Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Zdravo

Sakam da prasam koja mu e optimalnata rabotna temperatura na AMD Black Edition - AMD Phenom II X4 3.2 GHz procesor ...

Znaci kaj mene da go priklucam Pc i da stoi taka bez niedna Priklucena Programa temperaturata mu e okulu 58 - 59 Stepeni, dali e normalno ili treba da smenam kuler na Procesor ?

A da gi opteretam 50% site 4 jadra na procesorot za 3-4 min kreva i do 75 Stepeni .... mozebi ke kreni i povejke ali ne sakav da eksperimentiram :S

Ve Molam da mi dade nekoj sovet ! :)

Blagodaram
Високи се температурите, или не ти е наместен убаво хитсинкот врз процесорот или немаш ставено паста или ти треба подобар кулер.
Макс темп за тој процесор е 62 степена, еве ти инфо: http://products.amd.com/en-gb/DesktopCPUDetail.aspx?id=532
 

@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153
Кога е компјутеров исклучен се слуша зуење кај напојувањето,инаку кога е уклучен си работи без проблем.Ако можи некој да ми кажи од шо можи да е зуењето и дали можи да дојди до посериозен проблем.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
Дечки имам едно прашање се надевам дека ќе ми помогнете. Дали можам да комбинирам IDE и SATA хард дискови на еден компјутер? Прилично сум сигурен дека може но не знам како, а не ми се дава пари по некои сервиси. Двата имаат различни конектори.






Доколку постои начин би ценел објаснување како да изведе тоа (кабли, конектори, master-slave, BIOS...). Поздрав :)

Да се дообјаснам...имам компјутер со SATA хард диск и сакам да додам IDE хард диск.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.229
Поени од реакции
14.570
каков ХД имаш моментално?

Мислам дека треба матичната да ти подржува САТА и ИДЕ.
Ако ти е од старите само со ИДЕ мислам дека неможеш ама не сум 100% сигурен...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Дечки имам едно прашање се надевам дека ќе ми помогнете. Дали можам да комбинирам IDE и SATA хард дискови на еден компјутер? Прилично сум сигурен дека може но не знам како, а не ми се дава пари по некои сервиси. Двата имаат различни конектори.

Доколку постои начин би ценел објаснување како да изведе тоа (кабли, конектори, master-slave, BIOS...). Поздрав :)

Да се дообјаснам...имам компјутер со SATA хард диск и сакам да додам IDE хард диск.
Треба да купиш IDE2SATA контролер, но најпрво нормално провери дали плочата покрај SATA има и IDE контролер.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Треба да купиш IDE2SATA контролер, но најпрво нормално провери дали плочата покрај SATA има и IDE контролер.
Дечкото вика дека веќе користи SATA диск и дека сака да додаде IDE. Секоја плоча што има SATA портови сигурно има и IDE порт, така да не ти требаат ни контролери ни адаптери ни бутур. Само еден IDE кабел и толку. А бидејќи SATA врската работи различно од IDE врска, и планираш да вметнеш само 1 IDE хард диск, тогаш немора да се замараш со сетирање на primary/secondary или master/slave опции.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
Бидна дечки се позанимавав малку денес. Благодарам за одговорите. Инаку доколку некој сака да го направи истото, т.е. да додаде IDE хард диск во компјутер со SATA диск решението е многу едноставно. Само поврзете го IDE конекторот доколку го имате (за среќа јас имав 3 - флопи, оптички драјв и еден слободен пошто SATA не оди преку IDE конектор, најнормално) со хард дискот и секако напојување и тоа е тоа :)
 
?

..........

Гостин
Имам два ХДД поврзани на матичната плоча и двата ги користам, двата се со по две партиции, првиот е примарен со оперативниот систем и инсталирани програми, вториот го користам само за повеке меморија, значи не инсталирам ништо на него. Денеска инсталирав оперативен систем windows7 и на вториот, потоа го избришав и го форматирав, сега кога го престартувам компјутерот сеуште ми стои опцијата да одберам кој оперативен систем сакам да го користам, иако вториот веке не постои, како да го отстранам тоа?
 
Член од
28 февруари 2009
Мислења
95
Поени од реакции
0
Здраво
Вака. Имам видоус хп professional, дуал кор процесор 2.50 гхерц 3 гига рам... Компјутерот ми е тазе форматиран(пред 4-5 дена) нема вируси и сл. Проблемот е што на моменти ми кочи т.е на месенџер,опера, ми мава нот риспондинг, на стартап ми е ненормално споро,премн споро отвара ест, јаху виџет,анлокер..музика додека слушам ми свири како усопрена снимка, и сто и кога ке пуштам филм на почетокот е успорена снимка,сецка на некој начин. Отворив кукиштето,проверив кулер,подмачкав средив и добар е. ПРоцесорот е ок, кукиштето нема прашина добро е. ПРобав реинсталирав драјвер за звучна пак исто, ми спомнаа директ иск да реинстал напраив и тоа,ПАК КОЧИ. Скенирав вируси со малварбајтс,нод,спајбот..ништо нема :/. Ај ако има некој решение за чудово зашо ке го фрлам низ прозор. ДАнкешен унапред :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Дечкото вика дека веќе користи SATA диск и дека сака да додаде IDE. Секоја плоча што има SATA портови сигурно има и IDE порт, така да не ти требаат ни контролери ни адаптери ни бутур. Само еден IDE кабел и толку. А бидејќи SATA врската работи различно од IDE врска, и планираш да вметнеш само 1 IDE хард диск, тогаш немора да се замараш со сетирање на primary/secondary или master/slave опции.
За несреќа постојат и плочи без ID, но за среќа веројатноста некој да има таква е мала :) Инаку останатото при миксањето на дискови е како што велиш навистина едноставно, и освен можеби ако треба да подеси кој е бутабилен диск (а веројатно ќе остане SATA дискот) друго нема што да предизвика проблеми.

Едит: Опс ... веќе било решено и напишано ...

--- надополнето ---

Имам два ХДД поврзани на матичната плоча и двата ги користам, двата се со по две партиции, првиот е примарен со оперативниот систем и инсталирани програми, вториот го користам само за повеке меморија, значи не инсталирам ништо на него. Денеска инсталирав оперативен систем windows7 и на вториот, потоа го избришав и го форматирав, сега кога го престартувам компјутерот сеуште ми стои опцијата да одберам кој оперативен систем сакам да го користам, иако вториот веке не постои, како да го отстранам тоа?
Отвори MSConfig (Start > во полето за текст внеси msconfig.exe и ентер), па во јазичето boot.ini отстрани ја верзијата која веќе не постои.
 
?

..........

Гостин
За несреќа постојат и плочи без ID, но за среќа веројатноста некој да има таква е мала :) Инаку останатото при миксањето на дискови е како што велиш навистина едноставно, и освен можеби ако треба да подеси кој е бутабилен диск (а веројатно ќе остане SATA дискот) друго нема што да предизвика проблеми.

Едит: Опс ... веќе било решено и напишано ...

--- надополнето ---



Отвори MSConfig (Start > во полето за текст внеси msconfig.exe и ентер), па во јазичето boot.ini отстрани ја верзијата која веќе не постои.
Ок, благодарам многу, се снајдов..
 
Член од
11 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
1
17" 4:3 LCD погоден за два монитори одеднаш

Значи ми требаат два 17" (1280x1024) LCD монитори да ги користам еден покрај друг. Пошо ретки се 4:3 мониторите кај нас, дали знаете каде можам да најдам некој монитор што ќе е до 6500 денари и да има и DVI i VGA влез, (имам само една графичка). Во рема има добар самсунг за оваа намена, ама тие продаваат само преку дилери, па ако се најде некој дилер уште поубаво.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ај набрзина ако знае некој да напише како се чисти глава на принтер- XEROX PHASER 3100 MFP преку компјутер, не рачно :).
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Здраво
Вака. Имам видоус хп professional, дуал кор процесор 2.50 гхерц 3 гига рам... Компјутерот ми е тазе форматиран(пред 4-5 дена) нема вируси и сл. Проблемот е што на моменти ми кочи т.е на месенџер,опера, ми мава нот риспондинг, на стартап ми е ненормално споро,премн споро отвара ест, јаху виџет,анлокер..музика додека слушам ми свири како усопрена снимка, и сто и кога ке пуштам филм на почетокот е успорена снимка,сецка на некој начин. Отворив кукиштето,проверив кулер,подмачкав средив и добар е. ПРоцесорот е ок, кукиштето нема прашина добро е. ПРобав реинсталирав драјвер за звучна пак исто, ми спомнаа директ иск да реинстал напраив и тоа,ПАК КОЧИ. Скенирав вируси со малварбајтс,нод,спајбот..ништо нема :/. Ај ако има некој решение за чудово зашо ке го фрлам низ прозор. ДАнкешен унапред :)
Премногу е општо објаснето ова. Сепак ќе ти кажам да провериш температури со Everest, да дефрагментираш хард диск и да го баталиш ХР.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Здраво. Само што земав волан за возење, steering wheel. GEMBIRD STR-ShockForce. Е сега работата е што не ми го пропознава воопшто. Кога го ставам вика дека драјверот не е препознаен, инсталирав драјвер, пак е исто. Се јавив, и ми рекоа дека треба некој што се разбира да го конфигурира. Нешто требало да се влегува во BIOS-от, па да се подесни, за да почне да го препознава воланот. А сигурен сум дека не е расипан бидејќи кога го ставам USB-то, светка една зелена сијаличка и потоа се гаси. Некој да не знае што е проблемов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom