Овој споменикот изграден „Во чест на бранителите на РМ од 2001 год. и ...“ е поставен през 2007 г. на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.
Според кажувањето на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев идејното решение за овој споменик не било лично избрано од него, туку од комисија составена од владеачките советници на СДСМ и опозицијата во Советот на општина Струмица, со согласност од претставници на МПЦ и согласност на семејствата на загинатите бранители. Според градоначалникот Зоран Заев во овој споменик треба да се препознае феникс, раѓање на нов живот, затоа што „бранителите на РМ од 2001 год.“ се бореле за нов живот.
Не се разбирам од уметност како г-нот Заев и членовите на комисијата што ја формирал тој, но споменикот ме потсетува на осудата на струмичани која му ја изрекоа во струмичката чаршија во 2001 година кога г-нот Заев наместо да одговори на повикот за негова мобилизација во АРМ, дезертирал во Грција, каде до крајот на „воениот конфликт“ по грчките плажи и во станот на чичко му во Солун „се криел“ од македонската власт. (Да не се разбереме погрешно, денес не го обвинувам г-нот Зоран Заев за дезертерство од АРМ, тој ако дезертирал од АРМ во 2001 г. после потпишувањето на Рамковниот е амнестиран – што ќе рече веќе невин е.)
Во контекст на оваа чаршиско оговарање, овој споеменик подигнат „во чест на бранителите на РМ од 2001 год.“ на мене ми се чини дека на г-нот Заев го асоцира на неговите тогашни проводи по грчките плажи и на тогашните негови ноќни мори од евентална несакана бременост.
Јас сум си „стар модел, со застарена програма“, не се разбирам од совремна уметност, но ако голата жена е симбол на воена храброст, на загинатите во борба за слобода, тогаш предлагам да ги осовремениме и спомениците и бистите на борците од „НОБ и Народната Револуција“. На пример, меѓу бистите на првоборците Боро Џони и Благој Јанков Мучето во малиот градски парк, може да се постави истиот „феникс“.
извор
http://papata1962.blog.bg/viewpost.php?id=208142