Последен гледан филм со кратка рецензија

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.359
Поени од реакции
8.461
Icarus
Добра ниско буџетна акција со главна улога на Dolph Lundgren кој глуми како поранешен КГБ агент а работи како платен убиец и сето тоа е во ред се додека некој не го разоткрие и почне потера по него и неговото семејство .Приказната и акцијата е добра но многу ми сметаше што така мизерно е направен и со десет глумци се на се сака да се постигни некој поголем ефект многу е тешко па така од мене оценка само 5/10


ps.Фала за добриот филм требаше да го ставиш во предлог
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Modigliani

Многу кратка рецензија/препорака: Ако знаете дека Микеланџело не е само нинџа желка, филмот ќе ви се допадне. Ако знаете дека Пикасо не е само модел на Цитроен, ќе ви биде интересен. А ако знаете дека „иднината на уметноста е во лицето на жената“ ќе уживате во филмот во кој еден од моите омилени Кубанци, Енди Гарсија го портретира Амадео Модиљани, човек за кого не би сакал јас да ви зборувам, туку да си истражите самите т.е. да го гледате филмот.

И грев е да го оценувам.
 
I

Intex

Гостин
Kickboxer (1989) а.к.а. оној шо им ги скрши кичмите



Океј, на брат му му ја скршија кичмата, па он отиде и им ги скрши нив. Но, не е тоа битно, треба да се погледне од една друга страна филмов. Желба за одмазда, истрајност, борбеност. Трите фактори шо го направија главниот протагонист нексршлив и победник на крајот.

Оценка: 8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Alien Nation (1988)



Добро Sci-Fi филмче од 80-тите, читај нискобуџетно со доста акција и добар хумор. Да немаше вонземјани филмов ќе беше чиста акција од типот на Lethal Weapon... Приказната накратко е ваква: на земјава доаѓаат вонземјани кои по лик се слични на луѓето, она што во некои Sci-Fi филмови се нарекува „Хуманоиди.“ Живеат и работат заедно со луѓето, така да после смртта на неговиот партнер кој е убиен од вонземјани, детективот Сајкс добива за партнер вонземјанин. Сајкс не може да ги смисли вонземјаните... :)

Од тука натаму е акција, добрите момци ги бараат лошите момци, типично за 80-тите. Не е лошо филмче за да се види кога не сакате да се оптоварувате со некој тежок филм.

Дури и трејлерче ви ископав:


7/10
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318



Шведска продукција, добар хорор филм. Година дена го имам цд-то дома и тек сега се решив да го гледам, можам да кажам дека филмов се издвојува од новиве амерички порно-хорори, иако имаше некои досадни моменти, сепак солиден филм, со одлично сценарио и прекрасна музика. Токму звучните ефекти ми се допаднаа најмногу кај овој филм, во вистинската сцена, вистинскиот скери звук, одлично.
Имун сум на хорори, ретко може нешто да ме уплаши, али она посакувано чувство на језа е присутно во повеќето сцени.
Накратко околу приказната, ништо посебно, се работи за девојче кое е вампир и ќе најде ново другарче од соседството...

7.5/10
 
I

Intex

Гостин
The DaVinci Code (2006)



Филмов го иам гледано тогаш кога излезе, ама го гледав со друштво, не го гледав од почеток, и не го паметев баш добро. Вечерва пак го пуштив да го гледам, и го догледам пред минута-две. Иако сум верник, филмов е фантастичен. Место да ми ја сруши верата, кај мене имаше спротивен ефект, уште повеќе ми ја зацврсти. Крајот е ебено добро среден. Следниов цитат ми остави најдобар впечаток: „Зар не би можел да ги прави сите тие чуда дури и да бил човек? Зар човечкото не е божествено?“. Човекот сам по себе е божествен, човекот е правен по божји лик. Да не забегувам.
Глумата одлична, Том Хенкс одглуми перфектно, Сер Ијан исто. И оваа актерката не беше лоша, не и го знам името.

Оценка: 10/10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
How High




Сајлас и Џамал се двајца момци кои сакаат да направат нешто во животот, освен пушење трева. Решаваат да одат на факултет. Ќе пробаат една "магична" трева и ќе сфатат дека може да го поминат факултетот многу лесно ... Откако ќе одат на Харвард, таму ќе прават луди работи. Премногу добра комедија.

9/10
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
The Book of Eli




Интересен пост-апокалиптичен акционен филм со одлична глума на Дензел Вашингтон.Го гледав филмот синоќа и ми беше интересен и ми се допадна.
Во него се зборува за Илеј (Дензел Вашингтон) како осамен борец патува низ опустошената Америка за да ја сочува Библијата во која е опишен спасот на човештвото.Додека пак Керниџ ( Гери Олдман) од едно мало гратче кои си има свои лични планови за книгата сака да дојде до истата на сите можни начини...А во меѓувреме неговата посвоена ќерка Солара фасцинирана од погледите за светот и човештвото што и ги нуди Илеј сака да отиде заедно со него на запад како би била позаштитена и заедно со него би му помогнала да ја исполни неговата судбина и помошта што ја нуди за спас на човештвото...

Оценка: 8/10.
 
Член од
18 март 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Blue Velvet (1986)
(nemam slika) -inaku filmot go gledam po 5 pat i pak ke prodolzam da go gledam odvreme navreme.Inaku jas sum obozavatel na rabotata na David Lynch (inaku za tie sto ne znaat toj e reziser na filmov). Kratka recenzija ne davam,oti ako pocnam da pisam toa ke bidi dolga recenzija....No eve mnogu- mnogu kratka recenzija:Po naoganjeto na otseceno covecko covecko uvo,eden mlad covek(Kyle MacLachlan) naskoro svaka deka zlobno podzemje lezi vo negoviot idilicen mal grad.Nezaboravna uloga kako negativec na Dennis Hopper. :tv:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.091
Не го гледав ни "Moon",ни "A clock word orange" туку како за беља
Shutter Island (2010)

Зошто за беља ке објаснам подоцна.Прво приказната која обеќаваше на почетокот -затоа што ментална институција на остров каде што има избеган пациент ,двајцата пајкани кои доаѓаат да го решат случајот(а пајканите се Ди Каприо и Руфало) и да го додадам Бен Кингсли кој го толкува главниот психијатар во болницата кој не е пријателски насочен кон детектививе ...почеток на филм за кој сонував и во кое дејството на филмот може да прерасне во се
а не во една бледа копија која на крајот ме остави разочаран,Фајт Клаб,Шесто сетило се само дел од филмовите од каде се земени елементи но ако во фајт клаб и шесто сетило расплетот беше неочекуван и ме остави замислен,овдека сосема обратно како филмов да беше направен за пошироката проста маса па така многу глупаво беше објаснат расплетот кој траеше скоро 30 минути сосема спротивно на мастерписот од пред 4 години The Departed во кој во нецели 5 минути на перфектен начин се изнаслучија 300 работи.

И да можеби е до вкусот,гледам дека го делам мислењето со некои други а има и некои кои мислат дека вреди да се погледне два пати,затоа ако имате намера да го гледате ризикувајте можеби ке ви се допадне.

6.5 -максимум 7 од 10 само ради импресиите од Departed кои сеуште ми се останати.


edit-

Вечерва продолжив со Скорцезе ама со нешто постаро -
After Hours (1985)

Филмчево е вауу :) многу подобро од овај наднего...Иако на сред гледање испадна дека го имам гледано пред 2-3 год на тв 1000 сепак небеше досадно да го гледам уште еднаш. Се работи за најлошата ноќ на еден човек а колку може да биде лоша погледнете...Трилер-комедија која заслужено ми потроши 1 и пол од денов:)

8.5/10 :tv:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Shutter Island
9/10. Не дека сум воодушевена од филмов, ни па ми е еден од омилените, ама прилично ми се допадна, би го гледала пак. Не ми е јасно зошто го плукате, јес да Скорсезе може подобро, али боље вакви филмови да прават во Холивуд отколку да одат по трендот и да прават глупи комедии. Сосема добар трилер. Е сега го предвидов крајот, али тоа ми е професионална маана од читање многу крими романчиња :pipi: и не го прави филмот помалку добар. Чак што више знаев дека кога Леонардо ДиКаприо влезе во пештерата, втората реченица на докторот ќе му биде дека пушката е празна :vozbud:.

Juno
3/10. Не би го гледала пак. Дефинитивно не е ништо посебно. Прилично досаден филм. Не ми е јасна високата оценка на имдб, ниту пак номинациите за Оскар. Филмов има добиено Оскар за сценарио. Кое сценарио жити се, кога настаниве од се дешаваат прилично често во денешницава. За мене беше разочарување.
Приказната е за тинејџерка која забременува и решава да го даде детето на посвојување. Бре.


Cruel Intentions 2
Не е толку добар како првиот дел. Уствари, не е воопшто добар како првиот дел. Можеле да најдат поубави глумци мајкуму, ми се чини кецот ради Рајан Филипе го засакав, а овде глумецов гола вода. Женските исто.
Филмов на моменти ми немаше смисла, на моменти ептен сличен на првиот дел, а на моменти може да се помеша со порно. Како и да е, интересен беше и дефинитивно ќе го гледам и третиот дел, не ради нешто друго, туку ради крајот. Колку е расипана американскава младина - чудо едно. Инаку, се работа за полубрат и полусестра на едно богато семејство. Тој ќе се заљуби во една многу невина девојка, а полусестрава ќе го нервира през целиот филм. Али крајот вреди.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.091
Equilibrium (2002)



Sci fi акција која се случува во блиската иднина после 3тата светска војна,воведен е нов фашистички режим во кој сите чувства се забранети.Отпорот кој е во истребување е главен непријател на силите на режимот во кои еден од главните агенти е Џон Престон (Бејл).Заплетот ке почне кога тој ке престане да ги користи лековите против чувства и...

Покрај Christian Bale,глуми и Sean Bean,како и двоецот од Призн Брејк Dominic Purcell и William Fichtner.А да филмов има многу допирни точки со Ultraviolet (2006)
пошто се работи за истиот режисер и слободно можам да кажам дека е 1 класа погоре
7/10
 
I

Intex

Гостин
Legion (2010)



Оддамна немав гледано вакво некласично филмче. Некласично оти не можеш да кажеш кој е позитивец, а кој негативец. Главниот протагонист е архангел Михаил, а пак главниот антагонист е Господ.
Приказната: Господ губи верба во човештвото, и решава да го истреби. Михаил се откажува од неговите команди, и .....
Актерската екипа беше солидна. Пол Бетани почнува да ми станува еден од поомилените актери. Го имам забележано во 3-4 филмови и е одличен. Лукас Блек исто се држи на ниво во филмов. Другите не ги знам по име, ама и они беа добри, немам некои забелешки.

Оценка: 9/10
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Edge od darkness

Прекрасен филм и крајно возбудлив. Мел Гибсон уште еднаш фантастичен, овојпат одлично се снајде во улога на „Хорацио“. Во филмот се работи за еден осамен полицаец, кој има ќерка но речиси ништо не знае за нејзе и нејзиниот живот. После долго време му доаѓа во посета, како што вика да се одмори од секојдневните обврски. Ќеркаму ќе умре, мислам доволно е тоа да се каже, а поматаму цела истрага решава по свој тек да ја води Гибсон, при што наидува на ред шокантни работи. Ви ги раскажав накратко првите 10минути, останатите час и половина навистина ви препорачувам да ги погледнете!

8/10.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.091
3:10 to Yuma (2007)

Филмов ме изненади позитивно,затоа што имаше толку досаден старт што реков ке се испотам додека го догледам а трае 2 часа,но напротив веднаш по започнувањето на заплетот стана тоа што очекував од филмов со оглед на актерската екипа;Бејл и Кроу во свој елемент :).Иначе еден од подобрите вестерн филмови во поново време ако не и најдобриот во последниве години :). Сторијата-Ранчерот или каубоецот Еванс(Бејл) кој е во долгови ке се согласи да го чува и депортира штотуку заробенит познат криминалец Вејд(Кроу)...

И кога заврши филмот го имав она чувство дека сум гледал добар филм :) а не залудно потрошени 2 часа.

8.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom