Мене ми е најсмешно шо и дури студирав на факултет, а гледам и до ден денес сеуште на охриѓани им се туркат под нос (не само од скопјани ами од секого) : Абе дечки, шо прајте со цениве на лето не изгоревте.
Не знам како да објаснам подобро, ама некој гостин то шо ценовно трпит 5-10 дена, охриѓаниве го кркаме 90
. За мене пивото во Куба Либре во Април е 90, Мај 100, Јуни 110, Август 120 и Октомври пак 100. Шо значит требит сите да се отселиме од Охрид и никогаш да не стапниме таму (шо и го прајме, ама не ради таа причина
) И пред да почнам да пливам во угостителски води и јас мислев дека љуѓево си фрлет цени рандом чисто за заработка (шо е делумно точно за неколку објекти), ама на повеќето им е оправдано, од проста причина шо на лето секој трошок растит - од набавка на кафе и овошја до кирии и работна сила (јас чисто секогаш на лето барав барем 30% поголема плата заради обемот на работа, вервам дека и секој го прајт то). Ко ќе земиш закони на пазар, летен период,време на одмори..цените се сасвим нормални. Јас не ги кривам угостителите толку многу , колку шо ги кривам и самите гости, особено нашите. Ќе дојдет в Охрид и се вртет во само 4-5 места шо ги занет кодошле прв пат, а то се најчесто местата кај шо сите гости од нашата држава одет (Ликвид, Куба, Леонардо и слични ними).Ако нешто во Охрид се прајт освен дивоградби изминативе 5 години,то е угостителски објекти. неколку "таке авај" места со предобра понуда, и пристојни цени, места за јадење надвор од центарот на градот - ама пусто кој да се потрудит да појдит
Полека, но сигурно Охрид на лето станвит место за странски туристи, а за домашните е само "get away" место за викенд. Шо ме радвит. Имам неколку другари кои шо инвестираа доста пари и собите шо ги издаваа за 250 денари ги напраја во повеќе од пристојни апартмани, кои си ги издавет за цена од 8-10 евра на booking и AirBNB, и си имет странци во пристоен број во периодот од Март до Ноември, и се ептен задоволни.
Дефинитивно на Охрид му фалит план за доместик љуѓе, али сеуште тврдам (особено после неколку посети на различни градој годинава низ Европа), дека за лепотата шо градот си ја носит и целата прича околу (која шо прича не е Охрид Колинг, Аца лукас во Авејк или Оревче на Трап), туку историја,музеи,цркви, езеро и планина + традиционална гастрономија е сеуште ефтино