Охрид

Дискусија во форумот 'Градови и села' започната од slasa, 18 февруари 2005.

  1. slasa

    slasa

    Член од:
    17 февруари 2005
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    3
    ajde ohrijgani dajte nesto ovde
     
  2. StormAngel

    StormAngel Stormology

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    5.527
    Допаѓања:
    241
    Охридски напев

    Ова е сторија за Охрид,градот кој што го чувствувам како втор роден град,град во кој што успеав да најдам тишина каде што никаде друго ја нема,градот на историјата и сегашноста,градот на езерото.
    Со поглед прикован во плодниот крајпатен пејсаж,постепено откривав една нова земја,земја која сметав дека ја познавам.Автобусот не истовари речиси сите на самиот брег.Застанав на крајбрежната улица,беспомошен од воодушевување.Од усните ми излегуваа само восклици,умот не можеше да ми најде соодветни зборови.Толку убавина не очекував.

    Се уште лесно замајан од првиот впечаток,тргнав право кон романтичен ресторан на самиот езерски брег.Вечерта беше ладна и терасата,жеелен пристан во летните жештини,остана празна.Но скопското пиво и рибата белвица беа вкусни и внатре.Нејасната силуета на кајче исчезнува во хоризонтот.На блискиот рид се простираше градпт.Охрид ме плени од прв поглед,бев заљубен бо него од првиот состанок,заслепен од убавините и искреноста на воздухот кој што струеше насекаде.Го засакав тоа место.

    Кој не бил во Охрид,тој не може да замисли каков е тој град навистина.Приказните на екскурзијантите очевидци не можат да му помогнат.Та зарем може една бледа репродукција да се мери со пурпурната моќ на оригиналот?
    И кој би можел со зборови да пресоздаде една оживеана приказна,излезена не под потезите на сликарска четка,туку од ненадминатата имагинација на природата,од трудот на човекот и пластовите на историјата?

    Охрид не може да биде раскажан,Охрид треба да биде доживеан.

    …Утрото исплива ведро и полно со ветувања.Штотуку си излегол од пријатниот хотел и длабоко си го вдишал кристално чистиот воздух,сфаќаш дека си се нашол во вистински момент во вистинско место.Мајското сонце грее,без да пече.Зеленилото е младо и сочно.Околните планини се уште не ги тргнале своите снежни капчиња.Градот трепери во облека од убавина.
    Секој кој дошол во Охрид минува по определена маршрута.Не затоа што така стои во програмата,туку оти така повела историјата.И,така,тргнуваш по стрмните улички на “Варош”.Одеднаш,во ушите ти одекнуваат чекори.По овие калдрми младите охридски невести се симнувале претпазливо,извивајќи ги стапалата навнатре,за да не паднат.Се спуштале до езерото да нацрпат пресна вода и да ја однесат со ведра нагоре,по угорницата.Таму,во старовремски куќи,ја раѓале својата многубројна челад (неретко над десет деца),се грижеле за маж,свекор и свекрва.Но насмевката не слегувала од нивните лица.Од овие испакнати нагоре прозорци со по осум мали стакла,тие грациозно ги покажувале своите убави лица; во оние мали внатрешни дворови мажите бистреле животни прашања и отпивале од ракијата.

    Лека-полека се искачуваш до врвот на ридот и влегуваш во просторијата каде што се наоѓа гробот на Григор Прличев,се поклонуваш во знак на почит и нозете те водат сами кон друга дестинација.Знаеш дека таму ќе биде подобро,секое друго место кое што ќе го посетиш ќе биде помаѓепсно од претходното.Ја чувствуваш вечноста.Продолжуваш.Ја забележуваш Самоиловата тврдина,која го кити градот како камена круна.Свртуваш низ малата жумичка,минуваш покрај историски места,и запираш пред универзитетот на Свети Климент и стигнуваш до оној волшебен рид,на чиј раб застануваш со премалени нозе.Под тебе,црквата Свети Јован Богослов-Канео,пред тебе-распуканата синевина на езерото,над тебе-небесниот свод.
    Тука,разговараш само со Господ.

    По ручекот,тргнуваш кон Свети Наум.Тоа е полуостров на 30 километри од градот,близу албанската граница-со стар манастир,изграден во 905 година од Наум,нов хотел и три горди пауни,кои каприциозно позираат пред очите на туристите.Уште едно свето место.
    Охрид некогаш го нарекувале “балкански Ерусалим”-не се прашуваш зошто.Посебно откако ќе дознаеш дека овој град,со педесетина иљади жители (или повеќе),има најмногу цркви (40!) на квадратен метар во Европа,а можеби и во светот.

    ...Ноќта бавно се спушта над новите бели куќи.По натежнатиот од впечатоци ден,влетуваш во една од многубројните кафичи,кои неодоливо мамат-на охридска пастрмка,бело вино и... на слатка музика.Во Охрид многу се свири и пее.
    Охрид се разликува од другите градови во Македонија,не само по својата географска положба.Но токму таа му ја дава исклучителната маѓепсност.Распослан по еден прекрасен рид на северното крајбрежје на Охридското Езеро.градот спаѓа кон базенот на Јадранското Море.Ете зошто Охрид(со старото име Лихнидос,што значи светлина),не е типичен Балкански град.Охрид е скапоцениот плод на едно вековно вкрстување меѓу Истокот и Западот.Една природна мешавина меѓу ориенталното спокојство,средоземното сакање на животот и европската етикеција.Во Охрид не е мека само климата.Една маѓосна аура на мекост и топлина ги обвиткува и луѓето,кои имале среќа да бидат родени и да живеат во овој мал голем град.
    Охрид е мал град според бројот на жители,и никогаш немал претензии да биде некој друг,но тој е голем со својата историја.

    За на крај,сувенири! Најдоброто нешто што би можел да избереш е Охридскиот бисер.

    ...Автобусот заканувачки бревта.Секој миг ќе тргне назад.Јас сум удобно сместен на своето седиште.Зад очилата за сонце молчаливо ги нижам спомените.Еднаш некој рекол-”Види го Неапол и умри!”.
    Меѓутоа,за Охрид дури и помислата на смрт-па макар таа да била и од љубов-не одговара.За Охрид човек би рекол:”Види го Охрид и....живеј!”,за да се вратиш во него некој ден.


    Напишано од СтормАнгел (Мирсад Асани)
     
    На PoolGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RaGeAnGeL

    RaGeAnGeL KiCk AsS

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    7
    mamificeto tvoe....eden eban zbor ne najde da kazis za mene aaaaaaaaa????????????????????
     
  4. VeGaS

    VeGaS

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    1.212
    Допаѓања:
    5
    ti si zastitniot znak na Ohrid
     
  5. Anonymous

    Anonymous Гостин

    куќа имам у охрид кој сака да иде у охрид кај мене под кирија нека ми се јаве :)
     
  6. THEOREM

    THEOREM

    Член од:
    6 март 2005
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Jbg Ohrid, se si mislam deka Samuilovata tvrdina e idealno mesto za dobra TECHNO(or anyway) zabava, megjutoa koga se potsetam kako stojat rabtite vo Ohrid, zabava na Samuilovata tvrdina means => science fiction ! Steta ali jbg mozeme samo da se nadevame na podobra idnina ... better times yet come (najverojatno)!
     
    На Cheross му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RaGeAnGeL

    RaGeAnGeL KiCk AsS

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    7
    ne davaat per...inace imase baranje ali ne go odobrija
     
  8. THEOREM

    THEOREM

    Член од:
    6 март 2005
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ke bide, bede koga togas..
     
  9. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    А з`ш некој не кажит збор два за баракине? :twisted: :lol:
     
  10. n00b

    n00b

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    669
    Допаѓања:
    8
    Ова Охридските девојки ршум прават сеа низ скопјево, тапа им е сеа во зимава па доваѓаат тука, ама сеа кога ќе дојде лето ке се фати летна шема :).
     
  11. THEOREM

    THEOREM

    Член од:
    6 март 2005
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Sto so barakite??? Nerazbiram ??? :?: Kolku e ubavo mesto za ziveenje ili nesto drugo vo vrska so niv?
     
  12. натуш

    натуш

    Член од:
    10 март 2005
    Мислења:
    660
    Допаѓања:
    9
    охридддд охриддддддддд
    убавиноооооооооооооооооооооооо
    дајте слики беееееееееееееееее :lol:
     
  13. RaGeAnGeL

    RaGeAnGeL KiCk AsS

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    7
    najubaj se barakine beeeeeeeeeeeeeee.....kucko i miss u mori i ti i nashana mala
     
  14. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.497
    Допаѓања:
    25.934
    Ти си од Орид, ти треба да обезбедиш слики.. Да не сакаш некој од Скопје да ти стави? :lol:
     
  15. натуш

    натуш

    Член од:
    10 март 2005
    Мислења:
    660
    Допаѓања:
    9
    уууууууууууу сега ке ти стам :lol:

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Dream girl му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: