Последен гледан филм со кратка рецензија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720

И таман мислев ќе гледам нешто добро вечерва, се излажав. До пола беше сосема солиден али...​
Си одиш фамилијарно на одмор, се радуваш дека ќе играш голф и ќе пловиш на ветрот со мала едрилица кога дома ти доаѓа едно момче и ти бара јајца за готвење. Го испратила сосетката! Многу љубезно но расеано момче... чувствуваш нешто чудно тука.​
Како што кажав, до пола беше сосема солиден. Почетокот на втората половина се движеше побавно од полжав и бев приморан да го правам она што не сакам, да го мотам филмот! Да, го мотав, неподносливо спор беше. Му ја сфатив поентата како и да е... Потсетува на Hard Candy, Clockwork Orange а верувам и на многу други. Има од оние ствари, кога се работи за нешто сериозно а протагонистите го сметаат за сосема банална работа и се исмеваат.​
На 2-3 пати еден од ликовите ни се обраќа на нам гледачите :) Аман.. мразам тоа.​
И уште едно нешто што многу ме изнервира... не знаев дали да се смеам дали да плачам... Конечно се дешава нешто колку-толку добро за "добрите" и негативецов зима далечинско и го мота назад филмот :))) :facepalm:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
In the Land of Blood and Honey

http://www.imdb.com/title/tt1714209/
Првенчето на Џоли. Режија и сценарио од неа. Филмот кој што предизивика секакви критики и пофалби низ целиот Балкан. Србите го мразат, бидејќи мислат дека е анти-српски ( до некаде и можам да се сложам со тоа) и само 12 луѓе биле на премиерата на филмов, а пак Хрватите и Босанците се бореле за билет плус.

Не планирав да одам на кино за филмов, мислев да чекам подобра снимка и дома да го гледам, ама случајно фатив гага карти и со една другарка отидовме.
Значи филмов е за една тема која е сеуште многу болна за Балканов, за војната после распаѓањето на Југославија, за се она што проживеал муслиманскиот народ во Босна и Херцеговина. Даниел е Србин, кој што е во врска со Ајла која е муслиманка. И се межу нив е супер се додека еден ден не почне бомбардирањето. Ајла ќе биде земена како слугинка, да им служи на српските војници, додека овие ги тепаат, силуваат и ги малтретираат Ајла и останати жени кои што се земени за заложници. На местото каде што она е однесена како заложник, Данијел ќе биде главен и тој ќе направи се што е во негова можност, Ајла да е биде малтретирана.

Е сега според мене можеле да најдат многу подобра опција за глумец за Данијел, отколку овој што го одбрале. Некако многу антипатичен ми беше низ целиот филм, дури и за време кога требаше да ги покаже најголемите емоции беше некако здрвен. Останатиот дел од екипата е погоден, Раде Шербеџија нема којзнае колку голема улога во филмов, се на се кога ќе собереш се појавува 5-6 минути, ама човекот си е стандард на ниво, а и Жана Марјановиќ беше одлична како Ајла.

Оставете ја оценката на на имдб, нека не ве лаже. Најверојатно цела Србија 1 му има дадено на филмов (да можеле и нули би му ставиле). Филмов е доста добар, сега си имаше свои малку глупави моменти и неколку клише реченици, ама не беа многу такви.
Можеби Анџелина Џоли стварно разбработува тема за која што Балканот сеуште не е спремен да зборува и да снима филмови за неа, но ако го тргнеш тоа и го гледаш филмот како и секој друг филм, би требало да бидете задоволни.
7/10 и препорака за гледање.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Young Adult (2011)

Со намера да го потрошам одморот во среда, без тренинг, се одлучив за првиот филм што ќе ми западне во око од замунда, и згрешив.
Дури се осеќам чудно зошто воопшто гледав филм со ваква содржина.

Се работи за една (ментално растроена) девојка, која веќе има пропаднато брак во минатото, и има crappy работа како писател. Пишувајки на својата нова книга, и стига порака за ново роденото девојче на нејзиниот бивш дечко од средно.
Оваа заинтересирана да ја провери ситуацијата, со мало двоумење пакува торбите и оди во родниот град.
Таму се среќава со еден познаник од детството, и дневна рутина им е пијачењето и враќањето на спомени од средношколските денови.

Понатака ќе мора да видите сами, според мене филмов е само една реклама за шоуто на Ким Кардашијан, KFC и Кока кола, зошто е тоа така, ќе видите доколку го гледате филмот :pos:

Оценка 5/10.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Martyrs


Martyrs си го рачунам за мое филмско откритие. За прв пат го гледав пред три години кога го видов на сајтот за Afterdark хорорфестот. Откако го изгледав се утепав од препорачување на сите. Кога некој ќе решеше да го гледа, јас му правев друштво, што значи дека го имам гледано околу 6-7 пати. Во недостиг на добри хорор филмови, денес си го пуштив повторно.

На оние кои не го гледале филмот им советувам да не го гледаат трејлерот. Во рецензијава ептен малку ќе зборувам за дејството, колку да не скратам од уживањето на потенцијалниот гледач. Ете, ќе кажам дека Martyrs не се плаши да истражува и не се плаши од ризик. За време на оваа приказна полна со одмазда, лутна и лудило, се запознаваме со две оштетени девојчиња, обична фамилија, жена нападната од некаков демон, нејзината верна пријателка и членови на тајно друштво. Дејството на филмот е вистинско изненадување бидејќи гледачот не може ни да го претпостави правецот во кој се движи приказната. Кога работите ќе започнат да стануваат јасни, чувствата на публиката се менуваат. Кога ќе се открие целосната изопаченост и расипаност, филмот се појавува во ново светло - како истражувач на природата на малтретирањето.

Речиси секој елемент, од глумата, сценографијата, камерата, па до минималната употреба на музика, е беспрекорен и совршено се вклопува во целокупното искуство. Но, она по што филмот се издвојува од останатите хорори е приказната.



Фабулата на Martyrs е необична бидејќи за да ја постигне целта е подготвена да се впушти во различни поджанрови од хорор жанрот. Понекогаш е психолошки трилер, понекогаш е слешер, понекогаш филм со духови и секако, тест за издржливост од типот на torture-porn филмовите. Martyrs не е воопшто сличен на Hostel, Saw & co. Во овие филмови убиствата се најважни, а не приказната. Односно, killing for the sake of killing. Во Martyrs, насилството и теророт не се во центарот, туку има причина позади секое страдање на протагонистите. Насилството во филмот постојано предизвикува, и во времетраење, и во експлицитност. Во текот на филмот, суровоста е присутна за да потресе, да исплаши, да задоволи на естетски начин, да не' измачи и да не' натера да се поврземе со ликот кој страда.

За кој/ што е наменет овој филм? Пред се' лично се уверив дека не е наменет за романтична вечер, но тоа е друга тема... Всушност, Martyrs во никој случај не е наменет за забава, туку е наменет за размислување и поттикнување чувства. Најмногу го препорачувам бидејќи и покрај екстремното насилство и суровост, вистинскиот хорор (ужас) доаѓа од чувството на неморалност, изопаченост и очај. Ретко некој може да извлече ваква силна поента, од нешто волку ужасно.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
The Sitter





Комедија со џона хил , кој го глуми мрзливот син ноа грифит ,кој вршејки и услуга на мајка му завршува како бејбистер на три деца ,сосема различни едно од друго. проблемите настануваат кога ноа ке се нафати да и заврши една работа на ‘‘девојка му‘‘ ,по што следи целаноќна луда авантура ,која се повеќе ги зближува 3те деца и му помага на ноа да се пронајде себе си како еден возрасен маж кој се соочува со своите проблеми.
Џона е одличен ,ко скоро секогаш . Децата имаат добра изведба , особено Родриго... шо друго ?
Ех да потсекја на Мамурлак (The Hangover) , има добро смеење од време на време ,се на се просечно добра комедија
оцена 6/10




Albert Nobbs






Во последно време се изглеав со Миа Васиковска па се решив и овој да го изглеам. Филмот е просечна драма за жена која поради одредени причини ,кој не се за откривање, се облекува како маж Алберт, кој е келнер или батлер или сл. во еден хотел во ирска, дејствието на филмот е во 19от век. Филмот има добра приказна со многу лош и непотребен крај, Глен е одлична како и Миа, шминката е супер како само ја направиле глен...
Кој сака нека повели оцена 7/10

ако грешам нека изгорам :):):)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Friends with benefits!

Филмчево онака топ, за тепање на време. Интересно филмче иако овој Тимберлејк не го поднесувам,мн. педерастичен лик ми е!
Да не забегувам мн. филмчево е романтика, во која има мн.безобразни работи, HOT сцени , со многу малце искажување на емоции , повеќе на секс.
Онака другарски секс :pos:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Midnight in Paris



“Полноќ во Париз“ е режиран од Вуди Ален (и доби Оскар за најдобро оригинално сценарио), а главните улоги ги толкуваат Овен Вилсон како Гил и Рејчел МекАдамс како неговата свршеница Инез. Мене лично ликот на Рејчел многу ми оди на нерви, површна е, на моменти и глупа ми делува, во суштина воопшто не го поддржува, ниту го разбира Гил. Ама сериозно ми се идеше на моменти да ја треснам преку компјутер. Една лигава у пм. :sick: Тој е сценарист, но сака да пишува новели, затоа што целиот тој Холивудски свет во суштина не му се допаѓа и мисли дека се што напишал до сега било површно и досадно и дека во суштина воопшто не се посветил на значајна литература. Заедно со свршеницата Инез одат во Париз, каде се и нејзините родители, а во меѓувреме ја планираат и нивната свадба (повеќе Инез и мајка и). Гил постојано се чувствува како да се родил во погрешно време и е носталгичен за време во кое не бил ни роден. Додека неговата свршеница го напиња за се и сешто (ама стварно го напиња, мене ми е пример типката за annoying жена, ама баш пример, мене ми идеше на нерви, не па да биде жена на некој:icon_lol: ). Таа сака да оди по клубови, а он сака да шета и да го гледа градот. Па башка и тие пријателите на типкава...едни снобови арогантни. Па тој па машкото едно исфрустрирано кретенче.:cautious: Една вечер се разделуваат и тој шета сам низ улиците на точно на полноќ, влегува во една кола ... Од тука почнува да се развива филмот и да ја прикажува својата вистинска поента.

Мене лично ептен ми се бендиса. Толку опуштен, ненапорен филм, со прекрасни цитати, прекрасни сцени, прекрасна музика... Јас уживав додека го гледав, убава глума, убав концепт и многу убава поента. Дури на моменти си пронајдов некои мои карактеристики кај Гил. :pos: Човекот е носталгичен, сака дожд, сака да се шета на дожд итн итн... Ми се свиѓа како е замислен целиот лик иако не сум баш некој обожавател на Овен Вилсон. Додуша мислам дека тука би можел повеќе да биде разработен, но севкупно сум задоволна.

Ќе споделам и еден цитат од филмот, но нема да напишам од кого е, затоа што тоа би било вид на спојлер. Но, морам репликата да ја споделам со вас:

I believe that love that is true and real, creates a respite from death. All cowardice comes from not loving or not loving well, which is the same thing. And then the man who is brave and true looks death squarely in the face, like some rhino-hunters I know or Belmonte, who is truly brave... It is because they make love with sufficient passion, to push death out of their minds... until it returns, as it does, to all men... and then you must make really good love again.
Од мене има 8/10. Одличен филм е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Mechanic (2011)
Жанр- акција, крими, трилер
Улоги- Jason Statham, Ben Foster, и Donald Sutherland.
Режија- Simone West



Ахххх Џејсон... :love::love::love: ...Створен е за вакви филмови, со кои ја покажува на дело својата машкост и сексипилност...И после овој филм си замислувам како би изгледало кога во Mission Impossible 1,2,3 би играл Jason Statham во главна улога, наместо Том Круз...Би било феноменално... :love:

Во однос на приказната на филмов - Артур Бишоп (Jason Statham) е во улога на елитен и високо професионален платен убиец, кои своите цели и задачи ги извршува до толку стручно и професионално, што зад себе никогаш не остава трага...Никогаш не превзема ништо без да го пресмета ризикот до максимум...Мудар, стабилен, лукав, искусен, храбар...
Филмов започнува на еден приватен имот во Колумбија каде Бишоп на неверојатно оригинален начин убива еден дилер на дрога, поточно водич на познат нарко картел...После тоа се среќава со неговиот пријател и ментор Хери (Donald Sutherland), кој му плаќа за успешно извршената акција...После тоа зборуваат за синот на Хери, којшто е проблематичен...
"Работодавецот" на Бишоп, милионер и моќник му испраќа досие за нова "акција" во досието се наоѓа пријателот и ментор на Бишоп - Хери...
-Дали Бишоп го убива Хери? Сепак тој во својата работа не внесува емоции...
Во филмот се вклучува и проблематичниот син на Хери...
Забележав дека Бишоп убива буквално монструми од луѓе, почнувајќи од главниот на нарко-дилерите, па еден педофил на кој му се слабост млади момчиња, па еден водач на секта кој се изживува врз своите членови итн...
Типичен машки, груб и акционен филм.. :)
Еве ја фразата што ја кажува Бишоп (J.Statham) на почетокот и на крајот на филмот...
-What I do requires a certain mindset(одреден ментален склоп). I do assignments; designated targets. Some jobs need to look like accidents. Others must cast suspicion on someone else. A select few need to send a clear message. Pulling a trigger is easy. The best jobs are the ones nobody even knows you were there.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
The Girl with the Dragon tattoo


Значи филмов се работи за пронаоѓање на една изгубена личност и детективот со помош на една хакерка ќе ја пронајди...
Филмов го гледав по препорака на една моја другарка,немав големи очекувања (да си признаам),но ме изненади.
Супер глума од страна на Daniel Craig и Rooney Mara :cuc:
Исто така морам да ја пофалам и приказната за филмов навистина ме бендиса и од мене има висока 9ка,слабо стоеше со музика... иначе ќе беше СОВРШЕНСТВО...
Иако ја кладов во последен гледан филм,би им го препорачал на сите овој филм,зашто навистина вредат потрошените 2 часа и 30-40 мин....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Help (2011)
Жанр- драма
Улоги- Emma Stone, Jessica Chastain, Viola Davis
Режија, сценарио- Tate Taylor



Сега ми стана јасно зашто овој толку го форсираа на доделувањето оскари...Прекрасно остварување од 146 минути...Совршен избор на актери, перфектна глума, костимографија, сценографија...- Буквално мислам дека не најдов маани на филмов...И сценариото е одлично - топла и емотивна приказна за животот на Афро-Американките во средината на 20-тиот век, кои работат како слугинки во семејствата на богатите белци...Освен чистењето, пазарувањето, готвењето, перењето и сл, под слугинка во филмов се подразбира и чувањето на децата и големиот удел во нивното воспитување...90% од животот на овие црни жени им минува во куќите на нивните газдарици, вложуваат многу труд, а за возврат добиваат арогантен однос и трпат страшни понижувања и неправди...Со платата која ја добиваат едвај преживуваат...Освен нив во филмов се прикажуваат и стереотипите за тогашната конзервативност на белите американски семејства и нивниот начин на живот во државата Мисисипи...
Но работите ќе се променат, за некои на подобро, за некои на полошо...Сето ова е прикажана низ една многу оригинална приказна...

На филмов му давам оцена 10/10.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Uninvited (2009)
Жанр- хорор, мистерија, психолошки трилер
Улоги- Емили Браунинг, Елизабет Бенкс, Ариел Кебел



Ќе почнам од сценографијата која мене лично ми се допадна многу...Дејството се случуваше во една голема куќа на брегот на океанот, којашто од едната страна излегува на плажа, а од другите страни е опколена со шума...Значи идеална локација за снимање на хорор...
Во однос на глумата и костимографијата - би можеле да бидат подобри...
Е сега за сценариото, односно приказната...- Во пожар настрадува една болна и немоќна жена, а нејзината ќерка Ана се обидува да се самоубие после тоа...Татко и ја праќа во душевна болница да се лечи и таму останува 10 месеци..Кога се враќа дома, Ана гледа дека некои работи се промениле, поточно татко и(успешен писател) е во врска Рејчел - негувателката на нејзината покојна мајка, којашто живее со него во куќата...Започнува постепено да се открива дека пожарот во кој настрада мајката не е несреќен случај, туку подметнат...Е сега - Дали Рејчел има врска со тоа...? Дали намерно ја убила болната жена за да дојде до мажот и...? Што навистина се случило со сестрата на Ана, којашто исто така се појавува во филмот...? Дали Ана е навистина излекувана после 10-месечниот престој во душевна болница...?

Филмов е напнат цело време, има језиви сцени и најважно - ова е од оние типични американски филмови кадешто низ целото негово дејство забележуваме индиции, кои ни посочуваат кон една личност во филмот дека е негативен лик, убиец, психопат и сл и крајот не изненадува до максимум, кога откриваме дека лошиот е всушност оној за кој најмалку сме се надевале...Ова не ми се допадна бидејќи ми е многу клише...Всушност во овој филм за тоа што мислиш дека реално се случува ќе испадне дека е плод на имагинација на една растроена личност...Многу неочекуван расплет на ситуацијата и уште понеочекуван крај...

Од мене 5/10...
 
Член од
25 октомври 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
Елегија за тебе - Играно поетски филм


Играно-поетскиот филм посветен на познатиот македонски поет Коста Солев Рацин.
„Елегија за тебе" отвора повеќе прашања поврзани со животот на нашиот поет, за неговата вистинска љубов, како и за тоа дали тој загинал во несреќен случај или бил намерно убиен.
Покрај Зафирчев, кој се појавува во улогата на Рацин, во филмот играат уште и Милица Стојанова, Маја Вељковиќ, Зорица Панчиќ, Слободанка Чичевска, Сашка Димитровска и Јордан Витанов, кој го толкува ликот на Бане револуционерот


Оценка 10/10
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Во последно време почнав да избегнувам филмови со Николас Кејџ заради негово глумење во секакви бљувотини од филмови последниве 6-7 години(освен Bad Lieutenant). Човекот има финансиски проблеми и мора сега да се појави во најмалце 10 филма годишно. Ситуацијата мислам дека му е иста како и на кловнот Красти од Симпсонови кој кога не плаќаше данок, луѓето од даночно го тепаа со актовки и овој требаше да игра пред камери во празно студио по цели денови за на крај да биде приморан да исценира самоубиство за да се спаси од нив.
Но за филмов како и повеќето луге направив грешка што не го гледав кога излезе затоа што испадна да е доста солидно филмче за тепање едно досадно попладне на пример.Има брзи коли, мзгање, добар саундтрак и секс сцена налик на онаа од Shoot' Em Up. Инаку глуми тука и Вилијам Фихтнер кој повеќето луге го знаат како, ''eee, оној типот'' од повеќе филмови. И го краде цел филм, кога го гледате ке се молите да има повеќе сцени со него (y) .

Оцена 6/10.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Премногу долго немам пишано на оваа тема. Денеска се решив да ја прекршам таа традиција, единствено заради добар филм.

Coach Carter


Филмов не го гледам прв пат. Впрочем, не го гледам ни втор, а ни трет пат, веќе и јас изгубив бројка...
На темава не пишувам, бидејќи во последниве месеци едноставно не гледам филмови. Почнав да гледам Family Guy, гледам и ред други серии ради реда (бидејќи се полу-интересни), гејмам и...тоа е тоа.
Филмови избегавав. Причината е многу проста, сите филмови кои се од 2012, 2011, 2010...не ме привлекуваа. Почнува интересно, веќе на пола филм гледам на саат или на MPC до каде е филмот...и мислев дека е до мене, дека се случило најлошото - сум изгледал толку филмови што веќе не ме привлекуваат.

Но, после овој филм, сфаќам дека е до нив. До глупите, убитачно досадни, извештачени и без поента филмови. Едно е кога ќе го видиш Семјуел во елемент, како во филмов, друго е кога ќе гледаш полу-актери како типот од Перси Џексон и римејк на комедии како Death at a Funeral.
Филмов ми ја врати довербата, дека не е до мене. Има се, интересна и реална приказна, нема клише муабети (океј, само малце), одличен саундрак, солидна глума и мотивирачка порака.
Кој не го гледал, нека му седне.

И нека си ебат матер срање филмовите, пазете се од нив, да не ве фатат на иста финта како мене. Не е до вас, до нив е. Знам дека ова не е баш рецензија, ама најприкладно место беше за да го напишам ова.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Control



Феноменоменална глума.:)
Голем вљубеник сум во музички документарци бидејќи ми се автентични, но не помалку ги сакам и филмовиве кои портретираат групи и музичари, зашто ако еден актер успее целосно да скине познат музичар според мене се работи за огромен талент. Бев импресионирана од тоа како Вал Килмер го портретирал Џим Морисон. Дефинитивно сега се води битка за првото место, откако видов како Сем Рајли го одиграл ликот на Иан Куртис. Настрана што неверојатно личи на него ( патем ми помина мисла дека би можел да го глуми и Пит Доерти, и на него личи), туку и совршено ги ископирал специфичните ( епилептични) сценски движења на Иан. Секоја чест.

Филмов инаку како што пишува и на постерот бил прогласен од критиката за најкул британски филм за 2007 година. Со право собрал еден куп награди.

Филмот е целосно сконцентриран на Иан Куртис, рано починатата ѕвезда на Joy Division. Нема да научите речиси ништо за групата, нејзините песни, создавањето итн итн, бидејќи целта не била таа. Режисерот се обидел да го прикаже ликот на Иан, младиот вокал и текстописец на Joy Division кој се самоуби на многу млада возраст на само 23 години. Ми се чини дека од попознативе музички имиња кои значеле нешто ова е најмладата ѕвезда која се самоубила. Во филмот ќе ја видите битката на Иан со епилепсијата која и најмногу придонела за неговото самоубиство. Според многумина Иан бил засрамен од својата болест и нејзините последици кои се одразувале на сцена. Честите епилептични напади тој успеал да ги трансформира во сценско движење, меѓутоа тоа не помогнало за Иан да престане да се чувстувува самодеструктивно. После неговата смрт имало изјави од поблиските дека речиси сите можеле да предвидат на каде води неговата депресија, но биле премногу глупави за да реагираат. Освен битката со епилепсијата, дел од проблемите кои го довеле Иан до работ бил и неговиот љубовен живот. Растргнат помеѓу сопругата и љубовницата, Иан баш и не знаел која да ја одбере што силно се одразило врз него.

Нема да згрешите ако го погледнете филмов, особено ако сте вљубеници во филмови кои се биографски.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom