- Член од
- 19 февруари 2023
- Мислења
- 3.285
- Поени од реакции
- 6.611
Дали сте бре вие нормални, модератори @Zlatikevichius
Не, извини.Можеш да ми ги пратиш сликите?
Алоооо малоумнику како може да гледаш слики од мртви луѓе како лежат пеплосани.Можеш да ми ги пратиш сликите?
...кажи им го тоа на министерот за здравство и екс Филипче и моменталниов Таравари, за таков центар да се одржи треба средства, а богами и обучен кадар, ама ништо да објаснат зошто се праќаат пациентите, биле тешко болни, биле со над 30% телесни изгореници што бара стерилни услови на лечење.Ние сме единствната земја што нема центар за изгореници на Балканот ако прочитав денеска добро.
![]()
Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година - Независен Весник
Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката...nezavisen.mk
А Таравари баш пред некој ден даваше некоја изјава како 70% од сите болни се лечеле во КЦ Скопје, па ги праќале директно без филтер.47 пациенти ќе се третират надвор од државата, крах и во здравството. Кила да фатиш или камен во бубрег шубе ќе ти е да му дајш доверба на докторот. Ова е само територија и по документи држава, сите институции на колена.
Добро е што не пратиме такви инфлуенсери, болни за некој вју повеќеЈас веќе не коментирам ниту читам, една наша инфлуенсерка само што постави стравична слика од загинати, дали е оваа личност нормална такви слики да поставува на овој ден, каде ни е моралниот компас, дали се луѓево свесни како им е на тие луѓе во моментов и некој да поставува такви слики, кај ќе и оди душата бре, неможам јас веќе не ми е добро, цел ден сум револтиран, се надевам мвр ќе поапси се што е ненормално.
Golemaaa greška na MVR...trebalo konfiskacija na kolite i aj čao„На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот". При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски". Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам!“, напиша директорот на СЦ Борис Трајковски, Даниел Апостолоски.
Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски", напиша Апостолоски.
У оваја вукојебина е све заебано, у срж и до корен. Ова е болно
Во војната 2001 немавме волку војници загинати како денес.Иако тогаш како дете од 8-9 години, ја паметам војната 2001ва, загриженоста на моите кога секоја вечер чекаа на вести да кажат дали има нови загинати војници/полицајци. Паметам и кога потона бродот во Охрид и кога загинаа 15 државјани од Бугарија, го паметам Смилковско, Диво Насеље, модуларната болница и автобусот во Бугарија од пред некоја година, али ова е најголемата трагедија до сега на која што сум бил сведок. Ова е од невидени размери денес што се случи за држава како Македонија. Кај ги немаме и ги губиме младите, уште па и ни горат по разни кокошарници затоа што на некој му текнало дека таму ќе отвори дискотека. Ова е исто како да снемало цела една генерација во Кочани, не знам како ќе се опорави градот после ова.
Се извинувам до сите членови ако денес сум пишал нешто што не треба, или сум навредил некого во некој мој пост, не било намерно, денов ми трае како цела недела, се осеќам како да сум акнат у глава со некој токмак, како да не е реалност.
Помладите не памтат дека во раните 90-ти паднаа 2 авиони со над 100 патници....и тогаш се случи единствен настан министерот за транспорт да поднеси оставка. После тоа никогашИако тогаш како дете од 8-9 години, ја паметам војната 2001ва, загриженоста на моите кога секоја вечер чекаа на вести да кажат дали има нови загинати војници/полицајци. Паметам и кога потона бродот во Охрид и кога загинаа 15 државјани од Бугарија, го паметам Смилковско, Диво Насеље, модуларната болница и автобусот во Бугарија од пред некоја година, али ова е најголемата трагедија до сега на која што сум бил сведок. Ова е од невидени размери денес што се случи за држава како Македонија. Кај ги немаме и ги губиме младите, уште па и ни горат по разни кокошарници затоа што на некој му текнало дека таму ќе отвори дискотека. Ова е исто како да снемало цела една генерација во Кочани, не знам како ќе се опорави градот после ова.
Се извинувам до сите членови ако денес сум пишал нешто што не треба, или сум навредил некого во некој мој пост, не било намерно, денов ми трае како цела недела, се осеќам како да сум акнат у глава со некој токмак, како да не е реалност.
Еден авион падна како што памтам,и тоа е единствената авионска несреќа во Македонија.Помладите не памтат дека во раните 90-ти паднаа 2 авиони со над 100 патници....и тогаш се случи единствен настан министерот за транспорт да поднеси оставка. После тоа никогаш
...исто и јас до северниот сосед - Србија,Морам да изразам јавно едно огромно браво, една голема благодарност до Бугарија која испрати воен авион за да ги пренесе тешко повредените душички на лекување.
Жално е што трагедиите ги сплотува луѓето.