Значи вака...
Имап проблем со зуење, на звучници, слушалки, што ли уште не. Порано одвреме навреме знаеа да зујат звучнициве или слушалкиве, но тоа траеше за момент, па си се враќаше во нормала. Е сега, од пред некое време, почна да доаѓа зуење и од напојувањето, дури и кога е исклучено (а кабелот е приклучен во струја, нормално). Сега, покрај постојаното зуење што доаѓа од напојувањето, и звучниците/слушалките постојано зујат. Пробав да ги приклучам и во портите напред на куќиштето, и таму е исто. Препорака за решавање на проблемот?
Да напоменам, јачината на зуењето варира одвреме-навреме, како на зуењето кај напојувањето, така и кај зуењето на звучниците/слушалките.