекувате битки со самураи и многу акција (како што очекував и јас откако го гледав трејлерот) морам да ви кажам дека тоа го нема, односно дали има околу 5-10мин акција во цел филм.

Фимот е концентриран најмногу на приказната на главниот лик Мотоме, кој извршува харикири. Со таа сцена започнува филмот и сите настани потоа се ретоспекција на животот на Мотоме и причините зошто се одлучил за тој чекор.
Приказната во основа е едноставна, но многу емотивна и трагична. Сепак се работи за едно друго време во кое луѓето биле поделени на касти, а зачувувањето на честа најважната задача. Подобро да ти го одземат животот отколку честа. Многу тажна љубовна приказна, на моменти досадна.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Olympus Has Fallen..

:pos:

..oукеј, Америка. Оукеј.

Стравот е инсталиран, симпатиите одново се придобиени, они нас у филм ќе ни го рушат Олимпус, ќе ни ги тепаат жените а видовме и што може да се случи ако Америка се повлече од некаде. Нема да дозволиме утре во real life ова да ни се случи, впрочем нели нема да успее пропагандата иницирана од филмот. Ако треба да се тучемо - чу да се тучемо! Америка е полна со Џон Меклејн типови! Америка е од госпот благословена! Америка е единствена! Америка!

Јас, сеуште неможам да поверувам што гледав. Ги кастирале Батлер, Екарт и Фримен во чешење мео од жти мравки! Последните два се фунцкионери со 3-4 клише муабети додека Батлер не му се ни потребни 299те другари, туку едноставно од преголема љубов кон претседателот ги убива сите новокомповани терористи и запира ди-деј! Нема развивање на ликови, нема билд ап, ве пенетрира сува акција без да ве подмачкаат со некој one liner, хумор.. гледаш куршуми, експлозии, жбрцкање ножеви на толку генерички, системски начин, без воопшто да ти е гајле кој јаде, кој пие, кој плаќа. И зошто се јаде, пие, и плаќа. Одбивам да верувам дека филмов постои.

3/10, ради ефекти и: Џон на телефонот: how about we play a game of fuck off? You go first. *hangs up*
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Snakes on a Plane (2006)

Благо ви го препорачувам филмов доколку обожавате филмови со змии. Филмов прв пат го гледав пред 4-5 години на некоја си ТВ го даваа и случајно го заварив и го изгледав, ми се допадна но после некое време го изгубив, утрово го побарав, најдов и секако го изгледав.

Авионот тргнува од Хаваите и треба да стигне во Лос Анџелес. Авионот е полн со змии а патниците не го знаат тоа, после 30 минути или повеќе летање змиите излегоа и го опседнаа целиот авион.

Имаше доста жртви мислам, али филмов кога веќе ги снема змиите стана досаден и некаде после 1 час и 15 минути гледање го исклучив бидејќи ми здосади.

5/10 давам за филмов, немаше некоии многу интересни моменти за да му дадам поголема отценка 5тка е супер отценка за филмов, нека стои во пц можеби некогаш во некоја досада повторно би го погледнал.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Fog (2005)

Овожаватели на хорор филмичиња навалете, до некаде добро хорор филмче, по незнам кој пат го гледав денеска на Сител и решив да пишам нешто, накратко.

Некогаш во 19 век 4 луѓе (Малоун, Вилијамс, Вејн и Кастл) тргнале некаде со брод, нешто разбрав да го заштитат острвот или слично. Тие потонале во морето и нивните предмети после многу години се исфрели од бурата на брегот, луѓето кој во нив ги имаат тие предмети ги следи маглата (веројатно се проколнати).

Маглата се шири низ целиот град и ствара големи проблеми.

Не го догледав филмов оти немаше ништо посебно во него, незнам зошто го почнав да го гледам, таман си имав во план да гледам друго филмче вечерва али тоа е тоа.

6/10 го отценувам филмов.

п.с. само јас гледам филмови на форумов бе?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.367
Поени од реакции
113.732
Untitled.jpg

Прва рецензија ќе ми биде ова досега не сум пишувал па ќе пробам за овој филм кажам збор-два пошо сеа пред скоро го гледав и ми остави впечаток. Се работи за прекрасна романса каде што момчето бунтовник се впушта во романса со прекрасна девојка но за жал девојката не е негова класа и имаат многу пречки за нивната голема љубов да успее. Нешто што исто ме фасцинираше се прекрасните романтични моменнти доловени од откако прогуглав видов дека е непознат режисер и сигурно ќе гледам и други филмови од него.

Единствена штета е што романсата нема да заврши така ко што очекувавме сите но тоа е што е, ппрепорачувам и оценувам со 8/10.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Evil Dead 2013

Bloody, bloody, bloody!

:facepalm:

Или *смајли што превртува очи. Ете таква ми беше реакцијата кога прв пат прочитав дека ќе се прави римејк на генијално, култен класик како што е Evil Dead. Решив со предрасудите да се скарам и да ги оставам зад мене.

Ок.

Пуканки - чек.
Торент - чек.
Јас - чек
Ете ја и мајка ми чек ин.
Жената ја оставив без сон до 3, а сабајлето беше на работа.
Греота. :cool:

Филмот почнува со неколку пријатели кои заминуваат во колиба со цел сестрата на еден од нив да се исчисти од хероин.
Ќе бидам искрена, ја скокнав причата иако ја сметав за умешен старт на приказната. Во колибата наоѓаат пар мртви мачки, вуду чуда и некаква книга која ќе им отвори нови патишта и хоризонти.

Постојат неколку светли моменти во текот на приказната.

1. Прво, it is gory as hell! Пропратно со добри ефекти и језиви сцени.




2. Генерално нема хумор кој би го осветил расположението. Затоа не очекувајте некои муабети што би требало да изнудат насмевка кај гледачот, а се дефинитивно глупи, клише и одбивни. Голем плус што филмот го нема тоа. За хуморот нема место во добар хорор.

Сепак, прилично добра глума за нови актери и за оскудно сценарио.

Освен една ствар. Не знам за вас ама јас се изнасмеав на муабетот - мајка ти пуши ку*ови во пеколот, заедно со репликиве:

- Feast on this, motherfucker.
- I can smell your filthy soul.
- Don't do it, you little bitch! Don't cut it off! :pos:
- Where do you think you're going, you junkie whore?

Во старите филмови со опседнатост, фразава е често застапена и кога да ја слушнам се смеам. Смешно е, особено со пискавно гласче што треба да уствари лично и персонално демонот.

Кога ќе почне да лизга дејствието, нема долга пауза од една сцена до друга. Ако претходно ги јадел зомби, сега истиот ќе ги брца со шајки у око. Ако претходно си гледал опседнатост, веќе во наредната сцена гледаш пила. Туку,

Обично хорорите се делат на:
- со зомби;
- со опседнатост;
- со моторни пили.

Очекувањата дека филмот ќе биде толку глуп што ќе го исклучиш на 10 минута, ќе се остварат ако ги споиш сите овие во целина.
Напротив, филмот е микс, добар микс и доказ дека може да се направи прилично добар римејк.

Еве еден интересен факт:

According to reports in the press, the film used 70,000 gallons of fake blood. In an interview, Fede Alvarez said they used 50,000 gallons for the final scene alone. This is compared to the 200-300 gallons used in the original.

7/10
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
6 souls
Shelter (2010)

Стварно не знам зошто до сега го немам гледано овој филм, вечерва случајно го пуштив поради Џонатан и останав со импесии. Не очекував така добар филм.

Значи станува збор за психолошки трилер во врска со еден ментално болен пациент. Пациентот има повеќе карактери. Причината поради која тој повремено добива карактер на разни луѓе ќе ја открие една лекарка.
Тој го добива карактерот на онаа личност која ја убил.
Обидувајќи се да го излечи таа се заплеткува во неговата мрежа. Нема да остане само негов психијатар.
Тој ќе и се вмеша во животот, полека одземајќи и ги најмилите.

Вреди да се погледне филмот. Кој не го гледал, а сака ваков жанр, му го препорачувам.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.898
Поени од реакции
11.204
Pain & Gain (2013)




До кајканџиите вежбачи, ова не е филм за бодибилдинг и вежбање иако на почетокот на филмот и низ целиот тек има по некоја вежбачка сцена, тематиката е друга.

Даниел Луго е обичен човек што се занимава со фитнес и сака да биде најдобар во тоа што го работи. Доаѓа во Sun Gym со цел да стане главен инструктор да заработува повеќе од тоа што го има и да го стабилизира животот. На газдата на теретаната му ветува дека за 3 месеци тројно ќе го зголеми членството во теретаната во што и успева, станува почитуван, баран и харизматичен инструктор. Но, ова за него не е доволно тој сака да биде подобар, го сака американскиот сон, сака куќа со базен, коли и девојки кои ќе ги држи во шаката со неговото богатство. На ум му доаѓа идеја да ги украде парите на еден од неговите клиенти во теретаната, милионер, по што за помошник го вика неговиот партнер за вежбање од теретаната и уште еден бодибилдер штотуку излезен од затвор (Рок). И тука почнува филмот.

Филмот е работен според вистинита приказна што се случува во периодот помеѓу 1994-1995та година.
Изобилуваше со комични сцени а тематиката му е крајно сериозна, на моменти бев сигурен дека Мајкл Беј многу работи додал или изменил и претерал со комиката, но кога истражував колку е автентичен филмот со тоа што се случувало во реалноста излезе дека добри 85-90% се случиле токму како што е наведено во филмот.
Сакав да го гледам филмов уште првиот трејлер кога излезе иако не очекував некоја уметничка величина, култен статус или којзнае каква приказна но ме изненади од аспект на емоциите што може да ти ги побуди, во еден момент бев искезен до уши од комичните ситуации на тројцата дебелковци, огромни во мускули али кратки во памет, во друг момент чувство на бизарност и грозење од очајните мерки и потези на истите активисти, а се тоа како последица на очајот за брдо пари.
Заради тоа што е работен според вистинита приказна и добар дел од бизарноста и глупостите навистина се случиле а не се само плод на имагинацијата на режисерот, може малце да му скокне оцената.

6/10

И да, My name is AceCaleb, and I believe in Fitness. :D
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Man of Steel (2013)

man-of-steel-quad.jpg

Со почит кон претходниот пост за Човекот од Челик јас морам да го наведам и моето мислење за филмот...

Is it a bird, is it a plane, no IT'S SUPERMAN!!!

Аххх од каде да почнам како и да се вртиме пак сме врз јајцето, се работи за римејк односно односно во случајот за микс римејк од супермен 1 & 2 филмови од пред 3 декади, почетоците на супермен фармата,татко му od супермен 1 и негативецот Генерал Зод и пријателите од супермен 2...

Како и да е ќе почнам од почетокот:

Криптон е планета која што би требало да биде многу понапредна од земјата од секој аспект не само технолошки туку и културно понапредна, во човекот од челик тоа е сосема го нема, ни прикажуваат планета која што е само технолошки понапредна од земјата и многу вештачка, со почит ке кажам дека супермен од 1978 година тоа го имаше доловено одлично со легендарниот Марлон Брандо, со големо чувство направено да изгледа како Криптон е планета која што е културно и ментално многу понапредна од Земјата, технологијата на Криптон во тој филм не ја гледавме никаде, а секаде ја имаше, класа приказ на друга планета и тоа пред 35 години... така да голем минус од мене за приказот на Криптон.

Доообро бебето супермен кидна од планетата криптон и се упати кон земјата (јухууу) Генералот Зод е уапсен и е осуден во фантом зоната :facepalm: , како да кажам ви текнува на прстените кои што се вртеа во првиот дел и како генералот Зод и другарите беа заробени во стакло и пуштени во вселената, по оригинално од тоа здравје, неможе да смислат ни на сон нешто појако од тоа (Class Act)

дсгсдгдсгсд.jpg 013_mirror_dimension_shadow_trinity_trapped_sm.png

Да се вратиме на Земјата каде што јас очекував да го видам малиот супермен како прави супер финти расте ова она, ништо од тоа дирекно на 25 години и како се пронаоѓа себеси :confused: во овој голем свет :facepalm: (кој што подоцна супермен ќе направи да биде мал) патем и ваму таму по некој човек спасува (знаете неможе да одолее) и повремените flashback од детството за да ни објаснат како уствари се исчеличил до 25 години, бидејки нели го прескокнаа тој дел...:facepalm:

Сега е време да ја запознаеме Лоис Лејн (Ејми Адамс) која што во потрага по приказна оди на некое неверојатно ладно место каде што температурата ноќно време паѓа и до минус 40, ама тоа не ја спречува Лоис Лејн да излезе надвор уште првата ноќ со нејзиниот супермоќен апарат и да слика, јас незнам како сликна еднаш кон планината каде што има некое ископување и погледнува во ЛЦД екранчето на апаратот кое што беше 3 ипол инча најмногу, зумира и здогледува човек на 2 километра (ноќно време и да не заборавиме дека надвор е минус 40 степени) во бела маичка, чекај малце господине супермен па нели играше lay low комбинација неприметен, што е сеа шетање како на широк сокак, или пак мислеше дека никој не излегува навечер на антартикот па си рече ке одам со стил шо му е*** матер. :facepalm:

Готово Супермен знае кој е што е и што треба да направи, но сега доаѓа генерал Зод и му се заканува на човештвото дека ке го уништи доколку не му го предадат Кал Ел :facepalm: полека бе пријателе од кај знаеш дека е тука од каде знаеш дека си многу помоќен од Планетата Земја, сепак тој ја заплашува планетата со својата технолошка моќ емитувајки "You are not alone" на секој телевизиски екран на Земјата, дури и на мобилните телефони o_O, не еден не два целата планета го бара Кал Ел тој да се предаде за да човештвото да преживее :facepalm: , пологичен човек би рекол WTF и би побарал "Get me the president on a secure line... Should we nuke em Sir? Аpproved and god save us all... :cool:

Како и да е Супермен виде невиде си се предаде сам :facepalm: , односно му се предаде на генаралот Зод кој што го бара Codexот кој што бил скриен на леталото кое што го донело Кал Ел на Земјата, НИКОЈ не му кажа каде е леталото или пак кој е всушност Кал Ел во реалниот свет, туку како по ѓаволите наеднаш се најдоа пред вратата на мајка му барајки го леталото :tapp:, во меѓувреме Супермен побегна од вселенскиот на кој што беше благодарение на Лоис Лејн која што без проблем се снајде на вселенски брод сместен на неколку километри од месечината. :facepalm:

И стигнавме до долго очекуваниот фајт, ке кажам одлично одработено, многу добро изработени фајт сцени со молњевита брзина благодарение на фактот дека сме 21 век, многу ми се допадна овој дел од филмот замислувајки како е да го гледам во 3Д, односно сакам да кажам токму ова го очекував од Супермен филм кога се работи за супер луѓе со натприродна моќ, скок пук потези со притискање на двете копчиња слично како на Супермен играта на маме32 или генерално гледано целиот фајт со еден збор одличен...

Прво полувреме заврши, се истепаа но Зод и компанија кодексот не го најдоа, сепак заклучија дека кодексот воопшто не им бил потребен, туку Супермен бил клучот, мислејки дека туку така ке го совладаат ја вклучуваат својата тераформинг машина (RTS gamers know the term) со цел да го уништат човештвото, чекај малце нели знаеа дека супермен веќе има план како да ги сопре машините, тука влегува во аспект блокбастер влијанието на масовно уништување (веќе видено минативе години) односно многу јаки визуелни ефекти како може за брзо време да се уништува град,планета итн, само јас како што знам секогаш кога Супермен бил на стража ниту еден човек не загинувал, а не па масовно да гинат, затоа нели по ѓаволите се вика СУПЕРМЕН, дури нели и времето го враќаше назад со вртење на Земјата да се врти во обратна насока само за да не загине никој o_O , како и да е Супермен ги сопре planet killer машините и во целиот тој хаос или урантини остануваат Супермен и Зод на ЧИСТО поле создадено за Final Battle :tapp: ...

Како да ви кажам тотално разочаран од филмот, освен тепачката остатокот беше тотално неповрзан со многу грешки, текот на филмот има многу неповрзани сцени кои што неможам сите да ги наведам имаше премногу, зошто, што и како недостигаат во филмот. :гомце:

Глумата во филмот беше одлична, актерската екипа односно Супермен/Кал Ел/Кларк Кент кој што го глуми Хенри Кавил беше одличен, Џонатан Кент (Кевин Костнер) одличен, Марта Кент (Дајан Лејн) годините си поминале не ми се допадна нешто посебно, Џор Ел ( Расел Кроу ) одличен како и секогаш, Лоис Лејн (Ејми Адамс) одлична, Генерал Зод (Мајкл Шенон) истотака ок...

Ќе напоменам дека костумот на супермен беше екстра одличен (би сакал еден таков) :cool:

cuffs.jpg

И исто така ке напоменам дека во филмот недостасува веке познатата супермен тема/мелодија која што беше легендарна, незнам со кој памет менуваат нешто што е легендарно :facepalm: , деца израснаа со таа мелодија односно ние израснавме со:


Мој генерален заклучок од овој филм е дека воопшто не станува збор за супермен филм (затоа изгледа и се вика Man of Steel), туку се работи за сосема нов филм со адаптирана приказна на веќе познат суперхерој со украдени ликови и тематика од оригиналниот Супермен лик кој што е стар 80 години :rolleyes:

Едит: ова не баш рецензија, револтиран сум затоа и волку детали наведов...:нинџ:

Оценка 5/10 и ова е многу ама тепачката беше одлична и заслужува чиста 5ка.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Уф ....... тешко многу тешко да пишувам во ваква тема, поготово кога се коси со мојот имиџ на форумов.
Ова е последниот филм кој што го изгледав, пред скоро цела една деценија го пронајдов повторно а го барав дооооолгооооооо дури фаќав врски и во вардар филм и архивата на МТВ за да го пронајдам.
Можеби на многумина нема да им се допадне, можеби многумина нема ни да го разберат филмов но сепак ова е УМЕТНОСТ и ќе пишувам за филмската уметност а не за некое шупливо холивудско срање, ај да не должам.











Дерсу Узела

Вакво ремек дело се раѓа кога јапонски режисер,не само режисер туку и уметник мајстор на својот занает ќе му дадеш да работи со автентичен руски материјал тогаш со сигурност го добивате Дерсу Узела филм добитник на ОСКАР.
Во моментот кога ќе ја погледеш првата сцена ти станува јасно, ова ќе биде интимно, интроспективно,ретроградно но истовремено динамично вонрефлектирачко доживување.
Секвенците на кадрите го откриваат дизајнот на режисерот неговиот копнеж за поставување на моменти на вистина во секоја од нив.
Сето тоа засилено со поезија во секоја минута,во секој дијалог и монолог на ораторот. Поезија која што е исклучиво јапонска,наследство од иса башо, хаику.
Хаику традиционално се одигрува базирајки се на спротивтавеноста на два различни елементи. Вообичаено се работи за концепт “ Длабоко и бесконечно“ впрочем тоа е рефлексија на нешто вообичаено, нешто само навидум небитно.
За да го постигне тој ефект во филм, режисерот мора да ги острани сите небитни атрибути од кадар. Секоја сцена треба да биде чиста, оделена од хаосот и брзањето,слично на медитацијата.Но најважно од се приказната да остане фокусирана а карактерите да се надградуваат и еволуираат.
Филмов има неверојатна фотографија,суптилен допир и многу рафинирана работа со камерата. Природа,човековото присуство ,технологијата,социо-политички компоненти , сите тие мајсторски интегрирани се рефлектираат во гласовите, фациалните изрази,костумите, телесниот говор.
Во крајна линија Акира Куросава се обидува преку неговото дело Дерсу Озала да ја покаже благородноста на човековата поврзаност со природата и вечната љубов која што ја има човекот кон природата.
Филмот нема да ви го раскажувам, бидејки сметам дека дефинитивно вреди а и треба да се изгледа,филмов е уметничко дело нема кадар на кој што не би можеле да му направите принт скрин и да добиете прекрасна фотографија која што би си го нашла своето место вобило која галерија пмеѓу сликте и фотографиите на великаните. Едноставно овој филм е се она што денешните филмови не се.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Redemption (2013)

Koga kje vidite deka Jason Statham e glaven lik kje pretpostavite za sto se raboti. Filmot e okolu likot Joseph ili nagaleno kako go vikaat Joey :) Toj e voen veteran koj prezivuva nesrekja otkako negoviot tim kje bide ubien i samo toj kje prezivee. Se vrakja vo London i stanuva skitnik i pijanica no eden den otkako kje go brkaat nekoi tipovi slucajno kje vleze vo eden prazen stan negoviot zivot kje se promeni...
Moja ocenka 6/10

btw vo saundtrakot na filmot ima edna makedonska folklorna pesna, se javuva posle 15 min i 40 sek :)
 
A

AnFem

Гостин
World war z. Само што седнав да го гледам, ми кажаа дека трае скоро два часа и ми се стемни пред очи. Но не, филмот не беше ни малку досаден, времето не чувствуваш кога поминало и што е најинтересно, цело време си под штрек (ова особено ми се допаѓа кај оваквите филмови). Значи опуштен си само на почетокот, првите десетина минути, набрзина те воведуваат во приказната, без многу тупење. Поранешен вработен во ОН, Гери, седи во кола со своето семејство, заглавени во сообраќајот и наеднаш настанува хаос, зомбиња почнуваат да ги напаѓаат луѓето. Добива повик од заменик-генералниот секретар, другар на Гери, кој му кажува дека прати хеликоптер по него, му ја згрижува фамилијата и го известува дека сака да се врати назад на работа. Фамилијата останува на безбедно, Гери со екипата тргнува во акција. Забавата започнува!



Мене не ме бива за пишување на рецензии(ако не се лажам, оваа ми е прва), но филмот е предобар и топло го препорачувам.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Прв пат пишувам рецензија,но филмот ми остави силен впечаток и би сакала да споделам.
Olympus has fallen (2013)
Со Џерард Батлер во главната улога,одлично изиграна ролја.Покрај него и Морган Фримен.Дејството се случува веднаш,по кратко интро од десетина минути при што умира жената на претседателот а Џерард Батлер во улога на Мајк Бенинг никако не може да си прости за несреќата.Дали и како ке се искупи за чувството кое го мачи 18 месеци,ви оставам да погледнете.
Искрено препорачувам (y)
P.S. одлични специјални ефекти!
olympus-has-fallen.jpg

 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
^
Моментот кога неколку поста над тебе има рецензија за истиот филм колку е срање, и твојата колку го препорачуваш :pos: Искрено го гледав после првата рецензија и да не се повторувам во се се согласувам.

И сеа за да не бидам оф топик

Inglourious Basterds ( 2009 )


Дејството се одвива во втора светска војна во франција, имено Франција е окупирана од нацистите. Има едни опасни момци, амерички еврејски војници кој немаат милост кон нацистите и ги ловат на сите страни и во еден момент се спрема нешто големо, најголема акција за што и се работи во целиот филм.Интересно е што у филмов има да речеме 10 различни главни сцени, дијалозите долги али ниеден момент нема да ви стане досадно, во некој моменти и напнато во исчекување што ке се деси... Глумата е 10/10. Сите ке се сложите со мене дека филмов одма прва асоцијација мава на серијата Отпишани, а и ништо чудно да е инспириран од таму :D

препорака моја оценка 10/10 :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom