Нови возила за македонската полиција

P

Princ

Гостин
Најглупавото нешто на тендерите во земјава е што многу често најважен (некогаш и единствен) критериум е - цената.
Требаше некој курназ да им понуди некое модифицирано Тико со 100 коња за багатела цена.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
не ме интересира што ке возат нашиве џандари... за нив само застава!!! како ги возат и застава им е многу.. сакам друго да искоментирам.. - пево требаше сеат па сеа шкода... првиот тендер го поништија демек имало пропуст сега све е у реду а? ме интересира само кој ке лапне дел од зделкава што ке ја напраат мвр со порше македонија... некој ке земе паричка и тоа повеќе од сигурно!!!
Пропустот беше реален, Порше навистина немаа пристап до страницата во последните минути кога и требаше да се понуди најниската цена, така Сеат доби првиот пат. Овој пат тендерот беше сосема легитимно добиен. Она што и мене не ми се свиѓа е што се гледа само на најниска цена наместо на опрема и перформанси на колите, но веројатно од МВР си знаат дека какви коли и да земат за година-две (максимум) ќе ги направат канти. Иначе, Јетиво не е лепотица, ама е практично и во секој случај подобро од крајслерите што ги скапаа за два дена.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Абе би им купил пеглици да мораат да ослабат за да влезат внатре.

Комбињата ги користат само за разнесување на бурек.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506



Škoda Yeti 2.0 TDI 4x4
Идниот полициски автомобил ќе биде со зафатнина од 110 - 140 KW
Мотор со околу 150 коњи е сосема доволен, а што ќе им е брз автомобил? имаат ли полицајците потреба од брзина?
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Незнам зошто се буните сите какви коли ќе возеле... освен ако планирате да се возите на задно седиште во нив :D

Неоспорен факт е дека маме ќе им плачат на шкодиве исто ко на крајслерите што им плачија, и пак ќе ги крпат и ќе плаќаат сервиси за нив...
За полиција на автопат можеби е потребна кола од 150 коња, но за низ град, особено за помалите градови подобра опција е нешто помало како пунто, авео... Ама народот плаќа, шојма тие да му ја мислат :rolleyes:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.134
Поени од реакции
18.131
Првите месец - два после носењето на новите, бегајте од нив ... не за друго, дури ги навикнат :sneaky:
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Првите дваесетина „шкода јети“ од вкупно 150, кои за неколку месеци треба да се паркираат во Министерството за внатрешни работи, вчера пристигнаа во земјава.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9B69EB9D406F1E45B4FE1904DFE46E73
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.134
Поени од реакции
18.131
А да ги пуштат со ЈСП како службени возила...можда вистински ќе поработат нешто :)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
во близина на Куманово, вчера два камиона ги пренесуваа чешките автомобили. Како што е познато, „Порше Македонија“ го доби тендерот на МВР, вреден околу 3,2 милиона евра, за набавка на возила што ќе ги заменат досегашните „крајслер“.

ИЗвор

policiski-vozila-1.jpg
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Новите полициски автомобили „Шкода Јети“ интензивно се подготвуваат за да ги заменат старите „Крајслери“.


Најголем дел од новите 150 полициски возила се веќе пристигнати, обележани и подготвени за полицајците.
Сепак, согласно Договорот со компанијата која го доби тендерот, новите полициски возила низ улиците ќе ги видиме откако сите 150 возила по принцип клуч на рака ќе му бидат предадени на Министерството за внатрешни работи.





 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Новите 150 полициски „Шкода Јети“ кои треба да ги заменат „крајслерите“ се паркираа во Министерството за внатрешни работи.


По претходното нивно обележување со полициски ознаки, новите 150 автомобили наменети за полицијата од попладнево се наоѓаат на паркинг просторот во МВР.

Според најавите, новите полициски возила ќе бидат промовирани официјално во понеделник.

По техничкиот прием и регистрацијата, новите полициски автомобили се очекува да бидат видени на улиците веднаш по Нова година.

 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Хубави ама крајслерите беа по машки :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Значи специјално возило треба да го приметиш од авион, а овие се означени како играчки, поефтино здравје. Такси возилата полесно се препознаваат од овие. 2012 година сме, еден натпис и едно никакво лого ставиле, ниту различни бои, ниту рефлектирачки шари позади барем. По мене катастрофа изгледаат визуелно. Ако во минатото Заставите и Ладите морале да ги фарбаат, што е дополнителен трошок и помал профит за понудувачите, денес барем има едно чудо фолии и слични заебанции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom