Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Мене така ми се чини или лавовиве имаат жабји батаци? :confused:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Да бе, и ноктите не им се исечени...

Не се фаќајте за глупости. Стварно има некои споменици кои е подобро да не излезеле од хангар (како транформерс лавовите на мостот Гоце Делчев), но нема никаков проблем со „батаците“ на лавовите кои стојат покрај фонтаната.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Да бе, и ноктите не им се исечени...

Не се фаќајте за глупости. Стварно има некои споменици кои е подобро да не излезеле од хангар (како транформерс лавовите на мостот Гоце Делчев), но нема никаков проблем со „батаците“ на лавовите кои стојат покрај фонтаната.
Мене вака на слика многу лошо ми изгледаат “батаците“. Главата им е ок.
Од лавовите на Гоце Делчев “трансформерсите“ ми се допаѓаат повеќе од тие “обичните“, со огромни главурди и мали газиња односно тело. o_O
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Споменикот на Самуил - ЧИР на плоштад...озбилно

толку ли беше тешко Самуил и Јустинијан да ги постават симетрично до Александар - ист материјал, иста позиција, горе доле иста функција, цареви, кралеви императори...се ке се заокружеше

сега ке се сопињаме од него
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Знае некој што му правеле денес на споменикот на Гоце? Обично чистење, премачкување за да не фаќа патина ко што најавуваа или нешто трето?

 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Знае некој што му правеле денес на споменикот на Гоце? Обично чистење, премачкување за да не фаќа патина ко што најавуваа или нешто трето?

Незнам, ама вака на сликава изгледа ко крагњата да му ја местат :)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Споменикот на Никола Јонков Вапцаров пред општина Бутел

Го гледам од поодамна Димитрија Чуповски на плоштад, со глава поголема од тело (како и сите други, нели). Ама, и многу е поголем од другите кои се претходно поставени, па дури и поголем и од Ченто како што ми изгледа.
А што би рекол за споменикот на Никола Јонков Вапцаров? :)

Пропорции - глава една седмина од целокупниот раст.



Споредба со скулптурата на Св Климент и Св. Наум, и со човек (една осмина)

 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Скулптурата на Вапцаров со голо око се гледа дека е непропорционална а самиот изглед ме потсека на скулптурите правени во 70тие и почетокот на 80тите. Во секој случај катастрофално лошо. А подобро барем на слика не изгледа ниту споменикот на Ѓорче Петров иако и да сака неможе да биде на толку ниско ниво како скулптурата на Вапцаров.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ајдеее:)
Штипските борци - на скопскиот плоштад бараат место и за Михајло Апостолски

Штипските борци - на скопкиот плоштад бараат место и за Михајло Апсотолски. Според нив, таму свој споменик Апостлски заслужил многу повеќе отколку било кој друг.Поткрепа на тврдењето борците наоѓаат во НОБ , а ососбено во АСНОМ. Проектот Скопје 2014 и отсуството на Апостолски во него, беше тема на денешната седница на Штипските борци. Истата, тие ја завршија со намера, да покренат иницијатива за поставување на споменик на Апостолски на скопксиот плоштад.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да,да уште Апостолски фали на плоштадот.Нека има негов споменик ама плоштадот е веќе пренатрупан.
п.с.со сета должна почит кон борциве од НОБ,ама уште има живи од нив бе???
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
На Апостолски има биста во паркот во Штип:



За среќа се наоѓа во релативно добра состојба споредено со многу други бисти кои повеќе личат на руини од четврти век :)
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
го повлекувам зборот за Самуил, дека е чир на плоштадот

1. не е завршен
2. денес поминав лично...сосема друга перцепција агол на гледање одколку на сликите, доста добро се вклопува во просоторот и прави одлична дијагонача со Ченто

3. стојам на тоа дека ТРЕБАШЕ ПОГОЛЕМА СИМЕТРИЈА, ченто самуил александар, но НЕПРАВИЛНИАТА форма на почетокот на плоштадот (зградите пелагонија и таа кај тренд не завршуваат на иста линија и правец) како и пешачките улици кој се влеваат во плоштадот не дозволуваат друга локација..

(од билд)



ако Самуил идеше повнатре на улица Македонија, ке се изгубеше во уличката и дрвата, Ако ченто се поставеше понапред, ке беше вистински чир, среде патеките, пред хотелот ...

со оглед на постојните објекти..ова е најдоборото решение...не е идеално...но задоволително
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Слушнав дека пошто по најново е македонка ќе ставале и споменик "Шаќира на коњ":ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:

build.mk
:ROFLMAO:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Споменикот на Александар е применета, а не висока уметност

Интервју со Василка Димитровска, магистер по археологија, професионален туристички водич, блогер и граѓански активист во полето на културното наследство

„Воинот на коњ“ се’ уште не е поставен на предвиденото место, но луѓето од италијанската леарница „Маринели“ веќе ги составија донесените делови, па може да се види неговиот изглед. Како историчар на уметноста, како ја оценувате естетската вредност на споменикот?

Јас сум археолог, но имам и титула историчар на уметноста, која многу ретко ја користам во јавноста, иако несомнено овие две науки низ својот историјат постојано се испреплетуваат и не можат една без друга. Статуата најавена како „Александар на коњ“ која беше преименувана пред самото поставување на плоштадот во Скопје во „Воинот на коњ“, ја разбранува јавноста . Таа треба да биде круна на проектот „Скопје 2014“ замислен и реализиран од Владата на Република Македонија , кој го опфаќа архитектонското преуредување на централното градско јадро на Скопје со разни склуптури, згради, музеи и институции . Повеќето од граѓаните беа засегнати од нетранспарентноста на тендерот при избор на идеја и скулптор за овој споменик и секако финансиската конструкција, која е многу висока. Ретко кој од нив ја допре естетската димензија, бидејќи тоа е споменик покрај кој треба да поминуваме катадневно, а не познавам човек на планетава, кој не би сакал да гледа убави работи околу себе. Деновиве овој монумент се монтира и можеме да го насетиме неговиот конечен изглед. Во овој случај, се работи за применета уметност која е правена според нарачка, па следствено на тоа не можете да очекувате којзнае колкава наука, ниту пак голема естетската вредност од ваков тип на споменик. Вистинската уметност, сепак, завршува онаму каде треба, во колекциите на уметничките музеи или пак во богатите колекции на приватните аукционери.

Каков ќе биде долгорочниот ефект од поставувањето на споменикот на Александар Велики - научен, културолошки, политички, економски...?

Минатата година имав еден проект со уметникот Зоран Попоски насловен како „Градска тура 2000-2010“, што ја изведовме како прошетка низ културните обележја создадени за време на последната деценија во Скопје. Од овој проект произлезе богат фото-есеј и еден научен труд насловен „Јавниот простор како културното наследство“ . Сметам дека п овеќето од рецензиите за проектите кои го опфаќаат централното градско јадро на Скопје, се базираа на финансиската и екомомската анализа, без притоа да се допре моментот на јавниот простор како културно наследство. Како нешто кое трајно останува на идните генерации, она што треба да постане и опстане како 'наследство', треба да го помине тестот на времето. Само тогаш ќе бидеме спремни да кажеме дека нашите архитектонски 'семантички' урбани артефакти, си го обезбедиле своето место во историјата и категоријата - културно наследство. Споменикот на Александар Македонски нема и не треба да има научен, туку уметнички аспект со печат од скулпторот за времето кога настанал. Несомнено финансискиот ефект од него особено ќе биде очекуван и добредојден од туристичкиот сектор, кој гледа со огромна благонаклоност на проектот „Скопје 2014“, бидејќи тој реално ќе ги заинтересира луѓето, ако не друго, барем еднаш да дојдат и лично да го посетат.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
...сосема друга перцепција агол на гледање одколку на сликите, доста добро се вклопува во просоторот и прави одлична дијагонача со Ченто


--- надополнето: Jun 30, 2011 3:27 PM ---

тројката Александар Самуил Ченто ги симболизира периодите на Македонска државност

Империјата, Царството, Републиката
 

Kajgana Shop

На врв Bottom