Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
For the lackeys:
"ВМРО, ВМРО, ти си наша судбина"- контекст на реченица е строго забранет.
"Мрж, комуњар"- незнам, чат-пат со симпатии се гледа на ваков начин на изразување, зависи во кој дел на денот пишувате ваква реплика. Најдобро е да ја пишувате после вестите на Сител, кога сме уште под импресија.
"Бугарофили не хранат со споменици, не антиквизираат, а ние за јајца немаме" - исто така, дали ќе се избрише зависи од тоа кога го пишувате. Ова, споредбено, минува кај нас после вестите на А1.

Инаку, шала. Сето горенаведено е, нормално, забрането.
Бидејќи е забрането ајде да се самобанираш од темава, поради објаснување што е забрането :).

Инаку се сетив на една реплика од скеч беше Игор Џамбазов Ѓокица Лукаревски итн. неважно оди едно прашање: Дали знаеш кој е Жорж Гордон Бајрон, а на тоа следи одговор: А ти знаеш кој е Перо Бургија 24 :). Многумина нема да се сетат што значи тоа во скечот и подобро што е така :).

Што е важно што кажал некој што умрел пред двесте години или кога умрел, кога немаме сопствена мисла да се поткрепи тоа. И како тоа бре елита големи интелектуалци тешки академци и вознесени уметници нас обичните смртници овде ќе не убедат дека патриотизмот е срање, можам да ја разберам фрустрацијата еве вака посабајле кучето прошетано уште непочнат со работа, дека не може да се едуцира тој неук народ овде :).
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Темава ја отворам во овој подфорум затоа што се фокусира на емоција/чувство, што е психолошка категорија.

Значи, лично сум убедена дека патриотизмот, односно чувсвото на припадност и љубов кон одредена земја/нација/народ е нешто вродено и сосема нормално.
Прво, чувствата т.е. емоциите не се вродени, тие се стекнуваат и осознаваат (дури чинам и дека генерациски се наследуваат), осетот е вроден, а осетот и чувствата се две различни категории...

Второ, мислиш дека првобитните луѓе имале вродено чувство за патриотизам?

Трето, Што е патриотизам. а што национализам? (гледам немаш добра дефиниција за тоа - климава ти е...)

Четврто, ако патриотизмот е чувство спрема нацијата и државата, мислиш ли дека Старите римјани биле патриоти, Античките Грци , Македонци, Сумерци, па еве и во Средниот век, Викинзите, Франките, Саксонците и ред други, биле исто така патриоти?

Петто, дали сега во моментов се чувствуваш патриотски, а ако да или не, зошто?

Шесто, мислиш ли дека оние што повикуваат на патриотизам тие навистина го чувствуваат?

Седмо, Од каде потекнува т.е. која е етимологијата на зборот патриотизам?

Осмо, патриотизмот не е ниту чувство, ниту наметната пропаганда, затоа што и едново и другово, во суштина работат едно со друго, па поради тоа во 100% од случаите луѓето се доведуваат во заблуда. Лично мислам дека патриотизмот е само измислица (една од многуте) за објаснување на вишокот адреналин што надбубрежната жлезда го лачи во моменти на возбуда и ништо друго.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Како прво нема вродени чувства сите што учеле Педагогија, Филозофија, Психологија итн.....
знаат дека ништо не е вродено.
Се сеќавате на Џон Лок, т.е. теоријата е дека: секој човек се раѓа како чист, празен лист кој подоцна се испишува од неговата околина, неговото образование и субјективните потенцијали за усовршување на духот. Но, го сузбиваат инстинктите кои се вродени и генетиката.
Значи влијанието на МАС Медиумите, околината, оптесвото, самото размислување на личност.....
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Потребата од нација, или патриотизам, е еднаква со потребата од религија.
Архетип. Се раѓаме со потенцијали за да реагираме некако на сите нешта. Луѓето се раѓаат со предиспозиции да бидат религиозни, да бидат патриоти, мудрост да поистоветуваат со старост, моќ со божество итн.

Нацијата, е нешто, барем според мене, одлика на една група на луѓе, кои потекнуваат од една територија. Нивните навики, однесување, се слични. Нивното потекло е слично. Нивните корени се исти.
Јас сум голем патриот, иако човекот е човек, во ДНК не пишува нација.
Јас ја сакам оваа земја, од аспект на заедничките, добри или лоши, карактеристики на луѓето кои ,,никнуваат,, од неа.

Патриотизмот е многу силно чувство - едно од најсилните, барем кај мене. За жал, денес вистински патриот не може да се најде. Има се и сешто, но патриотизам... малце потешко.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343

И ја сум бејб тежок патриот. Сакаш ли да имаме трето дете?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Како прво нема вродени чувства сите што учеле Педагогија, Филозофија, Психологија итн.....
знаат дека ништо не е вродено.
Се сеќавате на Џон Лок, т.е. теоријата е дека: секој човек се раѓа како чист, празен лист кој подоцна се испишува од неговата околина, неговото образование и субјективните потенцијали за усовршување на духот. Но, го сузбиваат инстинктите кои се вродени и генетиката.
Значи влијанието на МАС Медиумите, околината, оптесвото, самото размислување на личност.....
Емпиризмот не е единствениот правец во философијата (а со тоа и психологијата) кој се занимава со свеста на човекот.

Не ги заборавај и другите.

Но, од друга страна, еден интересен настан ни беше раскажан од нашата професорка по психопатологија (психијатар е професорката), а ваков сличен случај одамна имаше по интернет. Накратко, по раѓањето, бебето ужасно плачело кога ќе го чуело гласот на таткото. Ако таткото молчел, детето прифаќало да го земе во раце и било мирно. Но кога ќе проговорел, веднаш се вознемирувало. После повеќе разговори со психијатарот, човекот признал дека за време на бременоста често се карале со мајката и тој често премногу го повишувал гласот. Бебето (фетусот) го запомнило гласот на таткото како опасност, зошто при стрес мајката лачела хормони кои неизбежно влијаат и на самиот фетус. Ако мајката чувствува страв, и плодот чувствува страв.

Не се раѓаме како табула раса.
Се раѓаме со многу, многу, предиспозиции, што стекнати филогенетски (целокупната еволуција на човекот) што стекнати онтогенетски (од нашите родители, нашиот личен развој).
--- надополнето: Nov 8, 2011 1:06 AM ---
И ја сум бејб тежок патриот. Сакаш ли да имаме трето дете?
Јок. Не е доволно да си патриот ;)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Така е не е доволно само патриот да си,треба и малку финансии,а за трето дете државата дава субвенции.
 
Н

нихилист

Гостин
Јас ја сакам оваа земја, од аспект на заедничките, добри или лоши, карактеристики на луѓето кои ,,никнуваат,, од неа.
Кои се тие заеднички карактеристики специфични само за Македонскиот народ и ги нема кај другите? Јазикот ли, што сличен со многу други јазици од регионот? Мене не ми текнуваат на карактеристики што се екслузивни за оваа нација или било која друга...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Но, од друга страна, еден интересен настан ни беше раскажан од нашата професорка по психопатологија (психијатар е професорката), а ваков сличен случај одамна имаше по интернет. Накратко, по раѓањето, бебето ужасно плачело кога ќе го чуело гласот на таткото. Ако таткото молчел, детето прифаќало да го земе во раце и било мирно. Но кога ќе проговорел, веднаш се вознемирувало. После повеќе разговори со психијатарот, човекот признал дека за време на бременоста често се карале со мајката и тој често премногу го повишувал гласот. Бебето (фетусот) го запомнило гласот на таткото како опасност, зошто при стрес мајката лачела хормони кои неизбежно влијаат и на самиот фетус. Ако мајката чувствува страв, и плодот чувствува страв.
Ове фантастично се согласува со твоето оправдување на абортусот...

:vozbud:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Ове фантастично се согласува со твоето оправдување на абортусот...

:vozbud:
Па, абортусот е дозволен до 10, односно 12 недела. Тоа не е случајно.
Ембрионот не чувствува, ни болка, ништо. Нервен систем е неопходен за тоа. А кога нервниот систем практично не постои, односно сеуште не функционира, не може ниту плодот - кој е во овој период ембрион, на било каков начин да перцепира.
Прелазот од ебрион во фетус 10-12 недела, е периодот кога плодот почнува да чувствува дразби, и токму заради тоа не може и не смее да се абортира (освен во исклучителни ситуации, но за тоа е потребен потпис од 3 доктори), зошто веќе станува нехумано.
--- надополнето: Nov 8, 2011 4:37 PM ---
Кои се тие заеднички карактеристики специфични само за Македонскиот народ и ги нема кај другите? Јазикот ли, што сличен со многу други јазици од регионот? Мене не ми текнуваат на карактеристики што се екслузивни за оваа нација или било која друга...
Зошто мислиш дека со член кој е потпишан како нихилист ќе расправам на оваа тема?
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Но, од друга страна, еден интересен настан ни беше раскажан од нашата професорка по психопатологија (психијатар е професорката), а ваков сличен случај одамна имаше по интернет. Накратко, по раѓањето, бебето ужасно плачело кога ќе го чуело гласот на таткото. Ако таткото молчел, детето прифаќало да го земе во раце и било мирно. Но кога ќе проговорел, веднаш се вознемирувало. После повеќе разговори со психијатарот, човекот признал дека за време на бременоста често се карале со мајката и тој често премногу го повишувал гласот. Бебето (фетусот) го запомнило гласот на таткото како опасност, зошто при стрес мајката лачела хормони кои неизбежно влијаат и на самиот фетус. Ако мајката чувствува страв, и плодот чувствува страв.
Не се раѓаме како табула раса.
Се раѓаме со многу, многу, предиспозиции, што стекнати филогенетски (целокупната еволуција на човекот) што стекнати онтогенетски (од нашите родители, нашиот личен развој).
--- надополнето: Nov 8, 2011 1:06 AM ---
Убаво ви објаснила професорката, јас ова на своја кожа го имам почувствувано. Кога бев фетус, дома идеше еден пријател на татко ми, Војо. Татко ми ќе му речеше: "Војо, Ниче!", и овој на глас ќе почнеше да ја чита beyond good and evil. Мајка ми кутрата, целата во стравои од тоа тмурниот тон на Ниче, и тоа одма страв предизвика кај мене како фетус. После кога ме извадија од тоа матката, само плачев Ниче кога ќе го слушнав. Па зема Војо да ми чита Дерида, да ме смири и успие, ама и тоа не делуваше. На крај проба со Лакан, и од тоа глупостите ми дојде преку кур, па се смирив и престанав да плачам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па, абортусот е дозволен до 10, односно 12 недела. Тоа не е случајно.
Ембрионот не чувствува, ни болка, ништо. Нервен систем е неопходен за тоа. А кога нервниот систем практично не постои, односно сеуште не функционира, не може ниту плодот - кој е во овој период ембрион, на било каков начин да перцепира.
Прелазот од ебрион во фетус 10-12 недела, е периодот кога плодот почнува да чувствува дразби, и токму заради тоа не може и не смее да се абортира (освен во исклучителни ситуации, но за тоа е потребен потпис од 3 доктори), зошто веќе станува нехумано.
Кога сето тоа би било толку едноставно. Вистината е дека не постои начин да се утврди кога точно ембрионот или фетусот се здобива со било каков облик на свест. Кој тебе ти гарантира дека секоја клетка не носи некои генетски сеќавања, и со самото тоа некој вид на свест?

Сето останато е само ефтино филозофирање, кое како на кој му одговара...

Ако си либерал, ќе тврдиш тоа што го тврдиш. Ако не, ќе го тврдиш спротивното...
--- надополнето: Nov 8, 2011 7:12 PM ---
На крај проба со Лакан, и од тоа глупостите ми дојде преку кур, па се смирив и престанав да плачам.
:pos::pos:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Убаво ви објаснила професорката, јас ова на своја кожа го имам почувствувано. Кога бев фетус, дома идеше еден пријател на татко ми, Војо. Татко ми ќе му речеше: "Војо, Ниче!", и овој на глас ќе почнеше да ја чита beyond good and evil. Мајка ми кутрата, целата во стравои од тоа тмурниот тон на Ниче, и тоа одма страв предизвика кај мене како фетус. После кога ме извадија од тоа матката, само плачев Ниче кога ќе го слушнав. Па зема Војо да ми чита Дерида, да ме смири и успие, ама и тоа не делуваше. На крај проба со Лакан, и од тоа глупостите ми дојде преку кур, па се смирив и престанав да плачам.
Ниче, Дерида, Лакан...све абдал до абдал. Те сјебал Војо за цел живот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom