Пинк ТВ ја купи К-15
Пинк телевизија ја купи К-15 и во Македонија новата телевизија ќе се вика Пинк 15, а програмата ќе почне да се емитува од петок. Содржините главно ќе бидат од забавен карактер, но исто така ќе има документарна, информативна и филмска програма. Најголем процент од програмата 60 отсто ќе биде произведен овде, а останатиот дел пак ќе биде титлуван и синхронизиран. Во првите осумнаесет месеци планирана е инвестиција од пет до осум милиони евра. Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ очекува телевизијата за помалку од два месеци да постане моќна продукциска сила која ќе произведува програма на македонски јазик.Првите два месеци поради транзициониот период ќе се користат програми кои се произведуваат во Србија, но секојдневно ќе се работи на продукцијата овде.
„Постои конкуренција која не е наивна, ќе имаме алтернативен концепт ќе се обидеме да оствариме добар резултат. Македонија има креативен и духовит народ затоа не се сомневам дека ќе се направи интересна продукција за извоз. За К-15 се одлучивме бидејќи со сопствениците имам изградено пријателски однос, а цената воопшто не беше пресудна.
Таа е во доменот на деловна тајна и не можам да говорам за неа. Која и телевизија да ја купевме, моравме се да правиме од почеток. Не бевме подготвени нешто да претплатиме бидејќи имаме наш концепт, визија, политика и стратегија. К-15 имаше многу предности, а од друга страна не е развиен систем и оваа инвестиција ќе биде како гринфилд инвестиција, се ќе работиме од почеток. “
На прашањето на „Макфакс“ зошто пропаднаа преговорите со Алфа, Митровиќ одговори:
„Не преговаравме само со Алфа туку и со други четири телевизии, но со Алфа преговорите беа сериозни и морам да се забалгодарам на Штерјо Наков за топлото гостопримство бидејќи со денови бевме негови гости, коректно не прими и бевме топло дочекани.Не можам да кажам за деталите околу преговорите бидејќи се работи за деловна тајна. Она што можам да ви кажам дека како и во секој деловен дил го избравме она што најмногу ни договара. Имињата на телевизиите не можам да ги кажам, бидејќи не е фер.“
За топ- менаџментот односно главниот и одговорен уредник на Пинк-15 и неговите помошници ќе се одлучува наредните три дена, додека кадровското доекипирање ќе следува наредните два месеци.
Пинк медиа груп е најголема медиска групација на Балканот која има пет национални телевизии во пет различни држави, 15 сателитски програми, неколку продукции, 26 студиja, авиокомпанија со осум авионi, чартер компании со три бродови, Универзитет во кој се вклучени студии за веб дизајн, аудио-инжинеринг и видео-продукција, дискографска куќа Сити рекордс, фабрика за изработка на ди-ви-ди и цедеа.
Извор:
Точка
Не ми се верува дека К-15 можеше ова да го направи. Сега ќе се*ат турбо фолк по цел ден.