Пиволенд 2009 (17.-20.09.2009)

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
super bese, samo ovie od televizija ne gnaveja so kameri i napadni svetla...i prasanja kako "za kogo dojdovte na pivolend"....(za sto dojdovte - odma ke imav odgovor:drk:)
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
како помина првиов ден?имаше народ?имаше атмосфера?што ви остави нај-впечаток?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Оууу... ВАКА СЕ ПРАВИ ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО!!!

Сега се враќам од таму.
На почеток скептично, слабо народ, само вработени и волонтери, тук-там по некој фан на оригиналниот Рок Пророк Канго. Канал 5 цело интервју му напраија :) Ќе дадев и јас интервју да беше Тина снимателката, а не еден нов дечко. Неврмајнд. Пророкот со уште 2 момци ги отсвиреа своите рок молитви. Канго се фалеше дека е млад во духот и дека е последниот хипик... Повеќе ми се свиѓаше говорот лани кога праша дали има рокер кој ќе му биде зет :)

Додека врнеше заедно со Лу и девојката му се криевме под една стреа и пиевме пиво. Јас се запознав со Grolsch, и енергетскиот напиток STARDON од истата пивара. Пивото ептеМ добро, ама и скапо, 120 денари, ама енергетскиот напиток... нешто најпопрекрасно. За 80 денари највкусниот енерџи дринк што го имам пробано досега во животот. Патем пробав и Lednika, кога веќе уште не беа почнати со давање на овошните пива :( Енивејз Ледниката ми маваше накај Амстел.

Во меѓувреме скокнав до Dance stage каде што пушташе Rootboy. Регенце, мх, мх, мх, мераци :)
Додека претходно пиев пиво под стреата се запознав со една голема обожавателка на Психомодо Поп, па се префрливме на Main stage за да ги проследиме. Не сум некој голем нивен фан па на раат си фоткав :)

Во меѓувреме скокнав до Лотос, нов тип на лежење :) Таму весела дружина Воткамикс, Виктор_мак, Цуценце, БејбиГрл (оригиналот, убавата штипјанка) со една другарка, *OSS*, малку понатаму Nippi :)

Kако за прв ден одлично посетено. Не знам како беше на етно стејџот, ме мрзеше да се симнувам до таму, ама останатите стејџови беа прописно посетени, масовно. Секако најбитно беше тоа што дождот прекина со врнење и беше таман, не се креваше прашина од земјата. Градоначалникот Коце Трајановски беше краток во својот говор. Тоифорите беа нови, убави, дури и тоалет хартија имаше првиот пат кога влегов, вториот пат не памтам веќе беше темница :)

Се на се, одлична оценка за првиот ден од фестивалот.

Веќе денес се гледаме на Славе/Game Over на Dance stage и DUBIOZA KOLEKTIV на Main stage. :je: :je: :je:
 

bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346
Закон беше!!! Ова ќе стане добра традиција осеќам!
За првава вечер се напраив ѕвер!!! Продолжуваме утре и наредните денови...!!!
:cug::cug::cug:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Многу пиво,интересно све,едноставно уживав. Коа беше дождот најбоље=) Очекувам наредниве денови уште поубаво да биде.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Супер беше, бев изненаден колку многу луѓе имаше, отидов во 9и30 тогаш немаше многу народ, ама после се наполни многу, како за четврток имаше доста луѓе, којзнае како ќе биде утре и во сабота.
Бев на Психомодо поп, тие ми беа еден од бендовите од детството, можам да кажам дека беа ептен добри, одлично си поминав. Евтино пиво, добра скара, супер атмосфера, закон.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Криво ми е на Канго само што не отидов. Ама затоа се гледаме вечер на Дубиоза!:je:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Криво ми е на Канго само што не отидов. Ама затоа се гледаме вечер на Дубиоза!:je:
ејј канго го видов после тоа. ептен беше смешно облечен. демек глуми хипик нешто а У.а и да се пофалам дека дени од 4 сезони ми понуди блага палачинка хахахаха
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
sounds great :vozbud: ... држете ја атмосферата а и кревајте ја дур да дојдам :):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom