Пиволенд 2009 (17.-20.09.2009)

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Психомодо направија лудило аттмосфера :) Утре...пак како и задутре и прекутре :) Само да не врне и да нема кал!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017

Сака некој мајца :)


Рок Пророкот Канго (за случај да има форумџии кои не го знаат)


Јас и LouWeed со телефоните и пивото :)


Фестивалот веќе трае, некои уште си возат по среде...


Овие делеа кондоми колку што паметам :)


Другар ми Zewlean ми го чепка блицот на реге стејџ


Денс стејџ уствари се викаше а Рутбој пушташе реге :)


Масовно на денс стејџ


Психомодо Поп во акција


Реакции на првите борбени редови :)


Другиот дел од бендот, клавијатуристот го има на една масовна фотка :)



Публиката на главната сцена


:nesvest:


Сака некој позадина за дескоп?


Типична поза :)


Ајмо цел бенд


Ајде со блиц да напраам некоја фотка :)


:nesum:


На лежење :)


Викторе бре, не се употребува така мојот апарат!


Верна публика :)


Ем пејач, ем гитарист. Имаше и дајре ама не го сликав со дајрето.




Заслужени аплаузи.

Се надевам ви се допадна мојата фото-приказна.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
ејј канго го видов после тоа. ептен беше смешно облечен. демек глуми хипик нешто а У.а и да се пофалам дека дени од 4 сезони ми понуди блага палачинка хахахаха
hipik da glumi, moze samo nekoj sto nosi peleni.....a ne nekoj "prezivean" od na vremeto:nenene:
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Тони, big up за фотките. Кај е Chimay сместено, и кои други пива ги препорачувате (гледам се спомињаат пива од овошје)?
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Луѓе ќе може да ме информирате за цените на пивата и сендвичите што се таму? Пошто планирам вечер да идам, па да знам колку пари да спремам отприлика :smir:.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Оууу... ВАКА СЕ ПРАВИ ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО!!!

Сега се враќам од таму.
На почеток скептично, слабо народ, само вработени и волонтери, тук-там по некој фан на оригиналниот Рок Пророк Канго. Канал 5 цело интервју му напраија :) Ќе дадев и јас интервју да беше Тина снимателката, а не еден нов дечко. Неврмајнд. Пророкот со уште 2 момци ги отсвиреа своите рок молитви. Канго се фалеше дека е млад во духот и дека е последниот хипик... Повеќе ми се свиѓаше говорот лани кога праша дали има рокер кој ќе му биде зет :)

Додека врнеше заедно со Лу и девојката му се криевме под една стреа и пиевме пиво. Јас се запознав со Grolsch, и енергетскиот напиток STARDON од истата пивара. Пивото ептеМ добро, ама и скапо, 120 денари, ама енергетскиот напиток... нешто најпопрекрасно. За 80 денари највкусниот енерџи дринк што го имам пробано досега во животот. Патем пробав и Lednika, кога веќе уште не беа почнати со давање на овошните пива :( Енивејз Ледниката ми маваше накај Амстел.

Во меѓувреме скокнав до Dance stage каде што пушташе Rootboy. Регенце, мх, мх, мх, мераци :)
Додека претходно пиев пиво под стреата се запознав со една голема обожавателка на Психомодо Поп, па се префрливме на Main stage за да ги проследиме. Не сум некој голем нивен фан па на раат си фоткав :)

Во меѓувреме скокнав до Лотос, нов тип на лежење :) Таму весела дружина Воткамикс, Виктор_мак, Цуценце, БејбиГрл (оригиналот, убавата штипјанка) со една другарка, *OSS*, малку понатаму Nippi :)

Kако за прв ден одлично посетено. Не знам како беше на етно стејџот, ме мрзеше да се симнувам до таму, ама останатите стејџови беа прописно посетени, масовно. Секако најбитно беше тоа што дождот прекина со врнење и беше таман, не се креваше прашина од земјата. Градоначалникот Коце Трајановски беше краток во својот говор. Тоифорите беа нови, убави, дури и тоалет хартија имаше првиот пат кога влегов, вториот пат не памтам веќе беше темница :)

Се на се, одлична оценка за првиот ден од фестивалот.

Веќе денес се гледаме на Славе/Game Over на Dance stage и DUBIOZA KOLEKTIV на Main stage. :je: :je: :je:
Не знам од кај ја извади цената на пивото Grolsch 120?
Јас пиев за 70 лименка од 0,5 и беше стварно добро пиво.
А за
old_School_mk одговор да не испадне да те излажам зашто баш и не се распрашував за цените можам да ти кажам од тоа што знам Златен даб некаде 50,скопско 50,горско за 50 две чаши:vozbud:,овоа Grolsch пробај го мислам дека ке ти се допадне,тие леденика каменица не видов,сендвич ти е од жи-ва 60 денара и не беше лош барем не штеделе на плескавица за разлика од баскер фест коа беше ептен мал.Моја кратка рецензија ако смее за вчера,бев на реге ама неако слабо имаше луѓе и некако ми се срамеа повекето,отидов кај чалгиите ама и таму слабо народ,тој silence stage не знам вчера дали го имаше зашто не го заприметив ама сепак на главниот стејџ беа стационирано народот.Нека има вакви фестивали и нека му кажеме фала на тие што ни овозможуваат зашто ни требаат.Ке прашам само нешто,претходната година мислам дека имаше повеке странски пива или се лажам?Имаше мексикански,вакви такви а оваа година повекето се што можам да ги купам у маркет?Можда грешам?
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Луѓе ќе може да ме информирате за цените на пивата и сендвичите што се таму? Пошто планирам вечер да идам, па да знам колку пари да спремам отприлика :smir:.
Скопско 50
Даб 50
Горско две за 50
Лашко 50
Лашко темно 50
Амстел 70
Белгиските се од 100 до 150

за другите не знам.

Плескавица е 50 денари, лепче 10, значи 60, одлични се, два мавнав:).
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Скопско 50
Даб 50
Горско две за 50
Лашко 50
Лашко темно 50
Амстел 70
Белгиските се од 100 до 150

за другите не знам.

Плескавица е 50 денари, лепче 10, значи 60, одлични се, два мавнав:).
Еј знаеш еден како рече исто на форум:)
Плескавицата во рака ли ке ми ја даде ако не зиам лепче:tapp:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Короната да не знае некој колку им е годинава? :)

Бидејќи гледам повеќе луѓе со Корона се шетаа, а лани никој не им купуваше...

Вчера беше топ, Психомодо беа одлични, понудата на пива беше исто одлична - само големи гужви, да ти скурчи додека земеш. Треба да се оди накај 17.00, ако сакате на раат пивце и скара со некое добро музиче, зашто после почнуваат журките :)
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Еј знаеш еден како рече исто на форум:)
Плескавицата во рака ли ке ми ја даде ако не зиам лепче:tapp:
Да бе, многу глупо е тоа:)), Посебна цена за лепчето има:), можеш од дома да си донесес лепче:). Или можеш лепче со две плескавици 110:) ќе заштедиш 10:)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
И јас не видов короната колку беше и знам дека и реков на девојката БЕГАЈ НЕ НИ ГЛЕДАЈ КОЛКУ Е ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА БЕШЕ СКАПО.Ако биде ок,времево денес ке видиме:wink:
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Короната да не знае некој колку им е годинава? :)

Бидејќи гледам повеќе луѓе со Корона се шетаа, а лани никој не им купуваше...

Вчера беше топ, Психомодо беа одлични, понудата на пива беше исто одлична - само големи гужви, да ти скурчи додека земеш. Треба да се оди накај 17.00, ако сакате на раат пивце и скара со некое добро музиче, зашто после почнуваат журките :)
Колку што видов Короната е 150, тоа е многу за на Пиволенд, знам дека е скапо пиво, ама можеле да го направат 100. Иначе тапа ми е Корона, пиво со лимон блјак.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Еј знаеш еден како рече исто на форум:)
Плескавицата во рака ли ке ми ја даде ако не зиам лепче:tapp:
Да бе, у рака у хартијата стаена...незнам шо те чуди тука? Башка 10 денари лепче, и кој е тука циганот?

Иначе ја идам вечер да се отворам на Пиволенд и драм и бес од 9 до 1 со Гејм Оувер и Славеман, па отом потом да сме живи и здрави ако преживееме да останеме и на Дубиоза Колективот :)

Се глеаме од 9 на таканаречениот денс стејџ
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Да бе, у рака у хартијата стаена...незнам шо те чуди тука? Башка 10 денари лепче, и кој е тука циганот?

Иначе ја идам вечер да се отворам на Пиволенд и драм и бес од 9 до 1 со Гејм Оувер и Славеман, па отом потом да сме живи и здрави ако преживееме да останеме и на Дубиоза Колективот :)

Се глеаме од 9 на таканаречениот денс стејџ
Да не се разбравме лошо?
Не реков дека ми е скапо или нешто лепчето,малце ми е финта цената како е формирана као ја сеа ке зиам плескавица а леб ке купувам од продавница.Ако има drum n base ке биде јако
 

Kajgana Shop

На врв Bottom