Луѓе помагајте со
AJAX-ов , се утепав од барање неколку дена ништо не најдов по општо, во слајдовиве има само една задача и тоа никаква е... значи ми треба да превземам инфо од некоја страна и најнормално да внесам во eden <div>, како да пратам и како да ги добијам атрибутите од JSON ...како на пример овие
(испитни задачи)
Листата од податоци за
упатствата се превзема од youtube сервис:
http://gdata.youtube.com/feeds/api/playlists/PLAE85DE8440AA6B83?v=2&alt=json
Добиената листа треба да се прикаже во табела каде за секој запис (упатство) ќе
се прикажуваат податоци за: насловот, слика од видеото, број на корисници на кои
им се допаѓа упатството (likes), датум на објавување и оценка (rating). Наведените
податоци се добиваат од следниве атрибути од JSON-објектот: title.$t, link[1].href,
yt$rating.numLikes, gd$rating.average и published.$t.
Кога со покажувачот од глувчето ќе се помине врз некоја од ќелиите каде е
прикажана оценката за видеото, треба да се прикаже „tooltip“ со содржина број на
оценувачи (raters) и соодветен атрибут од JSON-објектот gd$rating.numRaters.
Треба да се обезбеди можност за бришење на кој било запис од листата, како и
сортирање според секој од податоците што се прикажува.
ИЛИ НЕКОЈ
Да се изработи веб страница за прикажување на податоци за филмови. Во листа на
веб страницата се сместени имињата на филмовите. Над листата за фимови, треба да
има копче (Add new movie) за додавање на филмови листата. При клик на копчето,
треба да се појави дијалог во кој треба да се внесе само насловот на филмот.
При клик на филм од листата за тој филм треба да се преземат деталите од сервисот
OmdbAPI:
http://omdbapi.com/?t=ОВДЕ_ИМЕ_НА_ФИЛМОТ
Сервисот враќа JSON кој содржи повеќе детали за филмот, а од нив треба да се
прикажат следните податоци: наслов (Title), id на IMDB (imdbID), режисер (Director),
глумци (Actors), рејтинг (imdbRating) и постер од филмот (Poster). Овие податоци
треба да се прикажат под листата со филмови.