Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
When Nietzsche wept [Кога Ниче плачеше]
Философот Фридрих Ниче, докторот Јозеф Бројер и неговиот пријател Сигмунд Фројд најпрвин споени во истоимената книга на Ирвин Јалом, а потоа и претставени на филмско нискобуџетно платно.
Книгата никогаш не ме заинтригирала да ја прочитам, но филмот ептен ме закопка посебно поради улогата на Арманд Асанте кој многу добро го имаше одиграно Одисеј којзнае пред колку години. Сакав да го видам и во улогата на еден од највлијателните и најбрилијантните умови во историјата на човештвото.
Дејството започнува во Виена со воведна сцена во која е прикажано како една млада руска екцентрична писателка Саломе се труди да го наговори најпочитуваниот во тоа време, доктор Бројер да го спаси професорот Ниче од автодеструктините мисли, но без да знае самиот тој.
Саломе е на некој начин платонската љубов на Ниче која вешто кокетира со него и на крај го остава. Наизглед капризиозна ама сепак има грижа на совест за пропаѓањето на човекот кому и самата му се воодушевува.

Интересни се дијалозите помеѓу Бројер и Ниче, нивното взаемно лекување од секојдневните грижи и нивното чудно пријателство. Во филмот е претставено раѓањето на психоанализата и почетокот на толкувањето на манифестната содржина на соновите на многу симпатичен нехоливудски начин.
Интересно е што после гледањето на филмот како да ве прогонува ликот на Ниче и неговата бедна осаменост. Тој е интелигентен, силен и сигурен во своите сфаќања ама е сепак човек кој плаче во срцето.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720

Среќни ли сте? Не, не мислам на оној тип на среќа кога имаш мир и спокојство, туку ксмет. Дали имате ксмет? Psyside ме тераше одамна да го гледам и конечно вчера го изгледав. Одличен филм. Не бев којзнае колку воодушевен но супер беше. Го имаме Џонатан Рајс(?) Маерс(кој патем е одличен глумец, shelter) во улогата на Крис, типац кој бил добар играч на тенис меѓутоа се има откажано во потрага по нешто што ќе го исполни повеќе, нешто со што ќе допридонесе во светов. Мирен, сталожен, благодарен, но од друга страна манипулативен. Може да се забележи нешто чудно во него. Го чита Достоевски. Наоѓа работа како инструктор по тенис, каде што ќе ги запознае едни брат, сестра и девојката на братот(Скарлет Јохансон). Сестрата ќе се заљуби во Крис но тој е некако незаинтересиран. Повеќе е заинтересиран за девојката на братот.

Како и секој филм на Вуди Ален, има доста солидни и интересни дијалози за животот кои ви го земаат вниманието. Крис ќе се наоѓа во ситуации каде што мора да лаже за да го задржи својот стабилен, мирен но досаден живот. На моменти предвидлив за мене, но нема везе.

8/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Kid With A Bike (2011) http://www.imdb.com/title/tt1827512/

Жанр- драма
Режија:
Jean-Pierre Dardenne, Luc Dardenne
Сценарио:
Jean-Pierre Dardenne, Luc Dardenne
Улоги:
Thomas Doret, Cécile De France и Jérémie Reni



Навидум обичен и безвезе филм...Значи потенцирам навидум и токму тоа била целта на режисерите, да си речете -" Боже какви глупости, гледам едно дрско и невоспитано дете кое вози точак цело време..." Барем јас ова си го помислив откако ја изгледав првата третина од филмов...
Ситните нешта и секвенци се тие што му даваат огромна моќ и тежина на овој филм...И се прашувам во моментов - зашто филмов немаше номинации за Оскар, барем за филм од неанглиско говорно подрачје, заедно со The skin I live in(2011), за кој претходно имам пишувано рецензија...? Но затоа на Кански фестивал доби награда во категоријата најдобар филм, номинација за Златен глобус и еден куп други награди по филмски фестивали...Манифестацијата Оскар изгуби многу поени кај мене, со последново доделување кадешто се форсираа филмови резултат на компјутерска технологија како Hugo и сл...

Во филмов целото дејство се одвива околу едно несреќно и бедно детенце по име Сирил, кое живее во Центар за згрижување на деца, напуштено од неговиот татко којшто му бил единствен во животот...Пробува да дојде во станот кадешто живеел претходно со татко му и да си го побара својот велосипед, кој му е единственото нешто што го поврзува со татко му и што му останало од него...Станот го наоѓа скроз испразнет...Татко му и од тука си заминал и све што можел продал...Младата фризерка Саманта кај која Сирил ги поминува викендите успева да му го најде велосипедот...Тој не се двои од него и го чува како своите очи...Саманта му помага да го пронајде и татко му...

Најмалку што може да предизвика филмов кај гледачот е тој да сочуствува со очајната судбина на едно бедно дете, на возраст на која му е најпотребен родител, љубов, топлина, прегратка, грижа...А тој тоа го нема...Дете кое ќе стори све за да ја добие љубовта на татко му, па дури ќе се впушти во криминални дејствија, мислејќи дека откако ќе му даде пари на татко му, овој ќе го прифати и засака...
Недостатокот од родителска љубов и грижа ја манифестира со агресивно и дрско однесување и со интровертност, све додека не се зближи со Саманта, која ќе успее да му ја пополни таа празнина барем до определена мера, да го сфати, разбере и да му укаже на основните морални вредности во животот...
Морам да потенцирам дека ова не е детски филм заради тоа што дете е во главна улога, туку напротив обработува силни стории за животот, последиците од грешките кои ги правиме и соочувањето со нив, негативните ефекти на одмаздољубивите постапки, разочарувањето и очајниот копнеж за трошка љубов...
Детето Сирил на многу болен начин научи дека со пари не може да ја купи љубовта или со сила...Исто така научи дека ако преминува на другата страна на законот, ќе сносува тешки последици со кои порано или подоцна ќе мора да се соочи...
Музиката во филмов е феноменална и е претставена со дел од композиција на Бетовен...
Сценарио, глума, сценографија --- одлични...
Од мене оцена 9,5/10

Погледнете го трејлерот...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Shame(2011)
Жанр- драма​
Режија: Стив Меквин
Сценарио: Аби Морган, Стив Меквин
Улоги: Мајкл Фасбендер, Кери Мулиган, Луси Вотерс, Џејмс Беџ Дејл
Јас сум фрапирана од филмов!...Позитивно се разбира!...Ова е филмиште, ремек-дело право...!​
Ќе почнам од визуелните ефекти и сценографијата кои се перфектни и обрнувано е внимание дури и на најситниот детал...Глумата е феноменална, посебно на главниот лик во филмот кој мислиш дека е створен единствено во овој филм да глуми и за оваа улога е незаменлив...Музиката е исто така полн погодок...! Немам зборови за режисерот на овој филм, секоја му чест поготово за неговиот перфекционизам за да ги доведе во совршен ред и најситните детали... :cuc:
Е сега за приказната малку...:)
Филмов е за 18+ заради експлицитните и вознемирувачки сексуални сцени...Овој филм не е како оние холивудски срања во кои на крајот секој ќе си го најде патот што му одговара или сите среќно ќе си живеат...​
Брендон е 30 и нешто годишен човек кој живее во елитно преградие на Њујорк, во свој стан, потполно сам...Тој работи во успешна компанија и е деловен човек и во пријателски односи со својот шеф...Под сакото и краватата на Брендон се крие суштество зависно од секс, суштество кое бара секс во секоја прилика, пригода...Слободно време кога не е на работа тој го поминува со проститутки кои ги плаќа и после добиената услуга ги фрла како искористено хартиено марамче за нос или па виси пред лап топот гледајќи порнографски сајтови или мастурбира во купатило или ги листа своите порно магазини и сл...Тој не е сексуален манијак или психопат, едноставно како што има потреба за вода и воздух, така тој има потреба и за секс...​
Брендон е страшно осамен човек, кој живее во свој свет каде што единствена цел му е да ги остварува сексуалните фантазии и да ги задоволува невидените нагони за добар секс и постојано да пробува нешто ново и да експериментира...При крајот на филмот тоа "експериментирање и желба за ново" ги преминува границите...Во однос на сексот Брендон е ослободен од секаква предрасуда...​
Тој не верува во институција брак и смета дека брачните партнери само го губат времето заедно, досадувајќи се...​
Ваквиот начин на живот на Брендон е самоуништувачки кон него како личност, кон неговиот асоцијален и речиси непостоечки емотивен живот и го турка во све подлабока бездна на осаменост...Тој е свесен за сето тоа, но не може против истото...Свесен е и пати и тоа може да му се забележи на лицето.Шефот на работа му наоѓа еден куп порно клипови во компјутерот, сестра му го фаќа во тоалет како мастурбира и сл...​
Режисерот ја соголува неговата интима до коска!
Од мене оцена 10/10 и напоменувам стриктно за 18+...​
Еве трејлер​
Еве и некоја сликичка -​
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
(алтернативен наслов: кога РокенРола го откри Бенедикт Кумбербат)



Ќе ја ставам рецензијава овде, да не ми замерат луѓе на субјективноста кога станува збор за актеров, макар што стојам на тоа дека човекот е феноменален, а улогава ја довел до совршенство.

Сниман во 2004 година под палка на ББЦ, филмот го портретира животот на Стивен Хокинг за време на неговите студии, кога и ја дознава веста за својата болест која за само неколку години перманентно ќе го постави во количка. Ваквите филмови се ризични за снимање зашто се работи за портрет на познат лик и буквално се ви зависи од главниот актер. Ако тој не успее да го долови ликот, филмот пропаднал во вода ( затоа се надевам дека филмот што ќе се снима за Џеф Бакли оваа година нема да биде дебакл, ама тоа е друг муабет). Во случајов, Бенедикт си ја завршил работата перфектно. Да погледнете слика од Стивен кога бил млад, апсолутно ќе се уверите дека кога станува збор за физичка сличност трансформацијата е направена одлично. Нејсе тоа и самите движења кои се специфични заради болеста на Хокинг, како и говорот се доловени како што треба.

Не е лошо да го погледнете, најмногу заради самиот Хокинг. Човекот живее во голгота, а сепак успеа да има успешна кариера па дури и да формира семејство. Вистински борец.

И памтете ми го зборот, еден ден Бенедикт ќе им земе Оскар на американците ко што им направи Колин Фирт.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Shame (2011)

Дека се е безмислено, и дека навистина декструктивноста е креативна.
Дека сексот никогаш нема да биде ко во Америчките комедии, но не дај боже да биде ко во Европските драми.
И нема добро и лошо, не постои лага и вистина, се е цикличен континиум, социјален конструкт.
Нема природни закони, зачнувањето е чудесија, а човештвото сатира.
Нема смисла во семејните вредности, се мразиме зошто живееме заедно, а се сакаме за да го поднесеме тоа.
Нај.. незнам, било кое позитивно зборче во суперлатив за oпис на постот на годинава, кој ионака слободно може да ми се имплементира врз било кој сегмент од животот па зошто да не го искористам и како рецензија за еден доста raw филм, и веќе кога те цитирам и вадам од контекст, воедно и да ти го препорачам? :)

Тргнувајќи уште од насловот, доста објекто-ориентиран и self-explanatory, а и како драма сигурно фокусот нема да биде врз ограбување банки, туку e уште еден од низата филмови кои дедуцираат човек, го соголуваат до неговите базични и примитивни потреби и навики и иронично, колку повеќе го соголуваат, толку повеќе е комплексен. Тоа ме фасцинира. Како една повеќе изразена особина која околината би ја дефинирала како border-line пореметување, може да прерасне во вистинска утринска-ерекција-а-вие-имате-презентација. Пречка во живeeњети де. И ми текнува дека живееме со фузија од вакви стотици емоции, потреби, понесувања on a daily basis.. мала грутка хаос. Фасциниран.

Moжеби филмот ќе наиде на осудување поради неговата експлицитност, ама не би го имал импактот без истата, дека ќе да е круцијална при поентирање нели. Тоа е темата што ја обработува, deal with it. :icon_cool. Сексот можеби е во обид како од европската кинематографија, but failing that пак се потпира на америчкиот начин и остава тој аматерски, површен вкус во уста.. или очи доаѓа, дека гледаме. Ипак ќе одам со вкус во уста, ради секс pun. Но тоа е позитивна работа, полесно се дистанцираме од сексот како доживување и полесно може да го голтнеме (хахах.. unintended sex pun) објективно како што ни е прикажан. Raw и ладен и зависен. Или барем завист во која може да прерасне. Moжеби остана неразјаснето зошто се толку дисфункционални со сестра му, и ќе го сакав многу да пенетрираа подлабоко (i am not even trying) aма и вака е супер, битно филмот went there. И имам пишано, ова кај мене важи доста. Also, поради педантноста и сличните услови - Аmerican Psycho.

Досегашните импресии не би ги имало ако не би имало глума, така да се подразбира. Michael Fasbennder беше фантастичен, хируршки изведено за кого го обвинувам Steve McQueen. Eден од ретките случаеви каде можам да заприметам режирање. (weird знам, можеби си трипам) Исто така Carey Mulligan беше на ниво, иоако недоразвиен лик, потпаѓајќи под стереотипи на ранливи девојки и што не, ама не пречи. Музиката истотака беше совршенство, и иако со сивата атмосфера и сценографија, филмот делува статичко имаше неколку доста квалитетни кадри и доста иновативна работа со камерата. All in all, можеби не како Blondi oд погоре, нема да идам со 10ка, ама 7.8 колку што има на imdb аtm, звучи фер. И топла препорака за сите кои бараат вакво нешто. Ама после Меланхолија.. не го препорачувам. Ебетесе. Moрав да завршам експлицитно, без цензура и секс. Во духот на филмот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Trespass (2011)
Жанр- драма, крими, трилер​
Улоги- Никол Кидман, Николас Кејџ...​
Режија- Џоел Шумахер​
Кајл и Сара се брачен пар кои живеат во раскошна куќа покрај вода заедно со нивната ќерка тинејџерка...Кајл се враќа од службен пат и истиот ден дома им влегуваат четворица маскирани и ги држат во заложништво за да им ги земат кешот и дијамантите...​
Ова тотално промашување од филм не го пере ниту улогата на Кидман, ниту на Николас Кејџ...Туку за среќа овие две големи актерски имиња му фрлаат некое мало светло на филмов, колку да те намами да го гледаш и да потрошиш залудно саат ипол...Уште кога почна филмов и ја видов Кидман лежерно облечена, со секси наочарчиња и готви во раскошната кујна во куќата, чекајќи го маж и да се врати од работа...-одма во глава ми светна нејзината улога во Eyes wide shut и уште тука знаев дека филмов е едно големо разочарување...Мислам дека ова е најлошиот филм во кој се појавиле Николас и Кидман до сега...​
Грубо кажано ова е една заложничка драма, со веќе видено сценарио...Сценарио на кое му фалат интриги, оригиналност и неизвесност...А да не зборам за тоа колку дупки имаше во приказнава, кои ќе ги перцепира дури и некоја потпросечно интелигентна индивидуа...​
Сценографијата не беше лоша, а ни музиката, но џабе...Кажав и на почеток, ниту главниве актери не го перат промашениов филм...​
Од мене оцена 3\10 и тоа 1 поен за Кидман, 1 за Николас Кејџ и 1 за сценографијата која бара дефинитивно подебел филмски буџет за да биде реализирана...​
Видете го трејлеров и ќе ве намами филмов да го гледате...(n)
 
Член од
13 април 2012
Мислења
4
Поени од реакции
1
Ve}e nekoe vreme simnuvam filmovi vo odnos na ponudata od forumov.. Blondi nema{ utka.. mi za{tedi poprili~no vreme na prebaruvawe.. Samo {to go zavr{iv Shame i toplo go prepora~uvam i na ostanatite..
Tivko i dlaboko film~e(y)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ve}e nekoe vreme simnuvam filmovi vo odnos na ponudata od forumov.. Blondi nema{ utka.. mi za{tedi poprili~no vreme na prebaruvawe.. Samo {to go zavr{iv Shame i toplo go prepora~uvam i na ostanatite..
Tivko i dlaboko film~e(y)
Black Swan овде вакви постови не се толерираат. Овде се пишува само рецензија за филм, вакви постови се оф топик и се бришат. Друг пат ваквите постови пишувај ги во генерална дискусија.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The Boy in the Striped Pyjamas



Момчето со пижами со риги. Ова е La Vita e Bella од обратна перспектива. Во позадина на приказната дејствува Втората светска војна, имаме воодушевени Германци што уживаат тероризирајќи, Евреи во логор и животната приказна на едно германско семејство.

На 9 годишното момче Бруно не му е јасно зошто не смее да се дружи со својот врсник, зошто тие по редот на нештата би требало да бидат непријатели кога всушност и двајцата се еднакви. Единствената разлика е што тој е Евреин, а тоа подразбира лош, никаков човек. Бруно мора да се раздели од своите авантуристички книги и бајки што ги читал, тој отсега треба да научи за германската историја и да научи да ги мрази Евреите. Исплашен е, неподготвен и постапува интуитивно, иако се мачи и постојано размислува за ситуацијата во која се наоѓа. Метафората со пижамите е прекрасна за да се опише наивноста на едно детско срце. Збогувајќи се со авантурите од книгите тој доживува една своја, лична авантура. Неговите наивни и детски постапки ќе предизвикаат бура од реакции кај неговите родители.

Ова е филм за тоа како луѓето понесени од идеали и идеологии ги уништуваат сопствените животи и животите на своите најблиски.


Го гледав и Match Point ама да не тупам, погоре е рецензиран. :D
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
The Entitled (2011)


Жанр : Трилер
Актери : Реј Лиота....
Филмот почнува како Пол,дечко кој има завршено факултет работи во несоодветна фирма и не е задоволен од своите примања, но тоа не е единствениот проблем. Неговата мајка е болна и целата фамилија не е во можност да ги плаќа лековите за понатамошно лекување. Пол смислува план како да дојде до пари.... Во филмот единствен познат актер е легендарниот Реј Лиота. Крајот е интересен на филмов. Според IMDb оцената е :6.1 , а и јас не би дал поголема .
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Hannibal Rising 2007


Последно што изгледав е овој филм, иако после изгледаните 3 претходни дела овој некако 1 година ми стои на располагање да го гледам ама се некако одлагам. Искрено како и другите 3 дела(The Silence of the Lambs 1991, Hannibal 2001, Red Dragon 2002) ми се допадна и навистина ја надополнува целата приказна за овој серијал.
Главната улога во овој филм е се разбира Hannibal Lecter кога е млад и низ се што поминува во 2 светска војна, и на некој начин ја открива мистеријата околу него.
Дефинитивно можам да го преорачам на сите оние кои сакаат хорор/драма филмови.
Моја оцена 9/10
Midnight in Paris


Прекрасен филм немам зборови за начинот на кој режисерот ја раскажува целата приказна .....и толку интересна да целиот филм ти поминува за миг, да ми кажеше некој дека има добар филм каде што дејството ќе се случува во сегашноста и ќе се испреплетува со минатото т.е актерот ќе се сретне со Хемингвеј немаше да му верувам.
Порака: Секогаш постои личност која е на иста бранова должина со вас и ве сака со сите свои предности и недостатоци кои ги имате ;) т.е ШТО Е ТВОЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ :D
Моја оцена 10/10
Најинтересна сцена: Романтично шетање по дожд :love:
http://www.youtube.com/watch?v=n-yvqrT4Img
 

~ Everything.you`re.not

Salvatore`s girl
Член од
8 април 2012
Мислења
106
Поени од реакции
421





Марли е млада, убава, неверојатно забавна личност, која живее обичен живот исполнет со нејзините пријатели кои ја обожаваат. Истата не верува во љубов и никогаш не била вљубена. Се' до денот кога ќе го запознае нејзиниот доктор , кој пак исклучително посветен на својата професија , смета дека обврзувањето е луксуз за него. Од моментот па натаму, на двајцата им се укажува прилика да ја почувствуваат магијата на вистинската љубов и чувството да се припаѓа некому, отварајќи го прашањето што е она за кое вреди да се живее.



P.S Подалеку од трејлерот :D


И спремете си 3 – 4 пакетчиња паломи :place:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Womb

И претходно имам кажано дека Ева Грин е страшно потценета актерка. Човек би очекувал дека би добивала повеќе ангажмани во Холивуд, но ете, можеби ќе и' тргне повеќе со новиот филм на Бартон. Манијачејќи и' ја страната на IMDb налетав на овој филм.

Дејството на филмот се одвива во некоја блиска иднина, каде клонирањето е секојдневие. И покрај тоа, клоновите се третирани како аутсајдери и се потиснати од општеството. Главниот лик е Ребека која после многу години се среќава со Томи, симпатијата од детството. Таман ќе сфатат дека им е судено да останат заедно до крајот на животот, Томи загинува во сообраќајна несреќа. Немоќна да промени нешто и да се соочи со трагедијата, Ребека одлучува да оди на вештачко оплодување од покојниот. Со раѓањето на новата, поинаква љубов, започнува чудно проучување на една несекојдневна психосексуална опсесија.

Womb е делумно научна фантастика, но пред се' е филм со настрана љубовна приказна. Целиот филм тргнува од поимот „сродни души“, кој често го слушаме и во кој лично не верувам. Се разбира, не би било интересно ако е толку едноставно, па филмот оди во друг правец. Кога мајчинството ќе се најде во центарот, работите стануваат бизарни. Најпозитивната работа кај филмот (освен Грин) е фотографијата и локациите на кои е сниман. Сликите од моќта и непредвидливоста на природата ја симболизираат врската помеѓу Ребека и Томи: убава и чудна, изолирана и блиска.

За жал, ова можеби е и најголемата маана на филмот. Се чини дека режисерот се фокусирал премногу на убавините на тмурните плажи, наместо да обрне внимание на тмурноста кај ликовите. На таа сметка, дејството се одвива со брзината на полжав. Друг проблем со филмот е што жонглира со различни теми. Од љубовна, реална приказна се префрла во некаков хипотетички приказ на предрасудите кон клоновите, за на крај да се занимава со извитопереноста на мајчинството. Очигледно е дека филмот игра на картата „контроверзност“, што не секогаш е негативна работа. Во овој случај и е негативна, бидејќи од бизарноста не се извлекува апсолутно ништо. Поимите „мајчинство“ и „фамилија“ полека (ептен полека) се претвараат во кошмар, но без никаква поента, без да му се даде можност на гледачот да ги оправда/ извреѓа намерите на мајката.

Оцена: 5/10. Да не беше Грин и прекрасната природа ќе добиеше и помалку.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Death at a Funeral (2010)

death-at-a-funeral-2010.jpg
Овој филм е римејк на британскиот Death at an funreal (2007)
Филмот се врти околу погребната церемонија на таткото на Арон и Рајан. Арон, постариот син, живее со неговата сопруга Мишел во домот на неговате родители.
Рајан е успешен писател и живее во Њујорк и за погребот доаѓа во Лос Анџелес за последен пат да го види својот татко и да помогне за погребните трошоци.
Арон и Рајан имаат братучедка Елејн која со нејзиниот вереник Оскар доаѓаат на погребот но претходно таа му дава дрога. Што се случува за време на погребот ќе видите ако го изгледате филмот. Има многу комични сцени.
На IMDb има оцена 5.4/10 јас му давам 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom