- Член од
- 11 мај 2014
- Мислења
- 1.020
- Поени од реакции
- 575
гуВака јас не знам речиси ништо од програмирањето,апсолутен почетник ако може така да се каже.Некој искусен програмер да ми посочи како да започнам, со кој јазик и каде да најдам соодветна литература? Фала ви многу многу.
Чекај чекај, HTML и CSS немаат ама баш никаква врска со програмирање. Од нив нема да научи ни логика за програмирање, ни функции ни ништо. Има причина зошто сите почнуваат со C или C++, затоа што овие се најосновните програмски јазици. Ако не може да се мотивира, тогаш тоа е негов проблем.[DOUBLEPOST=1437089253][/DOUBLEPOST]гу
Почни со нешто што ќе те држи цело време мотивиран. Обично луѓето почнуваат со C или C++, ама тие се досадни и непродуктивни за почетници скроз. После цел месец целодневно тупење ќе завршиш со програма која пресметува едноставни аритметички операции. Веројатно и ќе се откажеш после недела-две.
Ја би ти рекол да почнеш со некој скриптирачки јазик, на пример HTML и CSS. Да се разбереме, ова не е класично програмирање, ама ќе можеш да си скоцкаш твоја веб страна за многу брзо време. Резултатите од тоа што го пишуваш се лесно видливи и лесно можеш да се пофалиш пред другарите
Еве ти супер туторијал за почетници од некои 40тина видеа.
https://www.thenewboston.com/videos.php?cat=40
Имаш тука на овој линк и туторијали за сите попознати програмски јазици и софтверски пакети, најмногу од нив ги објаснува Bucky кој е супер лик и ептен ќе ти биде забавно
Мој предлог е да го земеш класичниот пат, започни со C за да научиш основно процедурално програмирање, па премини на C++ за објектно ориентирано. Јас би ти ја препорачал книгата "C Programming: A Modern Approach" како одличен увод во C. Не мора цела книга, доста е до 15-16 поглавје за да имаш основни познавања од програмирање. Потоа си спремен да преминеш на C++.Вака јас не знам речиси ништо од програмирањето,апсолутен почетник ако може така да се каже.Некој искусен програмер да ми посочи како да започнам, со кој јазик и каде да најдам соодветна литература? Фала ви многу многу.
C Programming: A Modern Approach ја има онлајн бесплатно?Пошто не ја најдов во бесплатна верзија.Чекај чекај, HTML и CSS немаат ама баш никаква врска со програмирање. Од нив нема да научи ни логика за програмирање, ни функции ни ништо. Има причина зошто сите почнуваат со C или C++, затоа што овие се најосновните програмски јазици. Ако не може да се мотивира, тогаш тоа е негов проблем.[DOUBLEPOST=1437089253][/DOUBLEPOST]
Мој предлог е да го земеш класичниот пат, започни со C за да научиш основно процедурално програмирање, па премини на C++ за објектно ориентирано. Јас би ти ја препорачал книгата "C Programming: A Modern Approach" како одличен увод во C. Не мора цела книга, доста е до 15-16 поглавје за да имаш основни познавања од програмирање. Потоа си спремен да преминеш на C++.
Доколку сакаш да пробаш малку понестандарден пат, тогаш започни со Python. Синтаксата на Python е многу поедноставна од онаа на C, така да помалку ќе се замараш со формалности и повеќе со вистинско програмиње. На крајот на краиштата, не е толку битен јазикот се додека е прогармски јазик (да се разбереме, HTML и CSS не се програмски јазици), битно е да ја научиш логиката и начинот на размислување за програмирање. После ќе ти биде лесно да научиш било каков програмски јазик.
Хахахах не ми се верува да ја има легално бесплатно, ама пред 5-6 години кога јас почнував со програмирање најдов електронска верзија.C Programming: A Modern Approach ја има онлајн бесплатно?Пошто не ја најдов во бесплатна верзија.
Знам оти не се, затоа и пишав скриптирачки јазици. Реално сам да седнеш од нигде никаде и да научиш C или C++ е реално тешко. Ќе совладаш основни програмерски принципи, услови, јамки, редослед на извршување на операции, синтакса на на кој јазик и готово. Посложени концепти особено од поглед на ООП никогаш нема сам да совладаш ко што треба.Чекај чекај, HTML и CSS немаат ама баш никаква врска со програмирање. Од нив нема да научи ни логика за програмирање, ни функции ни ништо. Има причина зошто сите почнуваат со C или C++, затоа што овие се најосновните програмски јазици. Ако не може да се мотивира, тогаш тоа е негов проблем.[DOUBLEPOST=1437089253][/DOUBLEPOST]
Точно е дека нема сам да научи да пишува добар код, но истото важи и за CSS и HTML. Дури и мислам дека е многу полесно да се напише лош код во HTML отколку во повеќето програмски јазици.Знам оти не се, затоа и пишав скриптирачки јазици. Реално сам да седнеш од нигде никаде и да научиш C или C++ е реално тешко. Ќе совладаш основни програмерски принципи, услови, јамки, редослед на извршување на операции, синтакса на на кој јазик и готово. Посложени концепти особено од поглед на ООП никогаш нема сам да совладаш ко што треба.
Имам колега на работа што е самоук програмер (ПХП работиме инаку) и пишува програми што фунцкионираат стварно, кога ги гледа одговорниот се е таман, се се извршува ко што барал, ама кога ќе земам да го видам кодот што го пишувал, ако треба да сменам нешто или реупотребам не знам дали да се смеам или да плачам. Ужасен код пишува, неструктуриран, неорганизиран, нафрлани 300 глупости, фунцкии и променливи во еден фајл кој и тој после 2-3 недели не знае што прави.
Во клиент-сервер апликации серверот нема копчиња за кликање.i da receme deka vo server imame kopce so ime button2.
Во клиент-сервер апликации серверот нема копчиња за кликање.
Може со push notifications, за C# се користи SignalR