G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.751
- Поени од реакции
- 9.786
Од Орифлејм:Од Авон/Орифлејм некој добар и траен парфем да ми препорачате? До кај 1000 денари, за посекојдневна употреба..
Volume
Пролетно/летно парфемче, ама добар е и за периодов. Има сладок а воедно и свеж цитрусов мириз, долго трае. Одличен за цената.
Excite
Типичен летен сладок парфем. Интересен мириз, долго трае (не колку Volume).
Espionage
Прилично нов им е овој. Се разликува од овие два погоре, овој е баш за периодов. Уникатен и специфичен мириз, мада прашање на вкус е овој, мада повеќе комплименти добивам одколку критики. Или ептен ќе ти се свиѓа или нема воопшто да ти се свиѓа. Јас го користам веќе неколку месеци и сум презадоволен. Ако сакаш уникатен мириз за периодов одбери го овој.
Од Avon само True Force и Fullspeed сум ги користел, и можам топло да ти ги препорачам. и од двата имам потрошено по 3-4 шишенца.