Помош, проблеми, прашања, совети...

Дискусија во форумот 'Хардвер' започната од StenmarC, 20 јуни 2005.

  1. StenmarC

    StenmarC Скијач

    Член од:
    24 март 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    44
    Искрено не сум упатен до толку во тој поглед, но според спецификациите повторно би ти препорачал АМД 64.
    Ќе го чекаме Хуманоид да постира, пошто он кажуваше дека интелот биле боље во мултитаскинг и работа со поголеми програми, а воедно и он со тоа се бави (графика) ... може да ти помогне
     
  2. Princ

    Princ Гостин

    vazi. fala :)
     
  3. humanoid

    humanoid

    Член од:
    23 февруари 2005
    Мислења:
    2.681
    Допаѓања:
    42
    Re: Прашања, предлози, совети, проблеми...

    Ако си на мисла дали Pentium или Аthlon, за графички дизајн ти препорачувам Pentium. Ако имаш пари на располагање, тогаш Mac ти е роден за дизајн.

    Атлонот ти е брз ако работиш со една апликација, на пример Фотошоп. Ама ако отвориш уште еден програм како Илустратор или Корел, Фрихенд...И ако ти се активни два или повеќе вакви програми и во исто време рендаат, тогаш атлонот ќе почне да гребе, нема да можеш да се префрлуваш од програм во програм, прозорите ќе се спуштаат полека...Пенитиумот е поспор, но добро се снаоѓа со програмите за дизајн. Многу ретко доаѓа до блокирање или успорување при мултитаскингот.

    Mac приказна за себе, сум немал искуство до сега да се сруши или закочи, нити пак сум слушнал некој од колегите и познаниците да каже дека закочил или има проблем со мултитаскинг.

    Не знам какви се цените во Македонија во моментот, но мислам дека за отприлика 2000 евра можеш да земеш супер компјутер.

    Ако ти требаат детални информации за тип на графична картица и слични работи, слободно прашај. Ти препорачувам Радеон, вистина дека грејат повеќе од Џифорсот, но подобри се за работа со дизајн програмите.
     
  4. igla

    igla

    Член од:
    5 февруари 2005
    Мислења:
    109
    Допаѓања:
    44
    Moze malku pomosh?
     
  5. StenmarC

    StenmarC Скијач

    Член од:
    24 март 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    44
    Ke se obideme da pomogneme dokolku ni kazes sto te machi :D
     
  6. Mad Maxx

    Mad Maxx SSG3000

    Член од:
    4 мај 2005
    Мислења:
    1.358
    Допаѓања:
    61
    Имам AMD Athlon 1.66 GHz,512 RAM,40 Giga hard,FX 5500-128 Mb, Sony CD-RW i DVD-Rom,CTX 17" monitor.
    Може некој да ми каже која е реалната продажна цена на оваа конфигурација?
     
  7. oxygenne

    oxygenne

    Член од:
    10 јуни 2005
    Мислења:
    404
    Допаѓања:
    138
    Cena

    Негде од 250-300 евра да земеш на коњ си :lol:
     
  8. vmx

    vmx

    Член од:
    25 април 2005
    Мислења:
    5.749
    Допаѓања:
    200
    Вака иам проблем со маусот... Logitech optical mouse, ми го дадоа со конфигурацијата, ама маусов се буни на моменти, пример шетам по екранот со маусот и ќе почне да се буни ќе оди пример доле, а ја горе одам или ќе шета сам по екранот и ќе се стабилизира, што може да му биде... ЧАРЕ :?:
     
  9. Мистичен

    Мистичен Човек

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    14.056
    Допаѓања:
    885
    Хехе, може да му е на компјутерот, не на маусот - вирусче некое.

    Инаку, обично се случува и доколку во позадина имаш оставено уклучено некоја игра, тогаш не е за паника.
     
  10. vmx

    vmx

    Член од:
    25 април 2005
    Мислења:
    5.749
    Допаѓања:
    200
    Хм... пробав и со маус со топче... супер тераше тој со топчето... овој оптичкиов заебава... :lol:
     
  11. humanoid

    humanoid

    Член од:
    23 февруари 2005
    Мислења:
    2.681
    Допаѓања:
    42
    Чаре, стави му бела мазна подлога и се ќе биде во ред.

    Ако имаш windows XP, оди во control panel, кликни на mouse, потоа отвори ја табелата hardware, под devices ти го пишува маусот, кликни двапати и ќе ти се отвори нов прозор, оди на advanced settings и кај sample rate стави на 200 reports/ second.
     
  12. vmx

    vmx

    Член од:
    25 април 2005
    Мислења:
    5.749
    Допаѓања:
    200
    humanoid а мора ли бела подлога? Баш ми е убав маус падот... со LG мониторче на него хихи, а инаку средив во Control Panel -> Mouse во Hardware -> Properties -> Advanced Settings и го стаив на 200 reports/second... и ми побара рестарт стегнав рестарт, пак исто тера, се буни...
     
  13. humanoid

    humanoid

    Член од:
    23 февруари 2005
    Мислења:
    2.681
    Допаѓања:
    42
    Некои глувчиња бараат бела подлога, затоа ти велам да пробаш vodkamixx. За почеток стави еден бел лист и види како ќе се однесува глувчето. Јас имам LG и HP мауси, и двата се бунеа од време на време, па им ставив бела подлога и сега работата перфектно.
    Ако и тоа не помага, тогаш врати им го глувчето и барај ново или пак побарај некои драјвери ако воопшто постојат.
     
  14. Буковец

    Буковец www.KETERING.com.mk

    Член од:
    3 јули 2005
    Мислења:
    1.089
    Допаѓања:
    15
    Го поставив прашањево и во интернет подфорумот ама и овде да прашам пошто гледам ПОМОШ!!!
    Не се разбирам многу околу поврзување на комјутери и слично а имам таков проблем.
    На едниот компјутер имам модем со АДСЛ конекција и си одам нормално на интернет.Овој компјутер ми е поврзан со друг компјутер со ЛАН кабел кој на крајот има рутер. Е сега на гостинскиот компјутер(така да го наречеме) ми го покажува главниот компјутер во мај нетворк плејсис, ама не можам да влезам во него, иако сите забрани и фајрвол(барем јас така мислам) се укинати.На компјутерот без моедем немам мрежна картица, можно ли е поради тоа да не можам да се поврзам на интернет преку овој компјутер?И на крај да прашам ако тоа со картицата не е проблем, како да ги подесам сите сетингс (од почеток) околу поврзувањето.Фала ви однапред.Заборавив да пишам дека и двата компјутери корстат ХР видоуз
     
  15. HGD

    HGD

    Член од:
    16 септември 2005
    Мислења:
    315
    Допаѓања:
    14
    Ajde da vidime dali mene nekoj ke mi pomogne so mojata maka....
    Sakam da rezam CD-a no da bidat Limitirani ili Zastiteni.....

    Na primer da rezam software koj ke moze da se Instalira samo 3 pati i posle ....neka go frla CD-to
    i
    da rezam Audio , MP3 ,Video CD i ostalo no da bide 10000% protectirano.....da ne moze voopsto da se kopira.....
    Daj ako nekoj znae...neka kaze ime od programceto....bidejki...mora da ima vakvo sranje :twisted: :twisted: :twisted:
     

Сподели преку: