Нови возила за македонската полиција

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Da gi opravat malku trgovcite,ako ne kupuva državata i ponekoja državna firma nema veke koj da kupi novo vozilo. Site saloni ke krahiraat.
Inace skoda yeti e top vozilo,na mene mnogu mi se dopaga. Tie krajslerite bea živi kršovi,barem na gorivo ke štedat ovie,krajslerite trošat po 20-25 gradska,živ rezil.
 
L

Lu

Гостин
Значи специјално возило треба да го приметиш од авион, а овие се означени како играчки, поефтино здравје. Такси возилата полесно се препознаваат од овие. 2012 година сме, еден натпис и едно никакво лого ставиле, ниту различни бои, ниту рефлектирачки шари позади барем. По мене катастрофа изгледаат визуелно.
Па намерно ги напраиле вакви неприметни за да неможат да се забележат, и полесно да пишуваат казни ... се си имаат они испланирано :D
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Дали овие Јетиевците “носат“ 17-ки бандажи? Чуму таков луксуз?
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
баш би сакал некој ден и мене да ме извозат во количево :D :D
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
море катастрофа... пасивното и активното предупредување се 0.. ни се знае дали е патролно возило, ни се знае дали е сообракајно возило, возило за придружба... ништо :( като б'лгарски певици са коливе, све исто штанцани..ко што се напред, назад, горе и доле силикон и само по имињата ги разликуваат, така и ние коливе само по регистрациите ќе ги разликуваме, и тоа само по задната (ма да и тоа е нешто)... тоа буквите ПОЛИЦИЈА од колаж, еден кровен ротационен бар... нема лед барови, нема фотосензитивни ознаки (освен грбот на полицијата и ознаката полиција)... толку пари дале.. за 80000 евра плус заебале работа... се надевам дека имаат барем стробоскопски лампи на фаровите ако не друго... та нели шеташе госпожа министерка по лондон, по америката... зар таму не виде како изгледа едно цајканско возило? У америка бре коа ке засвети ко подвижна дискотека е или сеа актуелно е нова година...ко новогодишни елки се... а у лондон да не зборам зелени ко марсовци.. да се знае дека е специјално возило, да се примети... новиве брза помоши се 100 пати подобро означени од цајканскиве... али не дај боже да влезеш ни во едното ни во другото :)..

дефинитивно нашиве полициски возила се најоскудно означени од сите поранешни сфрј републики... србија има подобро означени возила... искрено стварно ке ми биде криво ако останат вакви...
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Крајслерите исто така беа оскудно обележани, но беа препознатливи сами по себе бидејќи само џандарите имаа (бели или црни) Крајслери :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во Охрид стигнале дури 5 возила, во Струга 3, Кичево 2 и Дебар дури едно (ако не го превртиле по пат :pos:).
И како им е планот да ги исфрлат другите возила од употреба?Изгледа Поло и Голф 3-ките и најмногу се покажаа најиздржливи досега.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
Сега со мерак одат на терен, вчера партали направија, 2 пати ми вршеа контрола. :cool:
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Внимание, турбо „јети“ ќе те стигне



Нашиот терен беа скопските улици и булевари и асфалтот на блиските автопатишта, каде што беа презентирани најновите технолошки достигнувања на техниката и опремата на новата полициска „шкода“





Возилата „шкода јети“ со карактеристични ознаки ги минуваат првите километри, откако официјално беа промовирани како нов заштитен знак на македонската полиција.

Пред речиси пет години „Нова Македонија“ подготвуваше репортажа со сообраќајната полиција и имавме можност да се провозиме со еден од сега пензионираните „крајслери“. Полициските службеници што ни беа соговорници тогаш ,во обид да ни ги презентираат перформансите на автомобилот, во еден момент прокоментираа: „Е, да имавте шанса да видите како одеа кога беа нови“.

БЕЗБЕДНОСНИ НОВИТЕТИ

Не сакавме да ја испуштиме таа шанса сега, кога нивниот наследник „шкода јети“ е нов, иако за тоа како се покажува како полициско возило можеби сѐ уште е рано да се зборува.

Овој пат наши домаќини се Борче Грујоски, главен инспектор и раководител на отсекот за превенција во патниот сообраќај, и неговиот колега, инспекторот Боби Ѓорѓиев.

За разлика од колегите што ја подготвуваат популарната емисија за автомобилизам „Топ гиар“, немавме подготвено сценарио - тетовирање на задната клупа на „шкода јети“ во услови на офроуд-возење, за да се демонстрираат амортизацијата и стабилноста или, пак, слетување хеликоптер на покривот од возилото.
Нашиот терен беа скопските улици и булевари и асфалтот на блиските автопатишта.

Без многу формалности и задржување во полициската станица во населбата Пролет, каде што е седиштето на сообраќајната полиција, влеговме во „јетито“, кое нѐ чекаше на паркингот.

Речиси само што симнато од фабричка лента, во возилото се чувствуваше мирисот на пластиката, а од аглите ѕиркаа мали парчиња од најлонската фолија со која била покриена внатрешноста. Она што нѐ интересираше е опремата по која полициските „шкода јети“ се разликуваат од обичните возила на производителот.

Уредот за манипулација со светлосната и звучната сигнализација е поставен над ретровизорот за возачот, различно од „крајслерите“, каде што тој беше во едно лежиштата на командната табла. Тој е вграден од производителот, уште една разлика со претходникот, во кој тие биле дополнително вградувани. На ветробранското стакло е поставен уште еден ретровизор за полицискиот службеник, на совозачкото седиште дел од опремата, како што ни објаснија нашите соговорници, што била наведена во тендерската документација.

Новина во овој автомобил е системот за комуникација - радиостаницата.

- Станува збор за „тетра-систем“, кој е дигитален, кодиран и е од последната генерација вакви уреди, кои нудат поголема заштита и безбедност, што значи многу тешко се пробива фреквенцијата и не може да биде прислушувана. Уредот има и систем за позиционирање, односно џи-пи-ес, па така кога целосно ќе почне да функционира, во центарот за командување што пред извесно време беше промовиран, во секој момент ќе се гледа кое возило каде е. Тоа е многу важно, во даден момент при интервенција колегите што се најблиску да бидат насочени на местото на настанот - објаснува инспекторот Грујоски.

Од возачки аспект, позицијата на возачот и совозачот е висока и има добра прегледност на патот, што е корисно. Бидејќи станува збор за возило што спаѓа во категоријата „СУВ“, јетито е со високо подвозје, робусно, што е погодно не само за офроуд-возење туку и за маневрирање во урбаните средини, ако се земе предвид дека имаме релативно високи тротоари, а при интервенција треба да се влезе секаде.
Грујоски за овие карактеристики на шега вели: „Сега за сега ги чуваме и не ги качуваме на тротоари. Од друга страна, има доволно простор и имаат голем багажник, што е многу важно, бидејќи со себе носиме опрема што мора да ја собере. И ’крајслерите’ имаа добар и голем багажник, но беа подолги. Овие се пократки и движењето со нив низ градските улици е поедноставно, особено кога има метежи“.

ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

По неколку круга низ скопските улици и булевари, излеговме на обиколницата, а потоа и на автопатот Скопје - Куманово, за да ја провериме брзината. Навремената интервенција е битен сегмент од полициската работа. Обично за дизелите е познато дека побавно стартуваат и забрзуваат. Но сто и седумдесетте коњски сили на турбодизелот реагираат брзо при газењето на педалот за гас. За миг телата ни се залепија за потпирачот на задната клупа, додека со вклучени сирени и ротациски светла двајцата инспектори ни демонстрираа чистење на коловозната лента на автопатот. Стрелката на брзинометарот покажуваше 200 километри на час, а она што ни остави впечаток беше стабилноста на возилото при таква брзина. Нема тресење, занесување настрана, можеби мала бучност, од гасењето на тркалата на асфалтот.
На звукот на сирената и вклучените ротациски светла, другите возила правеа пат, единствено едно не беше сигурно што да прави во моментот, па малку нѐ забави.

- Ова се случува, особено кога се во прашање тазе возачи. На тестови точно знаат што треба да направат во таква ситуација, но кога ќе се најдат во реална ситуација ги фаќа паника - кажуваат инспекторите.
Полициската „шкода јети“ е со погон на сите четири тркала и има шестстепен менувач. Потрошувачката е околу седум литри дизел во градско возење и околу пет литри на автопатот. Комбинирано околу шест литри, за разлика од 17 литри бензин, колку што голташе моторот на нивниот претходник. Шестата брзина придонесува на економичноста, вели Грујоски, бидејќи тогаш целосно се искористува силата на моторот и практично не троши гориво.

„КРАЈСЛЕРИТЕ“ ОСТАНУВААТ ЗА СПОМЕН

Сепак полициските службеници не криеја дека се задоволни од службата на „крајслерите„, кои во поголем дел ќе бидат отуѓени, а оние што се во добра состојба ќе се тркалаат уште под ознаките на полицијата.
Велат дека за овие 12 години, колку што ефективно се користат, поминале многу, и тоа во услови за кои и не се баш скроени да ги поминуваат.

- „Крајслерот“ е како тенк. Моќно и силно возило. Откако беа набавени, во 1999 година, досега поминаа многу. За време на конфликтот во 2001 година во нив се превезуваме по пет лица, со дупла опрема. Немаше никакви проблеми. Последните години, поради дефекти, додека едни возила беа на поправка, буквално тие што беа во возна состојба не ги ни исклучувавме. Едната смена завршуваше со работа и во нив веднаш влегуваа колегите од другата смена - раскажува Грујоски.

За новите „шкода јети“ има време да се покажат.

Од европските полиции, покрај македонската, овие возила се дел од возниот парк на прашката и на лондонската полиција.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913840357&id=12&setIzdanie=22783
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Внимание, турбо „јети“ ќе те стигне




ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

По неколку круга низ скопските улици и булевари, излеговме на обиколницата, а потоа и на автопатот Скопје - Куманово, за да ја провериме брзината. Навремената интервенција е битен сегмент од полициската работа. Обично за дизелите е познато дека побавно стартуваат и забрзуваат. Но сто и седумдесетте коњски сили на турбодизелот реагираат брзо
170 коња ? Нели носеа 2.0 TDI мотори со 136 или 146 коња ? :D
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Абе гледајте да не ве приберат во нив , та многу ке ви биде гајле колку коњи се и дали се комфортни кога знаеш кај те носат и што таму ве чека.
Исто ке ви се фати дали било марица, фичо, југо крајслер или јети. На крајот само ќотекот ке го памтите:D
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Цитроен, Пежо, Шкода и Спарк во трка за нов полициски автомобил


Заврши рокот за доставување на понуди по јавниот тендер за набавка на сто возила во полициска изведна објавен на 25.04. годинава. Комисијата при МВР задолжена за јавни набавки денеска во МВР јавно ги отвори понудите што беа доставени во законски предвиден рок, и притоа беше констатирано дека се пристигнати четири понуди од компаниите: “Автонова“ со возило “Цитроен Ц1Х“, “Еуроимпекс“ со “Пежо 107“; “Порше Македонија“ со “Шкода Сити Гоу“ и “Авто Македонија“ со “Шевролет спарк“.


Понудите се движат севкупно се движат од 46.906.700 денари до 65.800.000 денари, а во цената, освен вредноста на автомобилите вкалкулирана е полициска изведба на истите, односно четири резервни гуми, сигнален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот.
Во наредните денови комисијата ќе изврши евалуација на понудите односно анализа дали тие ги содржат предвидените тендерски услови по што понудувачите ќе бидат известени за терминот во кој што ќе се оддржи јавното електронско наддавање.
Како што МВР веќе претходно информираше единствен услов е цената на која отпаѓаат сите бодови, односно јавната набавка ќе му припадне на оној понудувач кој што ќе конкурира со најниска цена на електронската аукција. Плаќањето е предвидено да биде на 36 месечени рати во текот на важноста на договорот, при услови со 0% учество при купување на возилата. Првата рата на исплата на возилата ќе биде во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата. Се бара рокот на испорака да биде не подолг од 90 дена од склучување на договорот, со место на испорака во Скопје во објект на МВР.
Од понудувачите, според тендерските критериуми, се бара минимум гарантен период на возилата: на мотор и подвозје минимум 36 месеци или 100.000 км; на надворешен лак 3 години и на каросеријата од корозија 12 години. Предвидено е истите да понудат и 10 часовна обука на технички кадар на МВР за ситни поправки и периодично одржување и каталог на резервни делови на возилата. Исто така се предвидуваат и посебни услови за вградување на резервни делови кои не се предмет на гаранција во текот на гарантниот период (случаи кои не се опфатени со гарантните услови и условите за сервисирање за 36 месеци)- максимум 15% маржа на набавната цена на деловите(според ино фактура). Попуст од 30% на редовната цена на норма час. Понудувачите понатаму се обврзани и на три години бесплатна „шлеп“ служба во случај на дефект на возилата, на територијата на РМ, како и бесплатна техничка проверка на исправноста на возилата на секои 6 месеци, во овластен сервис/ сервиси на економскиот оператор. Трошоците за одржување за сервисирање и потрошен материјал (замена на масло и филтер за масло на секои 10.000 км, замена на филтер за воздух, филтер за гориво и други потребни филтри согласно упаствата од производителот, 4 зимски/летни (во зависност од тоа со какви пневматици ќе биде испорачано возилото) пневматици индекс N, едно дополнување на клима уредот со средство за ладење,) за времетраење на договорот (36 месеци), исто така се на товар на економските оператори – понудувачи.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/118469-Citroen-Pezo-Skoda-i-Spark-vo-trka-za-nov-policiski-avtomobil



 

Kajgana Shop

На врв Bottom