Пинк 15 - Македонија

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Барем што се однесува за филмовите, тука мислам дека ќе ги јадат сите телевизии друго и онака нема што да се види, ама барем по еден филм да се прикажува во вечерните термини од 8 до 10, нема смисла ова со сериите што го направија, на пример А1 само еден филм во неделата во вечерен термин, белким ќе се врати оној содржински концепт од 90-тите кога не знаеш кој филм попрво да го гледаш таа вечер.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.033
90тите владееше пиратерија по македонските телевизии па имавме еден куп филмови.
Инаку не знам зошто народот има предрасуди кон Пинк само поради 2 шоу емисии кои ги прават. Телевизијата е многу повеќе од тоа, но ќе биде потребно време да се увиди тоа. Верувам дека ќе се кренат стандардите во поглед на ТВ станиците во Македонија, па и јас ќе купам телевизор во блиска иднина :)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Пинк може да ги купи кои и да било јаки филмови и серии, ама (барем во Србија) очигледно дека не сака.
Српската Пинк, пред 5-6 години кога имаа купено јаки серии од типот Изгубени, Очајни домаќинки и др, ги даваа премиерно во 2-3 саат по полноќ, односно уште полошо од она што го прават А1 и Сител денес.
Позитивно делуваат најавите од прес конференцијата, ама ајде тоа прво на дело да го видиме.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Пинк е најгледана телевизија во Србија, Босна и Црна Гора, веројатно ги има истите претензии во Словенија и Македонија каде ги има последните проширувања. Притоа програмата не е иста во секоја телевизија. Некои шоуа ќе се пренесуваат, нормално, но Пинк 15 нема да биде музичка тв, како Пинк+.
целта сигурно не е да наметнуваат српска култура и да вршат србизацуја на Македонија. Целта им е да постигнат што поголем пазарен удел,а со тоа и да заграбат поголем дел од парите што се трошат за реклами. А за да го постигнат тоа ќе пласираат таква програма што се бара, тоа што е најбарано и се надевам конечно во Македонија тоа ќе се постигне со задоволителни технички и продукциски критериуми. Пинк не отвара филијала во Македонија за да шири пропаганда. Тоа можеше да го постигне и преку сателит. Пинк доаѓа за да згреаби дел од маркетиншкиот колач во Македонија. И се радувам што А1 и Сител ќе стекнат конкуренција, па белки ќе дадат подостојна програма. И онака и досега преземаја многу емисии од Пинк, сега да видам од кај ќе преземаат. Белки ќе се потрудат нешто да направат. Конечно Пинк 15 ветува филмска програма. Кај нас филмови можеме да видиме само за нова година и Божик. Сега белки ќе гледаме почесто.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.570

Тоа е сигурно дека не им е цел да шират српска култура или пропаганда, тие се тука да направат пари. Ширењето на турбо-фолкот, шундот, кичот... ќе си дојде како афтер ефект. Нус појава што би рекле овие од К-15. Мене не ме загрижува тоа што турбо-фолкот ќе се слушал на македонска телевизија. Тие што сакаат турбо-фолк и сега си слушаат на Пинк. Проблемот е што откако ќе се инсталира Пинк овде, тоа ќе биде место за промоција на овдешните Цеци и Карлеуши, и ќе можете во иднина да гледате како се развива наш домашен, оригинален како ајвар, турбо фолк.

А која црна конкуренција ќе им прават на А1 и Сител... Тие двете се утепани до тука и назад и не ги интересира програма, си најдоа се што им треба во турско/индиски/шпански серии, имаат доволно за да ги возат гледачите во следниве 10 години, дури не им преседне. Едните ќе не дават со сериите, во паузите ќе можеме да одмориме со некоја фина певаљка која правела кариера во сите кафани од Лесковац до Табановце.

Во меѓувреме националните селекции во фудбал играат натпревари денес, и ние сме единствената држава во која ниту една телевизија не ја интересира да пушти пренос од својата репрезентација. Дечкине онаму на Фудбал копаат под дрво и камен да најдат саглам стрим...

Убајни...
 
Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312

Целосно се сложувам со муабетот.

Оф топик
Резил, од толку многу македонски телевизии со национална концесија, ниту една не најде за потребно да го пренесува фудбалскиот натпревар. Абе и со Лихтештајн, Замбија, Конго да играме, сакам да гледам....сепак за Македонија се работи!!!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.939
Поени од реакции
8.297
од денеска ја има и на Макс тв и од промо видеата можам да заклучам дека ќе има најдобри филмови :vozbud:

--- надополнето ---

ова го пишува во Вест
Митровиќ нагласи дека "К-15" Тв ја купиле пред се на пријателска основа со поранешните сопственици. Тој планира и соработка со "К-15" продукција, како и извезување на хумористичната емисија "К-15" во земјите на регинонот.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=9CBBE6597AC6E744BEF655D6E75E12BC
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.939
Поени од реакции
8.297
еве уште нешто што прочитав
Во првата година не е предвидена спортска програма, иако Митровиќ не ја исклучи можноста да се откупат правата за англиската Премиер лига.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=253AEE711776EA4FB9F7E5F46D257689

--- надополнето ---

Хрватските цариници ја продаваат јахтата на сопственикот на ТВ „Пинк“
Четврток, 18 Ноември 2010 12:09

Хрватските цариници бараат два милиони евра за луксузната јахта на српскиот бизнисмен и сопственик на тв „Пинк“ Жељко Митровиќ.
Хрватските власти веќе два месеци ја држат запленета луксузната јахта на српскиот бизнисмен и сопственик на тв „Пинк“ Жељко Митровиќ од кого бараат да плати два милиони евра царина и такси.

Се додека не го стори тоа, неговата луксузна јахта „Ел Боско В“, со која крстареше по Јадранот, ќе остане на Каштелите, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Заплената на јахтата ја потврди и загрепскиот адвокат Анто Нобило, кој го застапува Митровиќ во спорот со хрватските царински власти.

Јахтата долга 32 метри хрватските царински власти ја запленија во септември годинава, додека од Црна Гора впловувала во хрватските територијални води, оценувајќи дека се извршени два царински престапи.

Првиот е тоа што мнозинскиот сопственик на компанијата на која бродот е регистриран Жељко Митровиќ не бил на бродот во моменто на влезот во Хрватска. Јахтата е во формална сопственост на истоимената компанија на Митровиќ „Ел Боско“, чие седиште е на Гибралтар.

Вториот е тоа што четири членови на екипажот затекнати на јахтата се вработени во компанијата на Митровиќ чие седиште е во Хрватска. Според царинските прописи јахта во сопственост на странски компании не може да вработува екипаж вработен во хрватска компанија.

Луксузната јахта со шест кабини и две палуби Жељко Митровиќ ја купил во 2007 година на „Кроација боут шоу“ во Сплит.

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Добро каква врска има јахтата на овој со Пинк телевизија во Македонија?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.939
Поени од реакции
8.297
Добро каква врска има јахтата на овој со Пинк телевизија во Македонија?
нема врска незнаев кај да пишам за ова па овде го пишав
а и да видите колку е богат човекот и со ова докажува дека има баеѓи парички па може да купи и и поскапи филмови и серии а и реални шоуа за на тв

--- надополнето ---

мене ме интересира зашто на логото пишува Пинк 15 - (со минусче после 15ката или цртичка што и да е ) ,така пишуваше и со текст објава на каналот дека утре почнува
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А дали некој знае каква ќе биде покриеноста на Пинк 15... Односно дали ќе се емитува на целата територија или ќе продолжи да се емитува како и к-15 досега, бидејќи на пример кај мене к-15 не емитува сигнал. Ајде да се молам да се емитува ко што треба за да не се мачам да бркам турски и индиски серии по нашиве шунд телевизии.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.939
Поени од реакции
8.297
Пинк ќе ја има на сите оператори кој што ќе сакаат да ја пренесува ама пошо е гледана сите ќе сакаат да ја стаат во нивна понуда
 
Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Кај мене на кабелска ја има К-15 Music и сеуште не е уклучена Пинк. Мислев дека ќе се смени точно на полноќ, но ништо од тоа....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.939
Поени од реакции
8.297
еве ја филмската програмска шема за недела
20 ноември 2010
13:00 Ми нисмо анџели 3-српски игран филм
16:00 Нешто во врска со Мери-игран филм
18:00 Брзина-игран филм
24:00 Транспортер-игран филм
01:00 Верижна реакција-игран филм

ако видам други филмови и емисии ќе ви пишам тука
 
Kajgana Shop

На врв Bottom