Барав малце низ темава, но изгледа никој не се излажал да го погледние The Master , чисто за да си ги "проверам" сопствените впечатоци...Како и да е, се работи за воен ветеран кој, се чини, не може да го најде своето место и мир по завршувањето на војната-токму заради едно неисполнето ветување. Личност раскината од сеќавањата, од незадоволените нагони, неостварената љубов-како да живее во паралелен свет, постојано раскинувана од жестината на сопствените емоции...Одлична игра на Хоакин Феникс, кој успева на прилично жесток начин да ни долови личност која го достигнала дното на својата физичка и морална пропаст, личност која во ниту еден момент не успева да побуди позитивна емоција но, која успева да ја реши дилемата-кој е вистинскиот Водач/Учител/Господар во животот на една личност.
Ако веќе си играме со бројки, ја давам 7 од 10 (највеќе заради Хоакин). Ако збориме генерално за филмот, нема ништо посебно во темата што ја обработува два саати и кусур, има доста ситуации и ликови кој остануваат недефинирани и кои потегнуваат одредени прашања а не даваат одговори. Можда и ова не би требало да се заме толку за зло, ако се има во предвид дека сите го градат и усмеруваат главниот лик-а тоа е доволен поттик за гледање.