Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Бугарите се радуваат за Самуил, не плачат како Грците за Александар
Еден ден Македонија ќе стане членка на ЕУ и на шенген-зоната, Скопје ќе стане многу покосмополитски град. Тој ден историјата повторно ќе се напише. Тогаш Самуил ќе се покаже како поробувач и, соодветно на тоа, ќе биде премачкан со катран. Така цар Самуил ќе заличи на фудбалерот Самуел Ето „24 часа“

Поздрави и честитки, како и по некој коментар за потсмев одекнаа во бугарските медиуми по поставувањето на споменикот на цар Самуил на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Реакциите се речиси спротивни од тие во Грција откако се намести статуата на Александар Велики, кога се пишуваше дека сме подигнале „бронзена империја“ и дека поради ова нема да влеземе во НАТО и во ЕУ.

Повеќето весници и агенции во Бугарија ја пренесоа изјавата на историчарот Божидар Димитров, познат по своите националистички ставови, дека срцето му се исполнува со радост и со гордост дека во центарот на Скопје е подигнат паметник на еден бугарски цар, на еден достоен бугарски владетел.

Според Димитров, настанот е уште порадосен бидејќи сé уште нема таков споменик во Софија.

- Посакувам да продолжат во истиот дух и да не препознаат дека прикриени Бугари, со образложение дека подигнуваат споменици на македонски национални херои, всушност прават споменици на Бугари - изјавил Димитров.

Слична реакција имало и од привремениот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Кристијан Вигенин, кој порачал на својот профил на Фејсбук дека треба да се поздрави потегот на македонската влада.

Најостар коментар имаше во дневникот „Труд“, кој пишува дека Македонија посегна и по бугарската историја откако веднаш до статуата на Александар Македонски ја постави и таа на цар Самуил, а двајцата ќе се радувале на друштвото на римскиот император Јустинијан. Со многу подуховит пристап весникот „24 часа“ вели дека е за пофалба што статуа од бугарски цар се нашла среде Скопје и дека би требало таму да се постават паметници и на други бугарски цареви, зошто да не и на сите. Во текстот се исмева тоа дека преку статуите се бара национален идентитет, на што Македонците доцна се сетиле, бидејќи во Европа тоа било завршено уште во 19 век.

„Еден ден Македонија ќе стане членка на ЕУ и на шенген-зоната, Скопје ќе стане многу покосмополитски град. Тој ден историјата повторно ќе се напише. Тогаш Самуил ќе се покаже како поробувач и, соодветно на тоа, ќе биде премачкан со катран. Така цар Самуил ќе заличи на Самуел Ето“, заклучува „24 часа“.

Агенцијата „Новините“, пренесувајќи ја информацијата за монтирањето на мермерната скулптура, дава историја за тоа кој бил цар Самуил (според бугарските тврдења), како тој се борел со Византијците и станал цар на првата бугарска империја и како загубил од императорот Василиј Втори, кој поради таа победа бил наречен „бугароубиец“. На крајот, пак, има осврт кон, како што пишува, официјалната доктрина на Македонија (БЈРМ), инспирирана од пропагандата на Титовата комунистичка Југославија, според која, Самуил бил цар на средновековна македонска империја, тврдење базирано единствено врз фактот дека првата бугарска држава опфаќала територии од денешната Македонија, а Охрид бил од големо значење. Според агенцијата, овој „македонизам“ го побива текстот најден кај Битола, напишан од Иван Владислав, внукот на Самуил, во кој тој се нарекува цар на Бугарија.

Споменичен комплекс посветен на цар Самуил во Бугарија има кај Петрич, гратче близу границата со Македонија. Меморијалниот центар е направен на местото каде што се одиграла познатата битка во 1014 година во која Самуил загубил од Василиј Втори, а 14.000 војници биле ослепени.

Автор: Гоце Трпковски
http://novamakedonija.com.mk/
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
...сосема друга перцепција агол на гледање одколку на сликите, доста добро се вклопува во просоторот и прави одлична дијагонача со Ченто

--- надополнето: Jun 30, 2011 3:27 PM ---

тројката Александар Самуил Ченто ги симболизира периодите на Македонска државност

Империјата, Царството, Републиката
Ama aко го мериме растојанието на Ченто до фонтаната и Самуил до фонтаната,Самуил е многу поблиску..што знам..ја останувам сеуште на мислење дека требало Самуил да се вовлече уште наназад
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ama aко го мериме растојанието на Ченто до фонтаната и Самуил до фонтаната,Самуил е многу поблиску..што знам..ја останувам сеуште на мислење дека требало Самуил да се вовлече уште наназад
да ама не може!!! види ја сликата погоре

Пелагонија не завржува на иста линија и ист правец со зградата кај тренд... ке влезе во улица Македонија ке се изгуби и ке ја блокира пешачката зона.
--- надополнето: Jun 30, 2011 4:02 PM ---
визуелно ке беше 100 пати подобро...немаше да биде практично за пешаците на ул МК
 
F

FilipMacedon

Гостин
Мене така ми се чини или лавовиве имаат жабји батаци? :confused:
Ова ти се вика нит се води нит се тера,те муда биде мали,те курот бил нездрвен,најдобро ке беше да си останеше само она реклама за скопско....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
да ама не може!!! види ја сликата погоре

Пелагонија не завржува на иста линија и ист правец со зградата кај тренд... ке влезе во улица Македонија ке се изгуби и ке ја блокира пешачката зона.
--- надополнето: Jun 30, 2011 4:02 PM ---
визуелно ке беше 100 пати подобро...немаше да биде практично за пешаците на ул МК
A aко одеше накај фуфо.. тука ќе имаше место и немаше да се затвори улицата ..плус и ул Македонија е пешачка улица и малку да ја затвори нема да пречи,нема возила да поминуваат
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Во Охрид утре откривање на споменикот на свети Наум Охридски - Чудотворец
По повод православниот празник 3 јули, посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец, утре на градскиот плоштад во Охрид свечено ќе биде откриен новопоставениот споменик на светителот.
Свечената церемонија ќе се одржи во паркот пред Рибниот ресторан, каде ќе биде откривањето на споменикот. Предвидено е притоа пред присутните да се обрати Јоне Станкоски, претседател на Одборот за подигање спомен-обележје за „Свети Наум Охридски - Чудотворец". Пригодна реч ќе одржат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Охрид Александар Петрески, а ќе беседи академик Цветан Грозданов.
Осветувањето на паметникот на свети Наум ќе го изврши митрополит дебарско - кичевски, г. Тимотеј.
Со поставувањето на споменикот на свети Наум се заокружува духовниот триаголник во центарот на Охрид, каде веќе се наоѓаат спомениците на свети Климент и на светите браќа Кирил и Методиј.
МН
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896

Аман де,тоа Скопско нека го тргнат:giggle:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Кога би зависело од мене, вака некако би распоредил дел спомениците (една од повеќето можни варијатни):

1. Даме исто ко што е
2. Гоце исто ко што е
3. Гемиџиите ко што се

4. На местото на Јустинијан би ставил групна скулптура Илинденци (не е предвидена таква). Причини:
а) за да има симетрија. На едната страна Гоце (коњаник) и Гемиџиите (групна скулптура); на другата Даме (коњаник) и Илинденците (групна скулптура). А и сите би биле од бронза (сега Јустинијан е од мермер)
б) за да се оформи целина. Сите да се од ист период на Македонија (Јустинијан е векови порано).

5. На местото на Пулевски би го ставил споменикот "Основачи на ВМРО" кој според сегашниот план треба да е во жена парк (само наместо квадратен постамент би ги поставил на кружен ко на Гемиџиите). Причини:
a) Затоа што сега Пулевски кога се гледа од страна на плоштадот Карпошово востание се гледа од грб (?). А пак ако се застане пред него нема баш доволен простор и мора да се гледа ептен под агол - жабја персп. Вака групната скулптура ќе може да се гледа од сите страни.
б) Би одговарало и со музејот кој ќе го носи името "Музеј на ВМРО..."
в) Споменик "основачи на ВМРО" во "жена парк" ? А и би бил засенет од поголемиот планиран споменик таму.

6. На местото на Карпош исто би ставил групна скулптура. Причина идентична со 5 а) а и би се оформила симетрија со групните скулптури од другата страна на Вардар

7. На местото на Александар би ставил споменик Македонија кој би ја симболизирал сета македонштина и сите периоди. Идеја за изглед обелиск, обиколен од фонтана (гледан од горе да изгледа како сонце). Причини:
а) неутрален симбол кој би ги симболизирал сите периоди и со којшто би се поистоветувале сите граѓани на Македонија.
б) би одговарал според големината на тоа место.
в) би одговарал за таму и според името.

...
 
Освен со 7-мата точка, за се друго се сложувам..а посебно што нема споменици кај што се сега Ченто и Самуил
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Свети Наум Чудотворец меѓу охриѓани
Попладнево во паркот пред Рибниот ресторан во пристуво на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, авторот на споменикот академик Томе Серафимоски, првиот човек на организациониот одбор Јоне Станковски, како и стотина љубопитни граѓани беше поставен споменикот на Свети Наум Охридски Чудотворец.
Споменикот кој заедно со постаментот е висок 6,5 метри и ќе го комплетира духовниот триаголник, свечено ќе биде откриен во недела.

© 2011 Ohridnews.com.

Koлку свечено се облечени ,алал да им е!

Слики во поголема резолуција : http://ohrid.gov.mk/pictures/Spomenik_Sv_Naum_Ohridski_2011.html
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да,ова како на скара во природа да се заминати.Можеше да биде и полошо.Градоначалников ни можеше да дојде по куси пантолони.За тие што не знаат градоначалникот е втор од десно на последната слика.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Незнам што посебно сакате вие.Па ова не е официјалното претставување.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
МТВ одкрива повеќе детали во врска со комплексот фонтани и споменици на Полоштадот Карпошово востание.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19573/13_metarski_filip_ii_makedonski_vgodina_na_obnovenoto_%93karposhevo_vostanie%94.aspx
--- надополнето: Jul 6, 2011 7:54 PM ---
6. На местото на Карпош исто би ставил групна скулптура. Причина идентична со 5 а) а и би се оформила симетрија со групните скулптури од другата страна на Вардар...
Карпош е таму затоа што ќе биде дел од плоштадот Карпошово востание (моја претпоставка).
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
МТВ одкрива повеќе детали во врска со комплексот фонтани и споменици на Полоштадот Карпошово востание.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19573/13_metarski_filip_ii_makedonski_vgodina_na_obnovenoto_%93karposhevo_vostanie%94.aspx
--- надополнето: Jul 6, 2011 7:54 PM ---

Карпош е таму затоа што ќе биде дел од плоштадот Карпошово востание (моја претпоставка).
Скулптури на мајки со деца ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom