Тоа е сигурно дека не им е цел да шират српска култура или пропаганда, тие се тука да направат пари. Ширењето на турбо-фолкот, шундот, кичот... ќе си дојде како афтер ефект. Нус појава што би рекле овие од К-15. Мене не ме загрижува тоа што турбо-фолкот ќе се слушал на македонска телевизија. Тие што сакаат турбо-фолк и сега си слушаат на Пинк. Проблемот е што откако ќе се инсталира Пинк овде, тоа ќе биде место за промоција на овдешните Цеци и Карлеуши, и ќе можете во иднина да гледате како се развива наш домашен, оригинален како ајвар, турбо фолк.Пинк е најгледана телевизија во Србија, Босна и Црна Гора, веројатно ги има истите претензии во Словенија и Македонија каде ги има последните проширувања. Притоа програмата не е иста во секоја телевизија. Некои шоуа ќе се пренесуваат, нормално, но Пинк 15 нема да биде музичка тв, како Пинк+.
целта сигурно не е да наметнуваат српска култура и да вршат србизацуја на Македонија. Целта им е да постигнат што поголем пазарен удел,а со тоа и да заграбат поголем дел од парите што се трошат за реклами. А за да го постигнат тоа ќе пласираат таква програма што се бара, тоа што е најбарано и се надевам конечно во Македонија тоа ќе се постигне со задоволителни технички и продукциски критериуми. Пинк не отвара филијала во Македонија за да шири пропаганда. Тоа можеше да го постигне и преку сателит. Пинк доаѓа за да згреаби дел од маркетиншкиот колач во Македонија. И се радувам што А1 и Сител ќе стекнат конкуренција, па белки ќе дадат подостојна програма. И онака и досега преземаја многу емисии од Пинк, сега да видам од кај ќе преземаат. Белки ќе се потрудат нешто да направат. Конечно Пинк 15 ветува филмска програма. Кај нас филмови можеме да видиме само за нова година и Божик. Сега белки ќе гледаме почесто.
Целосно се сложувам со муабетот.Тоа е сигурно дека не им е цел да шират српска култура или пропаганда, тие се тука да направат пари. Ширењето на турбо-фолкот, шундот, кичот... ќе си дојде како афтер ефект. Нус појава што би рекле овие од К-15. Мене не ме загрижува тоа што турбо-фолкот ќе се слушал на македонска телевизија. Тие што сакаат турбо-фолк и сега си слушаат на Пинк. Проблемот е што откако ќе се инсталира Пинк овде, тоа ќе биде место за промоција на овдешните Цеци и Карлеуши, и ќе можете во иднина да гледате како се развива наш домашен, оригинален како ајвар, турбо фолк.
А која црна конкуренција ќе им прават на А1 и Сител... Тие двете се утепани до тука и назад и не ги интересира програма, си најдоа се што им треба во турско/индиски/шпански серии, имаат доволно за да ги возат гледачите во следниве 10 години, дури не им преседне. Едните ќе не дават со сериите, во паузите ќе можеме да одмориме со некоја фина певаљка која правела кариера во сите кафани од Лесковац до Табановце.
Во меѓувреме националните селекции во фудбал играат натпревари денес, и ние сме единствената држава во која ниту една телевизија не ја интересира да пушти пренос од својата репрезентација. Дечкине онаму на Фудбал копаат под дрво и камен да најдат саглам стрим...
Убајни...
http://www.vest.com.mk/?ItemID=9CBBE6597AC6E744BEF655D6E75E12BCМитровиќ нагласи дека "К-15" Тв ја купиле пред се на пријателска основа со поранешните сопственици. Тој планира и соработка со "К-15" продукција, како и извезување на хумористичната емисија "К-15" во земјите на регинонот.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=253AEE711776EA4FB9F7E5F46D257689Во првата година не е предвидена спортска програма, иако Митровиќ не ја исклучи можноста да се откупат правата за англиската Премиер лига.
нема врска незнаев кај да пишам за ова па овде го пишавДобро каква врска има јахтата на овој со Пинк телевизија во Македонија?