Последен гледан филм со кратка рецензија

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
If Only е интересна љубовна приказна. Колку е важна нашата сегашност и она сто мора да се деси ке се деси по секоја цена!
Погледнете го...

 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
The Number 23



Супер филмче, со Џим Кери во главната улога. Го гледав само заради него, и не ме разочара. Џим Кери во филмот инаку Спароу е ловец на кучиња бездомници. Неговата жена за неговиот роденден му подарува книга наслвена The Number 23, почнува да ја чита и станува опседнат со неа. Ако почнувам да пишувам понатамаму ќе биде спојлер, а несакам да пишувам спојлери.
Одличен психолошки трилер, неизвесен до самиот крај.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.444
Поени од реакции
6.120
The Lovely Bones (2009)

5 мин се мислам како да почнам да го опишам филмов но неоди...Затоа што претставува мешавина од фантазија со многу мрачен крими/драма елемент па оттука има многу послаба оценка од која што јас мислам треба да ја има.Питер Џексон на свој начин(колку на свој баш незнам затоа што не го имам читано романот според кој е направен филмов) го има опишано пределот во кој се наоѓа девојчето (измеѓу рајот и земјата) по неговото убиство...Е сега лоши критики има затоа што и јас мислам дека малце има претерано со прекрасното место меѓу земјата и рајот,фантастични бои и она мрачното што се случува на земјата,во куќата на убиецот итнт. Глумата солидна од Saoirse Ronan која го толкува 14 годишното девојче ,а добро (барем според мене)се одбрани лицата кои ги толкуваат нејзините родители -Волберг и Вајз.

Филмот на свој тажен(сентиментален ) начин допре до мене и затоа една 8ка од мене.

Awake (2007)

Слабо стојам со медицинава ама филмчево е многу добро :),затоа што е крими-медицински трилер (ако може така да се каже).
Сторијата -Секоја година во 700 операции под анестезија се случува еден случај да биде пациентот свесен што му се случува,да осеќа болка како и да слуша се што се зборува околу него но неможе никако да реагира(мајке ми корисна информацијава :)) .Е сега главното- ликот кој го толкува момаков од Војна на Ѕвездите(Hayden Christensen) е мулти билионер кој е вљубен во секретарката на неговата мајка (Џесика Алба е секретарицата wauuuw :vozbud:),но има слабо срце и мора во итно време да направи трансплатација на срце...за тоа што се дешава следно ке мора да погледнете:)

7.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.444
Поени од реакции
6.120
Seven Pounds (2008)

Не сум љубител на вакви филмови а сепак решив да го гледам пошто многумина ја пофалија глумата на Вил Смит како најдобра досега и во право сте...Дејството се случува бавно како за класична драма па ако имате слободни 2 часа и сакате да гледате трогателна сторија за еден човек кој сака да ги промени животите на 7 непознаници слободно гледајтего (ма да најверојатно 90 % од вас веќе го имате гледано).

7/10
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Alice in Wonderland (2010)



После долго време повторно изгледав филм на кино. Ко мал секој ден на кино одев (на гаге ме пуштаја), ама го затворија киното, и можи 7 години немав на кино појдено. Денеска бев РАМСТОР и го изгледав филмов.
*Сите ја знајме приказната за Алиса, али овде малку е изменета. И според мене супер е тоа, оти да гледаме само копија на старата приказна нема да биди интересно, вака си викам покеф е.<-- мое мислење
*Како е сето направено ептен ме бендиса, стварно јаки ефекти има, и суштествата и целио свет (Земјата на Чудата) е совршено напраен.
*Џони Деп (најдобрио актер дефинитивно, негов фан доживотно че бидам, и мојо омилен актер) беше и во овај филм извонреден, а ме бендиса и Хелена Бохам Картер(Ептен интересно ми глуми, и во други филмови).
отценка: 7,3/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Денес го гледав филмчево,не е лошо ,но не ме здрма да се изразам така.Филмов е сниман според вистинита приказна.
Приказната се врти околу судењето на свештеникот кој го извршил егзорцизмот и кој е обвинет за убиство над Емили.Според мене утката е направен што премногу внимание филмот посветува на дејството во судницата наместо врз Емили и нејзината состојба,токму тој дел е интересен за гледање.Девојката добро си го одглуми својот дел,и морам да си ја пофалам и Лора Лини,досега не ме разочрала со глумата.
Онака колку само за споредба еве видено со слики од вистинската Емили Роуз.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
From Paris with Love (2010)

Акционен филм со John Travolta. Кој милува да гледа ситуации во кои тип со две пушки во рацете ги разнесува сите околу него и при тоа останува неповреден, ова е филмот за Вас. Тајни мисии, тероризам и дрога се само дел од филмот.

Оценка: 5/10

 
Г

Грејвдигер

Гостин
"Let the right one in" (орг. Låt den rätte komma in) (2008)




Сурова, а истовремено и романтична приказна сместена во Блекеберг, предградие на Стокхолм, 1982. година. Станува збор за дванаесет годишно момче Оскар кое го малтретират у школо и кое сонува за одмазда. Еден ден ја запознава Ели, необично девојче на негови години која е полна со контрадикции. Изгледа запустено и мршаво, а и е многу убава и Оскар се заљубува во неа. Но, Ели не е како другите луѓе; не поднесува сонце, ниту храна, и за да влезе во некоја просторија мора да биде повикана. Ели му дава снага на Оскар за да се освети, но кога сфаќа дека Ели мора да пие човечка крв за да преживее, соочен е со одлуката.


Жанр: Хорор, Драма.
Времетраење: 115'
Земја: Шведска
Година: 2008
Веб: [ IMDB ] [ ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ ]
 
M

Mario Gómez

Гостин


"Хорор филм" каде петторица студенти ќе појдат на "пуст остров " да се забавуваат, но наскоро ќе сфатат дека не се сами и дека има кучиња, кои предходно биле тренирани и генетски модифицирани за потребите на војската.

:)

 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Armored

Акција , станува збор за чувари на блиндирани возила кои транспортираат пари и паѓаат во искушение за 42 милиони долари . Али еден од нив нема да се согласи со тој план ..

Оцена : 6/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Illusionist


Едвард Нортон-каде го има него нема утка со филмот.Човекот не само што е талентиран актер туку знае и да одбере квалитетен филм и сценарио во кое би учествувал.Веројатно повеќето го имате гледано филмов досега,ептен накратко за оние кои не го гледале...Две деца од различни социјални структури се заљубуваат едно во друго но ги одделуваат од мали.Момчето станува магионичар и се враќа по 15 години кога девојката веќе е пред венчавка со принцот.

7/10
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Secondhand lions




Волтер ќе мора да го помине летото со неговите двајца луди вујковци. Нивната куќа среде пустините во Тексас ќе биде последното место во кое што Волтер би сакал да биде. Со тек на време толку ќе ги засака што нема да може да се одели од нив. Неговите вујковци кријат милиони долари кои ги имаат од младоста, и никој незнае од каде им се. Се претпоставува дека ги украле и поради тоа често ќе имаат проблеми.

Филмов е еден од најдобрите филмови што ги имам гледано, нема да ви откривам повеќе за да ви биде интересен. Ако го немате гледано филмов, без размислување симнете го и изгледајте го, нема да зажалите.

Чиста 10/10 од мене.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
From Paris with Love (2010)

Акционен филм со John Travolta. Кој милува да гледа ситуации во кои тип со две пушки во рацете ги разнесува сите околу него и при тоа останува неповреден, ова е филмот за Вас. Тајни мисии, тероризам и дрога се само дел од филмот.

Оценка: 5/10

Типче, не е се до акцијата во овој филм туку во хуморот кој треба да го видиш и да го сватиш?
Точно е тоа дека Џони со Една Волта им ја скрши кичмата на сите и дека филмот е во стилот на Џеки Чан ама сепак вреди да се погледне?
Кога ќе дојде филмот на 29:35 минути се одвива следниот дијалог, James Reece го прашува на Charlie Wax:
How many more are there?
А Charlie Wax ќе му одговори:
Approximately one billion.
:pos::pos::pos::pos:

На овој филм му ја посветувам и следната песна:

 
Член од
4 јули 2009
Мислења
46
Поени од реакции
2
Денес го гледав филмчево,не е лошо ,но не ме здрма да се изразам така.Филмов е сниман според вистинита приказна.
Приказната се врти околу судењето на свештеникот кој го извршил егзорцизмот и кој е обвинет за убиство над Емили.Според мене утката е направен што премногу внимание филмот посветува на дејството во судницата наместо врз Емили и нејзината состојба,токму тој дел е интересен за гледање.Девојката добро си го одглуми својот дел,и морам да си ја пофалам и Лора Лини,досега не ме разочрала со глумата.
Онака колку само за споредба еве видено со слики од вистинската Емили Роуз.



Aууу филмот е закон, го имам гледано по одамна, филмот е закон, доколку сакас вакви филмови би ти препорацал да го гледас STIGMATA или Exorcism:Tne possesion of Gail Bowers. Филмчињата се доста супер

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Aууу филмот е закон, го имам гледано по одамна, филмот е закон, доколку сакас вакви филмови би ти препорацал да го гледас STIGMATA или Exorcism:Tne possesion of Gail Bowers. Филмчињата се доста супер

Фала за препораката:smir:
Стигмата го имам гледано 3-4 пати веќе:tv:ама овој другиов прв пат го слушам,одма ќе проверам трејлер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom