Последен гледан филм со кратка рецензија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Silver Linings Playbook



Пет излегува од болница за душевни болести и се враќа да живее со родителите. Тој е ментално нестабилен, но истовремено и мотивиран да си го промени животот на подобро и да ја придобие сопругата со која е скаран. Работите се менуваат кога во неговиот живот ќе влета Тифани, која се нуди да му помогне во смирувањето со жената на неговиот живот. Оваа помош доаѓа под еден услов – Пет треба да се согласи да и` биде партнер на Тифани на еден натпревар во танцување.

Вака на кратко опишан, Silver Linings Playbook изгледа како да зел рецепт од некоја обична романтична комедија со Џенифер Анистон. Идејата на филмот за двајца забегани луѓе кои се вљубуваат не е ништо ново, но она што е малку необично за ваквиот жанр е што тој не те тера присилно да навиваш за овие луѓе, туку едноставно остава простор да се постигне тоа со текот на дејството и преку разработувањето на ликовите. Silver Linings не е само романтичен филм од типот на boy meets girl, туку е пред се` филм кој ја разгледува контролата на човекот над сопствениот живот, филм за природата на прифаќањето и врските помеѓу луѓето, без разлика дали станува збор за врската помеѓу дечко и девојка или пак онаа помеѓу родител и син. Поради ваквите секојдневни теми, Silver Linings на моменти е урнебесно смешен, а на моменти мрачен и крајно сериозен. На моменти знае да уфрли и работи кои се веќе видени, но одличната реализација во случајов му овозможува на гледачот да им прогледа низ прсти на неколкуте клише елементи.

Главниот адут на филмот се живописните ликови и секако, актерите . Бредли Купер е најпријатното изненадување за мене. Кој би рекол дека иритантниот тип од Alias може да прерасне во ваков актер, совршен за ваква улога. Купер знае како да ја отслика мотивацијата на Пет дека се` ќе биде во ред, овозможува гледачот да навива да му стане подобро, но истовремено дава до знаење дека опоравувањето ќе оди тешко. Џенифер Лоренс, извонредна како и секогаш, овојпат покажува чувство за комедија, без притоа да се загуби помеѓу поискусната актерска екипа околу неа. Роберт Де Ниро растура како на времето, исто и Џеки Вивер, но и Крис Такер, кој очигледно може да понуди многу повеќе од Rush Hour.

Феноменалната глума на главните и споредните актери, симпатичното сценарио, дијалозите и добро-разработените ликови се оние работи поради кои некои луѓе го сместуваат филмов помеѓу најдобрите за претходната година. Крајно предвидлив, но и изненадно забавен, Silver Linings Playbook зрачи со енергија и оптимизам, на кои најчесто се гледа со цинизам. Нормално, холивудските елементи во ваквите филмови се неизбежни, но како што кажува и самиот наслов, Silver Linings Playbook многу добро знае која му е светлата точка и како да ја покаже истата. Иако не е подобар од некои други филмови со кои е номиниран за тековните церемонии на награди, нити пак е најдобрата романтична комедија која сум ја гледал во последно време, сепак кај мене има плус поради тоа што внесува свежина во жанр кој најчесто важи за излитен.

Оцена: 7.5/10.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
The Dictator

Најлоша комедија што некогаш сум видел, а сум видел доста лоши комедии. Ниту имаше смешни моменти, ниту добра сатира или исмејување, само лоша глума, лошо изработена приказна и повторување на фори од претходните 2 карактера на Коен. Саша е доволно паметен за да знае дека филмов е далеку од смешен, најверојатно овој проект му е брз начин да заработи пари и да остане барем уште малку релевантен во филмската сцена.
Не очекував ваков кикс од него.
3/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.091
Anna Karenina


Верувам на сите им е добро позната приказната. Кога ја читав книгата во пет тома пред некои добри 15 години ме фаќаше сафра од толку многу детали и описи. Филмов за чудо ги вкомпонирал во себе сите тие делчиња замислени од Толстој на толку едноставен но префинет начин, и крајниот резултат е совршенство. Едноставно се е перфектно. Од филмскиот сет, до костимографијата, до боите и кинематографијата, до иновативниот пристап во реализацијата на овој филм. Тоа и најмногу ме фасцинираше. Целиот филм како театарска претстава, начинот на кој се менуваа сцените како да се менува сценографија во театарска драма меѓу чинови додаваше уште посилен шмек на Русија во 19 ти век. Она што особено ме импресионираше беше невообичаената глума на актерите. Исто ко да се на театарска сцена, исполнето со многу драматични движења и реплики баш ко да си во публика а не пред монитор. Филмов можеби нема да биде тоа што го очекувате, но дефинитивно носи некоја своја магија, мислам дека и заслужува да земе оскар за адаптирано сценарио ако е номиниран. Музиката е најдобриот дел од се наведено до сега. Нема да коментирам воопшто тука.



Од мене 9.:)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Gone Baby Gone (2007)
http://www.imdb.com/title/tt0452623/



Потикнат од доброто искуство со филмовите на Афлек (The Town и Argo) случајно најдов дека и ова е негов филм и решив да ги погледнам па морам да кажам дека не згрешив. Филмот е одличен крими трилер со 10 пресврти во него, многу сличен на The Town само со различна приказна.

Се работи за крими сторија за млад пар кој истражува исчезнати лица, а заплетот во нивниот живот се случува кога тие за прв пат ќе се решат да му помогнат на едно семејство чија што млада ќерка е киднапирана. Дејствието се случува во некое мало американско градче што мене баш и не ми се допага бидејки делуваше малку депресивно но сепак морам да кажам дека приказната многу брзо се движи и да не знаете дека филмот има уште многу до крајот веројатно ке си помислите дека завршува на 4-5 пати пред всушност тоа да се случи.

Не дека е битно ама Афлек употебил "малку" непотизам и за главен глумец во филмот го вработил неговиот брат кој што солидно си ја одлумил улогата. Одличен трилер од мене добива 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Another Earth / Mike Cahill [2011]
Далеку од меинстрим, но сепак недоволно „алтернативен“ - ова е првата мисла која ми доаѓа на ум за да го опишам ова, според мене, брилијантно првенче на Мајк Кејхил од 2011. Убав независен филм, со прекрасна премиса, и одлична идеја на авторот (иако би рекол дека не се во него е така оригинално и непредвидливо).​
Поради рушење на врските помеѓу два паралелни универзуми, планетата Земја од едниот универзум наеднаш станува видлива на небото од планетата Земја од другиот (нашиот) универзум. Двете Земји се совршено синхронизирани една со друга, но појавувањето на Земјата на нашето небо наеднаш станува кобно за некогаш амбициозната студентка по астрофизика, Рода и славниот композитор Џон (Вилијам Мапотер, нам најпознат по Lost). По трагичниот инцидент предизвикан од Рода а во кој ќе загинат бремената сопруга и синот на Џон, се чини дека вистинските жртви се токму преживеаните....
Прекрасен концепт, одлична реализација, солидна глума, извонредна музика... Единствено што помалку ме разочара е движењето на камерата - целиот филм е направен да биде меланхоличен, blue and moody! Немирната камера е единственото нешто кое не се вклопува во целата слика, и го растура мирот кој се останато тука го пропагира.​
Она што изненадува во овој филм е тоа што иако знаеме дека концептот се коси со сите закони на физиката и отвара еден куп прашања од типот - „По која орбита би се движела другата Земја?“, за време, и по овој филм истите тие никој не ги поставува. Она што е важно, е нешто сосема друго: за време на нашите животи биолозите почнаа да гледаат се помали и помали, а астрономите се поголеми и пооддалечени нешта. Но не се тоа вистинските мистерии! Она што е најмистериозно не е ни најмалото нешто, ниту најголемото. Тоа сме НИЕ! Можеме ли ние некогаш да се спознаеме себеси? И ако успееме во тоа, би знаеле ли дека сме успеале? Доколку се сретнеме со самите себеси, што би си рекле? Што би научиле од нас? И што навистина би сакале да видиме ако би можеле да излеземе надвор од нас и да упатиме поглед кон самите нас?​
Оценка: 9 од 10 (обожувам филмови во кои на прво место е сензибилитетот, а уште повеќе филмови во кои истиот тој сензибилитет е меланхолија))​
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Argo (2012)

Трет обид на Бен Афлек да се докаже како режисер. За Арго го освои Златниот Глобус за најдобар режисер за 2012 година, а за чудо не се најде на листата на номинирани режисери за Оскарите... Филмот обработува еден интересен сегмент од поновата Американска историја - Исламската Револуција во Иран, прогласувањето на Ајатолах Хомеини за врховен верски водич, протерувањето на шахот и бесот на Иранскиот народ врз САД кој резултирал со заложничка криза во траење од повеќе од 1 година. Прва на удар на бесот е амбасадата на САД во Техеран, а први жртви на заложничката криза се дел од тимот на амбасадата. Да се најдеш непожелен во една држава, кога целиот револт на народот е вперен кон тебе, кога јавните егзекуции стануваат секојдневие а ти немаш никаква можност да побегнеш е навистина нешто ужасно... Тони Мендез од ФБИ смислува интересен начин како да ги извлече овие луѓе од сигурна егзекуција. Битно, целиот филм се темели на историски веродостојби случувања иако, да речеме, крајот е претерано нашминкан колку да се создаде поголема тензичност на разврската...
Оцена: 8/10
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Premium Rush



Да се разбереме, филмот е малку глупичок и лесен за гледање.
Се работи за екранизација на велосипедската курирската служба во Менхетен. Главната улога ја толкува Joseph Gordon-Levitt кој е пресно завршен правник со положен правосуден испит и работи за бедни 80 долари од ден од причина што ги тоа го сака и ги презира своите врсници кои носат врски и заработуваат по 300 К годишно. :rolleyes:
Тој е познат по тоа што е три години по ред најдобриот курир и не користи кочници на својот велосипед.
Најдоброто нешто во филмот е неговата девојка Венеса со која односот му е топло-ладно и има феноменална цицка и боја на кожа, да беше малку повисочка Ането можеше да и ја фарба косата со к'на и ништо повеќе.
Причината за тоа што врската не е идеална е што Вили вози неодговорно без кочници и не се плаши од тоа да биде убиен на улиците, за на крајот истата да сфати дека кочниците се отепувачка и пак да останат заедно.
Драмата во филмот е кога цимерката на Венеса една косоока девојка која не е баш хот како неа ќе го побара Вили да направи достава на значаен тикет кој чини многу пари до одредено место, но расипаниот детектив кој и должи на кинеската мафија одредена сума за коцкарски долгови ќе реши да го превземе тикетот.
Тука има бркотници низ Менхетен со детективот и со ривалот на Вили, Мени кој е една набилдана црнчина. Исто така и борба со времето да се спаси синот од комунистичка Кина на цимерката од Венеса.
Во трката одвреме-навреме се замешува и еден цајкан на велосипед за да внесе малку хумор во филмот.
На крајот очекувано има хепи ендинг и скоро сите заминуваат среќни заедно.
Оцена 6/10 само за Венеса.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Nema da pisuvam kritiki posto veke ima napisano za dvata filma.
Argo e prv sto ke go iskomentiram, filmot nema nikakva vrska, totalna utka, golem rejting ima na imdb poradi toa sto amerite se zatrcuvaat na vakvi filmovi kade se zbori za toa kolku se oni nadmokna nacija. Filmot e ziva glupost, nema nikakva interesna prikazna, nema nikakvi interesni citati, ednostavno go pustas filmot ja kazuvat na pocetok ideata i gledas samo za da dogledas deka ke ja realiziraat sto e evidentno od prv pocetok. Nema nikakva neizvesnost nikakva napnatost, apsolutno nisto.. gubenje vreme spored mene.
Vtor katastrofalen film e Seven Psychopaths, nekolku prikazni nafrlani sto nemaat nikakva vrska edna pomegu druga nitu pak nekakvo znacenje, eden ludak sto treska gluposti cel film. Ova e od onie predvidlivi filmovi kade sto uste od pocetok znaes koj e ke umre koj e ubiec i slicno.Isto taka gubenje vreme.
Od ponovive filmovi edinstveno dobar iskoci Django, ne e master piece ali sepak vnesuva nekakov novitet i dobra gluma(pred se zboram za germanecot)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Gone Baby Gone
Веќе е спомнат филмот малку погоре, затоа нема да пишувам нешто посебно за него. Станува збор за првиот филм на Бен Афлек во кој сигурно брат му плачел па морало да го стави во главна улога. Типот, по име Кери Афлек, ама апсолутно воопшто не го бива во филмов. Премногу вештачки, без емоции... Исто и неговата сопруга во филмот, Мишел Монаган, како со трема, со некое незнаење... Многу го нарушуваа филмот овие два лика иако приказната е солидна. Читајќи на Википедија видов дека филмот е правен според истоимениот роман на Денис Лексан кој е исто така автор и на романите: Shutter Island и Mystic River. И двата други романи се филмувани. Shutter Island е феноменален филм со Леонардо ди Каприо во главна улога. Вреди да се погледне. Другиот филм го немав гледано...

Mystic River
Режисер, продуцен и музика на Клинт Иствуд. Фали ли нешто во ова? Не. Во главни улоги: Шон Пен, Тим Робинс и Кевин Бејкон. Оскар за Шон Пен како најдобар актер во главна улога и Тим Робинс како актер во најдобра споредна улога. Иствуд не доби Оскар за најдобар режисер, но филмот останува да биде феноментален. Станува збор за животната приказна на три момчиња: Џими, Дејв и Шон чија детска наивност се претвара во трагедија која ги следи низ целиот нивни живот. Безгрижноста ќе им ја наруши еден лик кој претставувајќи се како полицаец ќе го киднапира Дејв. Во тој момент завршува нивното детство, но тие не продолжнуваат да растат. Не во буквалната смисла на зборот, но зад нив останува една празнина која никој и ништо повеќе нема да може да ја исполни. По претрпена психичка тортура Дејв успева да побегне и да се врати во својот дом. Со ова и започнува филмот. Децата кои од првите сцени беа заедно и на бетонот од улицата го обележаа своето вечно пријателство сега се возрасни луѓе, кој со деца, кој со кариера, а кој со стравот на малото дете кое бега од ѕверовите низ темната шума... Но тие не се повеќе заедно. Нивните животи се движат во различни правци и повеќе ништо не ги поврзува. Но, еден трагичен настан ќе ги обедини повторно. Тоа нивно обединување за нас е тест за моралноста и етиката, тест за правилно пресметување и исправно донесување на суд.
Оцена 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Silver Linings Playbook - David O. Russel
Некои предмети, личности и уметнички дела се однапред осудени на пропаст, со самата нивна определба - било каква и да е. На луѓето од оваа или онаа нација, од оваа или онаа сексуална или верска ориентација, другите им лепат етикети генерализирајќи особини на поединецот од особините на групата... Истото неретко се случува и со предметите и со уметничките дела. Романтична драма? Хм... уште еден филм ко оние од романите на Спаркс! Но знаете дека иако дрвата ја прават шумата, сите дрва во шумата не се исти!!! Таков е и случајот со Silver Linings Playbook на David O.Russel - романтична драма која не претендира да остане просечна. Со секој кадар, со секоја сцена и движење се забележува нешто поинакво, нешто што ретко може да се види во тој жанр, во таа шума. Во последниве неколку години ретки се филмовите налик на овој кој ме воодушевиле толку - еве, во моментов единствено ми текнува на 500 Days of Summer! Погоре можете да прочитате една одлична рецензија за истиов филм од VLJ, а јас ниту претендирам, ниту можам да бидам посеопфатен од него. Затоа, доволно е толку. А на сите оние кои се двоумат и се скептични по однос на квалитетот на филмов, би можел само да им кажам дека ако не ја тргнат маската од скепса од себеси, можат многу да пропуштат. Дефинитивно едно од најдобрите дела во холивудската филмска индустрија за 2012, со не заслужени, туку презаслужени номинации во сите категории за сите филмски награди кои се во тек. Искрено, иако знам дека е невозможно, стискам палци за награда од Академијата за најдобар филм! Можеби сум преоптимист, и помалку изгледа како да претерувам, но Silver Linings Playbook дефинитивно го заслужува и секое претерување!!!
Оценка: 8,5 од 10
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Drillbit Taylor

Одамна не сум смеел на некој филм. 2008 е направен, а смешен е. Барем ме расположи моментално гледајќи го.


Содржина:
3ца ученици (кој од кој нрдови) се малтретирани од страна на повозрасните ученици. Неможејќи да ја трпат тиранијата најмуваат телохранител. Патем, телохранителот е бездомник кој на почеток сака само да ги искористи, а понатаму... ќе видите сами.



Глума:
Одлична глума. 3те деца навистина ќе ве насмеат, посебно дебелкиот. Плус и Owen Wilson како цреша на шлагот.



Препорака за сите оние кој сакаат да се опуштат и да се смеат :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.338
Поени од реакции
57.952
Silver Linings Playbook (2012)



Страшно добро филмче! Фантастични Бредли Купер, Џенифер Лоренс и Роберт Де Ниро! Најпријатно изненадување од сите номинирани филмови за 2012.

Пет (Бредли) боледува од нешто што америте го викаат биполарно нарушување а се манифестира со нагли промени во расположението и делузии. Откако излегува од ментална институција, Пет се обидува да го закрпи својот живот и да остане на „позитивната страна“. Барајќи ја својата сеуште сопруга која го напуштила, нешто што тој не може да го прифати како вистина, ја запознава Тифани (Џенифер) на која мажот и починал и нејзиниот живот е слична катастрофа. На некој чуден начин овие двајца се зближуваат...

И покрај тоа што Пет е излезен од институција, помеѓу него, татко му и Тифани не е јасно кој е најзабеган :) Исто така Дени (Крис Такер, го паметите од Rush Hour трилогијата а од тогаш мислам дека нема глумено ништо) иако постојано бега од институција, иронично и комично изгледа како најнормален од сите.

Филмот изобилува со суптилен хумор од кој сцената со суеверието на Пет.Ср. (Де Ниро) и Тифани е врв :pos:
Но исто така филмот се бави и со тешки теми и на периоди има сцени кои ќе ве растажат. Оди од една крајност во друга но секогаш ја задржува ведрината, исто како и Пет, и филмот се обидува да остане на позитивната страна.

Она што му го наоѓам како мана е што не избегна некои клише ситуации, и мислам сериозно, танцување? Можеа нешто многу подобро од тоа.

Но како и да е, квалитет во секој поглед, би сакал главните актери да добијат Оскари иако не ги имам изгледано сите филмови, ми оставија многу силен впечаток. Препорака за гледање!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Compliance / Craig Zobel [2012]
Пред да почнам да го гледам филмов знаев дека се справувам со две нешта кои всушност беа причина за да одвојам час и половина:
1. независна филмска продукција :vozbud:
2. тема - поплака од гостин во fast food ресторан која од шега преминува во нешто навистина сериозно. Темава ме погоди толку заради тоа што работам како менаџер во синџир ресторани за брза храна во кои се работи на многу сличен начин како во ресторанот во Охајо каде се случува дејството, и сум обучен за решавање на слични вакви ситуации.


Добив: првите триесетина минути - одлично екранизирана целата тема, напната атмосфера (никогаш не би помислил дека таквото опкружување (место каде се припрема и послужува храна) може да изгледа толку напнато - како духови да го прогонуваат), одлична глума, особено од Ann Dowd, за која прв пат слушам, но солидно ја донесе улогата и продолжение кое ветува. По тие триесетина минути напнатоста и исчекувањето преоѓаат во нервоза, одличната идеја и самото дејство полека почнува да се развлекува кон навидум хомогена маса која граничи со глупост, за на самиот крај и да прерасне во такво нешто. Најпрво, барем кај нас, убеден сум дека ниту еден здраворазумен припадник на човечката раса не би подлегнал на ваков тип на prank. Како можеш да му веруваш на човек кој се јавува телефонски дека е авторитет, без да се осигураш дека го поседува тој авторитет, а можеш да се одигураш со проверка на фактите барем, ако не можеш да ја легитимираш личноста? ОК; се случило нешто слично во Америка (филмот е базиран на вистински случки), но дефинитивно во реалноста не било до оваа мера глупаво па толку никој да не може да препознае дека се шегуваат со него. И второ - приказната е до таа мера развлечена, што на половина од филмот се добива впечаток дека доколку би бил пократок, барем тројно од тоа што е, и доколку не би бил оптоварен со непотребни кадри од работата на ресторанот за брза храна, би бил совршен избор за номинација за најдобар краткометражен игран филм на престојното доделување на Оскарите.
И не знам што друго би додал... Од мене добива
Оценка: 3 од 10
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Animal Kingdom (2010) Animal Kingdom (2010)

Жарн
: Крими-драма; Трилер

Во филмов се следи седумнаесет годишниот Џеј кој после смртта на неговата мајка се вселува кај баба му и неговите 4 вујковци,кој по професија се криминалци ,кој дрога,кој психопат.... За брзо време го вовлекуваат и џеј во нивните ‘‘бизниси‘‘ , полицијата ги следи нон-стоп .....
Не дека ме мрзи да пишувам рецензија туку стварно не треба да се откива повеќе од филмот ,погледнете го иако е австралиски, актерската екипа е одлична ,особено James Frecheville и Jacki Weaver (номинирана за оскар за споредна улога),некој се познати (Guy Pearce) ,некој не.
Филмот е базиран на вистинска случка која се случила во мелбурн во 1988г. со Pettingill family ,малку е онака тежок и психопатски ,што го прави одличен. Погледнете го нема да зажалите, на ИМДБ има 7,3 рејтинг ,а од мене има 8,5
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Silver Lining Playbook (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1045658/



Со оглед на тоа дека чув многу позитивни коментари решив да му дадам шанса на филмов, а и романтична комедија номинирана за Оскар е доволно добра препорака. Сепак морам да кажам дека сум тотално разочаран. Нема да пишувам за што е филмот бидејќи има веќе неколку постови за истиот.

Јас би рекол многу галама за ништо, сосема обична романтична комедија. Доколку не беше одличната глума на Купер ке беше веројатно уште поглуп филмов. Приказната е можеби уникатна но сепак досадна. Најдобра сцена беше онаа со танцот каде имаше одлични кадри со камерата, 2 часа за ваков филм е реално премногу. Де Ниро е одличен глумец но приказната со рагби утакмиците беше ужасно досадна (многу повеќе ми се допагаше тој во Meet The Parents).

Од мене добива 5/10 !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom