Последен гледан филм со кратка рецензија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Game Change

Очигледно во денешно време не треба да си скандалозен почитичар како Никсон, или политичар со трагичен крај како Кенеди, за некој да ти посвети двочасовен филм. Не верував дека ќе можам да гледам филм посветен на политичката кариера на некој како Сара Пејлин. Исто така не верував дека од таква личност може да се извлече интересна приказна, достојна за екранизација. Сепак, репутацијата на HBO и силната актерска екипа си го направија своето. Не знам колку е точен описот на она што се случувало позади кулисите за време на кампањата во 2008-ма, ама искрено, не ме ни интересира.

Во Game Change се опишуваат настаните во Републиканската партија за време на претседателските избори во Америка во 2008. Приказната е до некаде позната. Во август 2008-ма, кампањата на Џон Мекејн (Ед Харис) е во ќорсокак, засенета од онаа на харизматичниот демократ Барак Обама. Главниот советник на Мекејн, Стив Шмит (Вуди Харелсон), одлучува дека им треба некоја нова тактика, односно дека треба за потпретседател да номинираат човек кој би бил „game changer“. Според калкулациите, одлучуваат да номинираат жена. Во недостиг на време за некоја обемна анализа, ја бираат Гувернерката на Алјаска, Сара Пејлин (Џулиен Мур). Додека ја подготвуваат за првите интервјуа, луѓето околу неа сфаќаат дека потенцијалниот иден потпретседател на Америка е премногу глуп неинформиран. Односно, Пејлин не знае дека англиската кралица не е на чело на владата во Англија и не знае дека помеѓу Северна и Јужна Кореа има некаква разлика. Кога ќе сфатат дека направиле грешка, веќе ќе биде доцна.

Во центарот на Game Change е Пејлин и нејзините подеми и падови за време на кампањата - од успешните говори, па до неуспешните интервјуа. Но, Пејлин во филмот е далеку од негативец. Напротив, таа е прикажана како човек кој ќе направи многу за да стигне до целта и пред се' како одговорна мајка на дете со Даунов синдром, бремена тинејџерка и син кој служи во Ирак. Најверојатно овој лик не би бил толку впечатлив да не е глумата на Мур и нејзината совршена трансформација, физичка и карактерна. Нејзината задача не е воопшто лесна - екранизирање на нешто познато и нешто кое претходно е брилијантно (чуден глагол alert) пародирано од Тина Феј. Со ова Мур уште еднаш докажува дека е една од најдобрите актерки на денешницата.

Како заклучок, Game Change е политичка сапуница, иако во некои моменти личи на многу добра драма. Не е најдобриот политички филм на сите времиња, но е добар начин за тепање време за оние кои сакаат да гледаат филм посветен на денешната американска политика.

Моја оцена: 6.5/10
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Johnny English Reborn (2011)

Искрено тапа, освен глумата на Rowan Atkinson, друго све тапа. А да, и македонскиот превод, да ти е кеф да гледаш филм... можеби и тоа ме задржа да го изгледа до крај филмов. Него, ај да не лафам со критикиве... да почнам со рецензијата. Значи Johnny English е во Азија и учи борички вештини. Па бидејќи се спрема можен атентат врз кинескиот премиер, a агентите се исчезнати... решени се да го повикаат Johnny English. Неговата задача е да ја открие мрежата на заговор која што владее во KGB, CIA па дури и во MI-7.

Оценка: 4/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Vanilla Sky (2001) Небо од ванила
Stars:
Tom Cruise, Penelope Cruz, Cameron Diaz...
Жанр- Sci-Fic, мистерија, драма

Па вака сеа...Актерската екипа е одлична според мене, не се ни сомневам во актерските способности на Том Круз иако не ми е меѓу омилените актери, а Пенелопе Круз не можев органски да ја смислам во филмов заради крајно лигавиот начин на којшто збори и тоа со шпански акцент и тенок глас...Камерон Диаз беше ок...
Добра фотографија, визуелни ефекти, сценографија...- ок беа...
Во однос на приказната - Дејвид (Том Круз) е млад, паметен и згоден ерген којшто има своја издавачка компанија...Негова пријателка, а воедно и секс френд по потреба е младата Џули (Камерон Диаз)...Откако Дејвид се вљубува во Софија (Пенелопе Круз), Џули ја зафаќа хистерична љубомора и намерно предизвикува сообраќајна незгода во која таа загинува, а Дејвид завршува унаказан (со потполно смачкано лице и повреда на екстремитетите)...
Целото дејствие на филмот варира меѓу стварноста и фантазијата, меѓу свеста и потсвеста, моменти каде потсвеста ја надвладува свеста и го тера главниот лик да мисли дека неговата сакана е всушност неговиот кошмар од девојка која му го унакази лицето и телото со со соообраќајната несреќа...Главниот лик на почеток на филмот има убаво лице, потоа има унаказано лице со лузни и изобличено, а на моменти го гледаме со маска на лицето...-метафора за кошмар, убав сон и сл...???
Искрено јас од многу аспекти не го разбрав добро овој филм...Една од причините е што не го фатив точно на почеток (пропуштив едно 15 мин...) а можда и нема врска тоа...Како и да е, јас во принцип не сакам вакви филмови, кои имаат сајнс фикшн елементи и до самиот крај на филмот мозокот ти работи 300 на саат, ствараш своје гледиште на работите али залудно - повторно не можеш да установиш што е реално во филмот, а што фантазија, што е сон, а што е јаве...

Midnight in Paris (2011) - Полноќ во Париз



Е ова е веќе нешто поинаку...Топла, емотивна, хармонична приказна со Овен Вилсон во главна улога...Дејството се случува во Париз, кадешто еден млад американски пар се таму отидени привремено за да се прошетаат...Тој е писател, романтичен тип, уметничка душа, а таа е скрос комерцијален лик, типичен холивудски, која ужива во шопинг, дотерување, шетање, провод и во парите на татко и...
Краткиот престој во Париз ќе му помогне да установи дали е всушност со правата девојка во животот...
Филмот има неверојатно добра сценографија...
Интересен ми е моментот со патување низ времето, кога Овен Вилсон се враќа во златната доба на Париз - 1920 година и ги запознава Хемингвеј, Пикасо и други звучни уметнички имиња...
Во мене филмов го разбуди чувството кога душата ти е спокојна, имаш внатрешен мир, слободно се препушташ на емоциите, уметноста, твориш и создаваш и наоѓаш инспирација во хармоничното париско секојдневие, седејќи во некое париско кафуле преку ден, со багет лепче на масата и весници, пиејќи кафе, а при тоа не се брзаш за никаде, не ти ѕвонат телефони, немаш притисоци и крајни рокови и што е најважно - не го трпиш стресното холивудско секојдневие...
Од мене оцена- 8/10.

Failure to lunch (2006)



Жанр - Драма, комедија

Ова е типичен холивудски филм - лесен за гледање и добар за опуштање...
Сара Џесика Паркер е одлична глумица, но некако не ми е баш за вакви филмови, кои мислам дека се под нејзиниот просек...
Нема многу филозофирање за филмчево...Имено, еден триесети и нешто годишен згоден ерген по име Трип, сеуште живее со своите родители и тоа му е главна пречка да си фати девојка за сериозно...Мајка му насабајле му спрема доручек, алиштата му се перени и пеглани, спремни да се облече, му ја мести постелата и така...Тие плаќаат девојка, која ќе започне врска со него, за на крај да го натера да се иссели од дома и да започне самостојно да живее...Таа девојка е Сара Џесика Паркер...Но работите не се одвиваат баш како што на почетокот проценија родителите на Трип...
На моменти филмов ми стануваше смртно досаден и очите сами ми се затвараа и ме фаќаше дремка... Има и неколку ептен комични сцени...Ете толку...
Од мене оцена 6\10 и тоа само ради Сара...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
50 first dates


Да не беше Адам Сендлер сега ќе рикав заради филмот.
Значи во овој филм Адам т.е Хенри е ветеринар и еден ден се запознава со Луси. Дејството се одвива на Хаваите. Но Луси не е обична девојка. Таа има доживеано несреќа и не може да запамети ништо што се случило после несреќата т.е нејзината меморија трае само еден ден.
Хенри е безнадежно заљубен во неа и ќе направи се што е во негова моќ за да биде со неа.

Значи како што реков, покрај неизбежните смешни сцени и згоди и незгоди на актерите, содржината на филмот ќе допре до вас и ќе ве замисли.
Сигурно ќе испуштите една длабока воздишка, ако не повеќе...
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Пред да напишам за филмов, би сакал да напишам кратко само за книгата по која е ''базиран'' овој филм и видео игрите од која е инспириран целиов овој серијал филмови. На Чудни Плими, авантуристичка пиратска книга од Тим Пауерс е една од подобрите новели кои сум имал можност да ги читам. Приказната за кукларот Жак ''Џек Шенди'' Шантањак и неговата потрага по чичкото и семејното богатство како и неговиот пиратски живот е толку интересна што не можев да ја оставам книгата ни минута без да ја дочитам. Игрите Манки Ајланд напишани од Рон Гилберт(првите две само) а издадени од Лукас Артс се меѓу првите што го имаат популаризирано авануристичкиот жанр. Рон Гилберт инспириран од книгата На Чудни Плими се решава да создаде игра за комичните авантурите на Гајбраш Тхрепвуд кој има желба да стане пират на Карибските острови. Во 2000 година се обидуваат играта да ја екранизираат на големото платно, но ништо од тоа не се случува. Истите продуценти и писатели кои работеле на екранизација на Манки Ајланд почнуваат да работат на нов проект, т.е. Пиратите од Карибите. Низ првите три филма има сцени инаку кои се директно дигнати од игрите што ми беше многу смешно. Инаку штета што Дизни ги купија правата на книгата. Баш би сакал да ја видам приказната на Шантањак во кино отколку Џони Деп како зборува сам со себе. А сега за филмот.

Го мразам. Не затоа што е лош, никогаш еве додека сум бил жив немам мразено филм заради такви банални работи туку заради причината што филмов веке го имам гледано 6 пати во период од 5 месеци. Првиот пат го гледав сам од торент симнат и не ми пречеше. Вториот пат со друштво во кино (при што сакав сосема нешто трето да гледам ама бев убеден со аууаууауауаај бе брат не кењај!). Третиот со семејството на девојка ми, четвртиот пат со моето семејство на МаксТв, петиот пат кај брат ми и последниот пат другарче си направи домашно кино пред два дена и се собравме кај него и друштвото беше решено овој филм да го гледа. Сите дијалози од филмов ги научив.
Не знам чија паметна идеја била да се донесе како режисер Роб Маршал, човек кој е повеќе познат по режирање мјузикли ама човеков не знае акциона сцена да сними ни за да си го спаси животот. Сите акциони сцени се некако бавни, без никаква флуидност. Кога го гледаш Џони Деп или неговиот каскадер како се мачува исто како баба ти да си ја снимал како врти со сукалото. За споредба видете го првиот филм, кога Џек Спероу се запознава со ликот на Орландо Блум и битката што следи помеѓу нив двајцата. Таа сцена кај што е прекрасно режирана служи и за запознавање на двајцата главни актери со публиката, и да не увери дека и двајцата се јебо мадафакас, додека во овој филм ниту една сцена со борба нема никакво значение. Ликовите во овој филм како на пример, попот, сирената, Пенелопе ниту со 6 гледања веќе не сфатив која им е поентата. Ликовите како да се пишувани како што се снимал филмов. Барбоса иако е глумен од Џефри Раш како да е сосема нов лик. Целото негово градење на карактерот низ минатите 3 филма како да е беспотребно. Црнобрадиот иако е интересен лик како да заборава дека има моќи низ цел филм. Еве филмов го вадат само Ијан Мекшејн и Џефри Раш, ама па двајцава се такви фацки што да ги снимаш 2 саати како седат и се гледаат еден со друг и од време на време љупат јаболки и ги јадат пак ке бидат интересни.


Оцена 4/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
This Girl's Life (2003)

Жанр- драма
Улоги- Juliette Marquis, James Woods иKip Pardue
Сценарио, режија- Ash



Мун е млада и преубава девојка, којашто живее со својот татко и се грижи за него, бидејќи откако нејзината мајка извршила самоубиство, татко и доживеал нервен слом и подоцна се разболел од Паркинсова болест...Таа веќе пет години работи како порно глумица во една агенција и нејзиниот шеф ја цени нејзината професионалност и успех во оваа професија...Таа оди на слеп состанок со еден дечко по име Кип, состанок којшто и го закажува нејзината другарка-наставничка Џеси...Кип е супер дечко, којшто потешко го прифаќа фактот дека Мун е во порно индустријата, но сепак тој се соочува со тоа и без предрасуди продолжува со неа понатаму, но не сака да ја дели со други мажи...
Меѓувремено нејзината другарка Џеси бара услуга од неа да го тестира нејзиниот свршеник, односно да започне конверзација и флерт со него за да види дали овој и е верен...Откако го спроведува тоа, Мун добива идеја да работи како сексуален истражувач, односно да ја најмуваат како еден вид на детектив за да ја тестира верноста на партнерите...И започнува со тоа, работи и доживува непријатни случки и сознава многу нешта...
-Дали таа ќе успее да оформи врска со Кип...?
-Дали ќе го продолжи договорот за работа како порно глумица?
-Што ќе се случи со татко и? ...

Најпрво да кажам дека филмов има прекрасна приказна и најмногу ми остави впечаток тоа што девојкава нема никакви предрасуди во врска со својата професија и тоа не го крие од луѓето..Таа е зрела и стабилна личност со морални вредности, за разлика од многуте фамилијарни луѓе кои се појавуваат во филмов и продаваат морал, а во суштина се ѓубриња- поготово кога станува збор за секс......Актеркава што е во главна улога е преубава и преубаво глуми...Музиката и сценографијата се феноменални исто...
Ова е филм за љубовта, сексот, верноста, загубата...
И ќе си поставите прашање- дали човекот е програмиран за да биде само со еден партнер, па дури и кога тој партнер е брачен...?
Од мене оцена 9/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ај дури сум тука да шкртнам една рецензија за мојот последен (и единствен) гледан филм во последниве месец и кусур. Значи, In the Land where Brad and Angelina were making a movie
Сириузли, вот д фак беше ова? Единствено полошо од филмов е што несакајќи и го дорасипав на Рокенрола со мејџор спојлер. Моите очекувања од ова чудо беа дека Анѓа ги смешала лончињата, или дека Србите ги фатило параноја. Ама ова ептен бетер испадна, налет политика и пропаганда, филмов филмски е мизерија.​
Претпоставувам дека она што Анѓа сакала да ни го долови е една тајмлес романса околу која ќе гравитира приказната. Всушност, приказна немаше за да гравитира околу било што а немаше ни географија или кој и да беше оној предмет што треба да го има меѓу заљубените, за сето тоа да функционира. Претпоставувам дека главниот машки лик требаше да биде некој што е растргнат помеѓу љубовта кон момичето и секојдневието што му се случува. За тоа беше потребна добра скрипта и маестрална изведба, а во случајов немаше ни едно ни друго, па така видовме само еден параноичен збунет човек со daddy issues.​
Сценариото и дијалозите се приказна за себе, единствена светла точка беше главниот женски лик, ме мрзи да го барам името на актерката ама и онака ќе ја гледаме во новиот филм на Анѓа кој ќе го снимаат во Авганистан.Тоа, и почетните сцени, е се што вреди од филмот.​
Анѓа се зафатила со филмови во кои треба да ни ја наслика обесправеноста на жената и тоа е за поздравување, тема како тема на место, но требаше да има во предвид дека таков филм за конкретната војна веќе има, и можеше барем да научи нешто од истиот, кој (повторно, филмски гледано: глума, саундтрак, сценарио, ликови, актери) е филмиште за нејзиниот и искрено, еден од филмовите на кои сум плачел секогаш кога ќе го гледам. А го имам изгледано неколку пати, благодарение на една локална ТВ.​
Еве и малку поконкретно: во Savior ни е доловено страдањето на жените кои се силувани во војна, без притоа воопшто да прикажат сцена со силување. Во филмов на Анѓа има повеќе силување од оној I Spit on Your Grave или како се викаше, филм од кој поштено ми се згади. Суптилност, Анѓо. Разочарала си ме...​
Моја препорака е да го гледате, да ви помине меракот. И јас за тоа го гледав, да видам што чудо е тоа околу кое се крена толку галама. Испадна многу врева за ништо.​
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
The Vow





Филмов..... Не знам од кај да почнам, дали од добрата приказна или од уништувањето на истата со ангажирањето на Channing Tatum да глуми во ваков филм.


Класична приказна boy meets girl boy loses girl! Инспирирана според вистински настан. Среќен брачен пар доживува собраќајка и девојката ( Rachel McAdams ) паѓа во кома. По разбудувањето од кома има амнезија и не ги памти последните 5-6 години од нејзиниот живот,не го памти сопругот и се др. Сега сопругот пробува на секаков начин да ја потсети на се што имало помеѓу нив.......

Приказната е стварно добра и Рејчел е одлична,ама Ченинг е катастрофа ,јас ги разбирам сакаат да напраат пари али воа е претеризам. Овој филм можеше да биде следниот The Notebook , али не е!
Погледнете го,па сами оценете
5/10
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Limitless:

Не ми се верува дека некој ги чита ова ама ај набрзинка да си пишам што мислам.Иако мислам дека повеќето на крај само ја гледаат оценката и не се замараат со читање на сево ова.
Интересно филмче.Филмов е сосема различен од повеќето филмови и има интересна приказна.Ми се допадна тоа што поголем дел од филмот нешто се дешава т.е. те држи во неизвесност. Незнам дали ова е добро или лошо ама некако ептен одма се почна со главната приказна во филмот.Веднаш главниот лик се запознава со дрогата и нејзините последици.Можеби ова е и добро поради тоа што повеќето филмови почнуваат бавно а овој беше straight to business.Главниот глумец (ќе ме извините ама во 3 саат уопште не ми текнува кој е а ме мрзи да гуглам) супер си ја заврши работата.Уште еден добар факт во филмов е што има Ups од дрогата,па downs,па пак ups и на крај средба со судбината.

2 работи ми беа глупи во филмов.Прво кога овој ја пие крвта за да стигне до дрогата...НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ...
А второ како иглата му стигна во устата?
Некако ептен ВТФ ми беше тоа.
Фактот што му падна последната таблетка беше cheesy ама тоа беше единствен таков елемент во филмов.
Последните 5 мин. беа интересни и не очекував дека и шефот (или што и да беше Де Ниро во филмов) на сличен начин стигнал до успехот (барем јас така сфатив).
Мислев дека на крај главниот лик ќе сфати дека дрогата е лоша и дека ќе умре или нешто во таков стил ама ништо.А баш помислив дека се освести кога стоеше на работ на терасата.
По мое мислење требаше да не заврши толку добро вака филмот остава порака кон младите дрогирајте се добро е (мада кое дете би гледало филм за дрога?-реторичко прашање).

Оценка:7.5/10 (0.5 за тоа што е малку поинаков од другите филмови)

Најверојатно рецензијава ми е лоша ама јбг тоа е
--- надополнето: 26 март 2012 во 03:02 ---
Реков на брзинка кога јас сум се изнапишувал :D
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521
Chronicle (2012/I)

Гледан на OK кино снимка, ама и у блуреј квалитет да го глеав иста оцена ќе добиеше.

Го претераа со филмовите снимени на ваков начин, shaky cam/изгубени-најдени снимки, тренд/"жанр" што го започна/популаризира Блер Вич. Ама мал буџет + публика што гледа се и сешто = добра заработувачка, па ќе ги штанцаат сега нон-стоп...Сега повеќе не ми се гледаат ни Кловерфилд 2, ни РЕЦ 3,0...

Во врска со филмов - недоразработена приказна и ликови за кои ти е гајле што ќе се случува со нив, нема поврзаност, предвидлив тек на настаните, плус избрзан крај...филм, од оние што ги забораваш одма штом завршат. Има може 2-3 добри сцени ама далеку е од Кловерфилд/ РЕЦ кецот/ Блер Вич кецот...

На IMDB моментално држи 7.4 (секој нов просечен филм денеска "стартува" со 7, 8), а Roger Ebert му дал 3.5/4 - пффффф, од мене...шо знам...5/10
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Being John Malkovich
936full-being-john-malkovich-poster.jpg

Прво се мислев да ви напишам рецензија за еден друг филм ама сабајле случајно во весник читав една статија за Џон Малкович па се премислив. Филмот го имам гледано пред неколку години и речиси го имав заборавено па ако најдам време деновиве ќе си го репризирам. Се работи за многу необичен филм каде што Џон Малкович се глуми самиот себеси, а приказната е за нешто што секој од нас сигурно има помислено како би било кога би можел да го направи,но никој не би сакал него да му биде направено :D Не сакам да ви кажувам подробно пошто мислам дека со тоа во голема мера ќе ви го расипам филмот.
Во секој случај се работи за несекојдневен филм,многу опуштен,нешто што се гледа после напорен ден би рекол. Актерската екипа е одлична,Џон Малкович е феноменален актер,еден од оние што не се многу јавно експонирани но секогаш знаете декa филм со него не може да е промашување.
Топло ви го препорачувам
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Disturbia (2007)
Жанр- драма, трилер​

Што да кажам........Глупости невидени...
Идејата како идеја не е лоша, но мислам дека би можела многу подобро и поквалитетно да биде реализирана...Поточно - со подобро сценарио, понапнато, подобра актерска екипа и подобра сценографија...Немам пофални зборови за ниту еден аспект на филмот...
Станува збор за еден тинејџер којшто физички нападнал еден од неговите професори и заради тоа му е доделен куќен притвор. И немајќи што да прави по дома, од досада решава да ги набљудува соседите со двоглед, а неговиот другар му прави друштво. И така за кратко време откриваат дека нивниот сосед од спротива е психопат и сериски убиец...И тука започнува заплетот на настаните...
Од мене оцена 3/10.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Brothers (2009)







Жанр- драма, трилер

Младиот Сем кој е воено лице е регрутиран да оди на мисија во Авганистан. Дома ги остава својата сопруга Грејс и двете мали ќерки, а пред да замине неговиот брат Томи излегува од затвор заради кражба на банка што ја направил и се придружува на семејството...На мисијата во Авганистан нападнат е хеликоптерот во којшто е Сем со свои колеги...Хеликоптерот се урива и сите мислат дека екипажот се мртви, но Сем успева да се спаси заедно со својот пријател и колега, но се киднапирани од група терористи и заробени...
Сем е и официјално прогласен за мртов и неговите најблиски присуствуваат на миса во негова чест во капелата на една црква...Неговата жена со тек на времето започнува да се зближува со брат му Томи, кој цело време е со неа и со децата при тоа помагајќи им во домот...Децата се зближуваат многу со него...
Во една прилика Томи и Грејс се бакнуваат, но не спијат заедно...
За целото тоа време Сем трпи ѕверски измачувања од терористите во Авганистан и кулминацијата ќе дојде кога ќе биде со сила принуден на ѕверски начин да го убие својот пријател и колега и за возврат го пуштаат дома...
Тој се враќа дома видно ослабен, пропаднат и што е најтрагично психички пореметен заради сите доживеани трауми...Затворен во себе тој станува далечен и за соопствените деца...
-Дали ќе се нормализира неговата состојба?
-Како ќе се соочи со близината на неговиот брат со жена му?
-Дали ќе ги подобри односите со сите околу себе?
-И кој со кого ќе остане во случајов, дали ќе успее да ја врати хармоничноста во бракот и мирот во семејството?...

Овој филм некако ми е аналоген на оние филмови кои обработуваат тематики од Виетнам, па кога американските војници се враќаат дома се скрос психички пореметени и трауматизирани и при тоа не се способни за нормален живот при што најчесто се самоубиваат...Но тука не се случува самоубиство...
Филмов обработува една семејна приказна, која мене лично многу ме погоди...Има многу потресни моменти, но има и моменти кои мене лично ми се малку нереални и се плод на фантазија на сценаристот...Ми се допадна многу ликот на братот Томи, кој и покрај дебелото криминално досие во животот, започнува нормално да живее, при тоа имајќи разбирање за сите околу него...Се труди на секаков можен начин да ги исправи грешките од минатото и на површина испливуваат сите негови морални вредности...Многу нормален, реален и харизматичен лик...
Филмов од мене оцена 8/10...Ми се допадна...
И уште нешто - ме иритира тоа што Американциве започнаа и за Авганистан да снимаат филмови, како претходно за Виетнам...Дури имаат филмови и за нападот на кулите близначки...Некако ми е безвезе тоа -се прикажуваат како жртви, а всушност се тие што го пикаат носот секаде, а најтрагично е што гинат млади и недолжни војници кои биле регрутирани или во најмала рака се враќаат психички пореметени дома...
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18

Boy Wonder.
Филмот го гледав вчера.
Можам да кажам дека е еден многу добро осмислен филм, иако некои може да имаат забележителни критики во однос на актерската игра, што, јас мислам случајно (што на некои може така да им изгледа) или намерно Caleb Steinmeyer баш ја покрива улогата и се поклопува со психолошкиот портрет кој му е даден во филмот. Пофални зборови и за Мајкл Морисеј (режисерот), кој до душа и не го знаев, но како што реков доста добро осмислен филм.
Значи младиот Шон расте опседнат со бруталното убиство на својата мајка, кое се случува пред неговите очи во неговото најрано детство. Негова мисија е да го пронајде убиецот на својата мајка и да дојде до ''правдината'' и вистината.Неговиот социјален живот е многу тесен, преку ден е закован врз книга, и дел од денот вежба, преку ноќта постанува херој и ги убива по улиците оние насилниците, престапници. Тој истовремено расте и со недоверба во својот татко, бидејќи бил пијаница и ја малтретирал неговата мајка а и него. Тој расте со чувство дека и тој некако е замешан во убиството на својата мајка. Сето тоа се одразува на неговата психа, моралот, перцепцијата за она што е ''праведно''. А што е всушност праведно?
Во кратки црти тоа е суштината на филмот, го напишав во форма која ќе биде само поттик а не цел расказ за филмот, што и како ќе се случи (заради тие што не го гледале). Има многу други елементи. Чисто, препорака, погледнете го.
Оцена 7.5/10 (а може и 8, заради добрата замисла, мое видување) .
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Pride & Prejudice (2005)



19ти век, Англија. Среднокласното семејство Бенет во трка и желба за што поголем просперитет и повисок сталеж, се обидува да најде што е можно по материјално соодветни мажи за своите 2 највозрасни ќерки, Џејн и Елизабет. Идеална прилика се укажува на еден бал, каде почестени гости се г-дин Дарси и Чарлс Бингли. Џејн и Чарлс веднаш си фрлаат око, по што г-ѓа Бенет очекува дилот да се затвори и да ја даде својата највозрасна ќерка. Но, предрасудите со кои се среќаваме секојдневно и забранетите бракови поради 'различните' семејства, се случуваат и овде, во испреплетена и романтична режија на арогантниот и горд г-дин Дарси, спрема помалата Елизабет.

Ова е втор англиски кој ми го погодил вкусот, после Age of innocence. Не знам како до сега сум го пропуштал. Топла препорака.

8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom