- Член од
- 18 јануари 2009
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 339
Бугарите се радуваат за Самуил, не плачат како Грците за Александар
http://novamakedonija.com.mk/Еден ден Македонија ќе стане членка на ЕУ и на шенген-зоната, Скопје ќе стане многу покосмополитски град. Тој ден историјата повторно ќе се напише. Тогаш Самуил ќе се покаже како поробувач и, соодветно на тоа, ќе биде премачкан со катран. Така цар Самуил ќе заличи на фудбалерот Самуел Ето „24 часа“
Поздрави и честитки, како и по некој коментар за потсмев одекнаа во бугарските медиуми по поставувањето на споменикот на цар Самуил на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Реакциите се речиси спротивни од тие во Грција откако се намести статуата на Александар Велики, кога се пишуваше дека сме подигнале „бронзена империја“ и дека поради ова нема да влеземе во НАТО и во ЕУ.
Повеќето весници и агенции во Бугарија ја пренесоа изјавата на историчарот Божидар Димитров, познат по своите националистички ставови, дека срцето му се исполнува со радост и со гордост дека во центарот на Скопје е подигнат паметник на еден бугарски цар, на еден достоен бугарски владетел.
Според Димитров, настанот е уште порадосен бидејќи сé уште нема таков споменик во Софија.
- Посакувам да продолжат во истиот дух и да не препознаат дека прикриени Бугари, со образложение дека подигнуваат споменици на македонски национални херои, всушност прават споменици на Бугари - изјавил Димитров.
Слична реакција имало и од привремениот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Кристијан Вигенин, кој порачал на својот профил на Фејсбук дека треба да се поздрави потегот на македонската влада.
Најостар коментар имаше во дневникот „Труд“, кој пишува дека Македонија посегна и по бугарската историја откако веднаш до статуата на Александар Македонски ја постави и таа на цар Самуил, а двајцата ќе се радувале на друштвото на римскиот император Јустинијан. Со многу подуховит пристап весникот „24 часа“ вели дека е за пофалба што статуа од бугарски цар се нашла среде Скопје и дека би требало таму да се постават паметници и на други бугарски цареви, зошто да не и на сите. Во текстот се исмева тоа дека преку статуите се бара национален идентитет, на што Македонците доцна се сетиле, бидејќи во Европа тоа било завршено уште во 19 век.
„Еден ден Македонија ќе стане членка на ЕУ и на шенген-зоната, Скопје ќе стане многу покосмополитски град. Тој ден историјата повторно ќе се напише. Тогаш Самуил ќе се покаже како поробувач и, соодветно на тоа, ќе биде премачкан со катран. Така цар Самуил ќе заличи на Самуел Ето“, заклучува „24 часа“.
Агенцијата „Новините“, пренесувајќи ја информацијата за монтирањето на мермерната скулптура, дава историја за тоа кој бил цар Самуил (според бугарските тврдења), како тој се борел со Византијците и станал цар на првата бугарска империја и како загубил од императорот Василиј Втори, кој поради таа победа бил наречен „бугароубиец“. На крајот, пак, има осврт кон, како што пишува, официјалната доктрина на Македонија (БЈРМ), инспирирана од пропагандата на Титовата комунистичка Југославија, според која, Самуил бил цар на средновековна македонска империја, тврдење базирано единствено врз фактот дека првата бугарска држава опфаќала територии од денешната Македонија, а Охрид бил од големо значење. Според агенцијата, овој „македонизам“ го побива текстот најден кај Битола, напишан од Иван Владислав, внукот на Самуил, во кој тој се нарекува цар на Бугарија.
Споменичен комплекс посветен на цар Самуил во Бугарија има кај Петрич, гратче близу границата со Македонија. Меморијалниот центар е направен на местото каде што се одиграла познатата битка во 1014 година во која Самуил загубил од Василиј Втори, а 14.000 војници биле ослепени.
Автор: Гоце Трпковски