Ја изгледав Nine Perfect Strangers, ми фати a e s t h e t i c - от око и од тој аспект воопшто не разочара, ама приказната, хм. Мое лично мислење е дека приказнава ќе беше многу подобро раскажана и прифатена како fast-paced трилер филм отколку како мини серија од 6ипол саати. Јас за среќа ниту знаев што да очекувам од приказната, ниту па имав некоја претстава, па не се разочарав нешто особено многу. Повеќе очекував од ликовите да ме забавуваат и да се дружиме фино, и така би. Не дека не можеше подобро, ама не се осеќам нешто како да сум си го изгубила времето на серијава. Ако некој бара нешто remote wellness resort да гледа колку да се дружи со Мелиса Мекарти, Никол Кидман и рандом други луѓе океј, ама од аспект на drama/mystery/thriller не доставува некое задоволувачко ниво. Има мистерија, и твистови тука и таму, по некој fantasy/fiction концепт ама недоволно е тоа обработено и развиено во серијава. Ја немам читано книгата не знам како е напишана, ама се надевам од аспект на story telling е светлосни години подобра, зашто инаку yikes.