Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Иако тогаш како дете од 8-9 години, ја паметам војната 2001ва, загриженоста на моите кога секоја вечер чекаа на вести да кажат дали има нови загинати војници/полицајци. Паметам и кога потона бродот во Охрид и кога загинаа 15 државјани од Бугарија, го паметам Смилковско, Диво Насеље, модуларната болница и автобусот во Бугарија од пред некоја година, али ова е најголемата трагедија до сега на која што сум бил сведок. Ова е од невидени размери денес што се случи за држава како Македонија. Кај ги немаме и ги губиме младите, уште па и ни горат по разни кокошарници затоа што на некој му текнало дека таму ќе отвори дискотека. Ова е исто како да снемало цела една генерација во Кочани, не знам како ќе се опорави градот после ова.

Се извинувам до сите членови ако денес сум пишал нешто што не треба, или сум навредил некого во некој мој пост, не било намерно, денов ми трае како цела недела, се осеќам како да сум акнат у глава со некој токмак, како да не е реалност.
Помладите не памтат дека во раните 90-ти паднаа 2 авиони со над 100 патници....и тогаш се случи единствен настан министерот за транспорт да поднеси оставка. После тоа никогаш
 
Помладите не памтат дека во раните 90-ти паднаа 2 авиони со над 100 патници....и тогаш се случи единствен настан министерот за транспорт да поднеси оставка. После тоа никогаш
Еден авион падна како што памтам,и тоа е единствената авионска несреќа во Македонија.
 
Морам да изразам јавно едно огромно браво, една голема благодарност до Бугарија која испрати воен авион за да ги пренесе тешко повредените душички на лекување.
Жално е што трагедиите ги сплотува луѓето.
...исто и јас до северниот сосед - Србија,

 
Еден авион падна како што памтам,и тоа е единствената авионска несреќа во Македонија.
Два, еден на полетување во Скопје и еден на слетување во Охрид. Двата во почетокот на 90тите.
 
Колку м2 имала дискотеката ?? Некој уште тврдат за капацитет 1500 лица ??
Се јави и ДУИ, истекната била Лиценцата на 14.3
А Сите концерти кој се држани до 14 март да се третираат како Обид на масовно убиство !!!!плус за незаконско издадена лиценца !!!
 
Последно уредено:
Во војната 2001 немавме волку војници загинати како денес.
Сите тие загинати војници беа наместени во заседи од воени лица со високи чинови од Министерство за одбрана за големи пари добиени од УЧК.
 
2 авионски несреќи имаше, помнам дека по цел ден идеа имињата на загинатите на телевизија. И тоа во рок од година дена, ако не беше истата година. Tој во Скопје беше на Палер Македонија, го памтам по лавчето на опашот.
 
Сега само што пишаа во групата на вибер од зграда, некој си правел журка па ако можеле да намалат малку со галама недела било. Не бе ова све е отидено, еден здрав нема останат во државава. Задруга и фарма гомна да јадат.
 
Foker 100 na Petrovec,a ministerot mislam deka bese Aleksandar ,ne se sekjavam na prezimeto ,ama znam deka bese od DA,so avionceto ma reverot.
Поточно Антони Пешев тогашен министер за транспорт и врски,причина за падот на Фокер 100 беше неодмрзнување на крилата.
 
Еден авион падна како што памтам,и тоа е единствената авионска несреќа во Македонија.
Палер на аеродром скопје чинам со 4 преживеани и еден товарен кој падна некаде кичево-гостивар во планина странски каде загинаа членовите на екипажот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom