И дури сега, додека ти слатко спиеш веднаш до мене, а ја си кулирам со пивцето, цигарчето и лаптопот..дури сега, во овој момент, сфаќам дека нема враќање назад. Верувал или не, се случи она што никад не ни помислував дека може да ми се случи - станав тотално, незамисливо зависна од тебе. Види не` до кај стасавме??? А кога ќе се сетам дека се почна како наивна игра, обична авантура на двајца љубовни криминалци, кои толку време од животот поминале освојувајќи и кршејќи туѓи срца, никогаш не помислувајќи дека и нивните срца можат да бидат освоени од некој ист, ако не и полош од нив самите.... И не можам а да не се прашам, дали човекот кој лежи до мене е истиот оној кој онаа априлска ноќ толку директно ме соблекуваше со поглед, не грижејќи се каков впечаток ќе остави, оној кој беше познат како дечко кој никад нема да се смири?? А, дали и јас сум истата онаа девојка која ги гризеше твоите усни додека дождот се цедеше по нашите тела, мислејќи дека и таа вечер, како и многу претходни, ќе биде само забава, само уште една ноќ без спомени??? Не знам каде води сево ова, но знам само едно, веќе одамна нема назад. Знам дека што и да се случи, ти засекогаш ќе бидеш едно важно поглавје во мојот живот. И дај веќе престани со `рчењето, ме убиваш!!!!