Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Според мене е вродено чувство. На човекот е вродена потребата да се организира за да егзистира во животот. Прво се организирал во работни семејства каде што најстариот бил главен pater familias, што во семејството влегувале и членови кои не се крвно сродство, дури и робовите биле дел од тие работни семејства. Тоа се практикувало многу години и било сосема природно за нив затоа што човекот ја има таа потреба. Денес е нешто посовремено од тоа, но се започнува од фамилијата. Таа потреба и желба го тера човекот да создава држави да ги сака и да сторува многу работи за нив. Човекот природно го брани она што е негово, го сака и го негува, според тоа како што ова важи за семејството така и за државата. Патриотизмот е чувство вродено и всадено во луѓето. Најголемите војни во светот настанале поради ова. Милиони војска загинале бранејќи па и напаѓајќи ги државите затоа што сакаат, не затоа што им е наредено.
Изедначуваш семејство со држава?
Дали ти го сакаш Ставре од Гола Вода исто колку брат ти/сестра ти?
Дали во моментов тажиш за десетиците твои сонародници и браќа по крв кои вчера умреа низ државава?
Вродено и всадено истовремено?!
Ако е вродено мора да е генетски предодредено и биолошки детерминирано.
Ако е генетски предодредено мора да постојат гени одговорни за “вроденоста“ на патријотизмот.
Ако постојат такви гени кои се? (Со оглед на мапирањето на човечкиот геном од страна на Human genome project не би требало сите тие гени да останат мистерија, во својата спирала можеби содржат кодирани микроскопски кокарди,шаховничиња,лавчиња,три круни,петли,орли едно и двоглави,планини,трозапци.....а во случајот на некој шо е роден во Мозамбик - калашниковчиња и ашовчиња).
П.С. Што е “твое“ на територијата на РМ?
Oh yeah....од кој учебник го препиша ова?