Протести на плоштадот “Македонија“: младите не го даваат името
![](http://www.netpress.com.mk/vestiimages/23979/tn1_protest-za-ime-NETPRESS.jpg)
Под мотото “Не го менуваме уставното име“ група од околу илјада, главно млади луѓе, протестира на плоштадот Македонија во Скопје. Тие носат знамиња, државното, но и она со шеснаесеткракото сонце, и транспаренти на кои пишува “Младите велат Македонија“ “Нимиц, ние го почитуваме своето име“, како и “Јас сум Македонец, ништо друго“. Групата пее патриотски песни, како и хитовиите на Тоше Проески, а во неа најголем број се средношколци и студенти. Организаторите велат дека очекуваат уште повеќе граѓани на Скопје да им се придружат, а им се најавиле спонтано создадени групи од Тетово и Велес.
Во еден момент, поголем дел од учесмниците на протестот се упатија кон амбасадата на Република Грција, за таму да го изразат своето неслагање со обидот да се менува името на нашата земја. Лидерот на протестите, Богдан Илиевски, од невладината организација “Младите знаат“, ги повика веднаш да се вратат на плоштадот, бидејќи ова требало да биде “мирен и достоинствен протест, каде ќе покажеме дека сме против менување на името, а не да се предизвикуваат инциденти“.
“Се надевам дека групата што замина во правец на амбасадата ќе се врати. Ние остануваме на плоштадот за мирно да протестираме“, изјави за Нетпрес, Илиевски.
Тој додаде дека идејата за протестите дошла спонтано, “да им се овозможи на малдите луѓе во земјава да се изразат, зашто од исклучително значење е тие да знаат какво име носат и што тоа име преставува“.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 19.02.2008 19:02:31
Галерија:![](http://www.netpress.com.mk/Vestiimages/23979/TN_protest-za-ime-2.jpg-NETPRE.jpg)