DAY 3
Ја искористив приликата конечно да си купам мајца ПИВОЛЕНД 2009.
Вечерва решив да избегнувам меин и денс стејџ колку може повеќе и супер ми беше.
Значи вака одеше некако
Со Лидија седевме малку на етно стејџ слушајќи Марија џез трио и тргнавме по тезгите каде што се продаваа ракотворби и слични карактеристични предмети. Стрелав со лак и стрела, мошне интересно искуство.
Потоа ојдовме на кино да гледаме второ полувреме од полуфиналето во евробаскет каде што играа Србија и Словенија. Одличен баскет падна, се собра многу народ да навива за едните или другите или за добар баскет воопшто.
Потоа пак назад на етно стејџ каде што редицата за купување храна броеше 30тина по што се откажав од јадење на кале таа вечер
Добра работа од тоа е што ги видовме Fuzz Bubble Crew како жонглираат со оган. Лоша работа е што ни јас ни Лидија не носевме фото-апарати, па моравме со мобилни да сликаме
За крај сепак денс стејџ не ни избега, го слушавме Роботек како пушта техно со фанки елементи. И пак снема струја на денс стејџ. :spoooj::kesa: